Искршил обложувачница во Чаир, се заканувал со оружје и одзел пари од вработениот, МВР го расчистува случајот

Искршил-обложувачница-во-Чаир-се-заканувал-со-оружје-и-одзел.png
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Обложувачница од Чаир пријавила дека синоќа вооружено лице се заканувало, искршило дел од инвентарот и одзело пари од вработениот.

„На 23.02.2024 во 21.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека околу 20.45 часот во спортска обложувачница на подрачјето на Чаир,  едно лице со закана со оружје и со употреба на физичка сила искршило дел од инвентарот и од вработениот одзело пари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, извести Министерството за внатрешни работи.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK