Од 15 до 16 февруари се најавува порамнување на Венера и Марс во знакот на Јарец. Покрај тоа, на овој ден нè очекува и полна Месечина во Лав која ќе придонесе за активирањето на голема космичка сила. Од друга страна, оваа енергија ќе ни помогне да се ослободиме од невидливите окови и да се поврземе со нашето автентично „јас“. Во митологијата, Венера се смета за божица на љубовта, а Марс за бог на воините, па така кога овие ...

Како ќе ви бидат наклонети ѕвездите во март? Прочитајте во продолжение. Овен Март ќе ви биде најуспешниот месец во целата 2022 година бидејќи ѕвездите ќе придонесат за вашиот духовен и кариерен развој. Не заборавајте дека имате сила да ги надминете сите пречки, доволно е да продолжите со позитивното расположение. Во поглед на здравјето, можни се стомачни проблеми па затоа не оптоварувајте го телото со тешка храна и алкохол. Не пропуштајте ги ...

Полната Месечина во знакот Лав на 16 февруари ќе ни донесе важна мисија, а тоа е да откриеме која е нашата судбина и како да се избориме за она што го посакуваме. Во овој период, месечевата енергија ќе ни помогне да сфатиме дека нашата среќа не е недостижна бидејќи се наоѓа во нас самите! Токму оваа енергија ќе нè насочи кон нашата најважна цел поврзана со нашата кариера. Во овој период ќе можеме подобро да го организираме времето, ќе ...

Опра Винфри е една од најмоќните жени во светот со оглед на нејзините многубројни успеси и достигнувања. Во продолжение прочитајте ги нејзините најинспиративни цитати. „Нека вашите рани ве направат помудри.“ „Причината поради која успеав да бидам успешна на финансиски план е дека никогаш, ниту за миг не ми беа во фокусот парите.“ „Ако сè уште не сте откриле која е вашата страст во животот, тогаш сфатете дека ...

Дали знаевте дека витаминот Д не само што е добар за коските, туку и за нашето целокупно здравје? Во продолжение откријте ги неговите здравствени придобивки. 1. Ја одржува мускулната сила Истражувањата покажале дека доволното количество на витамин Д во организмот е од клучно значење за одржување здрава мускулна маса во текот на животниот век. Витаминот Д не само што ја подобрува функцијата на скелетните мускули, туку и ја подобрува мускулната ...

Иако екстремниот замор може да се јави како резултат на одредена здравствена состојба, сепак тој може да биде поврзан и со мали, секојдневни аспекти. Во продолжение прочитајте ги кои се најчестите причини за замор и како да се справите со истите. 1. Стрес Сакале или не, стресот е дел од животот и е нешто што не можете целосно да го елиминирате. Сепак, не занемарувајте го фактот дека хроничниот стрес може да доведе до појава на физички и ...

Социјалната анксиозност може негативно да се одрази врз вашето секојдневие и да ви постави ограничувања кои пак можат да бидат пречка при остварување на вашите цели и идеи. Во продолжение прочитајте ја нашата листа со совети за справување со ова психолошко нарушување. Соочете се со вашите стравови Ова е еден од најчестите, но и најкорисните совети што можете да го добиете во врска со социјалната анксиозност или социјалната фобија. Доколку не се ...

Како што ви е добро познато, песто сосот е традиционален специјалитет кој потекнува од Италија. Најпознатото песто е pesto alla genovese, кое се состои од свеж босилек, рендан пармезан, пињоли, лимон, лук и маслиново масло. Сепак, поради високата цена на пињолите, овој зелен сос често се прави со бадеми или ореви. Наместо босилек пак, можете да користите магдонос. Доколку ги имате сите овие состојки при рака како и добар блендер, доволни ви се ...

Сите добро знаеме дека скапите креми за убавина, гелови и серуми не секогаш се најдобрата опција кога станува збор за одржување на младешкиот изглед, а да бидеме искрени, тие се скапи па дури и токсични за кожата и телото. Затоа решивме да ви споделиме совети за спречување на брчките кои се сосема здрави и нема да остават никакви штетни последици. Внесувајте здрави масти Дали знаевте дека еден од најдобрите начини да ја спречите појавата на ...

Дали за неколку години ќе можеме да поминеме толкаво растојание за толку кратко време? Според кинеската компанија, Space Transportation, ова ќе биде можно во блиска иднина! Имено, според веб-порталот news.com.au, кинеската компанија го претставила планот за изградба на хиперсоничен авион кој би можел да ја помине рутата од Пекинг до Њујорк во времетраење од само еден час. Авионот претставува еден вид „ракета со крила“ и е дизајниран ...

Дали во последно време чувствувате дека е време за промена во вашиот живот, но не знаете од каде да започнете? Можеби некоја од овие книги ќе ви помогне да го најдете одговорот! 1. „Хипотеза на среќата“ од Џонатан Хајд Во оваа инспиративна книга, психологот Џонатан Хајд ги изнесува на виделина верувањата на предците и ги става под лупа на модерната наука. Книгата исто така нуди практични совети за среќата и нејзиното значење и како ...

Прочитајте ги астролошките предвидувања за секој хороскопски знак одделно. Овен Оваа недела конјукцијата на Марс со Јупитер ќе влијае поволно врз вашиот финансиски сектор, како и секторот поврзан со вашата кариера. Тоа може да значи зголемување на платата, но и можност да преминете на повисока работна позиција. Ова е една од вашите најдобри шанси за напредок оваа година, па затоа искористете ги можностите кои ви се нудат во овој период. Бик ...

Младата Месечина во знакот Водолија на 1 февруари ни помогна да направиме промени во нашите животи. Сакаме повеќе време за дружење и повеќе слобода за остварување на своите лични цели. Ни требаат исто така, нови пријатели, не оние преку социјалните мрежи, туку некој кој ќе биде тука до нас, физички присутен. Доколку се чувствувате изолирано, најдете начин да се вклучите во активностите во кои отсекогаш сте сакале да учествувате. Оние кои се ...

Дали некогаш сте размислувале колку пати досега сте се заљубиле? Кога сте вљубени во некого мислата дека тоа нема да трае вечно, станува неподнослива. Но, сигурно досега сте почувствувале љубовно разочарување, или пак, вие сте биле причината за нечие скршено срце. Сепак, колку и да се чини бесмислен нашиот живот по раскинувањето, ние продолжуваме понатаму и одново се заљубуваме. Некои порано ја наоѓаат својата сродна душа, некои подоцна, но пред ...

Научниците откриле дека некои основни прехранбени производи кои ни се постојано на дофат, можат да го спречат растот на канцерогените клетки. Проверете за кои состојки станува збор. 1. Темно чоколадо Верувале или не, темното чоколадо може да го спречи растот на туморите. Тоа содржи голема количина на какао што може да го спречи оштетувањето на ДНК, но и да го намали активирањето на молекулите кои се неопходни за развој на ракот. Според едно ...

Планината Фуџи е симбол на јапонската нација. Нејзината конусна форма покриена со снег е добропозната слика што може честопати да се види во уметничките дела од укијо-е стилот (вид на јапонски дрворез). Јапонскиот уметник Кацушика Хокусај ја овековечил нејзината убавина во неговата збирка „Триесет и шест погледи на Фуџи“ каде се наоѓа и познатото дело „Големиот бран на Канагава“. Со висина од 3. 776,24 метри, Фуџи е ...

Сигурни сме дека многумина не би можеле да ѝ одолеат на комбинацијата од чоколадо и кафе, а покрај тоа, колачињата многу лесно се подготвуваат. Најтешкиот дел од целата подготовка ќе ви биде да почекате да се изладат колачињата пред да ги послужите. Потребни состојки: Начин на подготовка: 1. Загрејте ја рерната на 180 степени Целзиусови. 2. Во помал сад измешајте инстант кафе со две лажици млеко. Мешајте сè додека гранулите кафе целосно ...

Според астрологот Николас Аујула, 2022 ќе биде најнесреќната година за оние кои се родени во годината на Тигарот, додека родените во годината на Волот ќе уживаат во финансиска благосостојба и ќе постигнат голем успех во полето на љубовта. 2022 година ќе биде најнесреќна за луѓето родени во 1926, 1938, 1950, 1962, 1974, 1986, 1998, и 2010 година. Според познатиот астролог, 2022 година „ќе ви биде година на променлива среќа во љубовта, па ...

На сите нам ни е добро познато чувството што ни го пружат класичните љубовни приказни, кои се проткаени со доза на мистичност и романтика. Не само што ни даваат можност за миг да „ѕирнеме“ во некои минати времиња, туку можат и да нè поучат на важни работи за животот. Во продолжение прочитајте ја нашата листа на безвременски љубовни романи. „Гордост и предрасуда“ од Џејн Остин Еден од најпознатите романи на Остин, ...

Каков ќе биде вашиот ден зависи не само од надворешните околности туку и од вашите мисли и како вие реагирате на она што се случува околу вас. Сигурно досега многупати сте слушнале дека позитивниот став води до успех и ви помага полесно да се справите со секојдневните проблеми. Затоа, размислувајте позитивно и елиминирајте ги негативните мисли. Изберете ја сликата што најмногу ве привлекува. Таа чува порака за вас што ќе ја промени вашата ...

Малколм Икс е еден од најистакнатите водачи на движењето за граѓанските права во Америка. Се борел против расизмот рамо до рамо со Мартин Лутер Кинг иако неговите стратегии биле малку поагресивни. Сепак, овие цитати покажуваат зошто тој зазема големо место во историјата на движењето за човекови права. „Јас сум за вистината, без разлика кој ја кажува. Јас сум за правдата, без разлика за кого или против кого е. Јас сум човечко суштество ...

Впечатливи на прв поглед, а сепак опасни – ова е нашата листа на озлогласени езера во светот. 1. Езеро Натрон Езерото Натрон се наоѓа во северниот дел на Танзанија и ако можеби се чини привлечно на прв поглед, сепак се работи за едно од најстрашните езера ширум светот. Водата е многу солена, па така сè што доаѓа во допир со неа може да се „скамени“, како некакво проклетство. Високото ниво на алкалност се должи токму на ...

Според астролозите, февруари ќе донесе многу позитивни промени. Ова ќе се случи благодарение на два многу важни астролошки настани кои ќе влијаат врз нашата судбина. Во февруари ќе заврши ретроградното движење за Венера, а Меркур ќе премине во соѕвездието Водолија – тоа значи дека февруари ќе биде најсреќен за оние хороскопски знаци во кои владее оваа планета. Близнаци Меркур во февруари ќе ви помогне да воспоставите нови деловни ...

За многумина Германци, изразот kalter hund или „ладно куче“, ги носи назад во нивното детство. Станува збор за популарен германски десерт за кој се потребни само неколку состојки, од кои основни се бисквитите и чоколадото. Можете да користите и обични бисквити, или со путер, а за финиот вкус на колачот ќе придонесе квалитетното чоколадо. Потребни состојки: Начин на подготовка: 1. Покријте го калапот за торти со алуминиумска фолија. ...

Ако баравте совети за поздрав живот, тогаш вие сте на вистинското место. Сигурни сме дека овие мали чекори ќе ви помогнат да се чувствувате подобро, како физички така и психички. Во продолжение прочитајте за кои здрави навики станува збор. Бидете активни додека гледате телевизија Наместо само да седите пред телевизорот, можете да го искористите времето и во чистење на домот. Сигурно ќе согорите многу повеќе калории доколку миете садови за време ...

И децата и животните му пристапуваат на светот со чувство на чудење и разиграност, што ги прави совршени другари за секакви авантури. Длабоката врска меѓу децата и животните може да биде извор на инспирација и за фотографите. Така, фотографката Робин Чавез Бразил во нејзината серија фотографии со нејзината ќерка Равен и нивното куче Џек, го доловува магичниот и слаткиот однос меѓу децата и милениците. Во секоја од фотографиите јасно може да се ...

Кога станува збор за египетските пирамиди, најпознати се трите пирамиди кои се наоѓаат во Гиза од кои најголема е Кеопсовата. Но, дали знаевте дека во Египет постојат околу 118 пирамиди? Во продолжение прочитајте повеќе информации за пет од нив. Џосерова пирамида Владетелот Џосер најверојатно бил основач на Третата династија, околу 2690 п.н.е.. Овој владетел го обединил цел Египет, а самиот тој сметал дека ова треба да се обележи со еден ...

Сигурно досега многупати сте слушнале за мача чајот. Но, дали знаете кои се неговите здравствени придобивки? Станува збор за зелен чај кој се одгледува во Јапонија и не подлежи на никаква термичка обработка, за разлика од конвенционалниот зелен чај. Во продолжение прочитајте зошто треба редовно да го консумирате. Ја спречува појавата на рак На сите нам ни е добро познато дека зелениот чај во голема мера го спречува ракот, но мача чајот е дури и ...

Во нумерологијата постојат т.н. „огледални“ датуми, а првиот од нив е токму денес, 2 февруари 2022 година. Се верува дека овие датуми се предвесници на промени во животот и можат значително да влијаат на судбината. Нумеролошката низа 2-2-2-2-2 ќе ве натера да ги преиспитате вашите вредности и вашиот живот воопшто. Некои ќе ги сфатат своите грешки кои ги направиле во минатото, некои ќе сфатат дека од самиот почеток се движеле во ...

Февруари ќе ни донесе интензивна енергија на која ќе биде лесно да ѝ се препуштиме, но некои од промените што ќе следуваат нема да бидат пријатни. Дел од хороскопските знаци ќе мора да се справат со препреки и тешки ситуации. Според астролозите, најризични денови се 8, 12, 16, 23 и 25 февруари. Кога ќе настапи бурата, најважно е да останете смирени и да ги контролирате своите емоции. Не грижете се за работите кои не се во ваша контрола и обидете ...

weather icon

Скопје

-1ᴼ / -1ᴼ
2.06
80%
1038
weather icon

Белград

-2ᴼ / -3ᴼ
1.54
86%
1040
weather icon

Загреб

0ᴼ / -1ᴼ
0.51
79%
1040
weather icon

Софија

-2ᴼ / -4ᴼ
3.6
92%
1038
weather icon

Сараево

0ᴼ / 0ᴼ
2.71
78%
1035
weather icon

Љубљана

0ᴼ / 0ᴼ
1.03
85%
1040
weather icon

Атина

10ᴼ / 8ᴼ
3.6
67%
1031
weather icon

Тирана

3ᴼ / 3ᴼ
1.54
81%
1029
weather icon

Подгорица

0ᴼ / 0ᴼ
2.06
93%
1032
weather icon

Букурешт

0ᴼ / -1ᴼ
3.6
70%
1034
weather icon

Будимпешта

1ᴼ / 0ᴼ
2.06
88%
1039
weather icon

Истанбул

2ᴼ / 1ᴼ
2.57
87%
1034
Currency

61.535

Currency

59.7585

Currency

72.8654

Currency

36.9644

Currency

41.3984

Currency

65.5548

Currency

8.161

Currency

0.58524

Currency

0.38414

Currency

0.52545

Currency

1.6816

Currency

0.69046

Иридиум

133440 $

Алуминиум

2 $

Кобалт

450 $

Никел

503585 $

Рутениум

14887 $

Калај

29 $

Сребро

973 $

Злато

86911 $

Бакар

8 $

Паладиум

30160 $

Платина

30609 $

Цинк

90795 $