
Скопје
20ᴼ /
20ᴼ



Владата ги утврди измените на Законот за здравствена заштита. Целта на измените, велат од Владата, обезбедување на поквалитетни здравствени услуги за граѓаните. Со новините во законската регулатива, како што се посочува, се отвора можноста лекарите да заработат уште повеќе, а услугите за пациентите да бидат подостапни. Од Министерството информираат дека сега со новите измени се овозможува лекари специјалисти да работат во кое било јавна ...
Македонија денес одбележува 30 години од донесувањето на Уставот, донесен по прогласувањето на нејзината независност. Највисокиот државно-правен акт е донесен на 17 ноември 1991 година. Во Уставот се пропишува дека во републиката суверенитетот произлегува од граѓаните и им припаѓа на граѓаните. Темелни вредности на уставниот поредок се: – основните слободи и права на човекот и граѓанинот признати во меѓународното право и утврдени со ...
Во употреба се воведува европскиот број за итни повици Е-112. Во случај на нерсреќа, граѓаните ќе можат да се јават на овој број и да го пријават настанот. Преку координација од Центарот за управување со кризи (ЦУК) ќе се ангажираат сите единици, полицијата, итната медицинска помош и бригадата за противпожарна заштита. Остануваат во функција телефонските броеви 192, 193, 194. Новиот број 112, нагласуваат од ЦУК, е потребно да го знае секој ...
Со новиот Закон за работни односи, се скратува времетраењето на Договорите на определено време, вели министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска. Таа очекува од пратениците што побрзо да го донесат законското решение недела неработен ден бидејќи тој е во интерес на сите граѓани. „До Министерството за труд и социјална политика секојдневно пристигнуваат прашања, кога ќе стапи на сила ова законско решение, од синдикатите исто ...
„Од денеска, стартува Зимската служба на Град Скопје, а со тоа и координираните активности за зимско оддржување на улиците во надлежност на Град Скопје, врз основа на Програмата усвоена од Советот и средствата предвидени во Буџетот. Носител на активностите за зимското одржување на улиците ќе биде ЈП „Улици и патишта“ со целокупната механизација и расположивиот кадровски потенцијал. Со Програмата се предвидени обемот, ...
Од денеска за влез во објектите потребен е сертификат со примени две дози вакцина или потврда за прележан Ковид-19 во последните 45 дена, сметајќи од денот на оздравувањето. Министерството за здравство апелира граѓаните да ги почитуваат мерките, да бидат одговорни и да се вакцинираат. „Ги повикуваме граѓаните кои сѐ уште не се вакцинирани, што побрзо да го направат тоа. Само со колективен имунитет може да го победиме вирусот“, ...
Предлог -Буџетот на Република Северна Македонија за 2022 година е пред Законодавно-правната комисија и пред Комисијата за финансирање и буџет. Буџетот за 2022 година има четири основни цели: зачувување на здравјето и животите на граѓаните, економско заздравување и забрзан раст, фискална одржливост, и непречено финансирање на основните функции на државата и поддршка за реформите во правосудството и евро-атлантските интеграции (ЕУ и НАТО). ...
Во собраниска процедура е Предлог на закон за даночно ослободување со цел реализирање на одлуката за склучување на анекс на договорот за концесија за промена на намената на дел од средствата. Предлагач на Законот, кој е поднесен по скратена постапка, е Владата. „Со Предлог законот за даночно ослободување со цел реализирање на одлуката за склучување на анекс на договорот за концесија за промена на намената на дел од средствата, се ...
Претседателот на Собранието, Талат Џафери, вчера ја затвори седницата за прашањето за доверба на Владата. Седницата беше затворена поради кворум од страна на опозициските пратеници за изгласување на недоверба. Џафери посочи на Деловникот на Собранието во кој се пропишува дека Собранието гласа за недоверба на Владата по истекот на третиот ден од денот на поставувањето на прашањето за доверба. Во Уставот се пропишува дека повторно прашање за ...
Девизните резерви коишто се клучниот фактор од којшто зависи стабилноста на денарот во однос на еврото се одржуваат на историски највисоко ниво од 3,6 милијарди евра. Тие се повеќе од двојно повисоки отколку во текот на глобалната финансиска криза во 2008/2009 година, а Народната банка располага и со дополнителни механизми за поддршка на девизните резерви и одржување на стабилноста на домашната валута. Денарот со години е стабилен и ќе биде ...
Министерството за внатрешни работи подготвува измени на Законот за гранина контрола. „Со усвојување на Предлогот на Закон за изменување и дополнување на Законот за гранична контрола ќе се изврши транспонирање на Директивата 2016/681 на Европскиот парламент и на Советот од 27 април 2016 година за употребата на податоци од евиденцијата на податоци за патниците (ЕПП) за спречување, откривање, истрага и кривично гонење на кривичните дела на ...
На денешната собраниска седница на дневен ред е прашањето за доверба на Владата. Криминалот и корупцијата, немањето правна држава, вледеењето со измами, непрекинатиот раст на инфлацијата, економската криза, енергетскиот шок, како и резултатите од локалните избори се дел од прашањата кои се посочуваат во барањето за гласање на доверба на Владата. Одлуката за изгласување недоверба на Владата се донесува со мнозинство гласови од вкупниот број ...
Министерството за информатичко општество и администрација информира дека наскоро ќе биде воведен дигитален систем за кој граѓаните ќе можат во секое време онлајн да пријавуваат проблем поврзан со јавната администрација. Со овој систем, образложуваат од МИОА, ќе се подобри транспарентноста во однос на постапувањето на органите на државната управа, така што комуникацијата и процесот на разрешување ќе биде на увид на граѓаните и правните лица со ...
Кабинетот на претседателот на Собранието соопштува дека е пристигнато известување со кое 17 пратеници ги повлекуваат потписите од иницијативата за доверба на Владата. „Информираме дека до Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија е доставено Известување за повлекување од потписници на материјалот Прашање за Доверба на Владата на Република Северна Македонија со вкупно 17 потписи на пратеници и истото ви го пуштаме за Ваше ...
Управата за јавни приходи објавува Листа на должници бр.11/2021 за долгови доспеани до 31.07.2021 и неплатени до 31.10.2021 година по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини, за кои вкупниот износ на долгот е повисок од 120.000 денари за физичките лица и самостојни вршители на дејност и повисок од 300.000 денари за правните лица. Листата може да се преземе на ...
„Откако на 9. 11. 2021 година Владата на Република Северна Македонија прогласи кризна состојба во енергетската енергетскиот сектор во траење од 30 дена, Македонската банкарска асоцијација (МБА) го координираше своето членство и едногласно ја поддржа иницијативата според која сите експозитури и централни објекти на членките ќе ги изгаснат светлечките реклами во период од 30 дена. Со овој чекор, Банките и штедилниците придонесуваат кон ...
Соочени со енергетската криза која е во тек, а имајќи во предвид дека државата набавува електрична енергија со драстично повисока цена, како и во согласност со владината одлука за прогласена кризна состојба во енергетскиот сектор, сакаме да ја информираме јавноста дека Град Скопје побара раскинување на договорот со Линк медиа плус дооел за новогодишно украсување на градот во вредност од 14.986.000 денари односно 243.000 евра, информираат ...
Владата денеска го утврди Предлог-законот за изменување на Законот за хартии од вредност со кој се овозможува освен брокерски куќи, банки, друштва за осигурување, друштва за управување со отворени и затворени инвестициски фондови, како основач и акционер во депозитарот да можат да бидат и домашни и странски берзи и депозитари. „Со ова дополнување на законското решение се врши либерализација на пазарот, што е и во насока на поголем ...
Владата денеска прогласи кризна состојба во енергетскиот сектор во траење од 30 дена. Министерот за економија, Крешник Бектеши, информираше дека одлуката е донесена врз основа на процената на Комисија дека постои ризик од настанување на кризна состојба поради недостиг на електрична енергија и состојбата на пазарот на електрична енергија врз основа на извештајот изготвен од МЕПСО за проценката на стабилноста на македонскиот електроенергетски ...
„Работничките права треба и мора да бидат приоритет во Државата Ги потсетуваме претставниците на законодавната власт (пратениците) дека треба веднаш да ги усвојат сите законски решенија кои се заглавени во Собранието, а се однесуваат на остварување и унапредување на работничките права. Бараме: Доколку и понатаму пратениците останат глуви на нашите барања, ССМ ќе побара да се донесе одлука на највисоките органи и тела во сите синдикати ...
