Немате премногу време, а сакате да јадете нешто благо? Овој рецепт е совршен за вас. Потребни состојки: 1 литар млеко (може да биде и растително) 170 грама шеќер 130 грама брашно 60 грама скроб 1 лажичка ванилин шеќер или екстракт од ванила 2 лажици путер (маргарин, кокосово масло) 100 грама печени кикирики или некои други јаткасти плодови 100 грама чоколадо за готвење кокосово брашно за декорирање Начин на подготовка: Турете го млекото во сад, ...

Потекнува од Африка, но калата расте и во други тропски подрачја. Ова растение цвета во различни бои, од бела до розова и бордо. Станува збор за цвет кој трае долго, дури и кога ќе се отсече, па затоа често е дел од цветните аранжмани, особено кога станува збор за свадби. Калата во вазна ќе го украсува вашиот дом со денови, но треба повремено да ѝ ги отсекувате врвовите. Фактот што ќе воодушеви многумина е дека калата се одгледува многу лесно. ...

Погледнете ја сликата, а тоа што ќе го видите прво открива што ве прави среќни во врската и кои аспекти ви се важни во љубовта. 1. Човек на брод Вие сте личност која работи напорно и е почитувана и ценета од секој што ја познава. Добро ги читате луѓето и знаете која верзија од себе треба да ја претставите ако сакате да привлечете нечии симпатии. Тоа е корисна вештина, но поради тоа, другите може да ве доживеат како еден вид загатка што никој не ...

Дозволете ѝ на вашата интуиција да ве води и изберете ја сликата што најмногу ве привлекува. Таа ќе ги открие вашата животна цел и вашата мисија. 1. Ако ве привлекува оваа слика, тогаш вашата животна мисија е поврзана со заздравување. Вие сте многу чувствителни и постојано имате потреба да се грижите за другите и да ги заштитувате од страдање. Со оваа мисија се поврзани професии како лекар, медицинска сестра или терапевт. Исто така, можеби сте ...

Ретроградното движење на Плутон започна на 27 април, а оваа планета е поврзана со моќта, авторитетот, егото и тајните. Во текот на следните шест месеци, некои од тајните што ги криете може да се појават одеднаш, а ова се работите што ќе излезат на површина кај секој хороскопски знак. Овен Дали сте таму каде што сакате да бидете? Можеби е време да го промените деловното опкружување. Бик Кои се вашите вистински должности и одговорности? Можеби ...

До 20 мај, за време на владеењето на Бикот, овие хороскопски знаци ги очекува исклучително убав период. Бик Сонцето е во вашиот знак и носи убави можности, а Меркур е во спој со Сонцето, што ви дава енергија да се посветите на исполнувањето на љубовните желби. На почетокот на мај, Меркур и Венера влегуваат во Близнаци и ќе ви помогнат да ги решите проблемите што ги одложувате, но и да ја шармирате личноста за која размислувате долго време. ...

Колку и да мислиме дека емоциите и љубовта треба да бидат едноставни, сите знаеме дека не е така. Сепак, не се сите луѓе исти и некои се навистина покомплицирани од други. Но, најлесно е да се заљубите во личност родена во овие 4 хороскопски знаци. Бик Пријатно е да се биде во врска со Бик токму затоа што тие се многу лојални, не играат игри и отворено ги покажуваат своите емоции. Финансиската стабилност е исклучително важна за нив и најважно ...

Младата месечина во Бик нè чека на 11 мај и ја започнува сезоната на затемнување. Младата месечина претставува нов почеток, но исто така бара од нас да се повлечеме и да размислиме малку за следните чекори што треба да ги направиме. Ќе започнете да се грижите повеќе за себе, за вашите потреби и амбиции, но нема да бидете склони да ја контролирате својата енергија, ќе дозволите да тече и да отвори нови хоризонти. Младата месечина нè подготвува ...

Плутон е планета што ја контролира вашата потсвест и има многу силно влијание врз вас, особено врз љубовните врски. Кога е во ретроградно движење, негативното влијание е уште посилно. Ретроградното движење на Плутон започнува денес и ќе трае до 10 јуни, што значи дека до израз доаѓа темната страна на вашите сексуални желби. Страста ќе биде во преден план, истакнувајќи ги особините од кои најмногу се срамите. Оние кои се веќе во врска мора да ...

Правењето украсни јајца од конец или волна може да биде многу забавно. Потребни материјали: неколку балони волна во разни бои течен лепак брашно сад за мешање штипки игла Во садот за мешање ставете околу половина чаша брашно и една чаша течен лепак и промешајте. Потопете го конецот во круг во смесата и надујте ги балоните. Земете го крајот на конецот од садот со лепак и завиткајте го балонот. Закачете ги балоните со штипки за сушење за да се ...

Нема потреба да ги убедувате љубителите на зелената боја во нејзината единственост и разновидност. Зелената е симбол на природата, на нејзино обновување и растење, а исто така е познато дека глетката на зелените нијанси создава чувство на смиреност. Меѓутоа, жените се плашат да ја носат зелената боја, пред сè, затоа што сметаат дека избраната нијанса нема да одговара на бојата на нивната кожа или веруваат дека е тешко да се комбинира. Сепак, ...

Бојата на очите се менува сè додека не наполниме 3 години. Сепак, невозможно е очите на човекот да бидат во црна боја. Нашите очи едноставно изгледаат црни поради осветлувањето или поради рефлексија на облеката што ја носиме. Во продолжение ќе откриете зошто луѓето со природно црни очи постојат само во приказните. Нашите гени не го дозволуваат тоа Постојат околу 16 различни гени кои се одговорни за бојата на очите. Два од овие гени се главни ...

Tенка e линијaта помеѓу најдобриот пролетен деликатес и храната што никој нема да ја јаде затоа што не сте го исчистиле или не сте го подготвиле добро аспарагусот. Во продолжение прочитајте кои грешки треба да ги избегнувате ако сакате да подготвите вкусно јадење со аспарагус. Не го чистите правилно аспарагусот Цврстиот дел од аспарагусот не се јаде, а ако се обидете да го подготвите овој зеленчук без соодветно чистење, ќе добиете јадење што не ...

Балконот со цвеќиња е најубавиот украс на домот, а пред да започнете да ги садите, треба да знаете кои цвеќиња одговараат на вашиот балкон. Ако на вашиот балкон преовладува сенка, изберете ги следниве растенија: 1. Фуксија Ова растение треба да се прихранува на секои 14 дена со наводнување со раствор од ѓубриво. Цветовите се многу нежни, па затоа не треба да го преместувате ова растение. Се одгледува во саксии, а во лето се изнесува во ...

Супермесечина е полна месечина која е најблиску до Земјата и таа е симбол на ново раѓање, откривање на вистината и преиспитување на емоциите. Сега е време да се запрашате што треба да пуштите за среќата да се врати во вашиот живот. Влијанието на розовата супермесечина на 27 април ќе биде интензивно и ќе донесе турбуленции, но овие 3 хороскопски знаци ги очекуваат голема среќа и многу промени. Бик Оваа полна месечина ќе има најмногу влијание врз ...

Полната месечина е еден од најинтензивните астролошки моменти, а оваа ќе биде особено моќна. Розовата супермесечина во Скорпија, на 27 април, носи силни емоции и трансформациски искуства. Ќе влијае на вашите емоции, мистериозни тајни и најдлабоки желби, а најлошо влијание ќе има врз овие 3 хороскопски знаци: Овен Супермесечината ќе донесе предизвици на полето на вашите односи. Во љубовта ве очекува откривање на некои тајни, а некои токсични и ...

На овој свет постојат многу убави работи, но очите на фотографот може да ни покажат нови агли на светските чуда. Јапонскиот фотограф Рјосуке Косуге преку својот апарат ги покажува едноставноста, симетријата и елеганцијата на Азија, а фотографиите во продолжение ќе ве воодушеват. За повеќе фотографии продолжете на следната страница… Име Имејл Pages: ...

Ако барате совршен десерт за празниците, ова е идеалниот рецепт за вас. Потребни состојки: 2 јајца прстофат сол 100 гр кристален шеќер 1 ванилин шеќер 2 лажици стопен путер 4 лажици павлака 200 гр брашно 1 прашок за печиво 2 лажици гриз Состојки за полнење: кајсии од компот 200 мл шлаг Начин на подготовка: Измешајте ги белките со малку сол. Потоа додајте ги шеќерот и ванилиниот шеќер и продолжете да мешате. Додајте ги путерот, павлаката и ...

Време е конечно да ги приберете зимските палта и џемпери и да ја прегрнете пролетта! Оваа сезона, модните дизајнери советуваат да носите повеќе додатоци, привлечни парчиња облека и да се потсетите на некои одамна заборавени стилови и дезени, а еве кои ќе бидат во тренд оваа пролет: Зебра принт View this post on Instagram A post shared by kels | content creator (@kelseyrmizon) Можеби е во модниот свет со години, но тоа е ...

Со употребата на модерните уреди стануваме мрзеливи, а телото ни кажува дека е време да се грижиме за себе. Во продолжение ќе откриете како да ги дешифрирате сигналите на вашето тело во обид да ви го направи животот малку полесен и поздрав. 1. Очите ви се подуени Седечкиот начин на живот е еден од главните предизвикувачи на задржување на водата. Подуените очи се појавуваат поради продолжени периоди на престој во хоризонтална положба, а јогата ...

Станува збор за фотографија во која има различни часовници, меѓу кои е скриен веренички прстен. Ако сè уште не сте го пронашле прстенот, погледнете го решението. Обидете се да ја решите и оваа стара загатка со скршена вазна која и ден-денес ги збунува луѓето. Име Имејл ...

Сигурно знаете дека медитацијата е еден од најдобрите методи за справување со стресот. Со секојдневното забрзано темпо, секој бара некаков начин да се опушти и да остане здрав. А, медитацијата служи токму за тоа. Започнете со некоја медитација што трае една минута, тоа е доволно време да забавите, да дишете правилно и да ги насочите мозокот и мислите кон нешто друго. 1. Основна медитација за дишење: ставете ја едната рака на градите, а другата ...

Највисоката камена кула на светот изгледа како точка во Тасманското Море, кое е границата на Тихиот Океан помеѓу источниот брег на Австралија и островот Тасманија на запад и Нов Зеланд, Норфолк и Нова Каледонија на исток. Со своите 562 метри кои се издигнуваат од синилото, Баловата пирамида изгледа како да ги допира облаците. Речиси е двојно поголема од Ајфеловата кула и се наоѓа на околу 700 километри североисточно од Сиднеј. Пирамидата е ...

Оваа модна сезона, боите се враќаат на модната сцена. Трендовите кои ги најавуваат дизајнерите, модните блогерки и инфлуенсерките вклучуваат мноштво светли бои, па дури и нивна меѓусебна комбинација. Станува збор за светла розова, жолта, зелена, виолетова и портокалова боја, но и за нивните малку понежни и пастелни варијанти. Овие бои изгледаат многу живописно и привлечно на летните костуми, сакоа и панталони и пожелно е да ги комбинирате ...

Мелено месо, бешамел сос и тестенини е сè што ви треба за овој вкусен оброк. Потребни состојки: 350 грама мелено говедско месо 150 грама мелено свинско месо 400 грама тестенини 400 грама доматно пире 1 кромид 1 лажица концентрат од домати сол, бибер пармезан За бешамел сос: 60 грама путер 60 грама брашно 700 мл млеко морско оревче сол, бибер Начин на подготовка: 1. Ставете ги тестенините да се варат и извадете ги 1-2 минути пред да омекнат. 2. ...

Копривата е одлична за здравјето, а лекарите често го препорачуваат чајот од ова растение. Позната е по своите корисни својства за организмот, но дали знаевте дека е одлична и за прихрана на други растенија? Можете да направите домашно ѓубриво од коприва, што ќе го забрза растот на растенијата, но и ќе ги заштити од штетници бидејќи е природен инсектицид. Ова еколошки подготвено ѓубриво ќе ги зајакне растенијата, така што ќе бидат поздрави и ...

Љубителите на сукуленти секогаш се радуваат кога ќе додадат некои нови примероци во својата колекција, а оној што ќе се истакне со својот уникатен изглед се нарекува Haworthia cooperi или проѕирен или дијамантски сукулент. Овој сукулент потекнува од Јужна Африка. Има ситни, месести лисја кои растат во розети и се делумно проѕирни, а тоа му дава уникатен изглед на растението. Токму поради изгледот на лисјата се нарекува дијамантски сукулент, а ...

Се подготвува лесно и прилично брзо. Потребни состојки: За кората: 3 јајца 125 грама брашно 125 грама шеќер 50 грама какао 8 грама прашок за печиво 30 грама стопен путер 20 мл сируп од карамела За кремот: 5 белки 300 грама шеќер во прав 15 грама желатин 20 грама какао За глазура: 100 грама чоколадо 70 грама путер Начин на подготовка: Изматете ги јајцата и шеќерот, додајте ги стопениот путер, брашното, какаото и прашокот за печиво и измешајте сè ...

Сакото одамна ја напушти деловната рамка и стана составен дел од уличната мода, а нема жена на која не ѝ се допаѓа ова парче облека. Може да се носи на повеќе начини, како дел од неформален, но и малку поформален стајлинг. Во моментов, најпопуларни се оние модели со големи рамена, но и оние изработени од кожа. Правилото да се носи исклучиво во комбинација со елегантни чевли и свечени парчиња облека веќе не важи. Сакото може да се комбинира со ...

Денот на планетата Земја е одличен потсетник за тоа која храна е добра кога станува збор за зачувување на животната средина. По тој повод, важно е да бидете свесни што јадете и какво влијание има врз вашето здравје и врз околината. Здравјето на поединецот е важен предуслов за здравјето на целото општество, а тоа се постигнува со правилна потрошувачка на храната, а овие 5 намирници ја поттикнуваат заштитата на животната средина. 1. Алги Алгите ...

weather icon

Скопје

0ᴼ / 0ᴼ
0.51
80%
1034
weather icon

Белград

-1ᴼ / -2ᴼ
2.06
93%
1035
weather icon

Загреб

0ᴼ / -1ᴼ
0.51
77%
1035
weather icon

Софија

-2ᴼ / -3ᴼ
2.06
89%
1034
weather icon

Сараево

2ᴼ / 2ᴼ
2.28
64%
1032
weather icon

Љубљана

-1ᴼ / -2ᴼ
1.54
87%
1034
weather icon

Атина

11ᴼ / 8ᴼ
2.68
69%
1028
weather icon

Тирана

6ᴼ / 6ᴼ
2.06
65%
1026
weather icon

Подгорица

3ᴼ / 3ᴼ
0.0
81%
1028
weather icon

Букурешт

3ᴼ / 1ᴼ
4.12
69%
1031
weather icon

Будимпешта

0ᴼ / 0ᴼ
1.03
90%
1034
weather icon

Истанбул

4ᴼ / 4ᴼ
0.0
87%
1030
Currency

61.53

Currency

59.7076

Currency

72.8354

Currency

36.971

Currency

41.2047

Currency

65.2769

Currency

8.15121

Currency

0.58454

Currency

0.38197

Currency

0.52546

Currency

1.68497

Currency

0.68965

Иридиум

133440 $

Алуминиум

2 $

Кобалт

450 $

Никел

503585 $

Рутениум

14887 $

Калај

29 $

Сребро

973 $

Злато

86911 $

Бакар

8 $

Паладиум

30160 $

Платина

30609 $

Цинк

90795 $