
Скопје
18ᴼ /
18ᴼ



На 19 јуни 2023/ понеделник/ од 20.00 ч. во кино МИС СТОН при ЦК „Марко Цепенков“ премиерно ќе биде прикажан филмот „Некрстени денови“. Влезници по цена од 100 денари на билетарницата од киното понеделник од 10 -12 и од 18 до 20.00 часот. Податоци за филмот НЕКРСТЕНИ ДЕНОВИ (Ballad of Piargy, 2022) Иво Трајков/ Ivo Trajkov, SK/MK/CZ, 100’ Кратка содржина Во пролетта 1939 г. се пренесува веста дека во малото планинско село Пиарџи (Piargy), ...
На 15 jуни, во ООУ „Кочо Рацин“ во Прилеп се одржа 4-тиот Хакатон од Првата Национална Олимпијада за Вселената. Организатори на истиот се ЊуМенс Бизнис Акцелератор и Фондацијата Голдилокс со поддршка на Американската Амбасада. Хакатонот се одржува по повод 10-годишниот јубилеј на хакатонот NASA Space Apps Challenge. Тоа е STEM натпревар во знаење и креативност за основци и средношколци. Тимот „Team Intelligence“ од Гимназијата „Мирче Ацев“, во ...
Наместо трошење време на нови дуели и лидерски средби надвор од политичките процеси, на граѓаните и на државата им е потребна обединетост, со цел земјата да продолжи по европскиот пат, порача денеска премиерот Димитар Ковачевски. Тој европски пат не е пат сам за себе, ниту пак одлуката е одлука сама за себе, тоа е еден од чекорите за остварување на втората цел на државата, после членството во НАТО, зачленување во ЕУ, рече Ковачевски во интервју ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека поразот на Украина од Русија на крајот може да ја принуди Америка да избере помеѓу „распад на НАТО“ и самата да војува. „Хил“ објави дека Зеленски тоа го кажал во интервју за NBC News. – Ако Украина загуби, ако Русија ја окупира Украина, Русија ќе продолжи кон балтичките земји, Полска и така натаму. И тие ќе започнат вojна со една од членките на НАТО и во тој момент САД ќе треба да изберат ...
-Подрачјето на општините Прилеп, Долнени и Кривогаштани беа зафатени од поројни дождови кои предизвикаа поплавување на повеќе населени места од ЕЛС Долнени и тоа Лажани, Дебреште и Житоше. Нај критично се во с. Лажани каде поголем дел од селото е под вода. Водата има навлезено во куќите. За состојбата со поплавите запознаен е и Градоначалникот на опш. Долнени, ДЗС Прилеп и ПС Ропотово. До овој момент ЕЛС немаат побарано помош од ЦУК. Заради ...
Основното јавно Прилеп донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице од селото Славеј за кривични дела – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од член 300 став 2 во врска со член 297 став 1, како и – Неукажување помош на лице повредено во сообраќајна незгода од член 301 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Во врска со сообраќајна несреќа која се случи на 9 јуни на улицата „Александар ...
Претставата „My Name is Medeja“ на Народниот театар од Битола ја доби наградата за уметничко остварување во целина на 57. МТФ „Војдан Чернодрински“ во Прилеп. Меѓународно жири во состав: Јанко Љумовиќ од Црна Гора, претседател и Милош Љумовиќ и Мирослав Мики Радоњиќ, членови доделија 15 награди. Не се додели наградата за текст. Наградите ќе им бидат врачени на лауреатите вечерва во 20 часот во Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп, а ...
-На 16.06.2023 на ул„8 Септември“ во Битола, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќајот при СВР Битола го лишиле од слобода Д.П.(24) од Битола затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. -На 15.06.2023 на ул.„Сремска“ во Битола, полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола го лишиле од слобода Б.М.(23) од с.Беранци, битолско, затоа што кај него била пронајдена и одземена ...
Сместено во централниот дел на Македонија во општина Чашка, на 800м. надморска височина во прекрасните пазуви на планината Даутица, се наоѓа селото Ореше. Ореше е едно од најубавите села во овој дел на државата кое изобилува со прекрасна и живописна природа, вода, густа шума и прекрасни луѓе. Селото има огромен потенцијал за развој на планинскиот туризам, но како и други краишта од нашата преубава земја, ретко кој го знае и ретко кој уживал ...
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски при денешната неговата посета во Ваташа каде присуствуваше на одбележувањето на 80 години од стрелањето на 12 ваташки младинци и запрашан дали има одговор од Ковачевски за дебата рече дека јасно е дека Ковачевски е киднапиран домазет во својата Влада, се плаши да оди на избори, се плаши да излезе на ТВ дуел, и таква е ова политичка матрица на овие луѓе. -Човекот е кукавица, човекот е киднапиран ...
