
Скопје
23ᴼ /
23ᴼ



Полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица, синоќа, ги лишиле од слобода К.К.(23) и Н.П.(20), двајцата од Струмица. -При преглед на К.К. бил пронајден и одземен кокаин, додека при претрес во домот на Н.П., извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени кокаин, марихуана, дигитална вага и пари, соопштија од Министерството за внатрешни работи. Лицата биле задржани во Полициската станица Струмица, при што, против нив ќе ...
Полна беше салата во НУЦК „Антон Панов“ на трибината „Не чекај, превенирај! Заедничка борба за машко и женско здравје“ во организација на струмичкиот СДСМ. Градоначалникот Костадинов изрази благодарност кон струмичани кои ги поддржаа заложбите коишто се во служба на македонското здравство. „Здравјето не признава политичка, етничка, верска или каква било друга припадност. Здравјето на луѓето секогаш треба да биде приоритет за одговорните ...
Претседателот на Србија Александар Вучиќ денеска потпиша одлука за распуштање на парламентот и најави дека во недела на 17 декември ќе се одржат вонредни избори. Вучиќ ја потпиша одлуката за распишување избори, по што им се обрати на граѓаните. „Донесов уредба за распуштање на Собранието избрано на 3 април 2022 година. Оваа уредба стапува на сила со денот на објавувањето во Службен весник. Распишувам избори за народни пратеници на 17 декември“, ...
Од денеска градоначалникот Костадинов е почесен член на Организацијата на резервни офицери на Република Северна Македонија. Тој му се заблагодари на претседателот Гоце Георгиев за врачената значка за почесното членство и на сите членови на Организацијата за взаемната почит и поддршка. На средбата се разговараше за работата на Организацијата на резервни офицери, за слободарската и мириљубивата традиција и новите предизвици, а беше потврдено и ...
Документарниот филм Лука во продукција на Здружение за култура Транзен и во режија на Ице Виранов е селектиран да учествува на Филмски музички фестивал во Јужна Кореја. Филмот претходно учествуваше на фестивалот за креативен документарен филм Македокс и ја освои специјалната награда за „придонес во разоткривањето на ефектите од алтернативниот уметнички креативен пристап наспроти конвенционалниот живот“, на 18. Интернационален филмски фестивал ...
Во учебната 2023/2024 година, во текот на месец октомври , во просториите на СОУУД „Димитар Влахов“ Струмица се одржа вториот циклус на предавања на тема „Социјализација на учениците во училишната средина“, на кои предавач беше стручниот соработник во училиштето – социјален работник. Во овој втор циклус беа одржани 6 предавања, на кои земаа учество вкупно 250 ученици од сите образовни профили од прва до четврта година. Целта на овие предавања е ...
Група млади луѓе учествуваа на Fit into the future, настан за спорт наменет за изучување на искачување вештачка карпа, кој го организира Europe House Струмица. Младите дознаа повеќе и добија одговор на прашања од типот: која е потребната опрема за искачување на карпа, какви видови на карпи постојат и кој се може да практикува искачување карпи. Настанот се одржа во спортската сала на ООУ„Видое Подгорец“ Струмица во соработка со Алпинистички клуб ...
По 3 години и 1 месец зад решетки, екс министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска излегува на слобода, пренесува Фокус. Излегувањето на Јанкуловска од затворот „Идризово“ е со условен отпуст, по одлука донесена од скопска Апелација. Ако до октомври 2024 година не направи ново кривично дело, таа нема да се врати во затворот. Пред Апелација да ја донесе ваквата одлука, судиите ги зеле предвид факторите што Јанкулоска е мајка на ...
УМС Струмица со реакција на отворањето Младински совет во Струмица. Текстот го пренесуваме интегрално: За прв пат во историјата младите во Струмица добиват свој простор ама НЕ СЕ ПРИСУТНИ! За прв пат во историјата младите во Струмица на настан од важност за младите се претставени претежно од возрасни луѓе. Нека е честито отворањето на Mладински центар во Струмица во зградата на Собранието на Општина Струмица. Во меѓувреме младите се спремат за ...
Дваесет и едногодишен жител на Гевгелија вчеравечер бил приведен од полицијата бидејќи превезувал 13 мигранти од Сирија. Како што соопшти МВР, М.Г. (21) бил проведен вчера околу 19.30 часот во село Давидово од полициски службеници од РЦГР Југ- Полициска станица за ГП и ГН Богородица. -Со патничко моторно возило „фолксваген туарег” превезувал 13 мигранти од Сирија, од кои две малолетни лица. Известен е јавен обвинител од ОЈО за ГОКК и по ...
Учениците од социјално-ранливите категории во основните училишта на подрачјето на општина Гевгелија од денеска ќе користат бесплатен оброк. По иницијатива на градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов, годинава, околу 50 ученика, чии родители се корисници на социјални услуги, ќе добиваат бесплатен оброк. Воведувањето на бесплатниот оброк во училиштата за учениците од социјално-ранливите категории има за цел финансиско олеснување на ...
Денеска, за првпат во историјата на Струмица е отворен Младински центар. Станува збор за современ и европски Младински центар кој беше прво ветување за младите од страна на градоначалникот Костадин Костадинов. „Моето прво ветување за младите е целосно исполнето. Во интерес на овој Центар, уште од првиот ден се откажав од службениот автомобил и со сопствени средства во износ од 7.200.000 денари напорно работевме во преадаптирањето на ...
По саботниот судир со полицијата, незадоволни од медицинскиот третман, затвореници од полуотвореното одделение на затворот Идризово од денеска почнаа штрајк со глад. Затворениците го најавија штрајкот вчера поради, како што кажаа во отвореното писмо, тешко повредени осуденици на кои наводно не им се укажува лекарска заштита иако имале тешки телесни повреди како последица од полициската акција. Викендов со судска наредба, полицајци влегоа во ...
Во Струмица дневно се вакцинираат околу 70 граѓани против сезонски грип на три пунктови од кои едниот е во Валандово, кој го покрива Центарот за Јавно здравје во Струмица. Од Центарот информираат дека интересот на граѓаните за вакцинирање е ист како лани, а најголем е кај граѓаните на возраст над 65 години. – На располагање имаме 2.600 вакцини од кои 2.400 се за Струмица, а 200 за Валандово. Покрај највозсрасната група граѓани, бесплатна вакцина ...
Денес, ТППЕ Радовиш доби донација на противпожарна опрема од страна на НАТО контингентот преку Американската амбасада во Скопје. Опремата се состои од: противпожарни шлемови, гумени чизми, сет алати (секира, јаже, клешти, пила и др.), противпожарни огноотпорни одела (скафандери), балаклави и носачи за белодробен апарат со маска. ТППЕ Радовиш е дел од неколкуте противпожарни единици, кои беа опфатени со донација на техничка опрема од НАТО ...
Во рамки на годишниот план за 2023 година на НУ Завод и Музеј – Струмица, од страна на Министерство за култура одобрен е проектот ,,Реализација на Основен проект за конзерваторско – реставраторски работи на објект од археолошки локалитет Стакина чешма, Валандово,, – прва фаза. За таа цел тим формиран од НУ Завод и Музеј – Струмица , заедно со надворешни соработници беше на терен каде се извршија конзерваторско-реставраторски работи на објектот. ...
Најмладиот македонски милионер во 2022 година имал 9 години со остварен доход од 1.015.740 денари, додека највозрасниот милионер имал 97 години со остварен доход од 1.277.139 денари. Ова го покажува анализата на годишна даночна пријава – највисок доход во 2022 на Управата за јавни приходи (УЈП). Приход од над 100 милиони денари лани оствариле 28 лица, додека 995 лица оствариле приход од 10 до 100 милиони денари. Во меѓувреме, 62.455 лица ...
На 4-ти ноември (сабота) во 18:00 часот во Црквата „Св. Петнаесет Тивериополски свештеномаченици“ ќе се одржи 12-от Фестивал на Источно црковно пеење во организација на НУЦК „Антон Панов“ во соработка и сп поддршка на Општина Струмица и Православна Струмичка Епархија. Свој настап ќе имаат Женскиот хор „Св. Теофил Струмички“ од Струмица и битолските: Машки византиски хор „Св. Нектариј Битолски“, Женски хор „Св. Макрина“ и Детски хор „Св. ...
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје издаде наредба за обдукција на телото на 79 – годишна жена која почина откако повеќе од 10 дена беше хоспитализирана по семејно труење со домашна храна во Скопје. Претходно, по истиот настан почина 47-годишна жена, додека 55-годишниот маж е пуштен на домашно лекување. Надлежниот јавен обвинител работи на утврдување на причините за труењето. Од домот на семејството се подигнати 20-тина ...
Општинската организација на СДСМ Струмица во среда, 1 ноември во 19:30 часот во Центарот за култура „Антон Панов“ во Струмица организира Трибина: „Не чекај, превенирај! Заедничка борба за женско и машко здравје!“. На трибината ќе зборуваат: д-р Маја Манолева – заменик министер за здравство, доц. д-р Венко Филипче – неврохирург, поранешен министер за здравство, проф. д-р. Сашо Дохчев – директор на Клиника за урологија, доц. д-р. Викторија ...
Детскиот фонд на Обединетите нации (УНИЦЕФ) денеска предупреди дека децата во Газа се соочуваат со катастрофална ситуација, бидејќи нивните родители немаат друг избор освен да им дадат да пијат солена вода. Портпаролот на УНИЦЕФ Тоби Фрикер изјави за Би-Би-Си дека недостигот од вода постоел и пред конфликтот и дека сега сѐ е подигнато на „друго ниво“. „Една наша членка, има четиригодишно и седумгодишно девојче и само се труди да ги заштити, да ...
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија донесе Наредба за спроведување истражна постапка против државјанин на Мароко, кој е осомничен дека сторил кривично дело – Напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста од член 383 став 3 од Кривичниот законик. На 28 октомври, осомничениот нападнал полициски службеник кој постапувал по наредба за вршење на патролна служба. Полицаецот, заедно со двајца словачки полициски ...
Во Дојран, се одржа тридневна работилница, на која младите од регионот работеа на теми за стратешки и финансиски менаџмент, управување со ресурси и мониторинг, активност која е дел од Проектот: „Иновации, развој и вработување во земјоделскиот сектор“- „IDEAS“. Учењето како да се користи Бизнис модел „Канвас“ им обезбеди на младите претприемачи вовед во еден креативен процес од собирање и вреднување на информации до анализа и тестирање. На крај, ...
Од полноќ малопродажните цени на нафтените деривати ќе се намалат во просек за 0,98% во однос на одлуката од 27 октомври. Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 1,504%, кај дизелот за 1,498%, кај екстра лесното масло за 3,794% и кај мазутот намалувањето е за 2,993%. Највисоките малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт, ...
Вчеравечер, во 19.35 часот, во Радовиш, полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Радовиш го лишиле од слобода 37-годишниот Ш. Ш. од Радовиш бидејќи бил затекнат како со товарно возило „форд транзит“, со струмички регистарски ознаки, превезува бесправно исечени огревни дрва, извести МВР.„Дрвата и возилото биле одземени, а по целосно документирање на случајот, против Ш. Ш. ќе биде изготвена соодветна пријава. Истиот ден во село ...
Синоќа се одигра првата средба од второто коло во која екипата на Наковски волеј оствари победа над новајлијата во конкуренцијата, екипата на УГД Младост Штип со 3:1 (25:12, 24:26, 25:23, 25:19). Одбојкарките на Наковски волеј го загубија вториот сет но потоа следеше извонредна игра и не само што се вратија во игра, туку и целосно го надиграа противникот и заслужено триумфираа над УГД Младост Штип. 2. КОЛО (ДЕНЕСКА) 14:00 Фит Фан Волеј – Вардар ...
На 3 ноември во Валандово ќе бидат одбележани пет децении од постоењето на музичкиот ансамбл „Распеани валандовчани“, кој исполнува староградска, народна и новокомпонирана музика, а основан е и опстојува од 1973 година. Во фестивалската сала „Јанко Узунов“ во овој град, а во организација на Домот на културата „25 Мај“ во Валандово, со почеток во 19 часот, ќе биде одржана свеченост, на која ќе биде промовирана и монографијата „50 години распеани ...
Градоначалникот Костадинов ја најави новата услуга во Струмица наречена Струмички кавалер. Оваа услуга се воведува по примерот на Љубљана и вклучува електрични возила адаптирани за превоз во пешачка зона кои ќе излегуваат во пресрет на пред сѐ на стари и изнемоштени сограѓани кои сакаат да се прошетат низ паркот, плоштадот, пешачките зони во Струмица. „Наша морална обврска е да мислиме на сите граѓани, да овозможиме секој да ја ужива преубавата ...
Во периодот од 20.00 до 02.30 часот полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи Југ, СВР Струмица и од НЕКМТСЛ, во координација со Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал лишиле од слобода 7 мигранти од Пакистан, поради постоење основи на сомнение дека се сторители на кривично дело „криумчарење на мигранти, согласно член 418-б од Кривичниот законик. Имено, вчера околу 17.00 часот било пријавено дека на 1,5 км ...
Советот на општина Струмица денеска ја одржа 29-та седница на која беше усвоена Одлуката за измена и дополнување на Буџетот на општина Струмица за 2023 година. Неопходноста од овој ребаланс се јави поради доставените барања од буџетските корисници кои се финансираат со блок-дотации, донации и самофинансирање, за нивно непречено работење, како и со некои нови приоритети на граѓаните за кои е неопходно усогласување на донесените буџетски програми. ...