
Скопје
23ᴼ /
23ᴼ



„Советот за одлучување по жалби при Врховниот суд на Република Северна Македонија расправаше по повод жалбата на Сузана Здравева, судија на Апелациониот суд Штип, изјавена против одлуката на Судскиот совет на Република Северна Македонија бр.10-39/25 од 26.07.2021 година, за нејзино разрешување од вршење на судиска функција. На истата седница, Советот за одлучување по жалби донесе одлука по предметот ОСЖ бр.8/2021 со која што жалбата на ...
„Апелациониот суд Скопје, до Основниот кривичен суд Скопје достави две пресуди со кои: КЖ бр. 253/21 со која Второстепениот суд постапувајќи по жалбите од обвинетите и нивните бранители, изјавени против првостепената пресуда – К. Бр. 1904/16, од обвинителството означен како „Насилство во О.Центар“, од 29.09.2020 година, ги одбил жалбите како неосновани, а пресудата на Кривичниот суд се потврдува. Со пресудата седум ...
На 1 декември започнува да се применува одредбата од Законот за управување со пакување и отпад од пакување кој се однесува на пуштањето на пазар на кеси за носење на стоки и пластично пакување за еднократна употреба. Според законската дефиниција, „Пластични кеси за носење на стоки“ се кеси за носење, со или без рачки, изработени од пластика, кои се достапни за потрошувачите на продажните места на стоки и производи. „Се ...
Претседателот Стево Пендаровски донесе одлука за составот и за именување претседател и членови на Комисијата за помилување. За претседател на Комисијата за помилување е именувана Уранија Пировска, а за членови се именувани Фехми Стафа, Љубомир Јовески, Љубомир Михајловски, Темелко Ристевски, Ерол Рушид, Томислав Кежаровски, Божин Аврамовски, Сафет Aлиу, Зора Митиќ и Билјана Петковска. Уранија Пировска е именувана за претседател на Комисијата за ...
Во тек е истрагата за несреќата во која загинаа 46 патници, а седум лица се повредени откако македонски автобус се запали на магистралниот пат „Струма“ на потегот Софија – Благоевград. Според првичните информации од истражните органи во Бугарија, во автобусот вкупно имало 52 лица, од кои 46 загинаа, а седуммина се хоспитализирани на Клиниката во Софија. Од загинатите, 12 се деца. Во тек е постапка за одземање на лиценцата за ...
Во најкус можен рок, бугарските истражители ќе ги добијат потребните документи Главниот бугарски обвинител Иван Гешев во придружба на истражитела денеска ќе дојде во Скопје за лично да поднесе барање за правна помош до Обвинителството во Македонија. Бугарските обвинители треба да добијат ДНК профили од роднини на загинатите во автобуската несреќа заради идентификација на жртвите. Како што јавува дописникот на МИА од Софија, денеска Бугарското ...
Фото Дневник.бг Аутопсиите покажуваат дека сите загинати во автобуската несреќа починале од задушување, а не од ударот. Тоа значи дека биле живи во моментот на пожарот. Конечна проценка за причините за несреќата ќе треба да дадат финалните анализи, но водечка верзија во овој момент е човечка грешка – како причина за несреќата, изјави на денешната прес-конференција бугарскиот заменик главен обвинител и директор на Националната истражна ...
Истата постапка ја спроведува и бугарското обвинителство кое ги споредува листите од граничните премини за влез на патници од Република Северна Македонија во Република Бугарија на 18.11.2021 година и листите за влез од Република Турција во Република Бугарија на 22.11.2021 година и излез од Република Бугарија кон нашата земја наредниот ден“, соопштуваат од ЈО. Конечна проценка за причините за несреќата ќе дадат финалните анализи, но водечка ...
Владата сеопфатно ги разгледа предложените мерки и препораки на Комисијата за заразни болести за интензивирање на КОВИД-19 вакцинацијата и за зголемување на бројот на вакцинирани граѓани во Северна Македонија. Тргнувајќи од неприкосновениот факт дека масовната вакцинација е најефикасен одговор за заштита од последиците и за спречување на ширењето на пандемијата со КОВИД-19, Владата заклучи да побара од Комисијата за заразни болести дополнителни ...
Според правилата на Европската унија, доколку автобусот на „Беса транс“ кој имаше несреќа во Бугарија во која загинаа 44 македонски патници, немал валидна лиценца за превезување патници, тој не би смеел да премине граница на Европската Унија, во случајов Бугарија. Законодавството на ЕУ предвидува низа правила за лиценци и дозволи за превоз и од оваа институција, според информациите што ги доби МИА, не е исклучено тие да биле ...
Предлог -Буџетот на Република Северна Македонија за 2022 година е на дневен ред на Комисијата за финансирање и буџет. Буџетот за 2022 година има четири основни цели: зачувување на здравјето и животите на граѓаните, економско заздравување и забрзан раст, фискална одржливост, и непречено финансирање на основните функции на државата и поддршка за реформите во правосудството и евро-атлантските интеграции (ЕУ и НАТО). Текстот на Предлог-буџетот. ...
Владата прогласи тридневна жалост за трагичната сообраќајна несреќа во Бугарија во која животите ги загубија 45 македонски државјани. За денови на жалост се прогласени од 23 ноември заклучно со 25 ноември (вторник, среда и четврток), а за време на деновите на жалост знамето на Република Северна Македонија, како и на дипломатските претставништва на земјава во странство, ќе биде истакнато на половина копје. Се одлагаат сите јавни настани, а ...
„Имајќи ја во предвид тешката несреќа што се случи синоќа во Република Бугарија, во која многу наши државјани ги изгубија своите животи, Mинистерството за надворешни работи на Македонија информира дека во министерството веќе функционира кризен штаб во врска со несреќата. Од МНР информираат дека двајца нивни вработени се упатени на испомош во Амбасадата на Северна Македонија во Софија со цел да помогнат околу сите процедури поврзани со ...
Со дигитализацијата на инспекциската постапка се воведуваат новини особено во фазата на планирањето на надзорите, односно каде и кога ќе се врши надзорот, но исто така се обезбедува и автоматко генерирање на записниците и решенијата кои произлегуваат од оваа постапка. За да може сето ова да функцинира, образложуваат од Владата, беше неопходно да се изготват голем број на документи кои произледуваат од Законот за инспекциаки надзор а тоа се: ...
Одделот за судење во разумен рок на Врховниот суд на Република Северна Македонија, согласно член 68 став 5 од Судскиот деловник и член 41 од Деловникот за работа на Врховниот суд на Република Северна Македонија, на седницaта одржана на ден 25.10.2021 година, ги утврди следните заклучоци поврзани со пресудата на Европскиот суд за човекови права Синадиновска против Република Северна Македонија бр.27881/06 од 16 јануари 2020 година: ЗАКЛУЧОК ...
Кривичниот совет го одби барањето на обвинителката Вилма Русковска да му биде определен ефективен притвор на Миле Јанакиески, пет дена откако Апелациониот суд ја укина мерката куќен притвор. „Имено, Апелациониот суд Скопје со решение КЖ 605/21 од 18.11.2021 година на обвинетиот М.Ј., му ја укина мерката куќен притвор, определена за предметот КОК 53/17 во јавноста познат како „ТНТ“ и му определи мерки за претпазливост. ...
Уставот гарантира дека јавното здравје е пред сѐ, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче во врска со препраката за вакцинација во јавниот и во приватниот сектор. Заштитата на сопственото здравје и здравјето на другите, посочи министерот, во Уставот е во член 39, а во Законот за работни односи е во членот 32. Одредбите на кои се повикува министерот за здравство гласат: „На секој граѓанин му се гарантира правото на ...
Препораката за вакцинирање на работното место важи и за јавните и за приватните институции, изјави денеска министерот за здравство, Венко Филипче, по средбата со синдикатите. Една од иницијативите за ваквата мерка, додаде Филипче, дојде од стопанските комори. Министерот за здравство рече дека синдикалните претставници побарале мерката од моментот на донесување да важи не по истекот 10 туку по истекот 15 денови, со цел да се остават уште неколку ...
Тетовското обвинителство ја презеде постапката за да се обезбеди непристрасност на истрагата, со оглед на тоа што оштетениот е јавен обвинител во Основното јавно обвинителство Гостивар. Во раните утрински часови на 21 ноември, осомничените соизвршители, заедно со малолетник на возраст од 17 години, се обиделе со умисла да го лишат од живот јавниот обвинител. Оштетениот со својот автомобил и негов роднина се движел по патот низ селото Чегране, а ...
Народната банка инфрмира дека постои Годишен раст од 8,1% на вкупните депозити и од 6,7% на вкупната кредитна поддршка Вкупните депозити во октомври, на годишна основа, се повисоки за 8,1%, при раст кај двата сектора – поизразен кај секторот „домаќинства“. На годишно ниво, вкупните кредити, во октомври, бележат раст од 6,7%, при зголемено кредитирање кај двата сектора, со поголем придонес на секторот ...
Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во септември 2021 година, во однос на септември 2020 година, изнесува 105.3. Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Информации и комуникации (13.2 %), Рударство и вадење на камен (12.8 %) и Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (12.5 ...
„Апелациониот суд Скопје до Основниот кривичен суд Скопје на 18.11.2021 година достави решение КСЖ бр. 605/21 со кое второстепениот суд постапувајќи по жалбата изјавена од одбраната на М.Ј., обвинет во предметите со КОК 53/17 означен како „Т.Н.Т.“, КОК 7/18 означен како „Титаник“, КОК 9/19 означен како „Талир“, КОК 57/17 означен како „Топлик“, КОК 52/17 означен како „Траекторија“ ...
„Новото кривично дело во областа на сообраќајот „безобѕирно управување на моторно возило” е предлог на судии и обвинителите кој учествуваат во работната група за изготвување на новиот Кривичен законик. Потребата на дефинирање ова ново кривично дело е утврдена од работната група која што работи на Кривичниот законик. Работната група веќе подолго време предводена од професорот Владо Камбовски. Во оваа работна група членуваат ...
Синдикатот на УПОЗ денеска се обрати со барање до Владата и Комисијата за заштита на населението и укажа дека предложените мерки се спротивни на уставот и побара изнаоѓање поинакво решение. Министерот за здравство во текот на вчерашниот ден ја информираше јавноста дека Комисијата за заштита на населението од заразни болести со консензус одлучила да ѝ предложи на владата новата мерка, која ќе ги мотивира вработените во јавниот сектор да се ...
Ценовната и финансиската стабилност се предуслов за економскиот развој и обезбедуваат простор којшто треба да се искористи од другите носители на политики за остварување структурни реформи коишто ќе придонесат за стабилен и долгорочен економски раст. Притоа, успешното работење на Народната банка е клучно за македонската економија. Ова се докажа особено од почнувањето на корона-кризата наваму, кога се потврди дека капацитетот којшто го има ...
Адвокатско друштво Пепељугоски има потреба од 1 дипломиран правник или магистар по правни науки (300 ЕКТС): ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ Работното време започнува од 08:30 до 16:30 часот, од понеделник до петок. Работниот однос се заснова на определено време од 12 месеци, со можност за продолжување на работниот однос. Висината на основната бруто-плата зависи од тоа колку кандидатот ги исполнува условите на работното место. Кандидатите потребно е да ...
Измените на Законот за хартии од вредност се во собраниска процедура. Измените, чиј предлагач е Владата, се поднесени по скратена постапка. Основните цели поради кои се предлага овој закон се да се овозможи домашни и странски берзи и депозитари да бидат основачи односно акционери во депозитар, потоа да се доуреди водењето и управувањето на пoсебната сметка на која клиентите ги уплаќаат своите парични средства и да се продолжи рокот за ...
Апелациониот суд во Штип ја зголемил казната затвор од 15 на 30 месеци на И.Ч. (18) од Струмица заради прегазувањето на Верица Белчовска (20) од беровско Русиново. Во јули годинава Основниот суд во Струмица му изрече пресуда 15 месеци за сообраќајната несреќа која се случи на 7 април годинава на булеварот „Ленинова“ во Струмица, кога момчето кое возело автомобил марка „нисан“ удрило во Верица, која преминувала на пешачки ...
Вакцинацијата мора да биде лична определба на работниците, истакнаа денеска од Сојузот на синдикати на Македонија. „Вакцинацијата мора да биде резултат на лична определба на работниците и не смее да се спроведува со присила. Процесот на имунизација не смее да се спроведува на штета на елементарните права на граѓаните гарантирани со Уставот, меѓународните конвенции и закони и против војата на поединецот“, се наведува во реакцијата на ...
Со објавувањето и на книгата Коментар на Законот за заштита на конкуренцијата се надеваме дека ќе придонесеме за збогатување на македонската правна литература во една област во која нема многу научни и стручни трудови, не само кај нас туку и во регионот, велат д-р Валентин Пепељугоски и д-р Ана Пепељугоска-Костовска, автори на новото издание на Академик. Новата книга, која дава исклучителен придонес кон правната литература за најзначајните ...