Во најновата колумна за порталот на “РАДИО ПЕЛА”, новинарот Зоран Момироски, меѓудругото се осврна и на именувањето на нов директор во Тутунскиот Комбинат во Прилеп. -ЗОРАН ПАЧЕШКОСКИ – ЦАКИО ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ОО НА СДСМ ВО ПРИЛЕП ОД ПОЧЕТОКОТ НА НЕДЕЛАВА ВЕЌЕ „ЧУЧНА“ ВО ДИРЕКТОРСКАТА ФОТЕЛЈА НА ТУТУНСКИ КОМБИНАТ. НЕКОЛКУ ДЕНА ПРЕД ТОА НЕКОЈ ОД О.К. ВМРО-ДПМНЕ ПРИЛЕП СЕ ПРИСЕТИ ДЕКА АКО НЕ ПОВЕЌЕ, БАРЕМ, ЗА ПРЕД СВОЕТО ЧЛЕНСТВО ТРЕБА ДА ДАДЕ ...
Оваа сезона управата на РК Прилеп е ангажирана клубот да биде со многу поквалитетен ростер и во таа насока продолжен e договорот со столбот на одбраната Филип Велески, Цветаноски, Бикоски, Ангелески, Трајчевски, a во игра се уште неколку звучни имиња со кои клубот е во преговори. Чаршијата шпекулира дека Претседателот на клубот Мариновски е во преговори со звучно тренерско име, стратег кој со новите засилувања би обезбедил место во плеј оф. Во ...
Со претставата „Последниот балкански вампир“, според текст на Дејан Дуковски, во режија на Александар Поповски, Српското народно позориште и Центарот за развој на визуелната култура од Нови Сад, вечерва во 20 часот ќе биде затворен 57. МТФ „Војдан Чернодрински“ во Прилеп. Новата претстава, која имаше премиера пред еден месец во Нови Сад со нетрпение ја очекува фестивалската публика, а ќе се игра во чест на наградените театарски уметници. ...
Најсилната економија во Европската Унија стана најсилен сојузник на Македонија во борбата за зачленување на Македонија во најмоќната и најбогатата унија на држави во светот – Европската. Бундестагот ги признава македонските култура, идентитет и јазик, и ги смета различните јазици за интегрален дел од културното наследство на ЕУ. Германскиот Бундестаг го признава значењето на приклучувањето на Македонија во ЕУ, не само за самата држава, туку и ...
Во Кавадарци синоќа се одржа Свечена академија по повод 80 години од убиството на 12- те Ваташки младинци од страна на бугарскиот фашистички окупатор. На настанот беа присутни голем број на гости, како и семејствата на 12-те ваташки младинци, со кој и го најавивме утрешното чествување на 80 години од стрелањето, кое ќе биде пред споменикот на 12-те ваташки младинци во месноста Моклиште. Настанот беше затворен со маестралната изведба на ,,Ми ...
Пред Собранието вчера попладнето се случи ,,Сончева револуција” за поддршка на обвинетиот адвокат Тони Менкиноски кого власта го гони за истакнување на ,,Сонцето од Кутлеш”. Голем број Македонци од повеќе градови од Македонија старото македонско државно знаме се одзваа на иницијативата ,,Сончева револуција” на активистката Елена Петковска која со повеќе други луѓе организираше собир за поддршка на адвокатот Тони Менкиноски. На собирот пред ...
Најзгодната хрватска навивачка Ивана Кнол беше нападната од сонародник пред натпреварот меѓу Хрватска и Холандија (4-2) во Ротердам во Лигата на нации, па мораше да реагира и полицијата.. Полицијата реагирала по поплаките од навивачката, која се пожалила дека е физички нападната, а видео од инцидентот се појави на социјалните мрежи. No han passat ni 10 minuts des que he arribat al camp que ha passat això. Increïble. Jutgeu vosaltres mateixos. ...
Денеска (15.06.2023) во Битола, полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола го лишиле од слобода Џ.А.(31) од Битола. Тој бил баран по централна потерница врз основа на судска наредба за издржување на казна затвор од една година и шест месеци за сторени кривични дела „тешка кражба“ по член 236 од кривичниот законик. Исто така, тој бил баран и поради сомнение дека на 14.06 2023 се обидел да изврши „тешка кражба“во црква на ...
Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски на денешната трибина во Гевгелија на тема „Борба против корупцијата и криминалот“ од акцијата „Ова е Македонија за сите“, истакна дека чистење на криминалот и корупцијата ќе биде приоритет број еден на новата влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ, затоа што сега со оваа власт на СДС и ДУИ, криминалот царува, а корупцијата цвета, што стана причина број еден зошто Македонија назадува. – Ако ...
Тројца кандидати од првата генерација ученици запишани на образовниот профил за дуално стручно образование по германски модел, добија вработување во Витаминка. Избрани се ученици кои на насоката Техничар за индустриска мехатроника, во СОУ “Ристе Ристески-Ричко” Прилеп, покажаа особен успех, интерес и иницијатива за работа во ова поле. Со влегување во Витаминка тие го започнуваат својот професионален пат во услови што веќе им се познати и за кои ...
Со игра, песна и насмевки означен крајот на учебната година во подрачното училиште “Кочо Рацин”, кое се наоѓа во населбата “Рид”. Учениците од прво, второ и четврто одделение, заедно со своите наставнички: Каролина Тренеска, Светлана Велкоска, Наташа Аризанкоска, Стојна Богеска, Јасна Костадиновска, Билјана С.Костадиновски и Емилија Мирческа Бошеска, ја завршија учебната година со прекрасна приредба. Пред многубројната публика во училиштето ...
Почнувајќи од денеска, секој нареден ден од 10 до 12 часот вработените во УЈП ќе протестираат и нема да ги извршуваат работните обврски. Како што пишува Телма, веќе се влезени во постапка за организирање на генерален штрајк. Вработените во УЈП и во вторникот излегоа на предупредувачки протест пред Министерството за финансии. Побараа средба со првиот финансиер, Фатмир Бесими, но тој не ги прими. Според него, се подготвува општ колективен договор ...
Три претстави од кои две на национални театри и една од независната сцена ќе бидат на програмата на претпоследниот ден на 57. МТФ „Војдан Чернодрински“ во Прилеп. Народниот театар од Битола со претставата „My name is Medeja“ ќе гостува во 19.30 часот на сцената на Центарот за култура „Марко Цепенков“. Од 22 часот, на сцената на прилепскиот театар ќе настапат актерите од Народниот театар од Охрид со претставата „Несфатената цивилизација“ во ...
Пред гостувањето на Шведска во Австрија во 4. коло од квалификциите за Европското првенство во 2024 на 20 јуни, шведската телевизија „Виаплеј“ пушти една интересно видео во кое се расправаат Златан Ибрахимовиќ и Марко Арнаутовиќ, секако на српски јазик. Прво австрискиот репрезентативец Арнаутовиќ дава изјава, по што доаѓа ред на шведскиот репрезентативец Ибрахимовиќ, кој му префрла дека ќе го „чека во Шведска“. Арнаутовиќ му враќа: „Ајде, дојди ...
Деновиве повеќе граѓани реагираа до Маркукуле дека коњи и магариња пуштени пасат низ типската населба во Прилеп. Тие побараа надлежните да ги заловат животните, затоа што истите предизвикуваат опасност во сообраќајот и слободното движење. Утрово од ЈКП Комуналец информираат дека животните се заловени. -Отстранети од јавна површина домашните животни кои деновиве се пуштаа на испаша во типската населба. Истите се згрижени од страна на ,, ...
Еразмо Охридски, овој светител беше родум од Антиохија, а живееше за време на царевите Диоклецијан и Максимијан. Се подвизуваше на Ливанската планина, а во Охрид дојде веќе како епископ за да го проповеда Евангелието. Во тоа време Охрид се уште беше пагански град. Тука со молитва го воскресна синот на некој си Анастас, кој потоа се крсти. Поради неговата проповед многумина поверуваа во Христа, па во Охрид тогаш пропаднаа скоро сите идолски ...
„Ти си вистински шампион, твојата волја и сила можат да го освојат светот“ ова е мотото на детската трка која в сабота ќе се организира во Битола. Рокот за пријавување на детската трка заврши, а како што вели организаторот 65 деца се пријавени за оваа трка, каде има и деца со попреченост. Организатор на трката е Маја Атанасовска од спортското здружение „Бори се за целта“ кое е исто така организатор и на првата ноќна женска трка „Биди своја“. ...
СВР Битола поднесе кривична пријава против Е.А.(18) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. На 06.06.2022, полициски службеници извршиле претрес во домот на лице од Битола, при што пронашле и одзеле предмети со остатоци од кокаин и марихуана и дигитална вага, а по преземени мерки било утврдено дека дрогата ја ...
Со претставата „Балконот“, Албанскиот театар од Скопје вечерва во 19.30 часот ќе гостува во Прилеп, на официјалната програма на 57. МТФ „Војдан Чернодрински“. Терминот од 22 часот на шестиот ден на фестивалот е резервиран за Театар Комедија од Скопје, кој ќе ја изведе „Женска гардероба“ на сцената на Театарот „Војдан Чернодрински“. И денеска во 10 часот во киното „Мис Стон“, во рамките на програмата „Чернодрински за деца“, поддржана од ...
Припадници на МВР Србија, Антитерористичката група на Специјалната полициска единица, денеска лоцираа и уапсија тројца припадници на косовската полиција, далеку во длабочината на територијата на централна Србија. Со брза и ефикасна акција на српската полиција, успешно беше спречен обидот на косовската полиција да врши активности на територијата на централна Србија, што по сите параметри е терористички акт со цел дополнителна дестабилизација и ...