
Скопје
7ᴼ /
7ᴼ



„Постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство за организиран криминал и корупција, за определување мерка притвор против Сашо Мијалков обвинет во предметот познат како „Плацови на Водно“, а имајќи ја предвид итноста на постапката, Кривичниот совет, по добивање на предметот, одржа седница на советот и донесе решение со кое го прифати предлогот на јавниот обвинител и на обвинетиот му определи мерка притвор во траење ...
Арбен Гудачи, правник и офицер за заштита на личните податоци во Македонското здружение на млади правници и консултант за заштита на личните податоци, кој работи во областа на заштита на личните податоци од 2009 година. Во 2021 година бевте предавач на многу обуки во врска со усогласувањето на работењето на правните лица со Законот за заштита на личните податоци. Кое е Вашето мислење, дали правните лица се подготвени целосно да го почитуваат ...
Најголемите предизвици во адвокатурата се во професионалниот однос со клиентите, водењето на предметите, канцеларијата, како и финансиските одлуки и обврски. Затоа секој адвокат е должен постојано да се усовршува во своите стручни и општи познавања, вели во интервјуто за Академик адвокатката Соња Божиновска. Адвокатке Божиновска, што ја поттикна Вашата љубов кон правото? Тоа е љубовта кон основните вредности на нашето постоење, живеење, љубовта ...
Група пратеници предложија измени на Законот за надворешни работи, по скратена постапка. Целта на Предлог на законот е да се овозможи Министерството да направи соодветни подготовки за успешно спроведување на претседавањето на Република Северна Македонија со ОБСЕ во 2023 година. „Законот за надворшени работи покрај други права и обврски на вработените во Министерството за надворешни работи, предвидуваи процедура за упатување на вработени ...
„Заради интерес на медиумите и невладините организации кои ја следат работата на судот, но пред се заради отчетно и транспарентно информирање на јавноста, Ве известуваме дека: Техничкиот факултет во Битола, каде по наредба на судот за супервештачење беше испратен предметот со К.бр 1407/19, поврзан со автобуската несреќа во с. Ласкарци, на 17.12.2021 година добиено е известување дека Факултетот не прифаќа да го изврши супервештачењето ...
„По повеќемесечно постапување под раководство на надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, денес од страна на МВР беше спроведена акција на повеќе локации во Куманово и Скопје. Надлежен јавен обвинител донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против деветте лица од кои двајца полициски службеници и петмина царински службеници. Лицата се осомничени дека сториле ...
„По консултација со Управата за извршување на санкциите, Министерството за правда одлучи оваа година да не проследи предлог за новогодишни групни помилувања, односно листата целосно се поништува. Ова се прави со цел да се даде време најнапред да се допрецизираат критериумите и законски да се зајакнат филтрите во однос на тоа како се составуваат листите со предлози на лица кој треба да бидат помилувани. Во Министерството за правда постои ...
Во Собранието пратениците со 62 гласа „за“ и нуту еден против го изгласаа законското решение кое го дефинира денот недела како ден за неделен одмор. Целта на ова законско решение е воспоставување на рамнотежа меѓу професионалниот и приватниот живот на работникот, како предуслов за нивна мотивација и поголема ефикасност на работното место. „Работниците се нашиот најголем капитал. Нивниот труд мора да се почитува и вреднува. ...
Странско лице коe нема седиште, ниту подружница на територијата на Република Северна Македонија, а коe врши промет на добра и услуги во земјата кои подлежат на оданочување со данок на додадена вредност согласно овој закон, има обврска да се пријави за целите на данокот на додадена вредност и да назначи даночен застапник, доколку поинаку не е уредено со овој закон, се пропишува во предложените измени на Законот за ДДВ. За да врши промет, ...
Со Законот за данокот на додадена вредност се воведува данокот на додадена вредност како општ потрошувачки данок и се уредува неговото пресметување и плаќање. Со законот се определува што е предметот на оданочување, даночната основа, даночните ослободувања, даночните стапки, времето на настанување на даночниот долг, даночниот должник, одбивката на претходниот данок, регистрацијата за целите на данокот на додадена вредност, административните ...
Понатамошно подобрување на инфраструктурата за водење на монетарната политика, активности за натамошно јакнење на стабилноста и отпорноста на банкарскиот систем, поттикнување на иновациите во финансискиот систем, овозможување простор за подостапни, поевтини и поефикасни платежни услуги и зајакнување на управувањето со ризиците поврзани со климатските промени и нивните влијанија врз финансискиот систем ‒ ова се дел од активностите предвидени во ...
Организацијата на работодавачи на Македонија, како единствен репрезентативен претставник на бизнисот во трипартитниот социјален дијалог, ја подржува програмската определба на Владата за постепено достигнување на нивото на минималната плата од 18.000 денари до крајот на мандатот на оваа влада. Истовремено, ОРМ смета дека постојните законски норми според кои се врши годишно усогласување на висината на минималната плата со растот на просечно ...
Министерството за транспорт и врски подготвува измени на Законот за урбанистичко планирање. „Целта на предлог законот е да се одговори на потребите на единиците на локална самоуправа како носители на процесот на урбанистичко планирање, да се поедностават одредени чекори од процесот и да се овозможи повисок степен на флексибилност во делот на содржината на урбанистичките проекти. Исто така, целта е и рамномерен просторен развој создавање и ...
Раст на продажбата на полиси за осигурување имот. Во приватно здравствено осигурување се вложени 4,9 милиони евра. Осигурувањето од општа одговорност порасна за 27 отсто, а вложувањата во осигурување од финансиски загуби надмина еден милион евра што е 10 отсто повеќе од лани. Осигурениците за девет месеци склучија 1,13 милиони договори за неживотно осигурување или 277.000 повеќе од лани Граѓани, фирми и институции вложија 7,5 милијарди денари ...
„За само 10 дена откако Градот Скопје ја стави во функција електронската адреса за комуникација со граѓаните 24@skopje.gov.mk, на истата пристигнаа 213 барања од граѓани, од кои 165 веќе се решени, а останатите се во фаза на решавање. На оваа електронска адреса граѓаните можат да пријавуваат проблеми, а градската администрација е задолжена да одговори на барањата на граѓаните во рок од 24 до 72 часа. Отворањето на електронската адреса за ...
Денес, ЕВРОТИНК – Центар за европски статегии ги презентираше наодите од анкетното истражување ЕВРОМЕТАР, кое го спроведува традиционално од 2014 година, и на кое беа измерени ставовите во однос на Европската унија, надворешната политика, како и за доверба во институциите, безбедносната ситуација и работењето на полицијата. Граѓаните најголема доверба имаат во Армијата на РС Македонија (47 %), во Претседателот на РС Македонија (31 %), во ...
Во предложените измени на Законот за здравствена заштита кои се во собраниска процедура и за кои има амандманска расправа, меѓудругото, се менуваат и одредби кои се однесуваат на здравствената дејност која се врши само во рамките во мрежата на здравствените установи. За овие измени пратениците од Левица поднесоа 1200 амандмани. Јавното здравје, истакнаа пратениците, е национален интерес. Министерот за здрравство се обидува да ја приватизира ...
Право на регрес за годишен одмор за администрацијата е утврдено во Гранскиот колективен договор за органи на државната управа, стручните служби на Владата на Република Северна Македонија, судовите, јавните обвинителства, казнено – поправните и воспитно – поправните установи, државното правобранителство, општините, Градот Скопје и општините на градот Скопје, агенциите, фондовите и другите органи основани од Собранието на Република ...
Основната каматна стапка и натаму изнесува 1,25%, а на денешната аукција ќе се понуди непроменет износ од 10 милијарди денари благајнички записи. Со ова, се задржува приспособливиот карактер на монетарната политика на севкупните макроекономски и финансиски услови, што воедно придонесува за натамошна поддршка на кредитните текови во економијата. Ова беше заклучено на редовната седница на Комитетот за оперативна монетарна политика на Народната ...
„Инспекторатот за животна средина на Град Скопје во рамки на новите заложби на Град Скопје за зголемена контрола и инспекциски надзори со цел заштита на животната околина и здравјето на граѓаните, во процесот на засилени контроли за фрлање на отпад во Вардариште издаде прекршочен паричен налог и парична казна од 88 илјади евра. Според извештајот на инспекторатот на Град Скопје затекнатите лица нелегално исфрлале отпад и со тоа ја загадиле ...
Измените на Кривичниот законик се во собраниска процедура. Со измените, меѓудругото, се менуваат и одредби во врска со спречувањето службено лице во вршење службено дејствие. Во членот 382 во Кривичниот законик за кривичното дело „Спречување службено лице во вршење службено дејствие“, се пропишува дека тој што со сила или сериозна закана дека непосредно ќе нападне врз животот или телото ќе спречи службено лице во вршење службено ...
Денеска Комисијата за еднакви можности на жените и мажите ќе одржи јавна расправа за измените на Кривичниот законик. Една од целите на законските измени е и справувањето со насилството врз жените. „Република Северна Македонија ја потпиша Истанбулската конвенција во 2011 година, додека ратификацијата следеше седум години подоцна. Со тоа земјата демонстрираше политичка волја да се справи со насилството врз жените. Истанбулската конвенција ...
Основното јавно обвинителство Куманово поднесе Обвинителен акт против 57 – годишен кумановец за сторено кривично дело Убиство од член 123 став 3 во врска со став 2 точка 4 во врска со член 23 став 2 од Кривичниот законик. Обвинетиот се товари дека со умисла поттикнувал двајца оштетени да лишат од живот три лица. Поттикнувањето го вршел заради безобзирна одмазда на смртта на неговата ќерка, која загинала во сообраќајна незгода превезувајќи ...
„ Ја информирам јавноста дека на денешната 127 Седница, Владата ја усвои Предлог-одлуката за прогласување на дел од Малешево за заштитено подрачје во категорија V- заштитен предел, со што територијата на заштитени подрачја на ниво на држава се зголеми на 13,8 %. Површината на идното заштитено подрачје заштитен предел-Малешево изнесува 11460.89 хектари, во рамките на кое се предложени и дефинирани три зони во заштитено подрачје Малешево, ...
Претседателот на Управниот суд, Бурим Сејдини, денеска даде свечена заклетва пред членовите на Судскиот совет. Тој се заколна на почитување на Уставот и законите и вети одговорно и чесно работење. Бурим Сејдини пред две седмици беше избран за претседател на Управниот суд од страна на членовите на Судскиот совет. Ова е втор негов мандат како претседател. При изборот членовите на Судскиот совет ја потенцираа неговата успешна работа во првиот ...
Истрагата за автобуската несреќа на автопатот „Струма“ во Бугарија во која загинаа 45 лица е при крај. Се очекуваат само резултатите од вештачењата – судско-медицинска, техничка и пожарно-техничка. Тие би можело да бидат готови пред Божиќ, (з.а. на 25 декември), изјави денеска за БНТ шефот на бугарската Националната истражна служба Борислав Сарафов. Според Сарафов, податоците во моментот покажуваат дека брзината на автобусот ...
Основните цели на измените на Законот за хартии од вредност кои се во собраниска процедура се да се овозможи домашни и странски берзи и депозитари да бидат основачи односно акционери во депозитар; да се доуреди водењето и управувањето на пoсебната сметка на која клиентите ги уплаќаат своите парични средства и да се продолжи рокот за задолжителна котација, заради поголема транспарентност на друштвата преку воведување на обврска за нивна ...
„ОВР Неготино во содејство со Одделот за внатрешна контрола криминалистички истраги и професионални стандарди поднесе кривична пријава против С.К.(24) од Неготино поради постоење основано сомнение за сторени кривични дела „Оддавање на службена тајна“ и „Злоупотреба на службена положба и овластување“, казниви по член 360 и член .353 од Кривичниот законик. По преземени оперативни мерки и активности било утврдено дека ...
Пандемијата предизвикана од ковид -19 вирусот во текот на 2020 година предизвика Република Северна Македонија да се соочи со потребата од прогласување на вонредна состојба, велат од Министерството за правда. „Одредбите со кои е уредена вонредната состојба се содржани во Уставот на РСМ, во Глава VII насловена како ‚‚Одбрана на републиката, воена и вонредна состојба‘‘ поточно од членот 125 до 128. Вонредната состојба ...
Користењето на интернет и онлајн купувањето во земјава годинава бележи раст, а интернет банкарството се користело за 104 проценти повеќе за разлика од лани. Интернет пенетрацијата во првото тримесечје од годинава е зголемена на 83,7 проценти опфат на домаќинствата наспроти 79,9 отсто во истиот период минатата година. Годинава, во истиот период 86,4 проценти од Македонците на возраст од 15 до 74 години користеле интернет, наспроти 81,4 отсто ...