
Скопје
20ᴼ /
20ᴼ



Државната изборна комисија донесе заклучок за известување за конечност на резултати од гласањето за избор на градоначалници на општините и Градоначалник на Град Скопје, по одржан втор изборен круг на ден 31.10.2021 година, за соодветните општини. Заклучокот на ДИК е објавен и може да се преземе на следниот линк. Избрани нови градоначалници на 43 општини и на Град Скопје Учесниците во изборната кампања да достават извештај за примените донации, ...
Владата донесе Уредба за прогласување кризна состојба во снабдувањето со електрична енергија. Уредбата е официјално објавена и ја пренесуваме во целост (извор: akademika.com.mk). Врз основа на член 14 став (1) од Законот за енергетика (*) („Службен весник на Република Македонија“ бр. 96/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 96/19), Владата на Република Северна Македонија, на седницата, одржана на 30 ...
Осигурителните компании исплатиле 35.163 штети за неживотно осигурување во првите шест месеци годинава, а од тоа осигурениците наплатиле 31,5 милиони евра односно 20 отсто повеќе од лани. Најголем раст на број на исплатени штети има кај приватно здравствено осигурување и тоа за 68 отсто во однос на истиот период лани. Осигуреници наплатија 35.163 штети од осигурителните компании во првите шест месеци годинава. Тоа е за 15 отсто поголем број ...
Државната комисија за спречување на корупција ги потсетува сите новоизбрани советници, градоначалници и функционери за одредбите од Законот за спречување на корупција и судирот на интереси, како и дека при извршувањето на јавните овластувања и должности не смеат да се раководат од лични, семејни, партиски и етнички интереси. Непочитувањето на сите обврски и забрани од Законот за спречување на корупција и судир на интереси претставуваат прекршок ...
Во собраниска процедура со европско знаменце се предложени измени на Законот за личното име. Предлагач на измените е Владата. Законот за личното име го уредува личното име на граѓанинот, како негово лично право кое е запишано во матичната книга на родени. Со предложените изменувања на Законот за личното име, се образложува во Законот, се врши усогласување со процесот на дигитализација на процесите поврзани со постапките утврдени со закон. ...
Општиот контекст останува поволен за слободата на медиумите и овозможува критичко известување на медиумите и покрај сериозните наоди кои се дел од овој извештај. Посебно влијание на работата на новинарите имаше со кризата предизвикана од Ковид-19 каде беше зголемена тензијата во секторот. Нападите кон новинарите се зголемија а ветената нулта толеранција не се оствари зошто степенот на неказнивност остана висок. Реформите кои се ветуваа во МРТ и ...
27ми април 2017 година е симбол на неказнивост на нападите кон новинарите, запаметен како црниот четврток за новинарите во Македонија, кои настрадаа за време на упадот во Собранието на РСМ. Тоа е причината заради која денеска, на 2ри ноември на „Меѓународниот ден за запирање на неказнивоста на нападите кон новинарите “, пред Основното јавно обвинителство во организација на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) и ...
Владата ја донесе Националната стратегија за вработување 2021-2027 година, со вклучен Акциски план, која предвидува стапката на невработеноста да опадне на 11 проценти за работоспособно население. Како што информираат од владината прес-служба, согласно трендовите на закрепнувањето на економијата и на пазарот на трудот, спроведувањето на Стратегијата е предвидено во две фази. Првата е пред сè фокусирана на ублажување на негативните ...
Владата го утврди Предлог-законот за ратификација на Договорот меѓу Владата на Република Северна Македонија и Владата на Република Албанија за воспоставување на заеднички гранични премини според концептот на заеднички гранични контроли меѓу двете земји, кој доаѓа како предлог од Министерството за надворешни работи. Овој договор ќе го намали времето на чекање на граничните премини и има за цел значително да го олесни движењето на граѓаните меѓу ...
Министерството за образование и наука ги повикува наставниците и Наставничкиот пленум барањето за зголемување на платите да го упатат до пратениците во Собранието на Република Северна Македонија, каде со месеци е заглавен предлог законот со кој се обезбедува континуиран раст на платите на наставниците. „Владата и Министерството за образование и наука, соопштуваат од МОН, работи во интерес на наставниците и обезбедување на нивна правна ...
