Еден од најпопуларните пејачи кај младите во моментов, прилепскиот вокал Алекса Петрески, пред два дена објави прекрасна преработка за песната “Лошо ти стои” од Тоше Проески. Одличниот вокал на Петрески е надополнет со пијано изведба на Дејан Трајкоски и звуците од кларинетот на Илија Јанчулески. Петрески упатува посебна благодарност до кафе “Тротоар”, фото студио “Мики Николоски” и бутик “Аполо” за реализираниот проект, а исто така најавува ...

Прилеп Фест го закружи и седмото успешно издание на фестивалот за авторска народна музика. На фестивалот учество зедоа најзвучните имиња на македонската естрада, а промовирани беа 18 нови песни. Како што соопштуваат од Советот на фестивалот, целта на овој настан е проширување на културната свест на македонскиот народ и зголемување на љубовта кон македонската песна. Секако и вбројување на Прилеп во големото семејство на градови во кои се ...

Проф. д-р Сашо Јовев, кардихирург од светски глас, познат по тоа што го предводеше тимот што ги изврши првите трансплантации на срце во Македонија, е разрешен од функцијата директор на Државна кардиохирургија. Д-р Јовев во изјава за МКД.мк потврди дека е информиран дека такво решение донел министерот за здравство Фатмир Меџити, но не го примил решението бидејќи е на боледување. МКД.мк дознава дека министерот Меџити одлучил таа функција да ја ...

Јавното претпријатие Комуналец, денес започна со подготвителните активности за реализација на проектот за изградба на кружен тек на улица „Прилепска“ со улица „Баталјон Стив Наумов“ – проект чија реализација, претходно доби едногласна поддршка од сите советнички групи од Советот на општина Битола. Заради непречено спроведување на градежните работи, на просторот каде ќе биде изграден новиот кружен тек, неопходно беше отстранување на постоечките ...

Пингпонгарите на Младост96 ја вратија титулата во Прилеп. Вчера во Скопје се одигра вториот натпревар од финалето во плеј офф против екипата на Телеком Нец2 и со резултат 4-3, или со вкупен резултат 2-0 ја освоија шампионската титула. Ова е втора титула шампиони на Македонија во последните три години. Тимот во цела сезона имаше само еден пораз, и покажа дека во моментов е најдобра екипа во државата. Честитки за сите во клубот и желби за ...

Македонија го освои третото место во екипна конкурецнија на Светското првенство во параглајдерство, чиј домаќин во изминатите две недели беше француското гратче Шаму-сир-Желон, во северниот дел на Алпите. Составот: Дарко Станковски, Мартин Јованоски, Александар Гачевски и Ѓорѓи Ристовски, по двете одржани трки освои 14.878 поени, избивајќи пред Чешка на последниот ден од натпреварувањето. Златниот медал му припадна на домаќинот Франција со ...

Вчера (04.06.2023) во периодот од 15.00 до 21.00 часот на територијата на СВР Битола спроведена e засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, при што санкционирани се 85 возачи . Од вкупно 85 возачи, 56 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 29 надвор од населено место. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци. Засилените акциски сообраќајни контроли ...

Новоизбраниот турски претседател Реџеп Таип Ердоган синоќа именуваше министри во новата влада на Турција. Ердоган одлучи повторно да го назначи Мехмет Шимшек (56) на функцијата министер за финансии во новата влада. Шимшек беше многу ценет меѓу инвеститорите кога претходно беше министер за финансии и вицепремиер помеѓу 2009 и 2018 година. За министер за надворешни работи е именуван Хакан Фидан (55), на местото на долгогодишниот шеф на ...

Во текот на изминатата вечер (03/04.06), во периодот од 22.00 до 05.00 часот, на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Битола беше спроведена засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол. При контролата санкционирани се 17 возачи, од кои седуммина на подрачјето на градот Битола, исто толку во Прилеп и по еден возач во Ресен, Демир Хисар и Македонски Брод. Во текот на контролите ...

Денеска во Радовиш се одржа Државно првенство во борење, каде прилепскиот боречки клуб “7-ми Мај – Златна Рака” беше најдобар во женска конкуренција и го освои првото место екипно. Вкупниот биланс од денешните борби беше едно прво место, едно второ и две трети места во женска конкуренција, како и две трети места во машка конкуренција. Од клубот информираат и дека на 10.06.2023, во спортската сала “Македонија” во Прилеп, ќе се одржи првиот ...

На неверојатната видео снимка можете да видите три метри голема бела ајкула како ги покажува забите на помалку од 2 метри од камерата. Видеографот Марк Греам од Престон, Англија ги снимил овие слики и видео од големи бели ајкули во Клајн Брак, заливот Мозел, Јужна Африка. Ова е всушност најголемата туристичка атракција во Јужна Африка – пливање во заштитен кафез заедно со големите морски чудовишта, додека во исто време туристичките водичи ги ...

