Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски заедно со премиерот на Република Албанија, Еди Рама имаа заедничка средба со претседателот на Украина, Володимир Зеленски. Премиерот Ковачевски беше придружуван од заменик-претседателот на Владата на Република Северна Македонија, задолжен за економски прашања, координација со економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи а средбата се одржа на маргините на вториот ...

„Втор мандат сум градоначалник и сакам да се заблагодарам на максималната поддршка на Општината, на граѓаните со 76% поддржаност во вториот мандат, при што е голема голема обврска за мене. Морам да потенцирам дека сплотеноста на Општината со јавните институции, со граѓаните, достапноста на Општината во делот на граѓаните и секојдневието го прави Кавадарци да биде град достапен за самите граѓани“, истакна градоначалникот на општина Кавадарци, ...

Вчера (31.05.2023) на територијата на СВР Битола спроведена e засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, при што санкционирани се 58 возачи. Од вкупно 58 возачи, 42 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 16 надвор од населено место. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци. Акциски сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до ...

Македонската одбојкарска репрезентација вечерва ја совлада Белгија со 3:1, по сетови 25:21, 25:23, 17:25 и 25:21. На натпреварот одигран во СЦ „Борис Трајковски“ „црвено-жолтите“ до триумфот ги предводеше капитенот Никола Ѓорѓиев со 19 поени. Следниот натпревар македонските одбојкари ќе го имаат в сабота, исто така во СЦ „Борис Трајковски“, кога ќе ја пречекаат репрезентацијата на Хрватска. По две кола, во водство се Украинците со шест бодови, ...

Зошто премиерот Димитар Ковачевски замолкна кога на отворен јавен настан беше претставен како ,,северномакедонски” премиер? Серџо Кантоне, уреднички координатор на медиумот Euronews наместо како македонски премиерот Ковачевски го претстави како ,,северномакедонски” а тој не се побуни ниту вознемири. Инцидентот за кој Ковачевски воопшто не реагираше се случи во Братислава на безбедносната конференција Глобсек на која Ковачевски учествуваше на ...

Претседателот на Владата на Република Македонија, Димитар Ковачевски денеска во Братислава се сретна со претседателот на Франција, Емануел Макрон. На средбата присуствуваше и министерот за надворешни работи Бујар Османи. Премиерот му се заблагодари на францускиот Претседател за неговиот личен ангажман во процесот на проширување на ЕУ и интеграцијата на Македонија во Унијата. Соговорниците се согласија дека не смее да има одложување на процесот ...

На регионалниот натпревар по хемија кој се одржа на 06 мај 2023 год.во СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп, за државен натпревар се пласираа учениците Марија Митреска и Георги Николоски од прва година, под менторство на проф.Ружа Ангелеска, како и учениците Петар Мирчевски, Кристијан Узуноски, Марија Бардакоска и Марија Пенкоски, ученици во втора година, под менторство на проф.Блаже Димески. На државниот натпревар по хемија кој се одржа на 26 ти ...

Соопштение од прилепските црковни храмови по повод престојната духовденска задушница -Се известуваат верницоте дека за духовденската задушница промени за починатите во нашиот храм ќе се извршуваат во петок и сабота, НАУТРО во периодот од 7:00 – 9:00 часот (односно по завршувањето на Божествената литургија) и ПОПЛАДНЕ од 17:00 – 18:00 часот (односно по завршувањето на вечерната богослужба). Промените на гробишта ќе се извршуваат во вообичаените ...

На безбедносниот Форум Глобсек што се одржува во Братислава, во пред малку излагање имаше шефицата на Европската комисија Урсула фон дер Лајен која ја презентираше новата иницијатива за раст на земјите од Западен Балкан. „Денеска сакам да презентирам нова иницијатива, тоа е нов план за раст на Западен Балкан. Сакаме уште денес да им донесеме дел од придобивките од членството во ЕУ на луѓето од Западен Балкан. Планот за раст што го предлагаме ...

Препознатливиот далматински мелос, во Битола ќе го донесе далматинската машка клапа „Жрновница“, а по повод Денот на државноста на Хрватска. Оваа манифестација веќе традиционално е во организација на Хрватскиот културен центар и Македонско -хрватското друштво „Марко Марулиќ“ – Битола, а оваа година во соработка со КИЦ.-Офицерскиот дом. Клапатa „Жрновница“ доаѓа од истоименото место, предградие на Сплит, Хрватска. Континуирано работи од 2008 ...

Влезниците за претставите ќе бидат пуштени во продажба од 5 јуни на билетарницата на Центарот за култура „Марко Цепенков“ 31 мај: Десет претстави во официјалната програма, пет во независната, тркалезни маси, програма за деца, автор во фокус – ова е дел од програмата на 57. МТФ „Војдан Чернодрински“, што ќе се случува од 9 до 16 јуни во Прилеп. Отворањето на фестивалот кое годинава е под мотото „Враќање дома“, ќе биде организирано на платото ...

Вчера (30.05.2023) на територијата на СВР Битола спроведена e засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, при што санкционирани се 42 возачи. Од нив, 23 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 19 надвор од населено место. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци. Во периодот од 11.00 до 17.00 часот, пак, спроведена е акциска контрола за санкционирање на ...

Голем број верници и оваа година ќе се соберат на голема прослава во манастирот Св. Илија Писокал кај село Кален (прилепско Мариово), за празникот Св. Елена и Константин, една од манастирските слави. Домаќините ги покануваат сите верници и добронамерници да присуствуваат на светите литургии кои ќе се одржат во петок (02.06) со почеток од 18:00ч. и сабота (03.06) од 07:00часот. Вечерта спроти празникот за забавата ќе се погрижат Влатко ...

Срѓан Милосављевиќ, поранешен претседател на Собранието на општина Звечан, утрово повтори дека барањата на Србите опфаќаат повлекување на специјалните полициски единици од општините на северот на Косово. „Да не доаѓаат лажни градоначалници во општинските згради на северот на Косово, да бидат ослободени нашите неправедно уапсени граѓани Радош Петровиќ и Душан Обреновиќ, затоа што не се виновни што се живи. Имаме информации дека адвокатите се на ...

По неколкуте празници во месец мај, ни доаѓа уште еден споен викенд на почетокот на месец јуни. Имено православните верници во петок го одбележуваат празникот Духовден во чест на починатите лица, а воедно тој ден е и неработен во нашата земја. Потоа о јули немаме ниту еден празник, а слдниот неработен ден е дури во месец август. Ова се сите неработни денови кои преостануваат. Согласно со Законот за празниците на Република Македонија (Сл.весник ...

Американскиот амбасадор во Приштина, Џефри Ховениер, изјави дека откажувањето на учеството на Косово на вежбата „Дефендер Европа 2023“ е првата последица за Владата на Косово, која ги отфрли повиците на Вашингтон за ескалација на ситуацијата на северот. Американскиот државен секретар Ентони Блинкен на 26 мај предупреди дека постапките на Владата на Косово во северните општини ќе имаат последици врз билатералните односи. „Првиот показател за тоа ...

Марија Кулеска, поет, професор и лингвист, денес на својата социјална мрежа ја објави својата прво долга поетска творба. Таа кажува : Се обидов инспирирана од избликнатиот трепет на онаа онаа проста и строга македонска песна, вкоренета во духот на нашата култура, да ја создадам мојата најдолга поема. Синтагмата за проста и строга македонска песна, е парадигмата, во која чука срцето на македоснкиот поет. Тоа е пулсот на дамнината поврзан со ...

Како што веќе најавивме пред две недели, Тутунскиот Комбинат Прилеп денеска доби нов Генерален директор. На местото на досегашниот, Кире Станкоски, функцијата ќе ја обавува Зоран Пачешкоски, актуелен претседател на општинската организација на СДСМ во Прилеп. Зоран Пачешкоски, кој беше раководител на Подрачната единица на Министерството за земјоделство во Прилеп, работното место неодамна го промени со вработување во УЈП, а сега доаѓа на главното ...

Директорот на Државниот инспекторат за земјоделство на Македонија м-р Станкоски Јане и директорот на Централниот инспекциски оддел за заштита на квалитетот и за заштита од измами кај земјоделско-прехранбените производи при Министерството за земјоделство, прехранбен суверенитет и шумарство на Република Италија Феличе Асентза, македонскиот и италијанскиот амбасадор, Мемеди и Силвестри, потпишаа Меморандум за разбирање во областа на контрола на ...

По шест години поминати во затвор оти ги даде клучевите од Собранието на 27-ми април, попладнево од затворот во Скопје излезе Абдилфета Алими. Пред затворот дојдоа негови пријатели и роднини за да го пречекаат Алими. Меѓу нив беше и поранешниот лидер на Алијанса за Албанците Зијадин Села, објави Локално. Aлими на крвавиот четврток му го спаси животот на Села кој речиси до смрт беше претепан од толпата која влезе во парламентот. Фета го ...

МЗШВ и АХВ свесно пуштиле во промет зеленчук во кое има присуство на пестициди, вели претседателот на комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство од ВМРО-ДПМНЕ, Цветан Трипуновски. Тој со нови докази пред македонската јавност. „Денеска објавувам уште четири извештаи за направена анализа на зеленчук пристигнат и влезен во Македонија. Имено, станува збор за млад кромид и пиперка кои влегле во Република Македонија и веќе се наоѓаат на ...

Денеска (29.05.2023) во 09.55 часот во Градскиот трговски центар полициски службеници од Полициската станица Центар лишиле од слобода малолетник од Скопје, поради сомнение дека на 28.05.2023 во книжарница на подрачјето на Центар, со употреба на сила го скршил стаклото, влегол внатре и одзел пари. Со малолетникот бил извршен разговор во присуство на родител и адвокат за малолетници. Известен бил Јавен обвинител, а по извршениот разговор ...

Се одмрзнуваат цените на одделните земјоделски производи опфатени со владината мерка, чија важност истекува со последниот ден од месецов, објави министерот за економија, Крешник Бектеши. „Нема да продолжи мерката во делот на земјоделските производи, имајќи предвид дека, согласно податоците што ги имаме во Министерство за економија, повеќето од производите се со цени пониски од нивото на замрзнувањето кое сме го имале претходно“, посочи Бектеши. ...

Кој е тој премиер што се колне во Југославија, работи за Бугарија, а прави пари со ДУИ? Премиерот наместо да работи на гаранции за Македонија, оди по амбасади, коленичи и моли да не притиснеле за ВМРО ДПМНЕ да попушти. Наместо да штити државни интереси и да бара гаранција Македонија да не биде понижена, Ковачевски оди и моли да има притисок врз нас за да го прифатиме неприфатливото, порача првиот човек на ВМРО ДПМНЕ Мицкоски, од вечерашната ...

Од ноќеска на полноќ нови цени на горивата. Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) не се менуваат. Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се зголемуваат за 0,50 ден/лит. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,742 ден/кг и сега ќе изнесува 40,175 ден/кг. Од 30.5.2023 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе ...

На 26 и 28.05.2023 полициски службеници од криминалистичката полиција и полициската станица од општа надлежност при СВР Битола по преземени мерки и активности на подрачјето на Битола пронајдоа и им вратија на сопствениците претходно украдени предмети. Имено, од правно лице од Битола биле одземени предмети од нива во атарот на с.Могила, а од А.Т.(31) од Битола од вело-паркинг на ул.„Столарска“ во Битола, бил одземен велосипед, негова ...

Единицата за внатрешни работи Одделението за криминалистички работи Карпош при СВР Скопје поднесе кривична пријава против А.В.(30) и Д.В.(36), двајцата од Велес, поради постоење основано сомнение за сторени кривични дела „измама“, казниво по чл.247 и кривично дело „посебни случаи на фалсификување на исправи“ казниво по чл.378 од Кривичниот законик. Имено, во координација со Основното јавно обвинителство Скопје, полициски службеници во полициска ...

Синот на јапонскиот премиер Фумио Кишида ќе поднесе оставка од функцијата помошник на премиерот, изјави денеска Кишида, откако фотографиите од неговиот син и други роднини кои се преправаат дека одржуваат прес-конференција во зградата на државната управа во резиденцијата предизвикаа незадоволство во јавноста. Кишида рече дека Шотаро Кишида во четврток ќе ја напушти функцијата секретар, велејќи дека промената е поради „несоодветно“ однесување во ...

Oпштина Прилеп почна со асфалтирање на улици. Проектот асфалтирање на над 60 улици, денеска започна со турање нов асфалт на улицата “Мукос”. -Денес извршивме увид на улицата ,,Мукос“, од каде што стартуваме со реализацијата на овој капитален проект за Прилеп, затоа што започнуваме една акција со која ќе рехабилитираме улици на кои што не е интервенирано во последните 30-40 години! Со нашиот план за подобрување на патната инфраструктура, ...

На интернационалниот турнир “Арена Куп” Скопје 2023, што се одржа вчера на 28 мај во арената “Борис Трајковски”, а во организација на БК “Чаир” и “НБФ”, боксерите од БК “АС” Прилеп освоија златен и сребрен медал. Матеј Чатлески го освои златниот медал, а воедно и пехарот за најдобар борбен пар, додека Марко Петрески го освои сребрениот медал. Со овој најнов успех само продолжува континуитетот на освојување медали на БК “АС” од Прилеп, и е ...

weather icon

Скопје

16ᴼ / 16ᴼ
2.06
59%
1016
weather icon

Белград

18ᴼ / 17ᴼ
4.63
67%
1014
weather icon

Загреб

18ᴼ / 18ᴼ
2.06
55%
1015
weather icon

Софија

15ᴼ / 15ᴼ
1.54
59%
1015
weather icon

Сараево

17ᴼ / 17ᴼ
3.68
75%
1013
weather icon

Љубљана

16ᴼ / 14ᴼ
1.03
80%
1015
weather icon

Атина

19ᴼ / 16ᴼ
1.54
75%
1013
weather icon

Тирана

16ᴼ / 16ᴼ
3.6
88%
1014
weather icon

Подгорица

19ᴼ / 19ᴼ
2.57
68%
1014
weather icon

Букурешт

18ᴼ / 17ᴼ
3.6
63%
1014
weather icon

Будимпешта

20ᴼ / 18ᴼ
1.79
55%
1014
weather icon

Истанбул

10ᴼ / 10ᴼ
6.69
82%
1014
Currency

61.535

Currency

53.5268

Currency

71.8162

Currency

34.3766

Currency

39.0763

Currency

66.0828

Currency

7.40933

Currency

0.65821

Currency

0.37987

Currency

0.52443

Currency

1.42259

Currency

0.63352

Алуминиум

2.62

Кобалт

42.99

Никел

15411.50

Рутениум

20190.67

Калај

30.62

Сребро

1051.34

Злато

111305.26

Бакар

9.55

Паладиум

29803.74

Платина

30837.68

Родиум

173614.03

Цинк

2.52