Гувернерката Ангеловска-Бежоска, како претставник на шесте земји од Западен Балкан во Одборот на Виенската иницијатива, учествуваше на две панел-дискусии во рамките на Годишната конференција на Виенската иницијатива, којашто годинава се одржа во Хрватска. „Со оглед на недоволната развиеност на пазарите на капитал во регионот на Западен Балкан, банкарските системи се главниот надворешен извор на финансирање на корпоративниот сектор. ...
„Јас, во рамките на професијата, потсетувам дека ОСТАВКА не се поднесува усмено, на телевизија. Може да се најави емотивно, како резултат на вознемирената совест, но се доставува во писмена форма до претседателот на Собранието и може да биде придружена со образложение (член 93, став (3) од Уставот и член 219, став (1), (2), (4) и член 220 од Деловникот. Личниот печат е нејзино основно обележје. Затоа, претседателот на Собранието, ВЕДНАШ ...
По барање за преиспитување на одлука односно постапувањето, водењето на постапката од страна на судија и барање за кривично гонење пред ОЈО, Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) откако го разгледале предметот и утврдиле дека не е нивна надлежност, на денешната седница одлучи пријавата да се упати на надлежно постапување на Судски совет на РС Македонија. Судијата посочен во предметот, заклучија на денешната седница членовите на ...
Против сите лица за кои е утврдено дека во законски утврдениот рок не ја исполниле законската обврска за поднесување анкетен лист до Антикорупција, информираше на денешната седница Билјана Ивановска, претседател на ДКСК, ќе им се издаде прекршочен платен налог, за сторен прекршок во членот 82 од Законот за спречување на корупција и судир на интереси. „Ова значи дека се работи по сите овие предмети, се обезбедуваат податоци онаму каде што ...
Управата за јавни приходи информира дека во примена е новиот образец – Барање за издавање на уверение за состојба на остварен доход (образец Б/УОД) кој е објавен на веб страницата на УЈП (види http://www.ujp.gov.mk/mk/obrasci/opis/97). За издавање на состојба на остварен доход за период од повеќе календарски години, се поднесува посебно Барање (образец Б/УОД) за секоја календарска година. За издавање на уверение за состојба на остварен ...
Министерството за труд и социјална политика информира дека денеска започна исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита за месец октомври 2021 година. Корисниците на парични права коишто поседуваат дебитна картичка ќе можат да подигнат готовина на банкоматите на банките, да ги користат средствата за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство од денеска, 1 ноември 2021 година. Со цел да ...
Според првичните податоци објавени од ДИК, ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ во вториот круг од локалните избори освоија градоначалнички места во 20 општини и тоа во Битола, Брвеница, Василево, Вевчани, Гевгелија, Демир Хисар, Зелениково, Конче, Кочани, Кратово, Лозово, Македонска Каменица, Македонски Брод, Ново Село, Пехчево, Охрид, Ранковце, Ресен, Чешиново-Облешево и Радовиш. Нов градоначалник на Скопје е Данела ...
Одбележувањето на Светскиот ден на штедењето, 31 октомври, денот кога се потсетуваме колку е важно да се има финансиска сигурност во вид на заштеда и долгорочно да се штеди за остварување на поставените цели, Македонската банкарска асоцијација оваа година го организираше во хибриден формат. Прославата со ограничен број присутни се одржа во хотел Мериот, Скопје а можеше да се следи во живо на Јутуб каналот на Асоцијацијата. На настанот пред ...
Бројот на поднесени и одобрени барања за Бесплатна правна помош (БПП) во 2020 година изнесува 663 и е зголемен за 121 проценти во споредба со 2019 година, кога 299 лица примиле примарна правна помош во подрачните одделенија на Министерството за правда. Зголемување од 46 проценти во споредба со 2019 година има и кај вкупниот број на одобрени барања за секундарна правна помош. Ова се резултатите објавени на точно една година од отпочнувањето на ...
Министерството за економија подготвува нов Закон за заштита на потрошувачите. Целта на Предлог-законот е подобро информирање и едуцирање на потрошувачите за нивните права, обезбедување на потрошувачите со инструменти за брзо решавање на споровите, подобро остварување на правата на потрошувачите преку ефективен надзор на пазарот, понатамошен развој на политиката за безбедност на производите, зајакнување на независноста и репрезентативноста на ...
Министерот за правда Бојан Маричиќ во гостувањето во „Утрински брифинг“ најави дека следната година ќе има зголемување на буџетот за судството и обвинителството. Според Маричиќ ќе има зголемување на платите за судиите и обвинителите, но и нови вработувања со цел да се пополни недостатокот од кадар во овие институции за нивно поефикасно работење во интерес на граѓаните. Во однос на прашањата за намалување на судскиот буџет во ...
Работната посета на бугарскиот главен обвинител во Скопје се остварува на покана на Јовески. Во делегацијата која ја предводи Гешев е и Сијка Милева, јавен обвинител во Јавното обвинителство на Република Бугарија. Јовески и Гешев на состанокот ги разгледаа можностите и потребите за евентуална измена на Меморандумот за соработката меѓу двете обвинителства склучен во 2015 година, а дискутираа и за правците за натамошна соработка. Притоа, разменија ...
„Во пресрет на одржување на вториот круг од Локалните избори што ќе се одржи во недела на 31 октомври 2021 година, Министерството за внатрешни работи известува дека и во сабота и недела управните служби ќе работат во општините каде што ќе има гласање во втор круг со цел да им се излезе во пресрет на граѓаните да може да ги подигнат личните карти . Одделот за граѓански работи, односно отсеците за управни работи на оваа организациона ...
„Јавното обвинителство во целост ги демантира наводите изнесени во одредени медиуми кои се однесуваат на постапката во предметот во јавноста познат како „ТНТ“. Имено, јавниот обвинител кој постапува во предметот ниту влијаел ниту можел да влијае врз одлуката на Судот во поглед на текот на постапката или кривичната санкција во предметот. Судот е целосно независен при одлучувањето, а согласно Законот за кривична постапка ...
Денарот е стабилен, а ценовните движења се должат на растот на цените на енергенсите на светските берзи по високиот пад минатата година, како и на привремените нарушувања на синџирите на снабдување предизвикани од пандемијата. Ова се промени од привремен карактер, коишто би стивнале до година, а „подгревање“ на инфлациските движења не е потребно, порача вицегувернерката на Народнaта банка, Емилија Нацевска, во гостување на емисијата ...
„Државниот завод за ревизија им укажува на сите учесници во изборната кампања дека се должни еден ден по завршување на изборната кампања, односно еден ден пред одржување на вториот круг на гласање и тоа на ден 30 октомври 2021 година да изготват и достават до Државниот завод за ревизија, Државната изборна комисија и Државната комисија за спречување на корупцијата Извештај со образец за примените донации на трансакциската сметка за ...
На седницата на ДИК беше донесена Одлука за поништување на Измената на Упатството за важечки и неважечки гласачки ливчиња бр.10-689/1 од 3 март 2020 година, донесена под број 08-3154/1 од 26 октомври 2021 година. Имено, информираат од ДИК, Државната изборна комисија информираше дека на вчерашната седница не го отстрани ставањето печат на гласачкото ливче. Ставањето на печат на гласачкото ливче е задолжително согласно член 109 став (2) од ...
Мислење на Блупринт групата за делот кој се однесува на правосудството во Извештајот на Европската комисија за Република Северна Македонија за 2021 година Годинешниот извештај на Европската комисија (ЕК) за напредокот на нашата држава во 2021, оценува дека кај динамиката на реформските процеси во правосудството постои „одреден напредок”. Ова отстапува од оценките дадени во извештаите за 2020 и 2019 година, каде што процесите беа ...
Агенцијата за заштита на личните податоци со поддршка на ЕУ твининг проектот „Поддршка во спроведувањето на модернизираната правна рамка за заштита на личните податоци“, подготви Информатор на тема „10 БРЗИ ЧЕКОРИ ЗА УСОГЛАСУВАЊЕ СО ЗАКОНОТ ЗА ЗАШТИТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ“ наменет за контролорите од јавниот и приватниот сектор. Прашања и одговори за определувањето офицер за заштита на личните податоци Првите шест месеци ...
Извештајот на Европската Комисија за 2021 година го забележува донесувањето на Законот за спречување и заштита од дискриминација, за чие донесување се потенцира дека беше обезбедена меѓупартиска поддршка. Во Извештајот се забележува и клучната улога на граѓанскиот сектор во мониторирање на работата на институциите и во учеството во донесувањето на одлуки во областа на антидискриминацијата. Со Извештајот се поздравува и формирањето на ...