Никој од кандидатите за претседател се уште ги нема собрано потребните 10 илјади потписи, досега се потпишале 24.830 граѓани

Никој-од-кандидатите-за-претседател-се-уште-ги-нема-собрано.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Според последните податоци објавени на страната на Државната изборна комисија заклучно со вчерашниот ден никој од кандидатите за претседател на државата ги нема собрано потребните 10 илјади потписи од граѓаните.

Според пресекот на ДИК, најмногу потписи има Бујар Османи, кандидат на Демократската унија за интеграција (ДУИ) за кого се потпишале 8.560. Втор на листата е лидерот на ЗНАМ-За наша Македонија, Максим Димитриевски со 5.923 собрани потписи. Кандидатката поддржана од партијата Левица, Билјана Ванковска-Цветковска има собрано 4.478 потписи, а кандидатот на ГРОМ, Стевчо Јакимовски има 3.091 потписи.

Вело Марковски има 433 потписи, а кандидатот на опозицискиот блок „Вреди“, Арбен Тарвари 1645 потписи. Мерсиха Смаиловиќ има собрано 523 потписи.

Државната изборна комисија, соопшти дека се додека трае собирањето потписи, еднаш дневно ќе прави пресек на пристигнатиот број на потписи за секој подносител поединечно и истиот редовно ќе се ажурира.

Постапката за собирање потписи, која почна на 23 февруари ќе трае непрекинато секој ден од 8 до 20 часот, а последниот ден на 8 март ќе работат до 24 часот. Собирањето потписи се одвива во сите подрачни одделенија и канцеларии на ДИК сместени во седиштата на 34 локални самоуправи и пред надлежните нотари.

Кога подносител на листа на кандидат за претседател е група избирачи, потребно е да се соберат најмалку 10.000 потписи од запишаните избирачи во Избирачкиот список, додека кога подносител на листа на кандидат за претседател се пратеници, потребно е да се соберат најмалку 30 потписи од пратениците.

Учесниците на изборите, листите со кандидати за претседател на државата треба да ги достават до ДИК најдоцна до 19 март, на полноќ. Рокот за собирање потписи се однесува и за претседателските и за парламентарните избори. Претседателските избори се закажани за 24 април, а вториот круг е на 8 мај кога треба да се одржат и парламентарните избори.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK