
Скопје
9ᴼ /
9ᴼ



Бојан Мариќиќ му ја предаде функцијата министер за правда на проф. д-р Никола Тупанчески. Маричиќ на новиот министер му посака успешно извршување на работните задачи во периодот што претстои. „Во изминатиот период со Стратегијата за реформа во правосудниот систем 2017-2022 и реализирањето на законодавната агенда направивме чекор напред во функционирањето на правосудството. Верувам дека ќе продолжи темпото на спроведување на реформите, ...
Сите органи и институции во надлежност на Владата во рамките на своето редовно работење се задолжени да ги признаваат електронските уверенија од казнената евиденција, односно уверенијата за неосуденост, со подеднаква важност како и оние кои се издаваат во печатена форма. Ова задолжение на Владата, информираат од Министерството за правда, доаѓа по известувањето на Советот за информатичко-комуникациска технологија во правосудните органи кои ...
Министерот за правда под слоганот „Има Решение“ го најави почетокот на кампањата за промоција на медијацијата како алтернативен начин за решавање на споровите и подигнување на свеста кај граѓаните за придобивките од нејзината примена. Алтернативното решавање спорови преку медијација е голем чекор напред не само во насока на забрзување и ефикасност на решавањето спорови, туку и во насока на помодерно решавање на споровите воопшто. Од ...
Со 62 гласа Собранието ја избра новата Влада која ќе ја предводи премиерот Димитар Ковачевски. Ковачевски пред пратениците истакна дека фокусот на владината програма е на граѓаните, економијата и на справување со последиците од пандемијата и енергетската криза. Новата Влада има 21 член. Од СДСМ има 11 министри, од ДУИ шест министри, од Алтернатива тројца министри и еден министер од ЛДП. Предлогот за состав на Владата и биографиите на ...
На панел-дискусијата на „Еуромани“ на која учествуваа гувернери од регионот на Централна и Југоисточна Европа, гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска истакна дека во изминатата декада значително се зголемени одговорноста и задачите на централните банки, а пандемијата веројатно ќе предизвика и натамошни промени. По глобалната финансиска криза, покрај традиционалниот мандат на централните банки за ценовната ...
Сентенца Сторена е повреда на принципот на еднаквост на оружјето и на контрадикторност на постапката од член 6 став 1 од Европската конвенција за човекови права и од член 465 став 1 точка 3 од Законот за кривичната постапка, кога второстепениот суд писмениот предлог на Вишото јавно обвинителство не го доставил до одбраната во жалбена постапка, со што е ускратена можноста да се информираат и да се произнесат по образложеното мислење на Јавното ...
Одделот за казниви дела на Врховниот суд на Република Северна Македонија, врз основа на членовите 31 и 37 од Деловникот на Врховниот суд на Република Северна Македонија, а во врска со примена на член 102 во врска со член 107 од Законот за кривичната постапка, на седницата одржана на ден 07.12.2021 година, донесе: З А К Л У Ч О К Кога решението за трошоци содржано во обжалената пресуда е нејасно, неразбирливо во тој дел, одлуката не може да се ...
Одделот за казниви дела на Врховниот суд на Република Северна Македонија согласно член 68 став 5 од Судскиот деловник и член 41 од Деловникот за работа на Врховниот суд на Република Северна Македонија, на седницата одржана на ден 08.11.2021 година го утврди следниот заклучок по правните прашања на четирите Апелациони судови Скопје, Битола, Гостивар и Штип за хармонизација на судската пракса: З А К Л У Ч О К Советот на второстепениот суд е ...
Врховниот суд на Република Северна Македонија на Општата седница одржана на 13.12.2021 година, расправајќи по иницијативата поднесена од адвокат Снежана Станковиќ од Скопје 03Су.бр.262/21 од 29.03.2021 година, согласно член 101 од Уставот на Република Северна Македонија и член 37 став 1 точка 1 од Законот за судовите („Службен весник на Република Македонија“ број 58/2006…96/2019), го утврди следното: НАЧЕЛНО ПРАВНО МИСЛЕЊЕ ...
Одделот за граѓански дела на Врховниот суд на Република Северна Македонија на седницата одржана на ден 22.12.2021 година, го усвои следното: П Р А В Н О М И С Л Е Њ Е Сопственик на патничко моторно возило е лицето на кое возилото врз основа на писмен договор му е предадено во владение, независно што таа промена не е запишана во со закон предвидените регистри. О б р а з л о ж е н и е Согласно член 145 став 1 од Законот за сопственост и други ...
Заради интерес на повеќе медиуми, а во правец на транспарентно и отчетно работење на Кривичниот суд, ја информираме јавноста дека: Постапувајќи по предлог на Директорот на КПД Струга – Отворено одделение, за условен отпуст на З.М. правосилно осуден во предметот на овој суд со КОК бр. 131/19 во јавноста познат како „Рекет“, Кривичниот совет на одделението за организиран криминал и корупција, по одржана седница на совет на ...
Денес во просториите на Врховниот суд на Република Северна Македонија се оствари работна средба помеѓу Претседателот на Врховниот суд на Република Северна Македонија Беса Адеми, Заменикот на претседателот и Претседател на Одделот за казниви дела судија Цветанка Периќ, со ВД Претседателот на Основниот кривичен суд Скопје Иван Џолев. На средбата се разговараше за тековните состојби во Кривичниот суд, за ефикасното водење на кривичните постапки и ...
Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) ги објави истражувањето и базата на податоци на трошоците на државните институции за новогодишни пакетчиња за Новата 2022 година. За разлика од украсувањето на улиците кое главно беше откажано, продолжи практиката на институциите за купување новогодишни пакетчиња. За оваа намена се потрошени 72.000 евра, иако се очекува сумата да достигне и поголема вредност имајќи предвид дека некои институции сѐ уште ги ...
Владата во Собранието го поднесе новиот Предлог на закон за вршење сметководствени работи. Предлог-законот е поднесен со европско знаменце. „Согласно Закон за вршење на сметководствени работи надзор на одредбите на овој закон и надзор над Институтот за сметководители и овластени сметководители врши Министерството за финансии. Со цел воведување на надзор над сметководствената професија од самостојно и независно тело, со Предлог законот се ...
Владата во Собранието поднесе Предлог-закон за инспекциски надзор во животната средина. Во законското образложение се вели дека основни цели за донесување на овој закон се: Основните начела на кои се темели овој закон се: Законот нуди решенија во насока на надминување на утврдените недостатоци во досегашниот период. Повеќегодишно планирање на инспекцискиот надзор во животната средина на централно и локално ниво ќе се врши преку донесување на ...
„Владата ќе се обрати до Европската комисија со барање да се обезбеди тим од независни експерти кои ќе извршат меѓународен мониторинг на процеси за кои постојат сомневања дека врз нив било извршено политичко влијание, како што се: Монструм, Алфа, Диво Насеље, Малиот Алмир и др.“, стои во програмата за работа на Владата и предложениот министерски состав поднесена во Собранието. Предлогот за состав на Владата и биографиите на ...
„Целта на законските измени е подобрување на законските одредби и доуредување на законот во делот на одредбите за издавање на решение за нотарски платен налог, предавање на архивата на нотарот по престанок на службата и прецизирање на одредбите за плаќање на судската такса по поднесени предлози за издавање на решение за нотарски платен налог, рокот за издавање на решение за нотарски платен налог и усогласување на законот со други ...
Измени на Законот за платниот промет се во собраниска процедура. „Предложениот закон има за цел да им овозможи на фирмите кои имаат финансиски проблеми да можат да вршат плаќања со пресметка на меѓусебните обврски и побарувања и во текот на 2022 година. Законот чие изменување се предлага се заснова врз истите начела врз кои се заснова основниот Закон. Со измената на Законот ќе се одложи примената на одредбата од членот 25 став (1) со што ...
Министерството за здравство ја информира јавноста дека членовите на Комисијата за заразни болести на денешниот состанок дискутираа за повеќе предлог мерки, за кои дополнително ќе се донесат одлуки и заклучоци. На Комисијата се разгледуваше предлогот за скратување на времето на изолација на позитивни од тестирани на SARS-CoV-2 кои се асимптоматски случаи. За овој предлог членовите ќе донесат одлука по дополнителна обемна дискусија која ќе следи ...
Министерството за економија денеска го објави јавниот повик за финансиска поддршка за потрошена електрична енергија за лица со ниски примања за 2022 година, објави министерот за економија Крешник Бектеши. Како што информираше министерот за оваа мерка обезбедени се 60 милиони денари. Со цел да се обезбеди заштита на ранливи потрошувачи на енергија, согласно Програмата за заштита на ранливи потрошувачи на енергија за 2022 година Министерството за ...
Политичките ветувања од економско-социјалниот домен преточени во Програмата за работа на Владата 2020- 2024 година се остваруваат со различна динамика, но вкупниот заклучок е дека остварувањето е недоволно за да може да се каже дека тие се исполнуваат, посочуваат од „Фајнанс тинк“. Големи економски ветувања, големи потфрлувања? Скоро половина, односно 44.4% од дадените ветувања во економскосоцијалниот домен, моментално се ...
Учениците кои завршуваат средно образование и оваа година ќе полагаат државна матура како и минатогодишната генерација која се избори за два наместо три екстерни предмети и за скратени испитни програми. Новата концепција на матура што ја најавуваше Државниот испитен центар (ДИЦ) се подготвува, но ќе почне да се применува за матурантите во идната учебна 2022/2023 година. Директорката на ДИЦ Елизабета Наумовска за МИА изјави дека новата ...
Управата за јавни приходи објавува Листа на должници бр.01/2022 за долгови доспеани до 30.09.2021 и неплатени до 31.12.2021 година по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини, за кои вкупниот износ на долгот е повисок од 120.000 денари за физичките лица и самостојни вршители на дејност и повисок од 300.000 денари за правните лица. Листата е објавена на следниот ...
За да постигнеме побрзо надминување на економските последици од кризата предизвикана од Ковид 19 и истовремено да се стремиме кон забрзан економскиот раст и развој, надлежните институции задолжително мора да се стават во функција на реалниот сектор и да креираат подобро деловно окружување, истакна Комората на сметководители при Сојузот на стопански комори на Македонија на денешната прес-конференција. Одлуките кои се носат треба да бидат во ...
Поплаките на граѓаните за снабдувањето со топлинска енергија се нотирани и во последниот извештај на Народниот правобранител. Според Народниот правобранител, однесувањето на операторите на топлинска енергија е неодговорно. „Голем дел од претставките за снабдување со топлинска енергија беа поднесени против снабдувачот со топлинска енергија БЕГ (Балкан Енерџи Груп ДООЕЛ Скопје), и тоа поради висок износ на фактури, неажурност по пријавување ...
Бизнисменот Јордан Камчев, кој е обвинет во случајот „Плацеви на Водно“ излегува од притвор. Кривичниот совет на Апелацискиот суд одлучил да ја прифати гаранцијата за Камчев од скоро 11 милиони евра, додека неговите патни исправи остануваат во судот, каде ќе треба редовно да се пријавува. Од Апелациониот суд велат дека ќе треба да се завршат процедурите за запишување на хипотеката, по што Камчев ќе се брани од слобода. Камчев од ...
Министерот за финансии Фатмир Бесими ја посети Управата за јавни приходи каде со својот тим одржа работен состанок со Директорката на УЈП Сања Лукаревска и раководството на УЈП. На средбата се направи осврт за годината што измина односно се согледаа реализирани проекти и активности и се утврдија активностите и предизвиците за 2022 година. Двете страни се согласија дека соработката помеѓу МФ и УЈП е на одлично ниво, таа е интензивна а ќе ...
Барање за претворање на финансиската поддршка во грант се поднесува најдоцна до 15.01.2022 година преку системот е-Даноци Напомена: На даночниот обврзник регистриран за целите на ДДВ во грант му се претвора износот на набавеното добро без пресметаниот данок на додадена вредност, додека пак во случаите кога набавуваат добра за кои даночниот обврзник нема право на одбивка на претходен данок во грант му се претвора износот на набавеното добро со ...
Преку специјалната интернет платформа, односно преку дигиталниот портал на јавната администрација, меѓу останатите документи што Грците можат да ги вадат онлајн, веќе е вклучена можноста и за добивање развод доколку постои согласност од двете страни, јави дописничката на МИА од Атина. Конкретната одлука е веќе објавена во Службен весник на Грција, а предвидено е двете страни преку нивните адвокати, електронски да го прекинат бракот, процедура ...
Дигиталната трансформација, како неопходност на секој пазар, особено поттикната од променетите услови на живеење коишто ги создаде пандемијата на ковид-19, како глобално, така и во нашата земја, придонесе за постојан раст на употребата на дигиталните решенија за плаќање, како најсоодветни за нивното едноставно, достапно, сигурно и технолошки паметно извршување. И во третиот квартал на оваа година, платежните картички издадени од издавачи во ...