Регулаторната комисија за енергетика утре ќе одлучува за новите цени на горивата. Споре последната одлука на РКЕ, за половина денар поскапеа бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство. Цената на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 и дизел горивото останаа непроменети. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголеми за 0,742 ден/кг и сега ќе изнесува 40,175 ден/кг. Ова се актуелните цени на горивата: Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 ...

На 03.06.2023 во 11.50 часот било пријавено дека регионалниот пат Македонски Брод – с.Самоков мотоцикл „бмв“ сопственост на МВР, управуван од полициски службеник, паднал на коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил полицискиот службеник, констатирани во Градската болница Прилеп. Извршен бил увид од Полициската станица Македонски Брод, а известен е и Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални ...

Црковниот празник посветен на слегувањето на Светиот Дух на апостолите, кој се празнува 50 дена по Велигден е еден од најголемите празници кои Македонската православна црква ги одбележува. Духовден се празнува три дена, а првиот ден од празникот секогаш е во недела. Овој е единствен од 12-те големи празници што нема претпразненство. Тоа се надоместува со фактот што во текот на целиот период од Велигден до Духовден се чувствува празничното ...

Заемната определба да се вложува во перспективите за македонистиката во Полска дава конкретни резултати. По одбележувањето на јубилејот 35 години Лекторат по македонски јазик на Факултетот за хуманистика во Сосновјец при Шлезискиот универзитет во Катовице, од следната академска година, македонскиот јазик ќе се изучува и на додипломските студии на Универзитетот во Вроцлав. Определбата македонскиот јазик уште посилно да одекнува во светот не е ...

На 02.06.2023 во 11.35 часот било пријавено дека во Прилеп, на ул.„Гоце Делчев“, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „пасат“, управувано од И.К.(42) од с.Мало Коњари, прилепско и патничко возило „опел корса“, управувано од Т.С.(62), двете со прилепски регистарски ознаки. Во несреќата сопатничката во возилото „опел“, Т.С.(61) од Прилеп, се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Градската болница Прилеп. Извршен бил ...

Православните христијани денеска го празнуваат Светиот цар Константин и неговата мајка Елена. Црква Св. Елена и Константин во населбата “Типски” во Прилеп Царот Константин Велики и неговата мајка царицата Елена за нивните заслуги во признавањето и ширењето на хроистијанството Светата црква ги прогласила за светители и рамноапостолни, што значи по значење рамни на апостолите. Царот Константин спаѓа меѓу најзначајните личности во историјата на ...

Австралискиот ММА борец со македонско потекло, Александар Волкановски, му фрли ракавица на Ирецот Конор Мекрегор со понуда да се борат. Всушност од ЕСПН први спомнуваа колку добро би било ако Волкановски и Конор би се бореле еден против друг кога беа во топ-форма и дека победникот би бил најдобар во историјата во перолесна категорија. Волкановски нема пораз во перолесна категорија, а легендата Мекрегор беше шампион и во лесна и во перолесна. ...

Бесен маж упадна на панел-дискусија во Балтимор и почна да му удира шлаканици на еден од лекарите, тврдејќи дека сексуално ја вознемирувал неговата сопруга за време на преглед. Во видеото се гледа како тој оди на сцената, го фаќа докторот од Лонг Ајленд, а потоа почнува да го удира неколку пати. Лекарот шокирано гледа наоколу за помош. – Знаеш што направи! Пред седум години сексуално ја нападнавте мојата сопруга. Седум години чекам да те ...

Иконата на Пресвета Троица, со вграден реликвијар во кој има честица од старозаветниот Мамвриски даб, кој се наоѓа во близина на израелскиот град Хеброн, денеска беше предадена на храмот “Св.преп.мчца. Параскева (Петка) Римјанка” во населбата Точила во Прилеп. -Библискиот настан претставен со оваа икона е опишан во Старозаветната книга Битие, и се случил околу 1 800 години пред Христа, во Мамре кај Хеброн, на западниот брег на реката Јордан. ...

После успешно завршена сезона во Супер лигата, РК Прилеп започна со креирање на костурот на екипата за наредната натпреварувачка сезона. Прилепчани завршија на третото место во плеј-аут разигрувањето и обезбедија опстанок во најелитното ракометно друштво и идната сезона. Раководството на клубот не чекаше долго, па веднаш почна со работа за креирање на тимот за идната натпреварувачка сезона. Откако Давор Шокоски и Грузиецот Мириани Гавашелишвили ...

Измамниците на Интернет постојано бараат нови начини да допрат до наивните и лековерни корисници, кои потоа им ги крадат нивните приватни информации, но и пристапот до социјалните мрежи. Во конкретниот случај станува збор за Фејсбук, каде повторно се шири измама која имаше многу успех во не така далечното минато. Се однесува на лажни информации за нечија смрт, пишува Daily Mail. Принципот е едноставен, пораки како „погледни кој умре“, „нема да ...

Известување од општина Прилеп -Ве известуваме дека во деновите понеделник 05.06, вторник 06.06, среда 07.06, и четврток 08.06 2023 година, во периодот од 22:00 до 05:00 часот, екипа на Центарот за јавно здравје-Прилеп, ќе ја изврши првата фаза од адултицидната теристичка (од земја) дезинсекција со цел уништување на комарци. Со оваа дезинсекција ќе бидат опфатени сите урбани заедници во градот Прилеп и неговата периферија, како и населените ...

Гимназијата „Мирче Ацев“ од Прилеп е најстарото средно училиште во градот и едно од најстарите во Македонија. Основана е со решение на Президиумот на АСНОМ на трети ноември 1944 год. Низ гимназиските училници учеле многу ученици кои станале успешни во животот. Многу судии, адвокати, професори, бизнисмени, политичари, доктори, научници, новинари, уметници … од нашиот град кои живеат и работат во градот, државата или по светот, се токму ...

Во понеделникот на 29 мај се случи уште еден руски напад врз Киев, а камерата на автопатот во северниот дел на Киев го сними падот на остатоци од проектил. Ова видео го објави еден корисник на Твитер, а на него се гледа како проектилот буквално ги промашил автомобилите за неколку сантиметри. Возачите имале неверојатна среќа за да ја избегнат смртта. ...

Гостиварец ѝ исплатил 10.000 евра на љубовницата за да не го каже на жена му. Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против И.И.(33) и М.И.(31), двајцата од село Орашје, општина Јегуновце, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „уцена”, соопшти МВР. Како што информираат оттаму, во периодот од април 2022 година до април 2023 година, пријавените повеќе пати уценувале 50-годишен ...

Високиот претставник на Европската унија за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел, побара и распишување нови локални избори во општините на северот на Косово, учество на Србите во тој изборен процес и почеток на работата за формирање Заедницата на општини со српско мнозинство. Борел синоќа на Твитер објави дека со претседателот на Србија, Александар Вучиќ и со претседателката на Косово, Вјоса Османи, разговарал за „опасната ситуација на ...

На 3 и 4 јуни, ( 2023г) во Самоков и Белица (Македонски Брод) во организација на Општина Македонски Брод и здруженијата: Форум за Авангардна Креативност, Вело Че и САМОКОВ ЕСТРЕМ, по втор пат ќе го организираа фестивалот на отворено SAMOKOV XTREME на кој ќе земат учество на 500 спортисти и љубители на природата. За сите љубители на адреналинските авантури, будење на адреналинот во убавините на Поречкиот регион! Фестивалот нуди: ✔️возење со ...

Претседателот на САД, Џо Бајден се сопна и падна откако ја врачи диплома на церемонијата на дипломирање во Академијата за воздухопловни сили на САД, јавува Ројтерс. 80-годишниот американски претседател брзо се исправил со помош на три лица и се вратил на своето место без помош. Директорот за комуникации на Белата куќа Бен ЛаБолт на Твитер објави дека Бајден е добро. „Имаше вреќа со песок на сцената кога се ракуваше“, објасни тој. ...

Во недела, (04.06.) на празникот Духовден, на спортското игралиште во ООУ “Ѓорче Петров” во Ропотово, ќе се одржи забава со естрадните пејачи Оливер Лозаноски, Александар сакс, Дани Даниела и група “Тик Так”. Средствата од забавата ќе бидат донирани за доизградба на манастирот Св. Атанасиј во селото, светилиште кое во последно време прераснува во едно од најпосетуваните места во регионот. Дојдете, забавувајте се и дадете свој придонес во ...

weather icon

Скопје

16ᴼ / 16ᴼ
2.06
59%
1016
weather icon

Белград

18ᴼ / 17ᴼ
4.63
67%
1014
weather icon

Загреб

18ᴼ / 18ᴼ
2.06
55%
1015
weather icon

Софија

15ᴼ / 15ᴼ
1.54
59%
1015
weather icon

Сараево

17ᴼ / 17ᴼ
3.68
75%
1013
weather icon

Љубљана

16ᴼ / 14ᴼ
1.03
80%
1015
weather icon

Атина

19ᴼ / 16ᴼ
1.54
75%
1013
weather icon

Тирана

16ᴼ / 16ᴼ
3.6
88%
1014
weather icon

Подгорица

19ᴼ / 19ᴼ
2.57
68%
1014
weather icon

Букурешт

18ᴼ / 17ᴼ
3.6
63%
1014
weather icon

Будимпешта

20ᴼ / 18ᴼ
1.79
55%
1014
weather icon

Истанбул

10ᴼ / 10ᴼ
6.69
82%
1014
Currency

61.535

Currency

53.5268

Currency

71.8162

Currency

34.3766

Currency

39.0763

Currency

66.0828

Currency

7.40933

Currency

0.65821

Currency

0.37987

Currency

0.52443

Currency

1.42259

Currency

0.63352

Алуминиум

2.62

Кобалт

42.99

Никел

15411.50

Рутениум

20190.67

Калај

30.62

Сребро

1051.34

Злато

111305.26

Бакар

9.55

Паладиум

29803.74

Платина

30837.68

Родиум

173614.03

Цинк

2.52