ДИК: Како стојат потенцијалните кандидати за претседател со бројот на собрани потписи за кандидатура

ДИК-Како-стојат-потенцијалните-кандидати-за-претседател-со-бројот-на.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Државната изборна комисија на својата веб страна, од утре секојдневно ќе информира за бројот на собрани потписи за секој од подносителите на иницијатива за кандидат за Претседател на Република Северна Македонија.

Еднаш дневно ДИК прави пресек на пристигнатиот број на потписи за секој подносител поединечно и истиот редовно се ажурира.

Моментално, во подрачните одделенија и канцеларии на Државната изборна комисија, единаесет подносители на иницијативи за кандидирање за претседател на државата собираат потписи за кандидати.

Заклучно со 23 февруари 2024 година, бројот на собрани потписи за секој од подносителите на иницијатива за кандидат е следен:

Вело Марковски 98
Билјана Ванковска Цветковска 1105
Томе Николоски 0
Бујар Османи 3261
Господин Поповски 0
Максим Димитриевски 1594
Стевчо Јакимовски 658
Ѓорѓи Манасков 21
Арбен Таравари 1
Мерсиха Смаиловиќ 0
Зорица Цветковска 0

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK