Резултати од изборите во Белорусија: гласале околу 73 отсто од гласачите

Резултати-од-изборите-во-Белорусија-гласале-околу-73-отсто-од.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Прелиминарните податоци за излезноста на парламентарните и локалните избори во Белорусија покажаа дека 73,08 отсто од гласачите излегле на гласање во неделата, објави белоруската Централна изборна комисија (ЦИК).

Претседателот на ЦИК Игор Карпенко изјави дека податоците за излезноста се ажурирани и дека на списокот има 6,9 милиони гласачи, пренесе агенцијата Белта.

Излезноста по региони се разликуваше, па така во регионот на Брест излезноста беше 75,82, во Витебск 75,63, во Гомел 75,85, во Гродно 76,90, во Минск 74,20, во Могилев 77,03, а во главниот град Минск 61,54 отсто од гласачите.

Карпенко додаде дека прелиминарните парламентарни резултати ќе бидат објавени  во 14 часот.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK