ВМРО-ДПМНЕ: СДС и ДУИ место да изгласаат продолжување на пасошите, организираат свечен пречек на граница, за обрасци за пасоши

ВМРО-ДПМНЕ-Што-толку-го-радува-Ковачевски-5-дена-да-лумпува.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Не дека не е познато на граѓаните, организирање на свечености со труби по тунели, еве сега имаме втор дел, свеченост за пристигање на обрасци за пасоши, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

-Место пратениците на СДС и ДУИ, да се одважат и да им помогнат на граѓаните, со гласањето во Собранието, за продолжување на рокот на пасошите, тие се решија свечено да ги примат обрасците, на граничниот премин Богородица, со сите почести. Додека граѓаните чекаат решение, кое може да се донесе веднаш во Собранието, со кое ќе се ослободат 600 илјади луѓе од отворен затвор, тие си играат мајтап со нив на граница, – велат од партијата.

Оваа финална етапа на власта во паѓање, е права слика, за нивното цело владеење во овие 7 години. Место решенија, гола пропаганда и неспособност, се додава во ссопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK