ИСТАНБУЛ (АА) - Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека „добро е да се види дека светот знае дека сме сериозни“ за справување со трговскиот дисбаланс со другите земји, нагласувајќи дека светските лидери и бизнис директори бараат ослободување од царините откако тие беа објавени претходно овој месец, пренесува Анадолу. Во објава на неговата платформа „Truth Social“, Трамп вели дека неговата објава од 2 април за „Денот на ослободувањето“ ...

Американското министерство за трговија најави воведување царини до 3.521 проценти за увоз на соларни панели од четири земји од Југоисточна Азија – Камбоџа, Тајланд, Малезија и Виетнам. Оваа одлука уследи по истрагата започната минатата година, кога некои од најголемите производители на соларна опрема побараа од тогашната администрација на претседателот Џо Бајден да ги заштити нивните бизниси во САД. Предложените царини беа воведени како одговор ...

Претседателот Доналд Трамп предупреди дека американската економија може да забави доколку Федералните резерви веднаш не ги намалат каматните стапки, продолжувајќи го својот притисок врз шефот на ФЕД, Џером Пауел. „Речиси и да нема инфлација“, напиша Трамп на социјалните мрежи во понеделник, повикувајќи се на пониските цени на енергијата и храната. „Но може да има ЗАБАВУВАЊЕ на економијата, освен ако г-дин Прекасно (Mr. Too Late), голем ...

Американскиот долар падна на најниско ниво во последните три години, бидејќи повлекувањето на инвеститорите од американските финансиски инструменти се интензивира, а политичките притисоци врз американската централна банка дополнително ги вознемируваат пазарите. Трговците беа нервозни откако американскиот претседател Доналд Трамп вчера повторно остро го нападна претседателот на Федералните резерви Џером Пауел, нарекувајќи го „Господин премногу ...

Царините на американскиот претседател Доналд Трамп може да предизвикаат рецесија која ќе ги направи компаниите неволни да инвестираат во најголемата економија во светот, според директорот на една од најголемите јапонски компании за пијалаци. „Сегашната ситуација со царините ја убива желбата на другите земји да почнуваат бизнис со САД. Ова навистина го убива апетитот на светот,“ изјави Такеши Ниинами, претседател и извршен директор на „Сантори ...

Шефот на Белата куќа изрази доверба во американската економија и покрај падот на берзата. Трамп рече дека верува оти неговата администрација ќе може да постигне договор со сите нации за царините. Потпретседателот Венс е во четиридневна посета на Индија, во момент кога Делхи се стреми да ги избегне американските царини. Кина која се соочува со највисоки царини од САД ги предупреди земјите да не прават договори со Вашингтон што би им наштетиле на ...

ВАШИНГТОН (АА) - Соединетите Американски Држави (САД) објавија дека Кина сега се соочува со нови царини до 245 отсто како резултат на мерките што таа ги возврати, се вели во соопштението на Белата куќа доцна синоќа, јавува Анадолу. Националната безбедносна истрага за увоз на витални ресурси е започната со најновата административна наредба на Белата куќа, што беше објавена доцна синоќа. Наредбата вклучуваше и објаснувања за реципрочните царини ...

Кина ги отфрли најновите најави за зголемување на американските царини, нарекувајќи ги заканите на администрацијата на Доналд Трамп „бесмислена игра на бројки“. Претседателот Трамп воведе нови царини за стоки од голем број земји и региони минатата недела. Трамп тврдеше дека царините се неопходни за да се вратат работните места во САД и да се запре „неправедното“ оданочување на американските производи. Иако администрацијата подоцна ги повлече ...

Американскиот потпретседател ЏејДи Венс во понеделникот ја започна четиридневната посета на Индија во рамките на која ќе се сретне со премиерот Нарендра Моди, додека Њу Делхи се обидува да избегне високи американски царини со предвремениот трговски договор и да ги зајакне врските со администрацијата на претседателот Доналд Трамп. Нивните разговори ќе се одржат на првиот ден од главно приватната посета на Венс и неговото семејство на земјата, ...