
Скопје
6ᴼ /
6ᴼ



Глобалното архитектонско биро Bjarke Ingels Group (BIG) деновиве го претстави проектот за четири облакодери кои ќе го опкружуваат плоштадот Freedom Plaza на њујоршкиот Менхетн, планирани да се градат карши седиштето на Обединетите нации. Покрај бреговите на Ист ривер, плоштадот има за цел да создаде нов јавен и културен центар, воведувајќи нов отворен и зелен простор во оваа густо населена област, со планови на локацијата да се воспостави ...
На 18 јануари 2024 година Кралскиот институт на британските архитекти го објави овогодишниот добитник на Кралскиот златен медал професорката – Лесли Наа Норле Локо (1964), Ганско-шкотска архитектка, едукаторка и новелистка. Родена во Данди, Шкотска, како ќерка на хирург од Гана и мајка Шкотланѓанка со еврејско потекло, таа израснала главно во Гана и во Шкотска. Своето високо образование го одпочнала на Универзитетот во Оксфорд каде студирала ...
Во седиштето на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), одржан е шестиот Инвестициски самит за Западен Балкан, на кој учествуваат премиери и други високи официјални претставници . Одил Рено – Басо, претседателката на оваа меѓународна финансиска институција, ја пофалила подобрената координација помеѓу владите и истакнала дека тоа овозможило многу важно сообраќајни и енергетски проекти во регионот да добијат приоритет. „ Ние во ЕБОР се ...
Меѓународната финансиска институција IFC, одобрила кредит во висина од 60 милиони евра на компанијата „Дреник НД“ во Србија. Корисникот ќе изгради постројка за истовремено производство на електрична и топлинска енергија (CHP), која ќе работи на биомаса, и дека ќе го рефинансира долгот и ќе го зајакне обртниот капитал. Оваа компанија е најголем производител на тоалетна хартија во земјата. Управува со една фабрика во Белград, во индустриската ...
Стручно предавање: „Можна примена на урбаната консолидација (Land readjustment), како инструмент за урбанистичко уредување на населени места во земјите на Југоисточна Европа” Во рамките на соработката помеѓу Комората на овластени архитекти и овластени инженери и Комората на трговски друштва за геодетски работи на 07.03.2024 година (четврток) со почеток во 11 часот, во просториите на Комората ОАИ ќе се одржи заедничкото стручно предавање, кое е ...
Министерството за просторно планирање, урбанизам и државен имот на Црна Гора ги објави резултатите од меѓународниот конкурс за идејно архитектонско решение на болничкиот објект во рамки на комплексот на Општата болница „Данило I“ на Цетиње, распишан на почетокот на ноември 2023. година. Прва награда Во предвидениот рок пристигнале 78 конкурсни трудови, од кои 73 се земени на натамошно разгледување, а првата награда во вредност од 12.000 евра ...
Во 1994 година, геолозите кои ги мапирале каменоломите на стариот Египет, идентификувале 12 километарски поплочен дел кој водел до еден каменолом за базалт до езерото Моерис. Користејќи ја керамиката пронајдена на тоа место, која веројатно е оставена од работниците на каменоломот, истражувачите успеале да го лоцираат времето на овој пат, а тоа е периодот од 2600 година п.н.е до 2200 година п.н.е. Така, оваа патека станува најстарата откриена ...
Во 2050 година, во производниот микс на електрична енергија во Србија, ќе предничи соларната енергија, пред ветерот и хидроенергијата, додека уделите на природен гас, биогас и отпад ќе бидат ниски. Во овој енергетски микс јагленот воопшто нема да биде застапен. Попрецизно, само 6% од произведената енергиај ќе доаѓа од природен гас, па со ваквото сценарио српската енергетика би била речиси целосно декарбонизирана. Оваа амбициозна проекција е ...
Американското биро Rafael Viñoly Architects ги претстави плановите за идниот меѓународен терминал на аеродромот во Фиренца, кој ќе биде формиран на необичен начин, како одраз на посветеноста на Италијанците на винската култура. Имено, новиот терминал на аеродромот во Фиренца на 50.000 метри квадратни, кој годишно ќе го користат околу 5,9 милиони луѓе, ќе опфаќа 7,7 хектари лозови насади. Почит кон срцето на прочуениот вински регион на Тоскана ...
Проткаено со суштината на биофилијата и врвната технологија, кинеското биро Isense Design, создало прибежиште на спокојство и стручност за клиниката Cloud White во четвртта Chaoyang во Пекинг. Ова засолниште за нега на кожа и убавина без напор ги комбинира елементите инспирирани од природата со модерните иновации, што резултира со простор кој зрачи и со професионализам и со спокој. Дистанцирајќи се од традиционалната неутрална палета на бои, ...
Брајан Ино, пионер на амбиенталната музика, моментално ја изложува ажурираната верзија на својот осветлен грамофон во реномираната галерија Paul Stolper во Лондон. Оваа нова итерација, позната како Turntable II, ги следи стапките на својот претходник, кој беше објавен во 2021 година. Грамофонот се состои од два ексцентрични круга од Perspex, со плоча и постоље од проѕирен акрилик. Двете компоненти се опремени со LED светла кои се прецизно ...
Парламентот на Флорида кој е под републиканска контрола, донел закон за забрана на социјалните мрежи за деца под 16 години, што е потег за кој приврзаниците тврдат дека ќе ги заштити малолетниците од онлајн ризици за нивното ментално здравје. Мерката која сега оди на одобрување кај гувернерот, бара од социјалните мрежи да ги укинат акаунтите на сите под наведената возраст. Првирзаниците на овој закон уверуваат дека на овој начин ќе се заштитат ...
Норвешката компанија Rystad Energy, која се занимава со ситражување и собирање на податоци релевантни за работењето во сферата на енергетиката, предупреудва дека на светот се потребни уште 18 милиони километри електроенергетска мрежа. Оваа проценка е поврзана со покривањето на електрификацијата која се спроведува ширум градовите, регионите и континентите. Опфаќа и капацитети за производство на електрична енергија од обновливи извори, како и ...
На 1-ви март, во 20 часот, во Музејот на современата уметност – Скопје ќе биде отворена самостојна изложба на светски познатиот уметник Јонас Стал – „Станица Пропаганда“. Холандскиот уметник, кој ќе биде специјален гостин на музејот е препознатлив по истражување на односот помеѓу уметноста, пропагандата и демократијата, а неодамна ја доби и престижната награда за визуелни уметности „Prix de Rome“. Кураторка на изложбата е Ивана Васева. Еден од ...
Целосно интегрирана во природата, куќата со зелен кров и дрвена фасада, вкопана е шест метри под земја, што придонело за нејзина подобра енергетска ефикасност. Благодарение на стаклениот лифт и скалите, светлината продира во внатрешноста на куќата. Холандското студио WillemsenU ја проектирало оваа атрактивна куќа во Ајндховен, делумно вкопана во земја, која целосно се претопува во нејзината околина. Соодветно наречена The House Under the ...
Сеуште не минале два месеци во оваа година, а во регионот повеќе градови веќе ги надминаа дозволените 35 дена годишно со загадување на воздухот над пропишаните 50 микрограми по метар кубен (заклучно со 22.02.2024). Притоа, Нови Пазар во Србија и Кичево се на врвот на листата со 44 дена во кои е надмината оваа гранична вредност. Согласно податоците во регионот, се заклучува дека квалитетит на воздухот во голем број на градови се сврстува во трета ...
Египетските власти потпишаа историски договор со претставниците на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ), кој ќе им овозможи изградба на нов град за неверојатни 35 милијарди долари. Имено, градот Рес – ел – Хекма ќе се гради на северозападниот брег на државата и ќе биде нов деловен и туристички центар на Египет. Проектот западно од Александрија ќе го реализираат компании кои се во сопстваност на владата во Абу Даби. Непосредните директни странски ...
Пула пробно ја пушти во работа ротационата гаража, прва и единствена од ваков тип во Хрватска, која треба да го намали проблемот на овој истарски град со хроничниот недостаток на паркинг места, особено во летните месеци. Иако жителите на Пула првично беа скептични за безбедноста на нивните возила, од Пула паркинг ја уверуваат јавноста дека роло – паркингот е практичен и безбеден, како и дека штеди простор, а на некогашните шест паркинг места ...
Во едно швајцарско село, моментално се подготвува монтажа на најголемата градба на светот направена со помош на 3D печатење. Проектот под името „Бела кула“ (Tor Alva), кој го реализираат истражувачи од ETH Цирих, во соработка со една фондација, се состои од над сто столбови, додека на врвот е предвиден простор за културни перформанси. Оваа кула, чија изградба се одвива во делови кои подоцна ќе бидат транспортирани и монтирани во селото Мулегнс ...
Бирото EFFEKT со седиште во Копенхаген заврши со модуларната станица за полнење со дрвена рамка во Sønderborg, Данска. Наречен Better Energy Charge, проектот ја трансформирал конвенционалната бензинска пумпа во парк кој е проектирана да донесе беспрекорно и привлечно искуство за мобилност. EFFEKT ја проектирале новата станица за брзо полнење за електрични возила (EV) со органски дизајнирана дрвена рамка. Завршен како прв пилотпроект за ...
Претседателството на Советот и претставниците на Европскиот парламент, постигнаа привремен договор за предлогот да се постават нови стандарди за квалитетот на воздухот во ЕУ, со цел достигнување на целта за нулто загадување. На овој начин ќе се придонесе во креирањето на здрава животна средина во ЕУ до 2050 година. Новите правила треба да постават подобрени стандарди за квалитетот на воздухот на ЕУ за 2030 година, во вид на гранични и целни ...
Комората на овластени архитекти и овластени инженери – КОАИ, како членка во Светската федерација на инженерски организации (World Federation of Engineering Organizations – WFEO) ја пренесува информацијата за Светскиот ден на инженерството. Овој настан ќе се одржи во Лисабон, Португалија, во понеделник на 4. март 2024 година и ќе се состои од свечено отворање и конференција на тема „Енергетска транзиција и одржливост“. Настанот ќе имате можност ...
Вилата Роси, која се наоѓа во срцето на Ивреа, е реставрирана од архитектонското студио Г. Вилата се наоѓа во централното подрачје на светското наследство на УНЕСКО „Ивреа, индустриски град на 20 век“, лоциран во регионот Пиемонт, во провинцијата Торино, Италија. Вилата е дел од низата од четири куќи во низа, нарачани во 1959 година од страна на влијателни личности од Канцеларијата за консултации за домување, Оливети (Ufficio Consulenza Case ...
Вчера во галеријата на МАНУ на пригодна свеченост претседателот на ААМ Мишко Ралев му ја врачи наградата за животно дело „Андреја Дамјанов“ за 2023 година на архитектот Здравко Рафаиловски, како признание за особени достигнувања и личен придонес во развојот на архитектурата и градителството. Оваа награда ја доделува Асоцијацијата на Aрхитекти на Македонија (ААМ). Комисијата за додела на наградата во согласност со Одлука на УО на Асоцијацијата ...
Комесарката за енергетика на ЕУ, Кадри Симсон, ја повика Франција да ја подигне својата цел за обновливи извори на енергија на „барем 44%“, до 2030 година, предупредувајќи дека ќе се разгледаат чекори на ниво на ЕУ во случај на пропусти. Фраанција досега одбиваше да постави цел за обновливи извори на енергија за 2030 година, наместо тоа заговарајќи поширока цел за декарбонизација до истиот рок, низ комбинација на нуклеарна енергија и енергија од ...
Додека реконструкцијата на Сава Центар во Белград полека привршува, неговиот идеен творец не успеа повторно да го види во полн сјај своето извонредно дело. Авторот на најголемиот конгресен центар во поранешна Југославија, архитектот Стојан Столе Максимовиќ, почина на 21. 02 во својот дом во малото гратче Нахант (Масачусетс) во САД. Роден е во 1934 година во Суботица, но поради Втората светска војна неговото семејство се преселило во Ваљево, ...
Европската комисја одобри трет голем проект од заеднички европски интерес (IPCEI) за поддршка на инфраструктурата за водород. Идејата е да се зголеми снабдувањето со обновлив водород, што ќе ја намали зависноста од природен гас и ќе придонесе за постигнување на целите од Европскиот зелен договор, планот REPowerEU и Стратегијата на ЕУ за водород. Овој проект наречен IPCEI Hy2Infra, заедно го подготвиле и пријавиле Франција, Германија, Италија, ...
Загадениот воздух, сообраќајниот хаос, сивилото и бучавата се само дел од проблеми со кои се соочуваат граѓаните во секојдневнието. Колку е важно зеленилото во градот за подобар квалитет на живот? Колку зеленилото во урбанта област може да придонесе во борбата со климатските промени и да биде дел од потенцијалните решенија за важните општествени проблеми? Дојдете да разговараме за повеќе зеленило во градот и подобар град! За наведеното ќе се ...
Шпанското биро Fran Silvestre Arquitectos изработило проект за минималистичка бела куќа во Аликанте, која се движи низ пејзажот за да го подобри својот однос со надворешната средина. Наречена Sabater House домот се расплетува низ низа вкрстени, издолжени форми кои се искачуваат нагоре над својата локација од 780 квадратни метри. Тенки волумени се прилагодуваат на природната топографија на теренот, движејќи се низ постоечките големи дрвја и ...
По двегодишната пауза, вчера продолжија градежните активности за реконструкцијата на Универзалната сала во Скопје откако минатата година Град Скопје времено ѝ ја отстапи надлежноста над објектот на Владата и ја превзема Министерството за култура. Реконструкцијата ќе се одвива во две фази, а се очекува да биде целосно завршена до 2026 година. За реконструкцијата на Универзалната сала за годинава се обезбедени 120 милиони денари. За 2025 година ...