Придружете ни се заедно и масовно да ги повикаме пратениците да се вратат на работа сега кога им се потребни на своите избирачи и да иницираат итна надзорна расправа за расветлување на системските пропусти кои доведоа масовни жртви во пожарот во Кочани, во модуларната болница во Тетово и во двете соообраќајни несреќи во Ласкарци и Бугарија. Вашата порака ќе биде автоматски испратена до следните пратеници и до претседателот на Собранието: Миле ...

Во текот на 12 години колку што дискотеката Пулс од Кочани работела, се смениле три градоначалници – двајца од ВМРО-ДПМНЕ и еден од СДСМ. Еден од нив бизнисменот и поранешен градоначалник Ратко Димитровски дури и живее на 100 метри од објектот. Сите тројца, заедно со полициски началници, претседатели на локални судови, пратеници од власта и опозицијата, обвинители и инспектори членувале во локален совет за превенција кои требало да ја кренат ...

Тајкунот од Северен Кипар, Халил Фаљали, беше убиен во 2022 година. Осомничен е дека основал нелегална онлајн обложувачка империја. Долгогодишниот сметководител на Фаљали, Џемил Онал, за глобалната новинарска организација ОЦЦРП раскажа како функционирал бизнисот. Според Онал, во целата глобална обложувачка империја имало мрежа и во Македонија каде што теренци биле и лажни турски студенти. Групата имала помош во Скопје наводно од турскиот почесен ...

По објавување на документарниот филм „Нечиста крв“, ИРЛ сними поткаст „Разговор во Редакција“ во кој гостуваа министерот за здравство Беким Сали и директорката на Фондот за здравствено осигурување, Магдалена Филиповска Грашкоска. Тие дадоа институционални објаснувања на обвинувањата од пациентите и доказите на ИРЛ за несигурното и неетичко лекување на КОВИД пациентите во приватната клиника „Жан Митрев“. Зборуваа и за незаконското одлевање на ...

Кичевската болница е најдолгото политичко ветување на сите министри за здравство од доцните 80ти години. Објектот кој требаше да ги згрижи пациентите од Кичево остана само празно бетонско здание. Последниот договор го склучила фирма од Зајас „Инсталација“ која наплатила 3 милиони евра, но не ги довршиле работите во предвидените рокови. Надзорот над изградбата го вршела компанијата „Евро консалтинг“, во која еден од сопствениците Бранислав ...

Пратеникот Венко Филипче во анкетниот лист доставен денеска до Антикорупциската комисија ја скрил фирмата за недвижности од Бугарија која ја пронајдоа новинарите на ИРЛ. Пребарувањето низ јавните списи во Македонија нè доведе и до нова инвестиција на семејствата на експремиерот Зоран Заев и ексминистерот Филипче. Нивните браќа Вице и Никола се на чекор до пуштање во употреба на фотоволтаична централа која им ја изградил Кочо Анѓушев. Филипче во ...

Ако сакате да добиете бесплатен и „ефикасен“ чај за слабеење потребно е да направите две едноставни работи: да го заследите профилот на позната инфлуенсерка на социјалната мрежа „Инстаграм“ која потоа од вас ќе побара да го заследите и профилот на брендот чаеви „Трекс“. Но, „магичните“ чаеви што топат масти тоа го прават со помош на дрога и вијагра. ИРЛ открива дека и покрај заплените на Царината, Обвинителството прави клучни и наивни грешки ...

Додека реките пресушуваат, проектите со малите хидроцентрали за кои постои мнозински отпор кај граѓаните продолжуваат. Нов „таргет“ на овој лукративен бизнис е планината Кожуф. Сопственикот на кладилниците „Спортлајф“ Ѓоко Стерјоски сака да гради две мали хидроцентрали на еколошки чистата река Дошница. Известува: Ивана Настеска, Пелагија Младеновска Трендот на малите хидроцентрали треба да престане и државата да се пренасочи на енергија од сонце ...

Шестмина директори од АД Електрани се осомничени за перење на пари и злоупотреби при тендерски постапки во државната компанија. Штетата која е направена врз државниот буџет е проценета на 6,5 милиони евра. Во денешната акција со кодно име „Адитив“ опфатени се вкупно 23 лица, а случајот го води Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција. ИРЛ објави две истражувачки стории преку кои откри како службеничка од пошта без никакво ...