Проектираната патека на раст на македонската економија ќе овозможи достигнување и надминување на преткризното ниво во текот на следната година. Инфлацијата останува умерена – тековните ценовни притисоци на глобален план се од привремен карактер и се очекува стабилизација во текот на следната година. Советот на Народната банка одржа редовна седница на која беше разгледан и усвоен најновиот Квартален извештај во чии рамки се вклучени и ...
Министерството за финасии подготвува измени на Законот за финасиска дисциплина. „Законот за финансиска дисциплина во голема мера е усогласен со ЕУ Директивата за задоцнето плаќање 2011/7/ЕУ. Согласно Законот, во деловните трансакции меѓу субјект од јавниот сектор и економски оператор од приватниот сектор, кога субјектот од јавниот сектор се јавува како должник, не може да се договори рок за исполнување на паричните обврски подолг од 60 ...
Управниот суд денеска ја прифати тужбата на Беса за избирачкото место 2107 во Општина Желино. Тоа значи дека таму ќе нема прегласување на вториот круг, според што, за градоначалник е избран кандидатот на Беса, Блерим Сејди. Одлуката со која се потврдуваат резултатите од гласањето во вториот круг во Желино, ја донесе Советот на Судот. ДИК во четвртокот го прифати приговорот на ДУИ и реши да биде повторено гласањето во Желино, по што Беса поднесе ...
Објавен е тестот на барањето на покренување прашање за доверба на Владата. Криминалот и корупцијата, немањето правна држава, вледеењето со измами, непрекинатиот раст на инфлацијата, економската криза, енергетскиот шок, како и резултатите од локалните избори се дел од прашањата кои се посочуваат во барањето за гласање на доверба на Владата. Барањето е поднесено и потпишано од 61 пратеник. Денеска претседателот на Собранието, Талат Џафери за во ...
„На денешната 386-та седница на Судскиот совет, судијата Иван Џолев беше определен за вршител на должност претседател на Основен кривичен суд Скопје се до избор на претседател на судот. Судскиот совет го определи судијата Иван Џолев врз основа на член 89 од Законот за судови. На истата седница беше донесено решение со кое се потврди дека судијката Благица Миладиноска Цонева од Основен суд Гевгелија ги исполнила условите за ...
„Владата и секој нејзин член, за својата работа одговараат пред Собранието. Собранието може да изгласа недоверба на Владата. Прашање за доверба на Владата можат да постават најмалку 20 пратеници. Гласањето за доверба на Владата се врши по истекот на три дена од поставувањето на прашањето за доверба. Повторно прашање за доверба на Владата не може да се постави пред истекот на 90 дена од последното гласање за доверба, освен ако прашањето за ...
Сојузот на синдикати на Македонија бара од пратениците веднаш да ги усвојат сите законски решенија кои се заглавени во Собранието, а се однесуваат на остварување и унапредување на работничките права. Бараат да се усвои законското решение со кое недела се прогласува за неработен ден и со кое сите оние кои работат во дејностите каде не може да има застој во технолошкиот процес да им биде исплатена дневницата зголемена за минимум 50 проценти. Се ...
Начелата на Европскиот суд за човекови права треба да се применуваат во сите судски инстанци Еден од позитивните развојни текови кога станува збор за македонското судство е тоа што има добри реформи, посебно Врховниот суд и апелациските судови кога станува збор за прашањето за ограничување на максималното траење на постапките, истакна денеска претседателот на Европскиот суд за човекови права Роберт Спано, нагласувајќи дека времетраењето на ...
Во рамки на проектот „Проект за добро управување со животната средина“, Центарот за правни истражувања и анализи ја изготви анализата „Заштитата на животната средина низ призмата на праксата на Европскиот суд за човекови права – добри и лоши практики во Република Северна Македонија“. Анализата се состои од три дела. Првиот дел содржи резиме на принципите кои ја засноваат заштитата на животната средина, а кои ...
Првиот осомничен, со намера да прибави противправна имотна корист за себе, лажно прикажал факти согласно кои наводно поседувал информации дека Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција води постапка против повеќе физички и правни лица. Притоа, од еден од наводно осомничените во таа постапка и негов пријател побарал парична награда од 75.000 евра кои ќе му бидат исплатени во неколку наврати за да ги искористи своите ...