Во Кавадарци синоќа се одржа Свечена академија по повод 80 години од убиството на 12- те Ваташки младинци од страна на бугарскиот фашистички окупатор. На настанот беа присутни голем број на гости, како и семејствата на 12-те ваташки младинци, со кој и го најавивме утрешното чествување на 80 години од стрелањето, кое ќе биде пред споменикот на 12-те ваташки младинци во месноста Моклиште. Настанот беше затворен со маестралната изведба на ,,Ми ...

Андријана Јаневска, Кате од „Нели ти реков“ и Игор Џамбазов и овој пат не ја оставија рамнодушна публиката по изведбата на песната „Ми заплакало селото Ваташа“ и рецитал на стиховите на „Цветови“ од Славко Јаневски. Емотивна изведба за пролеаната детска крв на чествувањето на 80 години од масакрот во селото Ваташа каде фашисти стрелаа 12 младинци на возраст од 17 до 25 години. На церемонијата кај споменикот, дојдоа семејствата на убиените ...