Денот на Комората се одржа на 22. декември 2023. година каде што по десетти јубиларен пат беа доделени четири награди од струките Архитектура и Урбанизам, Градежништво, Електротехника и Машинство. Наградата од областа на градежништвото е насловена по еден од најистакнатите дејци во областа на проектирањето, изведбата и надзорот на конструкциите, а тоа е професорот д-р Александар – Цане Ангелов. Годинава во Одделението градежништво беше ...

Во Белград почна изградбата на БИО4 Кампусот, единствен мултидисциплинарен проект, кој, како што е најавено, ќе му овозможи на Белград да стане еден од препознаените биоекономски центри во Европа. БИО4 е скратено име и претставува четири клучни области: биомедицина, биоинформатика, биотехнологија и биодиверзитет. По одржување на урбанистичко – архитектонски конкурс во 2021. година, договорот за изработка на идеен проект за локациски услови А ...

Францускиот дизајнер Пјер Јованович го отвори својот прв изложбен салон и галерија во САД во населбата Челзи на Менхетен, изложувајќи над 80 парчиња од неговиот сопствен бренд на мебел. Препознатливите дизајни, вклучувајќи го и иконичниот Bear Chair, ги исполнуваат 930 квадратни метри галерија и деловен простор на ниво на пентхаус на 555 West 25th Street. Оваа деловна експанзија нуди постојана база за Јованович и неговиот тим во Њујорк и им ...

Бугарија ќе добие 1,2 милијарди евра од Фондот за преведна транзиција (Just Transition Fund - JTF), откако Европската комисија ги одобри нејзините територијални транзициски планови. Грантот е наменет за помош за создавање на нови работни места и нови економски активности во јагленовите региони на Стара Загора, Ќустендил и Перник, со цел да се напушти јагленот. Попрецизно, станува збор за доквалификација, преквалификација и отворање на нови ...

На 30. декември (сабота), во 14 часот, во Laboratorium, ЕДукативЕН КУЛтурен ЦЕНТАР, ќе се случи прва самостојна изложба на архитектот Филип Конески „ИЛУСТРАЦИИ ОД ПОСТЗЕМЈОТРЕСНАТА ОБНОВА НА СКОПЈЕ“. Изложбата ќе биде поставена неколку дена, додека единствено на отворањето во сабота од 14-16 часот ќе може да си набават разгледници од илустрациите и избор на разгледници од збирките на МАРХ. Изложбата „Илустрации од постземјотресната обнова на ...

Европскиот парламент и Советот на држави членки на ЕУ, на 17-ти ноември постигнаа пробен договор за регулација на транспортот на отпадот, а сега се објавени и детали од овој документ. Според него, извозот на пластичен отпад во земјите кои не се членки на OECD, ќе биде забранет во рок од 2,5 години од стапувањето на сила на уредбата. Новиот пропис е поздравен како победа од страна ан еколошките групи, кои долго ја воделе кампањата за забрана на ...

Градската Библиотека „Браќа Миладиновци“ – Скопје е снована уште во 1945 година под името Градска Библиотека и фукционирала на различни локации се до изградба на објектот на булеварот „Партизански одреди“, лоциран помеѓу Архитектонскиот факултет и пазарот „Буњаковец. Во 1973 година според проект на архитект Прохирија Хаџи Костова – Пешиќ, која работела во проектантското биро на „Бетон“, изградена е библиотеката, еден од најдобрите објекти во ...

Во Волско, типично медитеранско рибарско градче во Риечкиот залив, оддалечено околу два километри од Опатија, сместена е куќата VMN House. Овој објект со површина од 430 квадратни метри е проект на белградското биро A3 Architects. Куќата се карактеризира со прочистено модернистичко обликување, со кое со што помалку потези успешно е постигната хармонија со околниот автентичен амбиент. Куќата како одраз на околината Главното барање на клиентот ...

Во рамките на свеченоста Ден на Комората која се одржа на 22 Декември 2023 година во салата на Комората по 10 јубиларен пат беа доделени 4 награди од струките Архитектура и Урбанизам, Градежништво, Електротехника и Машинство. Комората во 2013 година востанови доделување на 4 годишни награди на архитекти и инженери за исклучителен придонес во развојот на инженерската струка во Република Северна Македонија. Наградата од областа на архитектурата ...

И покрај глобалното опоравување после пандемијата, сепак деловните патувања бавно се враќаат на нивото од 2019 година, со оглед дека многумина се свртеа кон видео конференции или пак на патувања со железница како одржлива варијанта на летањето со авион. Глобалните компании за деловни патувања велат дека овој тренд би можел да ги погоди корпоративните односи. Групата Transport and Environment, која го промовира одржливиот сообраќај во Европа, ...

Патувањето со воз од Анкара до Истанбул ќе трае 80 минути, наместо досегашните 3 часа. Станува збор за супербрз воз, како предизборно ветување на владејачката партија AKP. Возот ќе сообраќа на линијата долга 344 километри. Од Анкара до истанбулскиот аеродром „Сабиха Ѓокчен“ ќе се движи со брзина од 350 километри на час, додека од овој аеродром до истанбулската железничка станица Sogutlucesme, ќе се движи со брзина од 200 километри на час. Возот ...

Новиот објект со својата висина, современа форма и материјализација го преобликува урбаниот пејзаж на Прага – градот со стотина кули. Простирајќи се на 28.000 квадратни метри, овој канцелариски и малопродажен комплекс, проектиран од Zaha Hadid Architects, се издига седум ката во својот источен дел и девет ката во западниот дел. Клучна карактеристика на зградата Masaryčka е нејзината интеграција со модернизираната историска железничка станица ...

Проф. д-р Милорад Јовановски e редовен професор при Градежниот факултет, на Катедрата за геотехника. Дипломирал на Рударско-геолошки факултет во Штип при УКИМ во 1988 година, магистрирал во 1993 година на Рударско-геолошки факултет во Белград, Србија, а докторирал во 2001 година на Градежен факултет – Скопје при УКИМ. Предава поголем број на предмети како: „Инженерска геологија“, „Применета хидрогеологија“, „Геотехнички истражувања“, ...

Две соларни велосипедски патеки со површина од по 1000 квадратни метри се поставени во Холандија. Компанијата Colas Group и градежната фирма BAM Royal Group, ги поставиле овие патеки во провинциите Северна Холандија и Северен Брабант. Тие с епоставени после пет години истражувања, кои Colas Group ги спровела во соработка со Францускиот национален институт за соларна енергија. Станува збор за соларни патни површини, односно еден вид на соларен ...

Кинескиот производител на електрични возила Nio, го претстави новиот електричен модел кој според нивниот оптимизам ќе ги одмери силите со двојно поскапите модели како Mercedes Maybach или Porsche Panamera E-Hybrid. Оваа компанија со седиште во Шангај, објавила дека луксузната лимузина ET9 ќе чини околу 112.000 долари, и дека се очекува да им биде испорачан на купувачите во првиот квартал од 2025 година. Исто така, ET9 е најскапиот модел кој Nio ...

Карло Рати ќе биде куратор на XIX меѓународна изложба за архитектура, во Венеција од, 24 мај до 23 ноември 2025 година. „Ние архитектите егоцентрично сметаме за себе дека сме најинтелигентни, но вистинската интелигенција е насекаде. Бестелестaта генијалност на еволуцијата, растечката моќ на компјутерите и колективната мудрост на толпата. За да се соочиме со свет кој пулсира во полн ек, архитектурата мора да ја искористи сета интелигенција што не ...

Во целост ви го пренесуваме говорот на претседателот на ААМ, Мишко Ралев од доделувањето на Големата годишна награда на ААМ за најуспешно реализирано архитектонско дело во 2023, која како што објавивме, припадна на објектот Изложбено-дистрибутивен центар со магацин Балканија, Визбегово – Скопје, дело на архитектите Миа Шириќ, Дејан Секуловски, Илија Божиновски со соработниците Саше Нешиќ и Катина Сутоглу од „Студио Синдикат“. Драги колешки и ...

Во најтесното јадро на Белград на Сењак, изграден е станбен објект на парцела широка нешто помалку од 12 метри. Оваа монументална куќа од 400 квадратни метри е архитектонско дело на Дејан Миљковиќ, редовен професор на Архитектонскиот факултет во Белград, а изградена е во 2023 година. Проектирана е да ја комбинира функцијата на семејно домување на повеќе нивоа, со оглед на малата површина на парцелата и потребата од нејзино максимално ...

Добитници на Големата годишна награда на Асоцијацијата на архитекти на Македонија – ААМ, под покровителство на претседателот се архитектите Миа Шириќ, Дејан Секуловски, Илија Божиновски и соработниците Саше Нешиќ и Катина Сутоглу од Студио Синдикат. Големата годишна награда на ААМ за најуспешно реализирано архитектонско дело во 2023 е доделена за објектот Изложбено-дистрибутивен центар со магацин Балканија, Визбегово – Скопје. Наградата на ...

Истражувачите од ETH Zurich, развиле метода со која го научиле автономниот багер самостојно да гради камени ѕидови користејќи големи карпи и градежен отпад. Овој иновативен пристап претставува значаен напредок во градежништвото. Проектот, кој е дел од Националниот центар за дигитална фабрикација (NCCR dfab), вклучува мултидисциплинарен тим на истражувачи од различни лаборатории и катедри на ETH Zurich. Автономниот багер, наречен HEAP, успешно ...

Богатите земји ја користат зелената транзиција како изговор за јакнење на сопствените економии на сметка на економиите во развој, користејќи ги застарените правила на Светската трговска организација, изјавила генералната секретарка на Конференцијата на Обединетите нации за трговија и развој Ребека Гринспан. „Многу трговски правила ги забрануваат политиките кои можат да ги користат земјите во развој. А развиените земји имаат повеќе фискален ...

Институт за стандардизација на РСМ на својата веб страна објави јавна расправа за превод на македонски јазик на 39 европски стандарди од областа на Еврокодовите. Ги повикуваат сите заинтересирани страни, доколку имаат свој коментар кон и во врска со преводот, да го дадат преку нивната веб страна. Јавната расправа за коментари ќе биде отворена до 1. февруари 2024. година Повеќе информации на линкот од веб страната ...

Д-р Владимир Б. Ладински е регистриран архитект и овластен менаџер во Велика Британија. Дипломира на Архитектонскиот факултет во Скопје. Интердисциплинарните постдипломски студии по просторно и урбанистичко планирање во Љубљана ги завршува на Англија Раскин Универзитетот во Кембриџ и станува магистер по урбанистичко и регионално планирање на тема „Станбената обнова во Скопје по земјотресот од 1963 година“. Докторира на ИЗИИС во областа на ...

На 22 декември 2023 година на пригодна свеченост по повод 16 годишнината од своето постоење се одбележа Денот на Комората и притоа се доделија по 10ти јубиларен пат четирите годишни награди во знак на благодарност и почит за творештвото на своите членови – архитекти и инженери. Комората претставува институција со јавни овластувања која што го обединува сиот индивидуален инженерски капацитет во државата вклучен во една од најмоќните индустрии – ...

Агустин Гор од GRX Arquitectos беше задолжен за ревитализацијата на колективниот станбен проект во Гранада од Хозе Мª Гарсија де Паредес. Проектот е награден на XXII издание на фестивалот Ascer Ceramic Awards. Тој вклучува интервенции во две независни станбени единици уредени по модел на современото живеење. Предизвик за архитектите била да го почитуваат оригиналното дело, земајќи ги во предвид иницијалните идеи и цртежи од авторот во 20 век, ...

Архирид е архитектонски колектив кој ги истражува потенцијалите на Охрид. Во целост ви го пренесуваме нивниот извештај од јавната расправа за “Физибилити студијата за развој на касарната во Охрид“. „На 15.12.2023 Архрид беше поканет и присуствуваше на јавна расправа за „Физибилити Студија за развој на Касарна Охрид во Технолошко – Рекреативна Зона“ во Големата Сала на општина Охрид. На расправата беше разгледана и анализирана студијата за ...

Капацитети кои произведуваат електрична енергија од обновливи извори во кина, за прв пат ги надминаат термокапацитетите, сочинувајќи повеќе од половината инсталиран капацитет во земјата. Во 2021 година, вкупниот инсталиран капацитет од обновливи извори во Кина надминал 1.000 GW, што во тоа време бил удел од 43,5% од вкупниот инсталиран капацитет за производство на електрична енергија во земјата, односно 10,2% повеќе споредено со 2015 година. ...

„Не можеме тројно да зголемиме нешто што го немаме“, изјавил министерот за животна средина и енергетска сигурност Фратин, коментирајќи зошто Италија не е меѓу потписниците на декларацијата за нуклераната енергија од Конференцијата на Обединетите Нации за климатски промени COP28 во Дубаи. Сепак, кабинетот продолжува да работи на воведување на нуклеарната енергија, за која тој тврди дека може да придонесе за економијата со 45 милијарди евра и ...

Пјер Огист Реноар е роден во Лимож на 25. февруари 1841. година. Бил четврто дете на Леонард, скромен кројач, и Мерл, кој исто така работела во текстилниот сектор. На четиригодишна возраст, семејството се преселило во Париз, каде што ја открил својата најголема страст: цртањето. За кратко време, Реноар се истакнал со својата работа на едноставни цветни украси во работилница за порцелан, а подоцна и на сè покомплексни проекти, како што е ...

Некаде на половина пат од Нови Сад кон Суботица, во близина на Бачка Топола се наоѓа селото Пачир, а во него, мало чудо – вештачко езерце исполнето со топла солена, термална и лековита вода и тоа со розова боја. Пачир Бања е базен со термална вода единствен во Војводина и во овој дел од Европа. Во 2008 година е направен проект за истражување на подземните води. По шест години е пробиен бунар на длабочина од 1.400 метри, направен е термо бунар ...

weather icon

Скопје

20ᴼ / 20ᴼ
1.03
40%
1014
weather icon

Белград

16ᴼ / 15ᴼ
2.67
61%
1015
weather icon

Загреб

17ᴼ / 12ᴼ
1.03
56%
1014
weather icon

Софија

10ᴼ / 10ᴼ
4.63
87%
1015
weather icon

Сараево

13ᴼ / 13ᴼ
3.31
80%
1015
weather icon

Љубљана

15ᴼ / 12ᴼ
1.54
66%
1014
weather icon

Атина

23ᴼ / 21ᴼ
4.12
41%
1012
weather icon

Тирана

17ᴼ / 17ᴼ
1.54
52%
1016
weather icon

Подгорица

15ᴼ / 15ᴼ
2.06
59%
1016
weather icon

Букурешт

11ᴼ / 10ᴼ
5.66
87%
1014
weather icon

Будимпешта

17ᴼ / 15ᴼ
1.34
62%
1014
weather icon

Истанбул

11ᴼ / 11ᴼ
2.57
82%
1013
Currency

61.525

Currency

54.0881

Currency

71.7367

Currency

34.5439

Currency

39.0763

Currency

66.0828

Currency

7.40933

Currency

0.65821

Currency

0.37987

Currency

0.52443

Currency

1.42259

Currency

0.63344

Алуминиум

2.62

Кобалт

42.99

Никел

15411.50

Рутениум

20190.67

Калај

30.62

Сребро

1047.00

Злато

106834.35

Бакар

9.45

Паладиум

30350.30

Платина

30882.55

Родиум

174417.80

Цинк

2.52