Известува: Пелагија Стојанчова; Графика: Лука Блажев Изминатите три години е забележан бум со фотоволтаици поради енергетската криза. Фотоволтаични централи со моќност колку што би имале 20 централи РЕК Битола чекаат приклучок во мрежа, а таа нема капацитет да прифати толку. Досега се поднесени барања за нови 8 000 мегавати соларни извори, трипати повеќе од што може да поднесе дотраената мрежа. До државната компанија МЕПСО, која се грижи за ...

Анализата на трошоците за живот покажува дека последните две години, за време на кризата, односно во 2022 и 2023 година, сѐ поскапи за 25%, а во истиот период приходите на граѓаните пораснале за само 10%, што доведе до колективно осиромашување на нацијата. Меѓу најголемите добитници од кризата се супермаркетите. Прoфитите на 10-те најголеми синџири маркети лани пораснале за 40 проценти повеќе отколку годината пред тоа. Известува: Александар ...

Земјите ширум светот по пандемијата се соочија со нова криза – енергетската. Таа најсилно го погоди стандардот на сиромашните држави. Македонија не беше исклучок. Нејзините граѓани и денеска се соочуваат со последиците од вртоглавиот раст на основните животни трошоци предизвикан од растот на цените на енергенсите. Но, она што за едни претставувало криза, за други претставувало предност. ИРЛ открива како јавни службеници во кризата виделе можност ...

Енергетската криза повеќе од една година е составен дел на македонското секојдневие. Политичарите лани не успеаја да го предвидат енергетското цунами, што неминовно придонесе цените на основните производи (леб, млеко, јајца, месо) да пораснат до таа мера за да станат луксуз. Обичните граѓани сметаат дека политиката – пратениците, владејачките и опозициските партии ги изневериле зашто во моментот кога наѕираше енергетската криза лани летото ...

Опозицискиот лидер Христијан Мицкоски би го критикувал изборот за советник за млади кој го направи премиерот Христијан Мицкоски. Назначувањето на Столе Пандов би било пречекано со жестоки критики од опозиционерот кој бараше вработување по мерит и беше гласен против непотизмот и партиските вработувања. Државата чиишто млади во најголем процент од сите земји во регионот сакаат да ја напуштат конечно доби власт којашто борбата со белата чума ја ...

Основното јавно обвинителство во Битола отвори предистражна постапка по допрен глас по сторијата на ИРЛ за набавка на адитиви за РЕК Битола. ИРЛ на 13 јуни објави истражување во кое откривме како јавни службеници во кризата виделе можност за профит преку сомнителни набавки за потребите на термоелектраните на јаглен во Битола и Осломеј во Кичево. „Основното јавно обвинителство Битола веќе води предистражна постапка во рамките на која проверува ...

Повторно ќе им се суди на директорите на болницата во Тетово, во која за време на ковид пандемијата во пожар изгореа 14 луѓе. Пресудата на Судот во Тетово била нејасна, одлучи Апелациониот суд во Гостивар. За причините за пожарот, обвинителството за гонење организиран криминал и корупција повеќе од две години води предистрага. На повторно судење се враќа дел од предметот против двајцата директори на Тетовската болница за случајот со пожарот во ...

На Маврово се гради. На хартија куќи, во реалноста зграда. Веќе има и една изградена. Таа требало да биде хотел, но газдата си продаде станови. Во најава се и нови градилишта до ски терените. ИРЛ разговараше со Медат Куртовски, градоначалникот на Маврово, за опасноста од неповратни загуби во име на профитот во Нациоаналниот парк „Маврово“. Тој вели дека во општината нема доволно туристички легла, а тие се стремат да го развијат туризмот. ...

Вовед За парламентарните и претседателски избори и за опциите кои се пред македонските граѓани се разговара многу. Но, и на два дена пред изборниот ден ниедна партија не разговара со својот електорат за потребите и аспирациите на сите граѓани. Кампањите на оние кои се натпреваруваат воопшто не се грижат да ја образложат или дебатираат својата понуда. Овие избори ја прикажаа длабоката криза на вредности во македонската политика, најпосле во ...