Од почетокот на годината во сообраќајни несреќи животот го загубиле петмина пешаци во земјава, додека во текот на минатата година животот го загубиле 24 пешаци. ил.
Претседателот на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, Горан Ангеловски рече дека во последните години, безбедноста на пешаците во државава се соочува со сериозни предизвици. Тој ја најави кампањата „Безбедност на пешаците – одговорност за сите нас“ што ќе се реализира во текот на месеците април, мај, септември и октомври на целата територија на државата, во соработка со Министерството за внатрешни работи и Факултетот за безбедност – Скопје.