Морничава снимка од убиството на хрватскиот фудбалер, убиецот стои над младиот човек

Откако извиси за Кепа, Баерн тргна по голманот на Севилја
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Цел Балкан го потресе убиството на младиот фудбалер на 22-годишна возраст, чии иницијали се А.Р., а сега е објавено и дел од видеото од убиството.







Тој беше избоден на популарното шеталиште во Сплит од двајца мажи кои набргу потоа беа уапсени.

На социјалните мрежи се појави видео од тој момент, кое не беше објавено во целост.

Портпаролката на сплитската полиција Жељка Радошевиќ изјави дека две лица се уапсени веднаш откако биле информирани за инцидентот.

Полицијата претходно извести дека 22-годишен маж им подлегнал на повредите во сплитската болница по напад во кој маж го прободел со нож во пределот на градниот кош. Таа додаде дека во службените простории биле донесени неколку лица, од кои двајца се уапсени во врска со убиството.

Во болницата пријавиле дека на Итна медицинска помош без витални знаци бил донесен 22-годишен маж со тешка убодна рана во пределот на десниот граден кош. Веднаш почнале со реанимација, но безуспешно, а по 45 минути го прогласиле исходот фатален.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK