Блажениот Теофил се роди од побожни родители во близината на градот Тивериопол, денес Струмица, во Македонија. Го крстија кога имаше три години. Еднаш родителите го одведоа на гората Селентија (Еленица, над Струмица) за да земат благослов од светиот старец Стефан. Тој ги благослови родителите и нивното дете Теофил, и откако ги поучи во долг разговор и ги научи на многу духополезни нешта, ги отпушти во мир, а тие се вратија дома. Од тоа време ...

Во Македонија денеска се одбележува 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, државен празник и неработен ден за сите граѓани. Денот се празнува по повод основањето на Македонската револуционерна организација во Солун. Имено на 23 октомври 1893 година во куќата на солунскиот книжар Иван Хаџи Николов во Солун се собрале шестмина млади мажи за да ги ставаат основите на тоа, коешто ќе стане симбол и знаме на борбите на Македонците ...

За трансплантација на бубрези чекаат 140 пациенти во земјава, околу 15 за трансплантација на срце и околу 14 за црн дроб. Надлежните велат медицински персонал има, но, потребно е да се едуцираат уште екипи, а треба да се работи и на зголемување на свеста за органодарителство, иако на овој план е направен напредок во изминатиот период. Процесот на трансплантација од починат донор во Северна Македонија започна во 2015 година, по донесените ...

Денеска на плоштадот „Гоце Делчев“ по трет пат се одржа саемската манифестација „Агро саем – Струмица 2023“, во организација на Здружението „Проагро Фармери“ и со поддршка на општина Струмица. На 40 штандови на храна, 40 штандови на мед, трактори и приклучна механизација, како и ѓубрива и заштитни средства, имаше изложувачи од струмичкиот регион и државата, како и гости од Србија и Бугарија. Агро саемот го отвори Александар Ненчев, член на ...

Турските телевизиски серии стигнаа до вкупно 750 милиони гледачи во повеќе од 150 земји, нагласи заменик-министерот за култура и туризам на Турција, Батухан Мумџу на ТВ-фестивалот „Мипком“ во Кан, Франција. Секоја година Турција произведува околу 50 ТВ-серии. Како што објави весникот „Хуриет дејли њуз“ на англиски јазик, Турција е водечки извозник на ТВ-серии меѓу земјите од неанглиско говорно подрачје и е на третото место во светот по ...

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во земјава, во август година, изнесува 36 390 денари, што е за 14.2 отсто повеќе во оснос на истиот месец лани, соопшти Државниот завод за статистика. Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Административни и помошни услужни дејности (21.6 %), Образование (17.5 %) и Градежништво (16.5 %). Зголемување на ...

СВР Струмица поднесе кривична пријава против А.А.(36) и Н.А.(35), двајцата од Струмица, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 21.06.2023 во близина на Струмица, полициски службеници ги затекнале пријавените и до нив биле пронајдени повеќе стебла од растението канабис кои заедно ги засадиле и одгледувале. Исто така, кај ...

Во сабота, 21 октомври 2023 година, со почеток во 21:00 часот, како дел од #ЅидНаУметноста, здружението за развој на културата и заштита на културното наследство „Контекст-Струмица“ во соработка со бар Нагоре ќе биде отворена изложбата на плакати кои беа се дел од конкурсот за плакати 100 Илјади поети за промена за 2023 година. Ќе бидат претставени 12 дизајни од исто толку автори, а по изложбата ќе следува dj сет на локалниот техно диџеј во ...

Europe House Струмица и Библиотека Благој Јанков Мучето Струмица, вчеравечер го одржаа октомвриското Book club дружење. Во пријатна и опуштена атмосфера во Кафе бар “Stay”, преку динамични разговори и дискусии се запознаа подлабоко со ликовите и нивните драмски дејствија во “Парите се отепувачка” од Ристо Крле, најпознатото драмско остварување на македонскиот драматург, како и драмата “Недоразбирање” напишана од нобеловецот Албер Ками. ...

Вкупно 68 талентирани ученици од основните и средните училишта во општина Струмица, денеска во Градската уметничка галерија добија дизајниран сертификат за стипендија од општина Струмица и Фондацијата „Заев – Едно општество за сите“. Градоначалникот Костадин Костадинов, кој како и минатата година и оваа беше иницијатор за финансиска поддршка на талентираните ученици, во своето обраќање потенцираше: -Сите ние сме свесни дека предизвиците со ...

На 12.10 и 13.10 се одржа Камп на Иновации во кој учество заземаа ученици од 8 средни училишта и имаа задача да креираат иновативен бизнис план. Учениците од СОУ„Никола Карев“ Струмица напорно работеа на предизвикот и креираа иновативни бизнис планови. Ангела Атанасова III-2 беше дел од прво наградениот тим. Давид Димитриев и Ангела Витанова III-8 беа дел од второ наградениот тим. Зуица Танчева III-2 беше дел од трето наградениот тим. СОУ Никола ...

Во текот на вчерашниот ден, според извештаите во Секторот за операции и координација во Центарот за управување со кризи (ЦУК), во државата во последното деноноќие имало регистрирано два пожари на отворено, до утрово: еден во Скопскиот регион и еден во општина Радовиш каде што пожарникарите гаснеле запалена ниска вегетација во атарот на село Покрајчево на површина околу 15 хектари. ЦУК апелира дека треба да се избегнува палење оган на отворено, ...

Буџетот на Општина Гевгелија за 2023 година од вкупниот износ 598.552.512 денари е зголемен за 41.512.090 денари. Со измените и дополнувањата, усвоени на вчерашната 32. седница на Советот на Општина Гевгелија, вкупниот износ на Буџетот е утврден на 640.064.602 денари. Зголемувањето на Буџетот на Општина Гевгелија за 2023 година се однесува на зголемување – на Основниот буџет за 26.253.540 денари, буџетот на самофинансирање за 238.000 денари и ...

Силен отров метомил, познат помеѓу народот како ланате или ланата е причина за труењето на три лица, од кои едно почина. Од МВР информираат дека од лице место подигнати се доказни материјали кои се предадени на натамошно вештачење. -На 17.10.2023 во 12.00 часот во Полициската станица Кисела Вода, од Клиниката за токсикологија при Комплексот клиники „Мајка Тереза“ било пријавено дека на 15.10.2023 кај нив за укажување лекарска помош биле донесени ...

Во израелски воздушен напад во текот на ноќта бомбардирана е грчката православна црква Свети Порфириј во Газа, во која беа сместени раселените Палестинци, објавија палестинските власти. Израелската војска соопшти дека цел била команда и контролен центар на Хамас во близина и дека при тоа била предизвикана штета на ѕидот на црквата. Грчката православна патријаршија во Ерусалим го осуди нападот и додаде дека „нема да се откаже од својата верска и ...

На 19.10.2023 во 16.20 часот во Струмица, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица го лишиле од слобода Г.П.(41) од Струмица. Тој се сомничи дека претходно во Струмица, од возило за дистрибуција на цигари одзел повеќе кутии цигари. Кај него биле пронајдени 179 кутии разновидни цигари. Лицето било задржано во Полициската станица Струмица, а за настанот бил запознаен Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица. ...

На подрачјата на Секторите за внатрешни работи Битола, Струмица, Штип и Велес во текот на вчерашниот ден беа организирани превентивно-едукативните активности на полициските служби посветени на повеќе теми, извести МВР. „Во Ресен, полициски службеници од ОВР Ресен при СВР Битола реализираа едукативна работилница со средношколците од општинското средно училиште „Цар Самоил“ околу превенцијата од зависности од дроги „Кажи не на дрогата, да на ...

Синоќа, големата сала на НУЦК „Антон Панов“ Струмица беше премала да ги собере сите заинтересирани театарџии кои сакаа да ја погледнат хит претставата на МНТ „Кец на десетка“ чиј автор е струмичкиот драмски писател Митко Бојаџиски. „Ви благодарам што синоќа дојдовте во толкав број. Ми беше големо задоволство да ја гледам претставата заедно со вас во преполнетата голема сала во центарот за култура во Струмица. Тие што не успеаја да ја видат, ќе ...

Во Дојран, во организација на Центарот за едукација при Фудбалската федерација на Македонија се одржува првиот модул за учесници од 28-та генерација, кандидати за добивање на УЕФА Б тренерска лиценца. Во првиот модул учествуваат 26 ученици, меѓу кои и неколкумина поранешни и актуелни репрезентативци во најдобрата македонска селекција. Како дел од фокусот на програмата се дискутира за работата на младинските селекции и воошто во младински ...

ОВР Радовиш поднесе кривична пријава против Ј.У. од Радовиш поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „лихварство“. Во септември 2023 година, на жена од Радовиш пријавениот ѝ дал 1.500 денари на заем, а за возврат барал да му врати 2.500 денари. Додека, пак, како гаранција дека парите ќе бидат вратени ѝ го зел нејзиниот мобилен телефон. Откако го побарала да му ги врати парите, пријавениот и рекол дека ако сака да ѝ биде вратен ...

Кинолошкото друштво Фамилијарис Радовиш по 9. пат ќе организира кинолошка изложба на расни кучиња во покровителство на Општина Радовиш. Оваa 9-та изложба која воедно е и прва интернационална изложба на која ќе присуствуваат повеќе од 100 кучиња од сите раси, а истите ке бидат оценети од реномирани судии од Македонија и Србија. Традицијата продолжува., КД Фамилијарис Радовиш ја организира една од најдобрите изложби во Македонија и ја негува ...

Во пресрет на утрешниот ден 20 Октомври – Меѓународниот ден на готвачите, организирано од СОУУД „Димитар Влахов“ – угостителско-туристичка струка, градоначалникот Костадинов учествуваше на натпреварот по готвење. „Беше тоа мошне интересен и возбудлив натпревар во готвење, во кој се натпреваруваа мешовити двојки од професори и ученици. Една од натпреварувачките двојки ја сочинувавме јас и ученикот Михаил Анастасов, трудејќи се да ги покажеме на ...

Во земјава на месечно ниво има по 800 регистрирани случаи на Ковид – 19, а зголемена е и бројката на лица што се тестираат, рече денеска на новинарско прашање, Злате Мехмедовиќ, портпарол на Комисија за заразни болести. Според него, во основа не се работи за сериозни бројки што би можеле да бидат причина за загрозување на здравствениот капацитет. Засега била доволна препораката за носење заштитни маски во здравствените установи, вели Мехмедовиќ ...

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги донесе oдлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,51% во однос на одлуката од 16.10.2023 година. Од 20.10.2023 година од 0:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат: Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС-95 80,00 (денари/литар) Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС-98 82,50 (денара/литар) Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 82,00 ...

Врсничкото насилство станува сѐ поголем проблем и мораме отворено да зборуваме за тоа и да ги едуцираме децата преку разни форми. Денеска, градоначалникот Костадинов потпиша Меморандум за соработка со Кристина Арнаудова Петровски, претседател на Здружението „Проект среќа“ кое ја подготви претставата „Ех да можев…“ на тема врсничко насилство, а која ќе биде изведена во Струмица. Ова е прва ваква престава во нашата земја во која играат деца кои ...

Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ ви нуди несекојдневна можност за посетување бесплатни онлајн курсеви по странски јазици. Може да изберете некој од следниве јазици: руски, чешки, полски, хрватски, романски и унгарски јазик. Прозорец кон нови работни можности, воспоставување мултикултурни пријателства, различната перспектива за туѓите култури и зголемена креативност се само неколку од придобивките од изучувањето нови јазици. Наставата на ...

Денеска во салата на Советот во Дом на АРМ се одржа панел дискусија на тема „Политичко учество на лицата со попреченост“ во организација на Здружението за промоција и развој на инклузивно општество ИНКЛУЗИВА, а со поддршка на општина Струмица. Целта е да се подигне свеста на локалните политички партии и претставници на Советите на општините, дека лицата со попреченост имаат еднакви права и можности за политичко учество. Од името на ...

На 17.10.2023 во 11.40 часот во Полициската станица Гевгелија било пријавено дека на регионален пат село Николиќ – Нов Дојран, Б.Н.(56) од Гевгелија, управувајќи патничко возило „фолксваген поло“ со гевгелиски регистарски ознаки, со возилото излетал надвор од патот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката В.Н. (28) од Гевгелија, констатирани во Медицински центар Гевгелија. Увид на местото на несреќата извршила екипа на ...

ТППЕ – Гевгелија и Општина Гевгелија упатуваат апел до граѓаните од општините Гевгелија, Богданци и Дојран за поголемо внимание од пожари во текот на грејната сезона која започна од 15 октомври. Се апелира до граѓаните за преземање соодветни мерки и активности: – да ги одржуваат оџаците на зградите и куќите и димоводните уреди преку редовни прегледи и чистење од саѓи; – пепелта од грејните тела да не се фрла во контејнерите за одлагање отпад, ...

Градоначалникот Костадинов денес во својот кабинет изврши прием за учениците – добитници на награди на глобалниот хакатон „NASA Space Apps Challenge“, поддржан од страна на вселенската агенција НАСА, кој неодамна се одржа во Средното општинско училиште „Димитар Влахов“ во нашиот град. „Им честитав на учесниците за освоените награди посакувајќи им понатамошни успеси, како и на организаторите од СОУУД „Димитар Влахов“, а тие ме запознаа со ...

weather icon

Скопје

23ᴼ / 23ᴼ
1.54
31%
1014
weather icon

Белград

21ᴼ / 19ᴼ
4.63
52%
1013
weather icon

Загреб

17ᴼ / 17ᴼ
6.17
63%
1011
weather icon

Софија

17ᴼ / 17ᴼ
1.54
48%
1014
weather icon

Сараево

17ᴼ / 17ᴼ
3.58
64%
1015
weather icon

Љубљана

12ᴼ / 10ᴼ
0.51
91%
1012
weather icon

Атина

24ᴼ / 22ᴼ
5.14
50%
1014
weather icon

Тирана

19ᴼ / 19ᴼ
3.09
45%
1017
weather icon

Подгорица

17ᴼ / 17ᴼ
4.63
63%
1017
weather icon

Букурешт

18ᴼ / 16ᴼ
7.6
56%
1014
weather icon

Будимпешта

17ᴼ / 16ᴼ
5.14
79%
1011
weather icon

Истанбул

17ᴼ / 15ᴼ
3.09
63%
1013
Currency

61.535

Currency

54.0881

Currency

71.7806

Currency

34.5717

Currency

39.1002

Currency

65.8687

Currency

7.42141

Currency

0.65923

Currency

0.37999

Currency

0.52523

Currency

1.42309

Currency

0.63428

Алуминиум

2.62

Кобалт

42.99

Никел

15411.50

Рутениум

20190.67

Калај

30.62

Сребро

1047.00

Злато

106834.23

Бакар

9.45

Паладиум

30350.30

Платина

30882.55

Родиум

174417.80

Цинк

2.52