
Скопје
22ᴼ /
22ᴼ



Почина Кристијан Коцев-Кико, момчето за кое цела македонска јавност се крена на нозе за да собира донации за негово лекување. Неговата состојба се влошила во последниве два дена. Јутуберот Стефан Лазаров кој е во постојан контакт со семејството, за ова објави и на социјалните мрежи. Момчето требаше итно да замине на третман во Турција, но поради влошување на неговата здравствена состојба со неговата ретка болест тоа не се случи. Тој последно ...
На вчерашната редовна седница на управниот одбор на Стопанската комора Македонија-Турција беше потпишан Меморандум за институционална соработка помеѓу Општина Прилеп, Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион (ЦРППР) и Стопанска комора на Македонија – Турција – МАТТО – информираат од општина Прилеп. Предмет на овој меморандум за соработка е регулирање на односите помеѓу договорните страни, Општина Прилеп, Центарот за развој на Центарот ...
Не за пет, туку за две години покачување на платите во администрацијата – Ова е новото решение кое Владата ќе го стави на маса пред синдикатите на следниот социјален совет , идниот четврток, два дена по крајниот рок кој го дадоа од УЈП пред да стапат во штрајк . На прашањето зошто фунцкионерите добија покачување веднаш, а вработените во УЈП и Царина треба да чекаат, Битиќи топката ја префрли во Собрание. Ако Парламентот потврдел дека УЈП и ...
Виена повторно е прогласена за најдобар град за живеење во светот. Според годишното рангирање на „Економист Интелиџенс Јунит“ („Economist Intelligence Unit“), австриската престолнина по четврти пат во последните пет години е рангирана на првото место, објави австриската јавна радио и телевизија OРФ. На второто место е данската престолнина Копенхаген, потоа двата австралиски града – Мелбурн и Сиднеј и канадскиот Ванкувер. Цирих, кој минатата ...
И оваа година во затворот во Тетово е отворена летната сезона. Затворениците имаат базен, а директорот на тетовскиот затвор Ќефаил Хавзију најави дека овие објави не ги прават за рекламирање дека е добро во затворот, туку да ги утешат членовите на семејствата. „Овие објави не ги правиме за рекламирање и за да намамиме некого дека вака е добро во затвор, далеку од тоа мислење, туку за да ги утешиме членовите на семејството дека секторот за ...
Доколку премиерот Ковачевски би се нашол на црната листа на САД, тој тоа би го сметал за најголем пораз во неговата кариера, рече денеска премиерот Димитар Ковачевски запрашан за коментар откако името на градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко, се појави на црната листа на САД. „Јас да се најдам на црната листа на САД, како човек којшто дел од своето образование го завршил во САД, не што ќе си дадам оставка, јас тоа ќе го сметам за најголем ...
-Општина Кавадарци во соработка со Сојуз на спортови и Општински сојуз на училишен спорт и оваа година продолжува со организирање на бесплатна школа за пливање за деца на возраст од 7 до 10 години. Школата ќе започне со обука во петок на 23.06., заедно со отворањето на Градскиот базен. Сите заинтересирани дечиња кои сакаат да учествуваат на овие обуки можат да се пријават во петок во 9:30 часот на градскиот базен – напиша на ФБ градоначалникот ...
Општина Штип ќе обезбеди над 2.000 униформи за учениците од сите основни училишта до 5то одделение, со цел да се намалат разликите меѓу нив, а родителите да немаат оптоварувања во семејниот буџет – напиша на Фејсбук штипскиот градоначалник Иван Јорданов. -За овој пилот проект општината во 2023 година издвои над 3.5 милиони денари, а за наредната година се предвидува проектот да се прошири и за учениците во погорните одделенија. Дизајнот на ...
Среде правот што го крена Стејт департментот за ставањето на градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко, на проширената „црна листа“ на САД, твитерџијата Македонец #Бојкотира потсетува како поранешниот лидер на СДСМ и експремиер Зоран Заев повикуваше „гордо и достоинствено“ да се гласа токму за високиот функционер на ДУИ посочен од официјален Вашингтон за „вмешаност во голема корупција“. Зоран #Заев: Да излеземе гордо и достоинствено на изборите и ...
Аргентинскиот фудбалер Лионел Меси би требало да дебитира за Интер Мајами на 21 јули, изјави претседателот на клубот, Хорхе Мас. Тој рече дека Меси најверојатно ќе го одигра својот прв натпревар за Интер против мексиканскиот Круз Азул во Лига Купот, северноамериканско натпреварување кое заеднички го организираат Северноамериканската лига (МЛС) и мексиканската федерација. Меси на 7 јуни објави дека кариерата ќе ја продолжи во Мајами, по две ...
Прилеп полека се подготвува за Меѓународниот ракометен турнир во чест на Миле Нешкоски, кој оваа година за прв пат ќе трае 4 дена, од 25-28 август. Списокот на учесници полека се комплетира, а покрај домаќинот РК Прилеп, од домашните екипи ќе учествуваат: Мулти Есенс, Пролет, Скопје, Еурофарм Пелистер 2 и Струга. Редовен учесник на турнирот е и екипата на РК Дубочица од Србија, а она што ќе биде интересно да се види и што ќе му даде посебен ...
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска уште еднаш повика на составување нов турски устав, јави агенцијата Анадолија. Турската влада нема да застане додека земјата не се рангира меѓу десетте најголеми економии во светот, рече Ердоган, говорејќи на првиот состанок на парламентарната група на неговата владејачка Партија на правдата и развојот (АКП) на 28. Меџлис. Според шефот на државата, кабинетот продолжува да работи на 12. развоен план ...
Директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ги додели првите 64 решенија за одобрување на финансиска поддршка за набавка на трактори од програмата за финансиска поддршка во руралниот развој. Решенијата беа доделени на земјоделци од Прилеп и околните прилепски села. По приемот на решенијата земјоделците имаат рок до 10 дена да ги посетат просториите на Агенцијата за финансиска поддршка и да потпишат ...
Наводите за ставање на црна листа на градоначалникот на Струга и неговото семејство се сериозни, а од тоа пораката е дека нашите надлежни институции, истражните и правосудни органи треба да ги испитаат податоците во соопштението на Стејт департментот. Ова го изјави премиерот Димитар Ковачевски кој на денешната прес-конференција ја прокоментира одлуката на американскиот Стејт департмент да го стави на црна листа струшкиот градоначалник, Рамиз ...
Проектот на Општина Прилеп насловен Од нула до култура е вграден и ќе се реализира согласно годишната програма за култура за 2023 година. Проектот е насочен кон младите и токму затоа неговото одржување е за време на училишниот распуст, еднаш седмично во континуитет. Имено, станува збор за настап на локални музички групи на Камената бина во центарот на Прилеп, со концерти насловени Tribute to… Значи концерти посветени на великани во музиката од ...
Синоќа , 20.06.2023, во Ликовната галерија од ЦК „Марко Цепенков“ – Прилеп, беше отворена изложбата „вилина во простор“ од уемтницата Маја Танева. Изложбата ја отвори Викторија Димеска, исотричар на уемтност која посочи: „Танева скулпторски раскажува слободна лирична наративност со дијагонално извиени и динамични асоцијативни апстракции. Впечатливиот треперлив контраст во текстурата на формата е постигнат со таинствен ткаеж на јажињата ...
Јутјуберот Стефан Лазаров сподели добра вест, по вчерашната критична состојба во која се наоѓаше Кико тој денеска е добар и е во стабилна состојба. -Здраво на сите.. Кико ноќта ја помина добро и моментално е во стабилна состојба. Како што бевме сите сплотени околу финансискиот дел сега е битно да се молиме сите заедно и надеваме дека ќе биде се како што треба. Разговарав со семејството и сите сме свесни дека во моментов е потребен мир и верба ...
Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ-ОА) на 29 јуни во Скопје ќе организира протест за достоинство, слобода и заштита на основните верски права. Причината за протестот, како што велат, е неприфаќањето на нивните сугестии во однос на предлог-законите за матична евиденција и родова еднаквост. -Светиот Синод на МПЦ-ОА изразува особено жалење и загриженост што релевантните институции го игнорирале Соопштението од сите ...
Состојбата на Западен Балкан продолжува да претставува закана за националната безбедност и надворешната политика на Соединетите Американски Држави, предупреди американскиот претседател Џозеф Бајден во порака до Конгресот, во која информираше дека затоа е неопходно продолжување на извршната наредба за вонредната ситуација за Западен Балкан. Како што беше објавено на веб-страницата на Белата куќа, Бајден ја продолжи Националната извршна наредба ...
Просечната нето плата во април изнесува 36.134 денари и е зголемена за 14,6 проценти во однос на истиот месец минатата година, објави денеска Државниот завод за статистика. Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата во секторите: Финансиски дејности и дејности на осигурување (28,1 проценти), Административни и помошни услужни дејности (21,7 проценти) и Објекти за сместување и сервисни ...
Луѓето денес се подготвени да направат се за клик повеќе, па и да монтираат „стаклени тркала“ на спортски автомобил. Токму тоа го направил сопственикот на „Toyota Supra“. Станува збор за четвртата генерација во црвена боја, автомобил кој со својата појава предизвикува интерес осигурува популарност на социјалните мрежи. Меѓутоа, ваквата „Supra“ е и повеќе од магнет за нови кликови. Верувале или не, оваа „Supra“ вози на сосема транспарентни ...
Со голема радост Ве известуваме дека го имаме првиот добитник на автомобил HYUNDAI Tucson од најновиот инстант лоз 7 Х 7 кој Државна лотарија го пласираше неодамна. Среќата и се насмевна на Јована Стојановска од Прилеп – напишаа од Државната лотарија на Фејсбук. -Денес, во просториите на Државна лотарија се запознавме со добитничката, ја потврдивме добивката, а возбудена и среќна ни ја раскажа нејзината приказна. Имено, Јована повремено се ...
Девојките од Денс-студиото “New Generation” повторно се враќаат со одличен резултат. Овој пат тоа се случи на ИДЦ Денс купот во Штип. – Тргнавме во 7 часот наутро за да пристигниме точно навреме на натпреварот во Штип, но поради прекин во сообраќајот поради обилни врнежи од дожд заглавивме кај Градско. Благодарение на организаторот Ана Марија и сите колеги и судии кои ни дозволија да настапиме и покрај задоцнувањето. Кружевме низ цела ...
Стејт департментот на САД реши градоначалникот на Струга Рамиз Мерко да го прогласи за непожелна личност за влез во САД „поради неговата вмешаност во значителна корупција“. Во писмената изјава на портпаролот на Стејт депратментот Метју Mилер се вели дека Мерко како градоначалник злоупотребил фондови и се мешал во судските и други јавни процеси. Ваквото однесување на Мерко влијаело во намалување на довербата на населението во „демократските ...
Кога институциите и државата затајуваат, народот се обединува. Така беше и во случајот со Кристијан Коцев-Кико од карбинското село Долни Балван за чие лекување се собираа парични средства преку донации. Парите се собрани за четири дена, а семејството започнува постапка за стопирање на телефонските броеви за донации. -Во овој момент семејството на Кико ме замоли да објавам дека се стопираат броевите за донации, но сите настани и тоа што се ...
Новата учебна 2023-2024 година би можела да започне на 11 септември и да заврши до крајот на јуни. Но, може да остане и вообичаениот датум 1 септември, а во текот на учебната година да има и краток пролетен распуст. Според министерот за образование, Јетон Шаќири, овие измени за кои владата треба да одлучи се прават, за да се зголеми продуктивноста на учениците и наставниците. -На почетокот на септември имаме празник и имаме период во кој голем ...
Премиерот Димитар Ковачевски одново посочи дека во Македонија и надвор од неа, има сили со ист извор, кои се обидуваат да го забават напредокот на државата кон ЕУ. Тој не посочи за кого станува збор, но рече дека нивната тактика е тоа да го прават преку лаги за македонскиот идентитет. „Некои сили внатре во државата, но и надвор од државата, со ист извор, се обидуваат да го забават или запрат напредокот на нашата држава и европската иднина на ...
Великанот на македонскиот фудбал, калчо-иконата Горан Пандев не можеше да не реагира на историската бламажа на Македонија со поразот од 0-7 од Англија синоќа на „Олд Трафорд“, како кулминација на пропаста на националниот тим, кој пред само година ипол живееше мундијалски сон, а поред две лета играше на Европското првенство. Тоа што Пандев уште во новогодишното интервју го посочи „дека претседателот Муамед Сејдини, спортскиот директор Данчо ...
Градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски утрово ги испрати на летување 400 ученици од општинските основни училишта на територија на општина Гази Баба. За настанот, градоначалникот Стефковски објави на својата официјална страна на фејсбук во која напиша: -Утрово имав одлична можност да ги испратам и да им посакам среќен пат и убав престој во училишниот летен камп на 400 ученици од општинските основни училишта, кој се реализира со ...
Единствениот планински град во Македонија, Крушево, седма година по ред ќе го надополни летното уживање со фестивал кој на едно место обединува музика, спорт и култура! Дружењето и градењето летни спомени во Крушево оваа година ќе трае од 30 Јуни до 02 Јули. Ветуваме позитивна атмосфера, адреналин, одлична забава и многу љубов! Целта на фестивалот е промовирање на крушевскиот живопис полн со природни убавини и спортски атракции, будење на ...