Шведска има проблем со криминал и престрелки, дури 62.000 луѓе се поврзани со банди

Шведска-има-проблем-со-криминал-и-престрелки-дури-62000-луѓе.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Шведската полиција вчера соопшти дека во таа земја има околу 62.000 луѓе кои се поврзани со криминални мрежи, пишува Ројтерс. Шведските власти со години се борат да го спречат насилството поврзано со организираниот криминал.

Смртоносните престрелки се зголемија повеќе од три пати во изминатата деценија во Шведска, нордиска земја со 10 милиони жители. Во моментов, стапката на фатални престрелки во Шведска е на многу повисоки нивоа отколку во соседните земји.

„Минатата година имаше девет пати повеќе фатални престрелки во Шведска отколку во Норвешка, Данска и Финска заедно“.
„Идентификувавме 14.000 активни во криминалните мрежи“, рече комесарката на националната полиција Петра Лунд на конференција за медиумите. „Има 48.000 луѓе поврзани со криминални мрежи“, вели Лунд.

„Имаше 62 фатални престрелки во Шведска во 2022 година“, рече шведскиот министер за правда Гунар Стромер на истата прес-конференција.

„Во 2023 година, иако бројот на фатални престрелки малку се намали, прелиминарните бројки покажуваат дека Шведска имала девет пати повеќе фатални престрелки од Норвешка, Данска и Финска заедно. Минатата година бројот на напади со експлозив бил најголем во историјата“, рече министерот.

„Зборуваме за криминал кој е опасен за системот. Овие криминалци ги замолчуваат сведоците, им се закануваат на социјалните работници, се инфилтрираат во владата и политичките партии, тргуваат со дрога, мамат постари лица и нашите системи за социјална заштита“, рече Стромер за криминалните мрежи во Шведска.

Минатата година во септември беа забележани 11 фатални престрелки, што значи дека тоа е најсмртоносниот месец во Шведска од 2019 година, пишува Ројтерс.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK