
Скопје
25ᴼ /
25ᴼ



Изминатите денови на островот Брач во Супетар, Хрватска, се одржа најголемиот гастрономски натпревар на Медитеранот ,,Бисер мора”, кој беше во организација на Сојузот на кувари од медитеранот и европскиот регион. Натпреварот се одржа по 18-ти пат, а како дел на тимот од “Гастромак”, на истиот учествуваше и прилепчанецот Влатко Алексоски, кој за прв пат се натпреваруваше во неговата категорија карвинг и освои прво место и златен медал. ...
Денеска во просториите на Домот за техничка култура – Народна техника – Прилеп, се одржа 47-от регионален натпревар на младите техничари и природници. На натпреварот задоа учество ученици од нашето училиште, кои многу успешно се претставија во своите области освојувајќи прво место, а со тоа и се пласираа на Државниот натпревар. Под менторство на наставник-ментор м-р Кети Иваноска, Емили Иваноска од IX – то одделение се натпреваруваше во ...
Мало парче од Енфилд во центарот на “градот на конзулите” – фан клубот на “Црвените” го прослави својот роденден. Во просториите на “Dirty Old Town” добивате чувство дека сте дел од големата навивачка група која го бодри Ливерпул на Енфилд. Секако, преовладува црвената боја и фудбалска страст каква не сте виделе до сега. Добро е познато дека фан-базата на Ливерпул во Македонија е многубројна и одлично организирана. Фан клубот од Битола е само ...
Благоја Спиркоски-Џумерко живее во нашите спомени, а неговите изведби, глума и неверојатна смисла за хумор и ден денеска се најгледани и изнудуваат лавина смеа. Пред повеќе години за време на еден настап во центарот на Прилеп, Џумерко им раскажал на насобраните прилепчани за потеклото на Филип Втори и Александар Трети Македонски, како настанале Битола и Црна Река и како станал популарен прилепскиот тутун. А што би бил денешниот ден на шегата ...
Екипата на Партизан зеде уште еден голем скалп. Белградскиот евролигаш пред преполната арена “Штарк” го победи големиот Реал Мадрид (104-90) и е пред промоција во четвртфиналето на најквалитетното кошаркарско натпреварување на стариот континент. Тимот на Жељко Обрадовиќ клучната разлика ја направи во втората четвртина, која ја доби со 28:15, а по обидот за камбек на „кралевите“, следуваше доминантна последна четвртина за импресивна победа. ...
Градоначалничката Данела Арсовска почнува со постапка за враќање на споменикот на Андон Лазов-Ќосето пред судовите во Скопје. Од општина Центар, за потврдија дека до нив е стигнато барање за отпочнување на процедура за враќање на Ќосето на крстосницата на која што претходно беше поставен. Споменикот пред пет години беше отстранет по барање на ексградоначлникот Петре Шилегов оти се работело за дивоградба. Ќосето, потоа, беше пренесен во магацин ...
Екипата на Партизан зеде уште еден голем скалп. Белградскиот евролигаш пред преполната арена “Штарк” го победи големиот Реал Мадрид (104-90) и е пред промоција во четвртфиналето на најквалитетното кошаркарско натпреварување на стариот континент. Тимот на Жељко Обрадовиќ клучната разлика ја направи во втората четвртина, која ја доби со 28:15, а по обидот за камбек на „кралевите“, следуваше доминантна последна четвртина за импресивна победа. ...
Велат дека од чаршиски деца бидуваат само фини нешта. И не згрешиле, барем кога станува збор за овој млад прилепчанец. Мартин Рутески, дечкото кој е познат кај младите по својот префинет моден стил, зад себе веќе има една успешна приказна со бутик “Скандал”, а сега на сите свои сограѓани и гости во градот под Марковите Кули ќе им го понуди Lussio Store, eден поинаков и уникатен моден бренд кој од денеска ќе го има само тука, во строгиот центар ...
Закани по животот на децата на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски се упатуваат преку социјалните мрежи. Имено на социјалната мрежа Фејсбук се упатуваат јавни закани кон семејството на Мицкоски каде се наведува дека доколку му е мило семејството да си остане мирен. „Во спротивно ќе ги најдеш децата твој фрлени во некој канал како кучиња“, се наведува во постот. Постот беше споделен од два различни профили, а објавите беа јавно ...
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и релативно топло. Ќе дува умерен до засилен, а во западните делови повремено силен (над 70 км/час) ветер од југозападен правец. Попладне наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, особено во источните делови. Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди. Попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од ...
