Официјално отворен претседателскиот изборен штаб на Левица: Се собираат потписи за кандидатката Ванковска

Официјално-отворен-претседателскиот-изборен-штаб-на-Левица-Се-собираат-потписи.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Вчеравечер кандидатката за претседател на Република Македонија од редовите на Левица, проф. д-р Билјана Ванковска во присуство на голем број членови и симпатизери официјално го отвори претседателкиот изборен штаб.

Денес и официјално започна рокот за собирање на потписи за кандидатура на проф. д-р Билјана Ванковска, што ќе трае до 8 Март (петок), информираат од Левица.

-Поддршката за кандидатурата на проф. д-р Билјана Ванковска претставува почеток на борбата која ја започнавме. Борба со која што конечно ќе ја вратиме Македонија во рацете на народот. Потпис за кандидатурата на проф. д-р Билјана Ванковска може да дадете секој ден од 08:00 до 20:00 часот во вашата општина во подрачните канцеларии на ДИК најдоцна до 8 Март, – се вели во соопштението од Левица.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK