Полната месечина и целосното затемнување ќе се случат на 26 мај, а тоа најмногу ќе влијае врз Стрелците, Близнаците, Рибите и Девиците. Овен Ова затемнување се случува во вашата деветта куќа, што ја рефлектира третата, па ве очекуваат некои настани ако патувате или учите нешто ново. Можни се некои компликации при патување, немири и расправии. Избегнете ги сите форми на конфликт и патувања и не расправајте се со семејството, со партнерот и со ...

Овошјето што го купувате може да биде полно со бактерии, па затоа треба да го измиете добро пред да го јадете. Најпрво, пред да го земете овошјето во вашите раце, измијте ги. Нема смисла да го измиете овошјето, ако повторно ги пренесете на него бактериите што се на вашите раце. Потоа следува миењето на овошјето. Нежно тријте го овошјето под млаз вода, а можете да користите и чист сунѓер на кој нема да нанесете детергент. Дури и излупените ...

Ако работите канцелариска работа, тогаш многу добро знаете што значи болка во нозете и грбот. Сепак, постои уште еден проблем со кој се соочуваат луѓето кои вршат ваков вид работа: болка во рацете и зглобовите, како резултат на седечкиот начин на живот. Се разбира, оваа болка не е резервирана само за луѓе кои вршат ваква работа, туку ги погодува луѓето од сите возрасти и малкумина не ја почувствувале. Но, честата употреба на тастатура и мобилен ...

Тиквичките се враќаат во нашето мени, па искористете го изобилството на овој нискокалоричен зеленчук и направете вкусно рижото. Потребни состојки: 300 грама свежи тиквички 200 грама арборио ориз 50 грама рендан пармезан 50 грама путер 2 лажици милерам 2 чешниња лук 2 гранчиња мајчина душица или некој друг зачин 1 лимон 1 кромид 1 коцка од зеленчук сол и бибер по желба Начин на подготовка: 1. Растопете го путерот на ниска температура и измешајте ...

Дали некогаш сте чуле за литопи? Тоа е необичен род џуџести растенија кои потекнуваат од јужна и југозападна Африка. Се претпоставува дека има 37 вида литопи и околу 145 сорти, а изгледаат како украсни камчиња. Ова е причината зошто тие често се нарекуваат живи карпи или цветни камен. Името потекнува од грчкиот збор lithops што значи „слично на камен“. Овие кактуси навистина изгледаат како камења, што претставува еволутивна адаптација на ...

Повеќето зачини се свежи кратко време, но постојат трикови што ќе ви помогнат да ги користите многу подолго. Постои разлика помеѓу начинот на одржување на тврдите и на меките зачини. Свежите зачини им даваат богата ароми и вкус на вашите јадења, но нивниот екстремно краток животен век често ги мами и најискусните готвачи, па се сушат уште пред да ги искористите. Но, не е исто со сите зачини. Тврдите зачини (со дрвени дршки), како мајчина душица ...

Иако некои тврдат дека најважната модна сезона е есента поради парчињата облека како што се блејзери од твид, џемпери од кашмир и гломазни чизми, не можете да не го обожавате стилот што го носи пролетта. Овие модни предлози ќе ве инспирираат да создадете модерни комбинации. 1. XL фустан и машки сандали View this post on Instagram A post shared by Jessie Bush (@wethepeoplestyle) 2. Плетен џемпер над фустан View this post ...

Без оглед на тоа колку уживате во тренингот, понекогаш се случува вежбањето да ги доведе во прашање вашите физички и ментални граници. Но, во тоа може да ви помогне добрата песна, која ќе го разгори вашето тело и ќе ви помогне многу брзо да се потсетите зошто толку многу сакате пилатес, јога, трчање или танцување. Повеќето луѓе кога бараат плејлисти за вежбање сметаат дека е важно да имаат побрз и повторувачки ритам, но вистинската песна е ...

Кешкул е еден од традиционалните десерти на турската кујна – лесен млечен пудинг со бадеми и кокос, што обично се служи со рендан кокос или ф’стаци. Потребни состојки: 1 литар млеко 80 грама брашно од ориз 200 грама шеќер 3 лажици рендан кокос 3 лажици мелени бадеми Начин на подготовка: 1. Загрејте го млекото да биде млако. Измешајте ги сувите состојки и турете доволно млеко за лесно да можете да ја измешате смесата и да стане мазна. Оставете ...

Повеќето од нас немаат време или волја да прават комплицирани фризури дома, но, за среќа, постои решение за оние кои сакаат модерна фризура што се прави брзо. View this post on Instagram A post shared by Claire Rose Cliteur (@clairerose) Станува збор за т.н. плетенки меурчиња кои се голем хит оваа сезона. Сè што ви треба е малку подолга коса и неколку стегачи за коса. Иако плетенките можеби изгледаат како да се навистина ...

Познатиот готвач Џејми Оливер има многу вкусни и здрави рецепти, а овие зелени палачинки се идеални за сите оние кои сакаат вкусен и здрав оброк. Потребни состојки: 1 авокадо 350 грама чери домати 100 грама спанаќ 3 главици млад кромид 15 грама свеж коријандер 1 лимета (или лимон) маслиново масло 1 јајце 100 грама брашно 250 мл млеко 300 грама сирење морска сол, бибер Начин на подготовка: Излупете го авокадото и исечкајте го на мали парчиња. ...

Ретроградниот Меркур во Близнаци нè очекува на 30 мај, а влегува во својата предретроградна зона на 14 мај и ќе остане во таа фаза до 23 јуни. Ни носи многу пречки во комуникацијата и предизвици на повеќе полиња. Еве што го очекува секој хороскопски знак: Овен Со текот на времето, ретроградниот Меркур ќе ја открие вашата мудра страна. Ги гледате работите околу вас такви какви што се. Почнувате да се занимавате со нешто големо и важно, но ќе ...

Погледнете ги сликите, изберете ја онаа што ве привлекува најмногу и откријте кои настани ве очекуваат во блиска иднина. 1. Понекогаш животот ни носи пријатни промени. Не плашете се и соберете ја целата своја сила. Бидете позитивни. Не плашете се да ја затворите вратата и храбро да преминете на следната за да откриете нешто ново и да ги постигнете своите цели. Запомнете дека стравот никогаш не е најдобриот советник. Ако сакате да направите ...

Виножитото е спектакуларен природен феномен, а едно од местата во светот каде што има многу голема веројатност да го видите е Хаваи. Покрај тоа што е многу честа глетка на небото таму, виножитото на Хаваите е неразделно од културата и традицијата. Во хавајската митологија, виножитото е симбол на трансформација и на патот што ја поврзува Земјата со небото. Научниците сметаат дека виножитото на Хаваи е спектакуларно поради екстремно чистиот ...

Младата месечина пристигнува ноќта помеѓу 11-ти и 12-ти мај и ќе биде во знакот на Бик. Астролозите најавуваат претежно мирен и позитивен период, а на Бикот ќе му донесе најмногу среќа. Овен Оваа млада месечина ќе има влијание врз полето што е поврзано со имотот, финансиите, храната и многу други материјални вредности. Сега е вистинско време да инвестирате во бизнис или да започнете нова работа. Бик Младата месечина ќе има влијание врз вашето ...

Луѓето сè повеќе претпочитаат кафеава како основна боја во ентериерот, а дизајнерите велат дека оваа боја носи топлина и удобност во собата. Луѓето бараат малку повеќе топлина во своите простори, но сакаат неутрални бои, а кафената боја остава впечаток на мекост и неутралност. Дизајнерката Меги Грифин верува дека промената кон потопли бои е одговор на презаситеноста со белата и со сивата боја, како и на дополнителното време поминато дома во ...

Црните кујни веќе некое време се тренд во уредувањето на домот. Станува збор за елегантен и модерен, дури и смел тренд, но не е по сечиј вкус. Сепак, би можеле да ја обожавате црната боја во кујната ако се одлучите за црно-бела комбинација што изгледа навистина убаво и лесно се вклопува во секој животен простор. Со малку црна боја, дури и најобичната бела кујна ќе изгледа поинаку и интересно. Најчесто може да видите комбинација од бели елементи ...

Кокосовиот поток е неверојатно место што со право се нарекува светска престолнина на пеперутките. Токму таму, на јужниот брег на Флорида и на еден час од центарот на Мајами, се наоѓа нереално убавиот парк познат како Светот на пеперутките. Таму има шест различни градини, водопади, фонтани и езерца, два музеи, зоолошка градина со инсекти, лабораторија и, секако, дури 20 000 пеперутки (80 видови) од целиот свет. Ова го направи овој парк ...

Рускиот астролог Галина Јанко предвидува дека овие 3 хороскопски знаци ги очекуваат големи промени на полето на љубовта и интересни средби и познанства. Постои голема шанса тие да се сретнат со својата сродна душа. Близнаци Животот што го посакувате ви е на дофат на раката. Во меѓувреме, треба да ги средите мислите и да се фокусирате за да се остварат вашите соништа. Ѕвездите ви го привлекуваат вниманието за да се ослободите од товарот на ...

Периодот што е пред нас ќе биде многу предизвикувачки за овие 3 хороскопски знаци. Рускиот астролог Павел Глоба предвидува дека следните месеци ќе им бидат исполнети со проблеми. Проверете дали припаѓате на оваа група или сепак ќе имате повеќе среќа ова лето. Риби Личностите родени во хороскопскиот знак Риби ќе мора да се соочат со „суровата реалност“. Тие треба да ги симнат розовите очила и да бидат многу повнимателни, во спротивно луѓето кои ...

Сезоната на јагоди може да се искористи за правење домашен ликер што можете да го пиете во добро друштво или додека се релаксирате. Потребни состојки: 1 килограм јагоди 400 грама шеќер 1 литар вотка 100 милилитри рум Начин на подготовка: Измијте ги јагодите и отстранете ги дршките. Потоа изгмечете ги, посипете ги со шеќер и оставете ги да стојат покриени 12 часа. Потоа, ставете ги јагодите во поголема тегла или во шише за вино и турете ги ...

Иако балетанките не беа прв избор во изминатите неколку години, оваа година тие се апсолутен хит. Тие се вратија на модната сцена и лесно ќе се вклопат во сите ваши комбинации. Балетнаките имаат класичен дизајн и се совршен избор за комбинација со фармерки со должина до глуждот, со кратки панталони, но и со раскроени миди фустани. Еве неколку идеи како да ги носите оваа пролет и ова лето. View this post on Instagram A post ...

Ниту еден тренинг нема да направи чудо преку ноќ, но со овие вежби ќе ги согорите масните наслаги од стомакот и ќе изградите мускули. Стомакот е главниот кошмар на многу жени, а покрај тоа што не изгледаат убаво и привлечно, масните наслаги може да бидат штетни за здравјето. Сепак, постојат насочени и ефективни вежби што ќе ги зајакнат вашите стомачни мускули. Ова е местото каде што се таложи најголемиот вишок мрснотии, поради што е потребно ...

Дури и најголемите обожаватели на петунија можеби не знаеле дека постои и црна петунија, исто така наречена кадифена петунија или црна плишена петунија. Ливчињата од овој уникатен и елегантен цвет изгледаат како да се изработени од најубавo кадифе, но покрај меката страна на црната петунија, тие имаат и една „поостра“ страна – на стеблата имаат лепливи влакна што „фаќаат“ мали инсекти. На овој начин, црните петунии се хранат со апсорбирање ...

Менструалниот циклус не го опфаќа само периодот на менструација, туку се состои од четири различни фази: менструација, фоликуларна фаза, овулација и лутеинска фаза. Во секоја фаза се случуваат различни промени, а секоја фаза треба да се разгледа во рок од една недела. Две недели преовладува високо ниво на енергија (фоликуларна и овулациска фаза) и две недели ниско ниво на енергија (лутенска фаза и менструација). Ова е важно за да го сфатите ...

Лесно се подготвува и може да го јадете за појадок, за вечера или за ужина. Потребни состојки: 1/2 кромид 2 јајца 240 гр туна 100 гр путер малку сенф сол, бибер, сок од лимон, ворчестер сос Начин на подготовка: Исечкајте го кромидот ситно. Изматете го путерот и изматете ги варените јајца и туната во блендер. Во путерот измешајте ги исечканиот кромид, јајцата и туната. Додајте сенф, сол, бибер, сос и малку сок од лимон. Измешајте сè добро и ...

Конечно доаѓа потопло време, а тоа значи дека ќе останете на сонце подолго време. Веќе знаете дека треба да ја заштитите кожата со нанесување крем за сончање со висок заштитен фактор, но не заборавајте дека и на вашите очи им е потребна заштита. УВ-зрачењето, без оглед дали е од природна сончева светлина или од внатрешни вештачки зраци, може да ја оштети површината на окото, како и рожницата и леќите. За жал, многу луѓе не се свесни за ...

Одредени парчиња облека ја издолжуваат вашата фигурата, како и еден модел на чевли и одреден накит, а подолу откријте кои се десетте најфотогенични парчиња облека. Тесен џемпер Панталони со широки ногавици Миди здолниште Потпетици во месо боја со ремчиња Кошула со јака Впечатливи обетки Блуза или фустан со голи рамена Панталони со вовлечена маичка Тесно сако Откопчано палто Погледнете ги овие 5 модни трикови што ги знае секоја ...

Сезоната пред нас ќе ја одбележат разиграни бои и интересни модели, но и враќањето на трендовите од 90-тите години. 1. Основни парчиња облека View this post on Instagram A post shared by Inspi by loan (@inspi.by.loan) Поради пандемијата, дизајнерите почнаа да создаваат парчиња облека што не се само за една сезона, туку што ќе траат со години и никогаш нема да излезат од мода. Така, блејзерите, кошулите, палтата и елегантните ...

Иако звучи нереално, среќата навистина може да се постигне. Како изгледа „барањето среќа“ во реалниот живот? Што можете да направите за да станете вистински среќни? 1. Редефинирајте го значењето на среќата Првиот чекор е да препознаете што значи среќата за вас. Таа не значи секогаш позитивност и многу е важно да знаете како да го прифатите тоа. Обидете се да ја редефинирате среќата како чувство на мир и ваше внатрешно чувство на прифаќање. ...

weather icon

Скопје

0ᴼ / 0ᴼ
0.51
80%
1034
weather icon

Белград

-1ᴼ / -2ᴼ
2.06
93%
1035
weather icon

Загреб

0ᴼ / -1ᴼ
0.51
77%
1035
weather icon

Софија

-2ᴼ / -3ᴼ
1.54
89%
1034
weather icon

Сараево

2ᴼ / 2ᴼ
2.28
64%
1032
weather icon

Љубљана

-1ᴼ / -2ᴼ
1.03
87%
1034
weather icon

Атина

11ᴼ / 8ᴼ
3.58
68%
1028
weather icon

Тирана

6ᴼ / 6ᴼ
2.06
65%
1026
weather icon

Подгорица

3ᴼ / 3ᴼ
1.54
81%
1028
weather icon

Букурешт

3ᴼ / 1ᴼ
4.12
69%
1031
weather icon

Будимпешта

0ᴼ / 0ᴼ
1.03
90%
1034
weather icon

Истанбул

4ᴼ / 4ᴼ
0.0
87%
1030
Currency

61.53

Currency

59.7076

Currency

72.8354

Currency

36.971

Currency

41.2047

Currency

65.2769

Currency

8.15121

Currency

0.58454

Currency

0.38197

Currency

0.52546

Currency

1.68497

Currency

0.68965

Иридиум

133440 $

Алуминиум

2 $

Кобалт

450 $

Никел

503585 $

Рутениум

14887 $

Калај

29 $

Сребро

973 $

Злато

86911 $

Бакар

8 $

Паладиум

30160 $

Платина

30609 $

Цинк

90795 $