Крузер со 2.000 патници во карантин: постојат сомнежи дека на бродот има колера

Крузер-со-2000-патници-во-карантин-постојат-сомнежи-дека-на.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Крузерот „”Norwegian Dawn”“ со околу 2.000 патници е во карантин во близина на брегот на Маурициус бидејќи патниците на бродот имаат дијареја, а се стравува дека се заразени од колера.

Бродот долг 294 метри, кој плови под знамето на Бахамите, бил запрен во близина на Маурициус, а на патниците не им било дозволено да го напуштат пловилото. Имено, властите на островот одбиле да примаат туристи бидејќи непознат број од нив имаат дијареа, а не се сигурни дали заболеле од норовирус или колера, пишува „Hamburger Abendblatt“ повикувајќи се на „Le Mauricien“.

Во моментов во тек е преглед на болните лица, а вработени во здравствените служби во Маурициус се качиле на бродот и земале примероци од 15 патници за да ја утврдат причината за болеста.

Колерата е многу заразна, акутна гастроинтестинална инфекција предизвикана од бактеријата колера и може да биде поврзана со тешка дијареа и повраќање и последователна тешка загуба на течности.

Првите резултати од тестот се очекуваат утре, а дотогаш на патниците не им е дозволено да го напуштат бродот.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK