„Ве известуваме дека во тек е дополнителната исплата на образовниот додаток, кој се исплаќа во случај ако има позитивно решени жалби и задоцнето известување од страна на училиштата. Со дополнителната исплата се опфатени 3872 корисника. Исплатата за правото на додаток за образование се врши до 31 октомври во тековната календарска година за претходната наставна година предвидена Согласно член 39-ж, став (5) од Законот за заштита на децата. ...

Во извештајот на Европската комисија се посочува на потребата од усогласеност на Законот за парничната постапка со европските стандарди. Во Предлог-законот за парничната постапка кој е во собраниска процедура со европско знаменце, се образложува дека, меѓудругото, новото законско решение е усогласено со Директивата 2009/22/EЗ на Европскиот парламeнт и на Советот од 23 април 2009 година за заштита на интересите на потрошувачите и со Директивата ...

„1. Работодавачот не може да му го откаже договорот за вработување на работникот од лични причини, во случај кога работникот не ги исполнувал условите за вршење на работата, определен степен на образование, кои се предвидени со актот за систематизација, а не се предвидени со закон, а кои биле наведени во објавениот оглас за вработување, врз основа на кој е склучен договорот со работникот. 2. Рокот од шест месеци за откажување на договорот ...

На седницата на Државната изборна комисија беше донесен Заклучокот за дополнување на Заклучокот за известување за конечност на резултати од гласањето за избор на членови на совет на општините и совет на Град Скопје и градоначалници на општините и Градоначалник на Град Скопје, одржани на 17 октомври 2021 година за соодветните општини, со кој се потврди конечноста на резултатите од гласањето за избор на совети на општините и изборот на ...

Донесувањето на Кодексот за корпоративно управување на котираните друштва е заеднички проект на Македонската берза и Комисијата за хартии од вредност и за истиот беше обезбедена поддршка од страна на Европската банка за обнова и развој и консултанти ангажирани од нејзина страна. Со донесувањето на новиот Кодекс којшто денес започнува да се применува, Берзата прави уште еден значен чекор напред во имплементирањето на европските стандарди во оваа ...

Македонија и остатокот од Европа, со исклучок на Русија, Белорусија и Исланд, ноќта меѓу сабота (30 октомври) и недела (31 октомври) ќе преминат на зимско сметање на времето. Во три часот по полноќ, часовниците се враќаат еден час наназад, односно времето во три ќе се смета како два часот. Зимското сметање на времето почнува секој последен викенд во октомври и трае до последниот викенд во март следната година, кога повторно настапува летното ...

Министерството за труд и социјална политика известува дека денеска 26.10.2021 год. (вторник) започна етапната исплата на октомвриските пензии. Пензиите ќе бидат исплатени предвреме и етапно, со цел да се овозможи поголема заштита на пензионерите во услови на опасност од коронавирусот КОВИД-19. Подигнувањето на пензиите преку филијалите и експозитурите на банките за пензионерите кои не користат картички ќе се реализира во четири групи, според ...

Bo согласност со Законот за празниците на Република Македонија (Сл.весник на РМ број 21/98 и 18/07) во 2022 година неработни денови се: За сите граѓани на РМ За граѓаните од православна вероисповед За граѓаните од католичка вероисповед За граѓаните од муслиманска вероисповед За граѓаните припадници на албанската заедница во РМ За граѓаните припадници на српската заедница во РМ За граѓаните припадници на ромската заедница во РМ За граѓаните ...

Во петокот беше 4-четвртото рочиште за главна расправа по предметот заведен по првата тужба против дива депонија во Р. Македонија, конкретно струшката дива депонија пред Основен суд Струга. Ова рочиште беше одложено како би можел судот формално да се произнесе по приговорите за непостоење на судска (стварна) надлежност на Основниот суд во Струга за постапување по прашањето за дивата депонија во Струга. Согласно позитивните прописи, конкретно, ...

Министерот за правда Бојан Маричиќ во пораката до граѓаните по повод Европскиот ден на правдата, напиша дека големиот број чекори кои се преземаа за реформа за судството ги дава резултатите. Според министерот владеењето на правото не засега сите нас и затоа никој не сака да живее во државата каде што правдата не е достапна или таа е само за привилегираните. За Владата и Министерството за правда ова е апсолвирано прашање и затоа изминатите ...

И во овој извештај на Европската комисија за напредокот на земјата, како и претходно, повторно се нотира напредокот во делот на борбата против корупцијата и судирот на интереси и се оценува дека Државната комисија за борба против корупцијата (ДКСК) е особено проактивна во превенција на корупцијата и во отварање голем број предмети, вклучително на оние кои се однесуваат на високо ниво на службеници. Според Билјана Ивановска, претседател на ДКСК, ...

Има намален буџет и намален број на судии Буџетот на судскиот систем кој се однесува на буџетот за судови, на јавните обвинителства и на правната помош е намален за 8,3 проценти во однос на 2019 година и во однос на 2020 година. Тогаш изнесувал 40 милиони евра или 19,5 евра по глава на жител и тоа е под просекот за регионот на Западен Балкан кој изнесува 37,8 евра по глава на жител, се нотира во извештајот на Европската комисија во делот за ...

Дваесет и петти октомври е Европски ден на граѓанската правда, кој секоја година се одбележува во европските држави. Целта на неговото одбележување во сите европски држави е правдата да се доближи до граѓаните и тие да бидат запознаени со нејзиното спроведување. „Интенцијата за одбележување на Европскиот ден на правдата е на граѓаните во Европа да им се овозможи одблизу да бидат запознаени со нивните основни права во повеќе области ...

Основното јавно обвинителство Гостивар до надлежниот суд поднесе Предлог за издавање казнен налог против едно лице за кривично дело – Симнување или оштетување на службен печат или знак од член 389 став 1 од Кривичниот законик. Обвинетиот, на 19 јули симнал службен печат од овластено службено лице – извршител за осигурување на моторно возило Мерцедес, попишано поради неплатен долг кон една банка. Печатот бил ставен на возилото по ...

„Владата на Република Северна Македонија на денешната редовна 113-та седница, меѓу другото, согласно моменталната епидемиолошка состојба во државата, усвои измени и дополнувања на ковид протоколите за работата на угостителските објекти (кафетерии и објекти за исхрана). Со овие измени и дополнувања се укинува ограничувањето на максимално дозволениот број на лица на една маса во кафетериите, рестораните и во рестораните на хотелите, како во ...

Државната изборна комисија сооопшти дека коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ освоила 22 градоначалници во првиот круг на локалните избори, коалицијата на СДСМ 9, а ДУИ тројца градоначалници. Во првиот круг градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ се избрани во Аеродром, Босилово, Бутел, Велес, Виница, Гази Баба, Градско, Ѓорче Петров, Зрновци, Илинден, Јегуновце, Кавадарци, Карбинци, Кисела Вода, Могила, Неготино, Новаци, Петровец, Прилеп, Свети Николе, Сопиште и ...

„Комисијата за следење на евентуални нерегуларности поврзани со извршување на кривични дела од Глава шеснаесет – Кривични дела против изборите и гласањето од Кривичниот законик и други кривични дела кои би биле сторени при организирањето и спроведувањето на локалните избори, формирана во Jавното обвинителство, ја известува јавноста дека во текот на организирањето и спроведувањето на локалните избори заклучно со првиот круг на ...

„До 15:00 часот во Комисијата за следење на евентуални нерегуларности поврзани со извршување на кривични дела од Глава шеснаесет – Кривични дела против изборите и гласањето од Кривичниот законик и други кривични дела кои би биле сторени при организирањето и спроведувањето на локалните избори пристигнаа информации за постапувањата по предметите во основните јавни обвинителства, како и известувања за случени евентуални изборни ...

На 27.10.2021 година (среда) Академик ќе одржи онлајн обука на тема „ЕФИКАСНО ЈАВНО ГОВОРЕЊЕ“. Обуката ќе се одржи од 10:00 до 13:00 часот. Предавач на обуката ќе биде Елизабета Недановска – правник и експерт за комуникација, која работи во оваа област повеќе од 20 години. Вештината за јавно говорење и одлична лична презентација може да биде главната разлика меѓу постигнувањето успех или неуспех. За многу професии е многу ...

ММФ, во своите проекции презентирани во Светскиот економски преглед, очекува дека инфлацијата во просек ќе достигне ниво од 3,1% во 2021 година и ќе се намали на околу 2,2% во 2022 година. Како што беше нагласено на средбата, тековните движења на цените во Северна Македонија се во согласност со глобалните случувања. Најголемиот двигател на неодамнешното зголемување на инфлацијата се глобалните цени на енергенсите, пред сѐ на нафтата и гасот. ...

Дигитализацијата на правосудството, со која е опфатено и Јавното обвинителство, треба да овозможи ефикасност и транспарентност и да го олесни пристапот на граѓаните до правдата, заклучија учесниците на регионалната отворена дебата „Дигитално правосудство – нова ера на реформите на македонскиот правосуден систем“, што се одржа во Скопје. Системот на информатичко-комуникациски технологии е неопходност во работењето на јавните ...

Одредби од Законот за сопственост и други стварни права („Службен веснник на Република Македонија“ бр. 18/2001, 92/2008, 139/2009 и 35/2010). Заедничка сопственост во брачна и вонбрачна заедница Стекнување имот во брачна заедница Член 66 Имотот на брачните другари може да биде заеднички и посебен. Член 67 Имотот кој брачните другари ќе го стекнат во текот на бракот претставува нивен заеднички имот. Член 68 Имотот кој едниот брачен ...

