Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,48% во однос на одлуката од 24.10.2023 година. Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 0,508%, кај дизелот за ...

Летното сметање на времето завршува во недела, на 29 октомври во 03:00 часот, поместувајќи се еден час наназад, со што започнува зимското сметање на времето. -Согласно Одлуката за денот и моментот на воведувањето и денот и моментот на завршувањето на летното сметање на времето во 2023 година („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр63/23), летното сметање на времето завршува на 29 октомври во 03h 00min 00s, така што со поместување за ...

Заврши светското првенство во шах. Боите на Македонија ги бранеа 4 шахисти од кои тројца од Струмица. Задоволни од настапот, организацијата и постигнатиот успех, Мартин, Јован и Ина се враќаат денеска во Струмица и благодарат на сите за поддршката. Од вкупно одиграни 11 рудни, нашите шахисти освоија: Мартин Гоцев кој играше во групата до 10 години освои 4 поени, Јован Вукашиновиќ играше во групата до 8 годни освои 3 победи и 2 реми, а Ина ...

Оваа славна светителка се роди во градот Епиват, меѓу Силинаврија и Цариград. Родителите беа богати и благочестиви христијани, а освен Петка имаа и еден син, Ефтимиј, кој за време на животот се замонаши и подоцна стана угледен епископ Малитски. По смртта на родителите девицата Петка желна за подвижнички живот го напушти родителскиот дом и отиде најнапред во Цариград, а потоа во Јорданската пустина, каде што се подвизуваше до својата старост. Кој ...

Во дворот на манастирот „Воведение на Пресвета Богородица Елеуса“ во Вељуса денеска беше промовирана Монографијата „Прилози за историјата на Манастирот Вељуса“ во издание на општина Струмица. Градоначалникот Костадин Костадинов со посебна чест се обрати на промоцијата и им се заблагодари на сите кои учествуваа во создавањето на ова дело со непроценливо значење за нашето православно минато. -Струмица и струмичани се пример како се чува и негува ...

Американските маринци тестираат кучиња-роботи кои можат да носат тежок товар, да истрелуваат ракети и да прават извидница, соопшти синоќа Фокс њуз. – Маринците на САД тестираа нова генерација кучиња-роботи кои прават многу повеќе од наредбата „апорт“ и можат да се испратат на бојното поле. Војската се надева дека овие четириножни роботски кучиња во иднина можат да ја подобрат мобилноста и безбедноста на своите војници, наведува телевизијата. ...

Со растот на просечната плата во Македонија, автоматски порасна и минималниот износ за К-15, кој, оваа година ќе изнесува најмалку 14.000 денари. Оваа бројка се добива кога ќе се земат предвид последните просечни месечни плати што ги објавил Државниот завод за статистика и кога од нив ќе се пресмета правото на регрес за годишен одмор во висина од најмалку 40 проценти. Исплатата на К-15 или регрес за годишен одмор законски требаше да почне од 1 ...

Родена е во селото Слатина, во Мегленската област, од сиромашни селски родители, коишто имаа уште три ќерки. Света Злата беше кротка и побожна девојка, мудра со Христовата мудрост и златна не само по име туку и по богобојазливото срце. Еднаш, кога излезе по вода, ја фатија некои бесрамни Турци и ја одвлекоа во својата куќа. Кога еден од нив ѝ нудеше да се потурчи и да му биде жена, таа храбро му одговори: „Јас во Христа верувам, само за Него ...

Во пресрет на јубилејните 50 по ред Караманови поетски средби, Центарот за култура „Ацо Караманов“ од Радовиш во едицијата „Караманов“ ги објави јубилејните книжевни изданија од наградените поетски ракописи: -Книгата „ЗАМИСЛИ ПРАВТА ДА ПРИПАЃАШЕ САМО НА ДРУГАТА СТРАНА“од естонскиот поет Јури Талвет, која ја доби Интернационалната награда „Ацо Караманов 2023“. Оваа книга е објавена тријазично – на естонски, англиски и македонски јазик. Препевот ...

Министерството за образование и наука следниот месец ќе објави конкурс за доделување на 600 стипендии за ученици кои се запишани во јавните средни училишта во државава и тоа во дуални паралелки во здравствените струки, каде се реализира практично образование со зголемен број на часови. Учениците запишани во здравствените струки годинава не можат да аплицираат на конкурсот за доделување 1500 стипендии за ученици запишани во дуални паралелки. МОН ...

Издавачката куќа „ПНВ Публикации“ од Скопје на 27 октомври во Струмица ќе го реализира и четвртото издание на проектот „Добри гости“ преку кој иницира серија книжевни гостувања на автори од Скопје во внатрешноста на земјата на заеднички читања со локални автори, а во соработка со локални чинители. Настанот ќе се одржи во Europe House Струмица со почеток од 19:00 часот. На четвртото издание на „Добри гости“ во Струмица ќе читаат Виолета ...

Нашата европска Струмица денеска беше домаќин на одбележувањето на Европскиот ден на соработка Интгеррег 2023. Со партнерите од соседна Бугарија и државниот секретар во Министерството за локална самоуправа Кирил Парталов, се следеше соработката во рамките на Интеррег-ИПА Програмата за прекугранична соработка од која се реализирани 7 проекти со вкупна вредност од 2.883.329,00 евра. Овие проекти ја ставија Струмица на врвот на општините во ...

Центарот за управување со кризи поднесе барање до МВР за расветлување на нападот од мечка врз 76-годишно лице. Директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов, изјави дека кога ќе бидат утврдени сите околности од овој напад, МВР треба да собере детални информации за мечката и потоа да се побара од Министерство за земјоделство и од Министерството за екологија да извршат процена дали се исполнети условите за отстрел. Ангелов повтори дека ЦУК е против убивање ...

Денеска, во 11.30 часот, во Струмица, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица го лишиле од слобода Г. П. (41) од Струмица. Тој се сомничи дека претходно во Струмица од возило одзел паричник. Кај него биле пронајдени украдените пари и ќе бидат вратени на сопственикот. Лицето било задржано во Полициската станица Струмица, а за настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица. По целосно ...

Градоначалникот Костадин Костадинов денеска ја имаше честа да зборува за работата на Локалниот совет за превенција на општина Струмица на завршната конференција на проектот „Со Локални совети за превенција кон подобрена соработка“ во организација на Центарот за европски стратегии Евротинк. Во своето обраќање пред учесниците на конференцијата, меѓу кои беше и Н.Е Ерик Мејер Заменик шеф на мисија во Амбасадата на САД во Македонија, градоначалникот ...

Голфската струја речиси сигурно слабее, потврди една нова студија. Протокот на топла вода низ теснецот на Флорида е забавен за 4% во последните четири децении, со сериозни импликации за климата во светот. Океанската струја започнува во близина на Флорида и провлекува појас со топла вода долж источниот брег на САД и Канада пред да го премине Атлантикот во Европа. Топлината што ја транспортира е од суштинско значење за одржување на умерените ...

На 5 ноември, со почеток од 12 часот во с. Градашорци, во дворот на црквата Св. Никола ќе се одржи манифестацијата Ден на празот. Присутните ќе имаат можност да дегустираат специјалитети од праз и да уживаат во содржини од културно забавен карактер. „Задоволство е заедно со Андријана Јаневска да ве поканиме на манифестацијата ,,Ден на празот” на ден 05.11.2023 (недела) 12 часот во Градашорци, заедно да уживаме во изведба на наши македонски песни ...

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски денеска присуствуваше на отворање на нов објект за форензички испитувања, во рамки на Министерството за внатрешни работи. По тој повод премиерот Ковачевски имаше обраќање пред присутните, кое ви го пренесуваме интегрално: „На почетокот сакам да упатам честитки до припадниците на Министерството за внатрешни работи, што од денеска добиваат најсофистицирана и најсовремена ...

Вчера вечер во 22.00 часот во Радовиш полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Радовиш ги лишиле од слобода 26-годишните С.С. и С.В., двајцата од Радовиш, извести МВР. – При преглед на патничкото возило „алфа ромео“ со радовишки регистерски ознаки, управувано од С.С., во кое сопатник бил С.В., била пронајдена марихуана, а марихуана била пронајдена и при преглед на С.С, соопшти МВР. Во службениот разговор во Полициската станица ...

Во организација на Тенискиот клуб НЕТ од Струмица минатиот викенд се одржа тенискиот турнир СТРУМИЦА ОПЕН 2023. На истиот учествуваа 14 тенисери. Во финалето се сретнаа добро познатите противници Панче Илиев и Ване Андонов. Поуспешен беше помладиот Ване Андонов кој го освои првото место. Општина Струмица и градоначалникот Костадин Костадинов беа едни од покровителите на турнирот. Александар Ненчев, член на Советот на општина Струмица, беше ...

РУРАЛНИ ЖЕНИ – СОСТОЈБА И ПРЕДИЗВИЦИ беше главната тема на панел дискусијата која се одржа во Europe House Струмица, минатата недела по повод одбележувањето на Меѓунардниот ден на руралната жена. Претставници од Земјоделски факултет – Универзитет „Гоце Делчев” Штип, Horti Eko и Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, учествуваа на овој панел, каде дискутираа за можностите и предизвиците со кои се соочува руралната жена и ...

Во Струмица се носат кучиња бездомници од други градови со што проблемот со нив не може да се реши брзо и покрај постоењето на Стационар за бездомни кучиња „Лајка“. Оваа оценка ја искажа директорката на Стационарот, Сузана Стојкова, која информираше дека 90 отсто од постоечкиот број на кучиња е третиран. – Имаме неофицијални податоци за носење на кучиња во Струмица со комбиња од Тетово и Гостивар и камион со сина церада со непознати регистарски ...

Повеќе од 30.000 граѓани се интересирале за имунизација против сезонски грип. Вакцинацијата ќе почне денеска. За граѓаните кои спаѓаат во најкритичните категории се обезбедени 60.000 бесплатни дози. Вакцинацијата ќе се врши во сите центри за јавно здравје низ државата. Најголем интерес досега има кај хронично болните и повозрасни и изнемоштени лица. Граѓаните од ризичните групи кои се пријавиле за вакцинација преку веб-страницата вакцинација.мк, ...

Чешкиот продуцент, актер, инфлуенсер и инвеститор Камил Бартошек, попознат по прекарот Казма, организираше лотарија со голема награда од еден милион долари, која ја ставил во контејнер под шифрирана брава. Меѓутоа, откако добитникот не се појавил, тој решил да ја подели наградата со сите кои учествувале во лотаријата фрлајќи милион долари од хеликоптер. Во наградната игра учествувале 100.000 натпреварувачи, кои во шест часот наутро добиле мејл ...

Вечерва (24.10.2023) со почеток во 20 часот во НУЦК „Антон Панов“ ќе биде прикажана комедијата „Роден лажго“. Филмот е во режија на Оливер Барулогс, а главната улога ја игра францускиот актер Тарек Будали. Станува збор за Жером, 30-годишен лик кој се занимава со продажба на јахти во Ница. Колку подолго време поминуваат со него, луѓето откриваат дека тој е астронаут, шампион во карате, пријател со мис Универзум… Всушност Жером е компулсивен ...

Израелската амбасада во Белград го замоли Новак Ѓоковиќ да помогне во ослбоодувањето на заложниците кои ги држи Хамас. Израелците пронајдоа начин како да го вмешаат Ѓоковиќ да помогне во ослободување на киднапираните деца од Хамас. Како причина амбасадорот наведе дете кое играло тенис, а сега е помеѓу засложниците. „Драг Новак Ѓоковиќ, Ова израелско дете по име Охад е твој голем фан. Многу го сака спортот и игра тенис неколкупати неделно. За ...

Утре (25 октомври 2023 година), Домот на култура „Македонија“- Гевгелија, во Народниот театар – Гевгелија, ќе го прикажува македонскиот филм во режија на Јани Бојаџи, „Кино Љубов“. Емитувањето на филмот ќе започне од 19:30 часот, со влезница по цена од 100 денари. Картите се пуштени во продажба и можат да се набават во Народниот театар – Гевгелија. Филмот е наменет за публика над 16 години. „Кино Љубов“ е во продукција на „Синемон медиа фактори“ ...

Локалниот совет за превенција денеска ја одржа 14-та работна конференција на која на дневен ред беа ставени три актуелни теми и тоа градење клима на доверба и добросостојба во училиштата, узурпација на на јавните површини, тротоарите во градот и истражувањето на тема „Со локални совети за превенција кон подобра соработка“ спроведено од невладината организација Евротинк со која општина Струмица има соработка. -На претходната конференција беше ...

На 23.10.2023 во 12.00 часот на раскрсница кај село Чалакли, валандовско, полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Валандово ги лишиле од слобода Р.М. (42) од село Водоча и Д.Д. (27) од село Рич, струмичко. Имено, Р.М. кој денеска во периодот од 07.00 до 19.00 часот бил на работа како затворски полицаец во Затвор Струмица, пречекорувајќи ги неговите овластувања му овозможил на осуденикот Д.Д., кој во моментот издржува затворска ...

Министерството за здравство информира дека неделава започнува вакцинацијата против сезонски грип. Во државата се пристигнати вкупно 60.000 дози четиритипни вакцини против сезонски грип наменети за бесплатна вакцинација. Граѓаните од ризичните групи кои се пријавиле за вакцинација преку веб страницата vakcinacija.mk, во следните денови преку смс порака ќе добијат известување за точниот датум, час и место за вакцинирање. Со бесплатната вакцинација ...

weather icon

Скопје

23ᴼ / 23ᴼ
1.54
31%
1014
weather icon

Белград

21ᴼ / 19ᴼ
4.63
52%
1013
weather icon

Загреб

17ᴼ / 17ᴼ
6.17
63%
1011
weather icon

Софија

17ᴼ / 17ᴼ
1.54
48%
1014
weather icon

Сараево

17ᴼ / 17ᴼ
3.58
64%
1015
weather icon

Љубљана

12ᴼ / 10ᴼ
0.51
91%
1012
weather icon

Атина

24ᴼ / 22ᴼ
5.14
50%
1014
weather icon

Тирана

19ᴼ / 19ᴼ
3.09
45%
1017
weather icon

Подгорица

17ᴼ / 17ᴼ
4.63
63%
1017
weather icon

Букурешт

18ᴼ / 16ᴼ
7.6
56%
1014
weather icon

Будимпешта

17ᴼ / 16ᴼ
5.14
79%
1011
weather icon

Истанбул

17ᴼ / 15ᴼ
3.09
63%
1013
Currency

61.535

Currency

54.0881

Currency

71.7806

Currency

34.5717

Currency

39.1002

Currency

65.8687

Currency

7.42141

Currency

0.65923

Currency

0.37999

Currency

0.52523

Currency

1.42309

Currency

0.63428

Алуминиум

2.62

Кобалт

42.99

Никел

15411.50

Рутениум

20190.67

Калај

30.62

Сребро

1047.00

Злато

106834.23

Бакар

9.45

Паладиум

30350.30

Платина

30882.55

Родиум

174417.80

Цинк

2.52