Насловна / Архитектура / Куќа под земја: Енергетски ефикасна оаза меѓу диви цвеќиња

Куќа под земја: Енергетски ефикасна оаза меѓу диви цвеќиња

Целосно интегрирана во природата, куќата со зелен кров и дрвена фасада, вкопана е шест метри под земја, што придонело за нејзина подобра енергетска ефикасност. Благодарение на стаклениот лифт и скалите, светлината продира во внатрешноста на куќата.

1

Холандското студио WillemsenU ја проектирало оваа атрактивна куќа во Ајндховен, делумно вкопана во земја, која целосно се претопува во нејзината околина.

2

Соодветно наречена The House Under the Ground, односно Куќа под земја, проектирана е за млад пар како оаза за одмор, која не ја нарушува природата, туку ја нагласува нејзината раскош и убавина.

3

Според зборовите на авторот, главната инспирација била топографијата на локацијата, која ја сочинува ливада на работ на заштитен природен резерват, со мали разлики во висината и исклучително бујна вегетација. Идејата била куќата да се интегрира колку што е можно повеќе во пејзажот, и поигрувајќи си со визурите, наизменично да ги затскрива и отвора погледите на резерватот.

Делот од куќата што е видлив над земјата е дефиниран со заоблената форма на сводот, кој се претопува во пејзажот. Покриен е со карактеристична, бујна вегетација со многу ливадски цвеќиња.

4

Конструкцијата на куќата е од лиен бетон на лице место, додека видливите фасади се обложени со вертикални дрвени даски. Употребата на дрво е инспирирана од материјали типични за шупите и плевните во областа, а се користи внатре и надвор од објектот.

До куќата се пристапува од работ на парцелата, по патека меѓу диви цвеќиња, која води до ходник заесечен во падината и обложен со кортен челик.

5

На влезот се отвора голема врата кон пространа трпезарија и кујна со прекрасен поглед.

Сводот на заоблениот кров го насочува погледот кон просторот што води кон подрумот.

6

Програмски, куќата е организирана околу централен простор, во кој има стаклен лифт. Овој лифт внесува светлина во просториите под земја и во исто време гарантира дека куќата во иднина ќе биде достапна за инвалидска количка.

7

Зелениот кров има отвори над просторот на скалите и лифтот, што овозможува светлината да навлезе длабоко во куќата, а истовремено обезбедува и импресивен поглед на небото, врамен со зеленило.

8

На првото ниво под земјата се наоѓа дневната соба која излегува на тераса опкружена со диви цвеќиња.

Втопено во зеленило, ова катче за уживање е во целосна хармонија со околната природа.

9

Спалниот дел е сместен на ниво подолу, шест метри под нивото на теренот.

Светлите бои во ентериерот ги следат транспарентни материјали, кои се користат за да се овозможи дневната светлина да продре до најнискиот кат.

11

Делумното вкопување на куќата помогнало да се постигнат високи енергетски перформанси, да се зголеми термалната маса и да се создаде конзистентна внатрешна средина која е ладна во лето и топла во зима. За греење се користат топлински пумпи.

10 13 14 15

Испрати коментар

Scroll To Top