„Деновиве во медиумите беше објавена информација за активностите на Фондот за осигурување на депозити во поглед на обесштетувањето на физичките лица депоненти и имателите на сметки во ограбената Еуростандард банка, која веќе 14 месеци е во стечај. Но, како и за многу други работи, преку дозирано информирање и извртување на фактите, институциите сакаат да прикажат нереална слика и опкружувањето да ни го направат розево. Пред неколку месеци ...

Министерството за финасии подготвува измени на Законот за финасиските друштва. „Зајакнувањето на пазарната позиција од страна на финансиските друштва во изминатиот период ја наметна потребата од зајакнување на регулаторните барања и стандарди кои треба да ги исполнуваат финансиките друштва. Со зголемувањето на бројот на финансиските друштва значително се зголеми и бројот на корисници на потрошувачки кредити. Поради ова, се јавува потреба ...

На 12 октомври 2021 година се одржа редовна седница на Комитетот за оперативна монетарна политика на Народната банка, на којашто беа разгледани движењата на меѓународните и домашните финансиски пазари и показателите за домашната економија во контекст на поставеноста на монетарната политика. На седницата беше оценето дека постојното ниво на основната каматна стапка е соодветно на тековните економски и финансиски услови, при што беше одлучено таа ...

„Услугата електронско вадење на потврди од казнена евиденција одлично функционира во пракса и граѓаните веќе ја користат услугата. Ова беше прва од повеќето услуги кои се дигитализираат, а целта е граѓаните да не мора да чекаат по шалтери и овие потврди да се добиваат електронски. Според информациите граѓаните веќе ја користат оваа услуга и системот одлично функционира. Граѓаните електронски, на модерен начин ги вадат овие потврди, ...

„Република Северна Македонија е дел од земјите (136) кои минатата недела го постигнаа историскиот договор за корпоративна даночна реформа. Оваа голема реформа на меѓународниот даночен систем се состои од два столба и се однесува на оданочување на дигиталните активности на мултинационални корпорации, како и применување на минимална глобална корпоративна даночна стапка за големите мултинационални компании. Со овој договор и земјите во ...

„Здружението на оштетени штедачи ПРАВДА ЗА ШТЕДАЧИ на 01.10.2021 година одржа прес конференција пред Апелациониот Суд на која сподели со јавноста загриженоста дека и покрај големата битка за правда, постои сериозна можност преку стечајната постапка на Еуростандард банка, депонентите физички и правни лица чии депозити се заробено во стечајната маса на банката, да доживеат уште една голема неправда. Овојпат, поради неспроведување на ...

На денешната прес конференција за Годишната даночна пријава – највисок доход во 2020, Директорката на Управата за јавни приходи Сања Лукаревска соопшти дека Управата за јавни Приходи за календарската 2020 година изготви и достави пополнета Годишна даночна пријава, за 769794 граѓани. Искажаниот годишен бруто доход во пријавите изнесува 331.146.120.469,00 денари, а пресметаниот данок на личен доход е во износ од и 19.607.095.073,00 денари. ...

Во собраниска процедура се измените на Законот за установите. „Целта на овие измени на Законот за јавните установи е да се воспостави мерит процедура за селекција и назначување на членови на управните и на надзорните одбори во јавните установи и воведување транспарентност во постапката за пријавување и селекција. Со Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за установите се врши доуредување на одредбите со кои се оптимизира бројот ...

weather icon

Скопје

20ᴼ / 20ᴼ
1.03
40%
1014
weather icon

Белград

17ᴼ / 17ᴼ
2.59
59%
1015
weather icon

Загреб

17ᴼ / 14ᴼ
0.51
54%
1014
weather icon

Софија

11ᴼ / 11ᴼ
4.12
82%
1014
weather icon

Сараево

13ᴼ / 13ᴼ
3.31
80%
1015
weather icon

Љубљана

15ᴼ / 14ᴼ
3.13
73%
1014
weather icon

Атина

24ᴼ / 21ᴼ
4.12
41%
1012
weather icon

Тирана

17ᴼ / 17ᴼ
1.54
52%
1016
weather icon

Подгорица

16ᴼ / 16ᴼ
1.03
55%
1016
weather icon

Букурешт

11ᴼ / 11ᴼ
4.63
82%
1014
weather icon

Будимпешта

18ᴼ / 15ᴼ
2.06
61%
1014
weather icon

Истанбул

11ᴼ / 11ᴼ
3.09
82%
1012
Currency

61.525

Currency

54.0881

Currency

71.7367

Currency

34.5439

Currency

39.0763

Currency

66.0828

Currency

7.40933

Currency

0.65821

Currency

0.37987

Currency

0.52443

Currency

1.42259

Currency

0.63344

Алуминиум

2.62

Кобалт

42.99

Никел

15411.50

Рутениум

20190.67

Калај

30.62

Сребро

1047.00

Злато

106834.35

Бакар

9.45

Паладиум

30350.30

Платина

30882.55

Родиум

174417.80

Цинк

2.52