Акатист кон Пресветата Мајка наша Богородица. Мајко на целиот човечки род, моли го Севишниот да ги прими нашите молби и даренија, за здравје и спасение на нашите семејства и нашиот народ. Во текот на великиот пост, во петоците кога се чита Акатистот на Пресвета Богородица, верниците носат петолебие (пет лепчиња), вино, масло, и пченица за благослов на семејството, градот и државата. Светите отци за Петолебието велат: „ Овој, пак, благословен ...
Полициски службеници од СВР Битола вчера (30.03.2023) на ул.„Краварски пат“ во Битола запленија околу четири килограми марихуана и лишија од слобода пет лица: Г.К.(54) и В.И.(38), двајцата од Битола, А.Д.(34) и А.С.(23), двајцата од с.Мало Турчане, гостиварско и А.Џ.(36) од Гостивар. Имено, од страна на полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола, во с.Кравари, битолско, забележано е патничко возило „мерцедес“, со ...
Расте цената на кромидот, на Градскиот пазар во Штип денеска се продаваше по цена од 80 до 100 денари за килограм. Земјоделците и трговците велат дека стариот кромид е увозен и затоа сè уште држи висока цена, наспроти краставиците и доматите кои бележат мал пад на цените. Раководителот на Градскиот пазар-Штип, Димче Колев вели дека 90 отсто од краставиците и доматите кои се нудат на пазарот се увозни од Грција и Албанија. Забележува дека ...
Ниту криза ниту инфлација не ги чепка македонските функциониери по последната одлука на Уставниот суд со која нивните плати во просек ќе се зголемат за неверојатни 78%, објавува Сител. Па така од први, Претседателот кој има највисока плата во државата ќе добие зголемување од 72.500 денари па неговата плата од околу 93.000 ќе скокне на над 165.000 денари. Многу повеќе пари дома ќе однесат и министрите и премиерот. Нивните плати од околу 65.000 ...
Од Светскиот младински уметнички институт – Центар за УНЕСКО со седиште во Троја – Франција информираат дека на учениците при Детското ликовно студио “Свети Кирил и Методиј” Битола на овогодинешниот 3О јубилеен конкурс кој овој пат ја носеше темата “Спомени од иднината – Митови и легенди од мојата земја” доделени им се 2О индивидуални Благодарници – Признанија за учество со посебен акцент на индивидуалниот уметнички пристап на 2О ученици од ...
Утрово во 8.05 часот пријавено е пyкање во казино на ул. „Митрополит Теодосиј Гологанов“ во Скопје. Од МВР велат дека утрово било пријавено пyкање во близина на Млечен ресторан. Во пyкањето има една жpтва. Во полициja е пpиjaвено дека во казиното „Вин Вин“ едно лице пyкало во Н.А. (46) од село Арачиново со кого претходно играле на апаратите, по што Н.А. им подлегнал на повpeдите. Од Министерството за внатрешни работи најавени се детали за ...
Турскиот парламент синоќа ја ратификуваше одлуката со која и се дозволува на Финска да се приклучи на НАТО, отворајќи го патот за Хелсинки да и се приклучи на Алијансата во време на беснеење на војната во Украина, јавија британските медиуми. Турскиот парламент беше последниот од 30-те членки на Алијансата што го ратификуваше членството на Финска, откако унгарскиот законодавен дом го стори тоа претходно оваа недела. Претседателот Реџеп Таип ...
По првиот пораз минатата недела против Тетекс во Тетово, Мега баскетџиите од Прилеп викендов ја пречекуваат екипата на Хераклеа од Битола. Битолчани се петтопласирани со скор од пет победи и осум порази, а прилепчани ќе го бркаат дванаесеттиот триумф. Натпреварот се игра утре (сабота) во спортската сала на ООУ “Добре Јованоски” со почеток од 16:30ч. Да ги поддржиме момците со цел да го задржат првото место на табелата и да ги зголемат шансите ...
Ниту криза ниту инфлација не ги чепка македонските функциониери по последната одлука на Уставниот суд со која нивните плати во просек ќе се зголемат за неверојатни 78%, пренесува Сител ТВ. Од први, Претседателот кој има највисока плата во државата ќе добие зголемување од 72.500 денари па неговата плата од околу 93.000 ќе скокне на над 165.000 денари. Многу повеќе пари дома ќе однесат и министрите и премиерот. Нивните плати од околу 65.000 ...
Претставниците на екстремно десничарската Партија на слободата денеска го напуштија Долниот дом на австрискиот парламент за време на онлајн говорот на украинскиот претседател Владимир Зеленски, во знак на протест против нарушување на австриската неутралност. Пратениците од проруската, екстремно десничарска Партија на слободата го напуштија Долниот дом на австрискиот парламент за време на говорот на украинскиот претседател Володимир Зеленски. ...
Американскиот Стејт Департмент издаде итно предупредување до своите граѓани да не патуваат во Русија. Во соопштението се наведува и дека на сите граѓани на САД во Русија им се препорачува што поскоро да ја напуштат таа земја. Државниот секретар Ентони Блинкен како причина ја наведе американската загриженост за безбедноста на граѓаните поради денешното апсење на американски новинар во Русија. Да потсетиме, новинарот на Вол Стрит Журнал, Еван ...
Денес се празнува Свети Алексиј човек Божји. Различни се патиштата по кои што Бог ги води оние што сакаат да Му угодат и да го исполнат Неговиот зeкoн. Во времето на царот Онориј, во Рим живееше високиот царски достоинственик Ефтимијан, многу угледен и многу богат. Тој и жена му Аглаида животот го минуваа богоугодно. Иако беше богат, Ефтимијан само еднаш дневно седнуваше на трпеза, и тоа по залезот на сонцето. Имаа син единец, Алексеј, кој кога ...
Уставниот суд донесе одлука со која се предвидува зголемување на платите на сите носители на јавни функции. Градоначалникот на општина Аеродром Тимчо Муцунски на свој начин ја отфрла одлуката на уставниот суд. ,,Одлуката мора да се почитува, но разликата во платата во целост ќе ја донирам за хуманитарни цели и за семејствата на уставобранителите. Јас сум растен и воспитуван во духот на позитивни вредности. Сметам дека среќата не зависи од тоа ...
Уставниот суд донел одлука со која се укинуваат два члена од Законот за плати и надоместоци на избраните и именуваните функционери, а со која одлука платите на функционерите ќе се зголемат за 78 отсто, изјави во гостувањето во Анализа на ТВ24, Трпе Деаноски од УПОЗ. Според пресметките на Синдикатот, платата на функционерите ќе се зголеми над 1.500 евра. Министрите, додаде тој, ќе имаат плата од 1.800 евра. -Од една страна замразнуваат цени, а ...
Македонија, Албанија, Турција и Молдавија се земји каде што најмалку се консумира месо. Според мапата за потрошувачката на месо по земји во Европа што ја објави веб-страницата „Landgeist“ базирана на податоци од Организацијата за храна и земјоделство на ОН (ФАО), Македонците, Албанците, Турците и жителите на Молдавија годишно консумираат по 39 килограми месо. Од земјите во регионот, најголема потрошувачка на месо има во Хрватска со 80 килограми ...
Општина Новаци објави јавен повик за финансиска поддршка за надомест на дел од трошоците за набавка на материјали за подигање на пластеници за сопствени потреби на домаќинствата. Финансиската поддршка за надомест на дел од трошоците за набавка на материјали за подигање на пластеници за производство на еколошки-органски земјоделски производи за сопствени потреби на жителите на територијата на Општина Новаци е еднократна и неповратна. Вкупната ...
Под мотото „Правда за Јана – Сите сме Јана“ на плоштадот „Магнолија“ во Битола вечерва се одржа пpoтecтот за пpepaната cмpт на шестгодишната Јана Христовска, која минатата недела почина во болницата во Битола по примена инфузија. „Уште колку здрави деца како Јана треба да умрат?“, „Ако си немаш пријател умри си“, „Немаме солзи да ви ги исплачеме гревовите“, „Вие во бели мантили, ние во црни кошули“, „Партизирано здравство“… се само дел од ...
Во рамките од шестото коло во плеј-аут сегментот на машката Супер лига, ракометарите на РК Прилеп вечерва триумфираа над Куманово со 23:22 (12:7 на полувремето). И покрај разликата од пет погодоци на полувремето, прилепчани можеа да ги прокоцкаат трите бода, кога промашија пенал за сигурен триумф во последните секунди од натпреварот, но и покрај тоа на крајот му го нанесоа првиот пораз на Куманово ,во разигрувањето за опстанок во најелитното ...
Владата денеска на седница донесе Одлука за определување највисоки цени за тоалетна хартија, влажни марамчиња, пелени за деца и возрасни и хигиенски влошки. Највисоките цени на овие производи се утврдуваат на нивото на цените кои се применувале на 20 март 2023 година во трговијата на мало, коишто цени, според одлуката, се намалуваат за 13 проценти. Највисоките цени на производите од оваа одлука ќе се применуваат до 31 мај годинава, а одлуката ...
Денеска, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на социјалните медиуми го најави зголемувањето на платите на вработените во МВР во бруто износ од 3.086 денари. Во продолжение објавата на министерот Спасовски во целост: „Во стилот на старата мудрост ‘тивка вода брег рони’, во соработка со Македонскиот полициски синдикат, успеавме во заложбата за вработените во МВР да обезбедиме зголемување на платите со цел усогласување со растот на ...