
Скопје
28ᴼ /
28ᴼ



ВМРО-ДПМНЕ децидна, нема да учествува во работата на работната група. Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски рече дека власта го политизира процесот на уставни измени. Според него, без да се гарантираат 2/3 во Собранието во оваа прва фаза, работата на работната група е целосно неоснована. Коментирајќи го отфрлањето на хрватскиот модел од страна на властите, Мицкоски рече дека власта прва го споменала овој модел.. Од Алтернатива велат ...
„Тоа е уште еден доказ за безобразлукот на Владата на ДУИ подржана од малцинскиот партнер СДСМ. Посебно во месец на Рамазански пости, во месец на Велигденски пости, да излегува еден ваков тендер, една ваква јавна набавка, кога навистина луѓето треба се воздржат ако ништо друго. Бидејќи секако просечно, скромно македонско семејство без разлика дали станува збор за Македонци, Албанци, или останати, едвај кубури крај со крај да поврзи во месецот, а ...
Овен 21.3-20.4. Љубов Својата среќа во личниот живот ќе ја споделите со блиските луѓе. Можно е да повикате гости кои ги сакате. Кариера Што и да работите , денеска без грижа ќе може да се потпрете на некои колеги , како и тие на вас . Ви претстои убава соработка. Здравје и совет Вежбајте правилно дишење. Бик 21.4- 20.5. Љубов Фазата на уживање во љубовта ќе продолжи и денеска . Имате речиси се што можете да посакате. Кариера Одличен ден за сите ...
Во Скопје со повеќе настани денеска се одбележува 1 април – Денот на шегата. Вообичено, на овој ден дефилираат најмладите маскирани во суперхерои, принцези, ликови од цртани филмови. Најшарениот, најрадосниот и најзабавниот настан по повод 1 Април ќе се одржи денеска од 12 часот во Веро центар, каде што дечињата заедно со омилените ликови од „Светот на Биби“ на специјален начин ќе го одбележат Денот на шегата. На Априлијадата добредојдени се ...
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а во западните делови повремено засилен ветер од западен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 5, а максималната ќе достигне од 15 до 22 степена. Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и со слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 20 степени. За време на викендот, ...
Ден на македонското судство 1492.- Кралот Фернандо Петти Католички им дал на Евреите рок од три месеци да поминат во римокатоличка вера или да ја напуштат Шпанија. 1547.- Умрел францускиот крал Франсоа Први, кој со Болоњскиот конкордат во 1516 година обезбедил превласт на круната над римокатоличката црква во Франција. Од доаѓањето на престолот се обидел да стане римско-германски цар, што во 1519 година му успеало на неговиот ривал Карло Петти, ...
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и релативно топло. Ќе дува умерен до засилен, а во западните делови повремено силен (над 70 км/час) ветер од југозападен правец. Попладне наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, особено во источните делови. Од Управата за хидрометеоролошки работи информираат дека минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 10, а максималната ќе достигне од 16 до 22 степена. Во ...
1572.- Холанѓаните почнаа војна за независност од Шпанија. 1697.- Роден е францускиот писател Опат Прево, познат по романот „Манон Леско“, според кој Жил Масне и Ѓакомо Пучини напишаа опери. 1791.- Убиен е францускиот политичар и писател Оноре Габриел Виктор Рикети Мирабо. Дела: „Есеј за деспотизмот“, „За пруската монархија под Фридрих Велики“. 1809.- Роден е рускиот писател Николај Васиљевич Гогољ, татко на руската реалистична проза. Дела: ...
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а попладне со повремен локален дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 9, а максималната ќе достигне од 14 до 20 степени. Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди, а попладне со повремен дожд и услови за ретки грмежи. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 17 степени. Во ...
– Денеска е Меѓународен ден на книгата за деца 742.- Роден е францускиот цар Карло Велики, кој од доаѓањето на престолот во 768 година па се до смртта во 814 година, ја прекрои картата на Европа и ја прошири француската држава од Северно Море до Италија и од Антлатикот до Чешка. Папата Лав Трети во 800 година го круниса за римски цар. Тоа беше чин на трајни последици по историјата на Европа. 1724.- Роден е италијанскиот авантурист Џовани Џакопо ...
Барселона беше приморана да направи рефинансирања и комплетно да ја промени финасиската структура по доаѓањето на Жоан Лапорта на претседателската функција, но се чини дека најважниот потег од првиот човек на клубот следи во 2024-та година. Човекот кој доби втора етапа како предводник на каталонската гордост смета дека за еден врвен фудбалски проект е многу важен и модерен стадион, поради што реши да пронајде спонзори и средства за целосно ...
Кошаркарите на Реал Мадрид беа поразени со 90:104 во петокот вечерта на гостувањето кај белградски Партизан, кој значително ги подобри шансите за пласирање меѓу првите осум екипи кои ќе настапат во доигрувањето во Евролигата. Воедначениот тим на Жељко Обрадовиќ го предводеа Французинот Матијас Лесор и Американецот Кевин Пантер со по 16 коша, додека Австралиецот Дант Ексум додаде 15 коша. Најдобар стрелец на мечот беше Џенан Муса со 22 коша, а за ...
Макс Ферстапен извозе најбрз круг во квалификациите за Формула 1 трката во Австралија и само потврди дека повторно ќе биде главен фаворит за победа. За разлика од одличниот настап на актуелниот шампион, неговиот тимски колега Серхио Перез немаше среќа во Мелбурн, па откако излета во првата сесија, не се врати на патеката и ќе стартува од последната позиција. Квалификациите донесоа добар резултат и за возачите на Мерцедес, па Џорџ Расел и Луис ...
Томас Тухел сосема неочекувано го презема Баерн Минхен за време на клупската пауза поради репрезентативните обврски и го наследи Јулијан Нагелсман, а судбината посака својот прв меч како тренер на германскиот првак да го има против својот поранешен клуб. Денеска се игра големото дерби меѓу Баерн и Борусија Дортмунд на „Алијанц арена“, а во најавата за спектаклот кој се очекува, Тухел им открил на новинарите како ја минал првата недела во ...
Стратегот на Ливерпул, Јирген Клоп ги коментираше и плановите на клубот за следната сезона. Ливерпул има слаба сезона и како што стојат работите ќе остане со „празни раце“ и без ниту еден освоен трофеј во годината. Дека клубот мора да се менува е јасно, а тоа го потврди и самиот Клоп кој истакна дека дефинитивно ќе трошат на нови фудбалери следното лето. – Дали ќе потрошиме 100 милиони на еден играч? Никогаш не сме зборувале за тие работи, но ...
Чешката тенисерка Петра Квитова е победничка на турнирот од серијата Мастерс 1000 во Мајами, откако во финалето ја победи Елена Рибакина. Моментно 12-та тенисерка на ВТА ранг-листата до триумфот во финалето во два сета (7:6,6:2) дојде за 102 минути. Првиот сет беше решен во маратонскиот тај-брејк во кој беа одиграни дури 30 поени. И двете тенисерки имаа по пет сет топки, а Квитова беше тенисерката која ја искористи шансата и славеше со 16:14. ...
Пјер-Емерик Обамејанг неодамна го навлече гневот на навивачите и раководството на Челзи откако отиде да го гледа „Ел Класико“, а по завршувањето на натпреварот во соблекувалната на Барселона ја славеше победата со своите поранешни соиграчи. Челниците на Челси експресно решија да го раскинат договорот со Габонецот, но не онака како што тој се надеваше. „Сините“ ќе го пуштат Обамејанг да замине но не како слободен играч, што значи дека ќе му ...
Алкалоид приреди сензација во ракометниот плејоф на Македонија откако славеше со 22-21 над шампионот Вардар, нанесувајќи му го на актуелниот првак првиот овосезонски пораз на домашната сезона. Амбициозниот спортски проект предводен од селекторот Кире Лазаров блесна против најсилниот можен ривал, на моменти водеше и со „плус седум“, а младите ракометари покажаа потенцијал за да се вратат дури и кога се најдоа во негатива, на крајот стигнувајќи до ...
Англискиот премиерлигаш Лестер го отпушти менаџерот Брендан Роџерс. Клупските челници се надеваа дека перформансите на тимот ќе се подобрат и покажаа малку трпение, но тимот е во зоната за испаѓање на 10 кола до крајот на сезоната. Вчера „лисиците“ загубија со 1:2 на гостувањето кај Кристал Палас, што беше шести пораз во последните седум натпревари во сите натпреварувања. Роџерс пристигна во Лестер во 2019 година и го предводеше тимот до првиот ...
Њукасл на најдобар можен начин ја демонстрираше решеноста да влезе во Топ 4 во Премиер-лигата и да се пласира во ЛШ во наредната сезона откако „црно-белите“ славеа на денешното дерби со Манчестер Јунајтед. Тоа беше меч во кој Њукасл целосно доминираше во однос на „црвените ѓаволи“ и заслужено стигна до бодовите со кои сега е третопласиран, со ист број бодови како Јунајтед на четвртото место, а со „плус еден“ и натпревар помалку во однос на ...
Карим Бензема и неговиот хет трик за седум минути е главната тема во триумфот на Реал Мадрид на домашен терен од 6:0 против тимот на Ваљадолид. Она што требаше да биде рутински триумф на Мадрид се претвори во рапсодија во „бело“ која што само во првиот дел донесе водство на домашните од 4:0. Токму во тие моменти Родриго постигна гол за 1:0 во 22. минута, па следуваше Бензема шоуто. Французинот погоди во 29. 32. и 36. минута, за да во второто ...
Вработените во македонската филхармонија преку реакција до медиумите тврдат дека најновата одлука на владата Македонската Филхармонија да ја удоми институцијата НУ Оркестар за џез музика е тотално несоодветна и истата ќе направи повеќе штета отколку полза. „Го упатуваме писмово до вас со цел преку вас да ја информираме јавноста во врска со последиците кои ќе настанат како резултат на владината одлука за вдомување на новоформираната национална ...
Сообраќајниот инспектор на Грчките железници денеска е приведен поради железничката несреќа на 28 февруари во која во Темпи загинаа 57 лица, објави „Катимерини“. Инспекторот бил обвинет за нарушување на безбедноста во сообраќајот, поради што загинале патниците. Пред него беше уапсен и шефот на станицата во Лариса. По трагедијата, грчкиот премиер Киријакос Мицотакис закажа општи избори за 21 мај. Несреќата во која директно се судрија патнички и ...
„Сме биле држави, единствени кои немале граници. А сега, сме единствени кои сега имаат граници“, рече денеска македонскиот премиер Димитар Ковачевски одговарајќи на новинарско прашање на прес-конференција со српската премиерка, Ана Брнабиќ во Белград. „Нема поголема глупост од границите на Балканот. Ние значи ако излезете на север од овде на `Хорвош`, на само 200 километри од тука, граници нема до Скандинавија. А ако сакате да одите на Балканот, ...
На евентуален референдум за влез во Европска Унија, 44 отсто од граѓаните на Србија би гласале за членство, додека 42 проценти од испитаниците се изјасниле дека се против членството, покажуваат резултатите од истражувањето на јавното мислење спроведено од Центарот за истражување, транспарентност и одговорност (ЦРТА). Истражувањето спроведено на крајот на февруари и почетокот на март исто така покажа дека 43 отсто од испитаниците веруваат дека ...
Поднесено е обвинение против поранешниот американски претседател Доналд Трамп во судот во Менхетен. Ова ќе биде судска историска пресметка по долгогодишни истраги за неговите лични, политички и деловни зделки и како и по ненадејниот претрес во неговиот обид да ја врати Белата куќа. Обвинението не е објавено, но тоа произлегува од наводна исплата направена за време на претседателската кампања во 2016 година за да се премолчат тврдењата за ...
Годишната стапка на инфлација во еврозоната драстично падна во март, бидејќи падот на цените на енергијата го намали притисокот врз трошоците за живот во 20-те земји кои ја користат единствената валута, пренесува The Guardian. Во услови на знаци дека нагорниот притисок врз цените се намалува, статистичката агенција на ЕУ Еуростат соопшти дека вкупната стапка на инфлација падна од 8,5 отсто во февруари на 6,9 отсто овој месец. Падот беше поради ...
Поранешниот претседател Доналд Трамп се соочува со повеќе обвиненија за фалсификување деловни досиеја, вклучително и најмалку едно кривично дело, во обвинението изречено од големата порота на Менхетен, изјавија за Асошиетед прес две лица запознаени со ова прашање. Тој ќе биде формално уапсен и изведен во вторник за неговиот случај за премолчени пари, со што ќе се постави сцената за историскиот, шокантен момент кога поранешен претседател е ...
Поранешниот герилец и косовски претседател Хашим Тачи, херој меѓу своите сонародници за водењето на востанието против српската власт во 1998-99 година што на крајот доведе до независност на Косово, ќе се појави пред судот во Хаг во понеделник за наводни воени злосторства. Во ноември 2020 година, Специјалниот суд за воени злосторства на Косово, со седиште во Хаг, го обвини Тачи за воени злосторства и злосторства против човештвото. Тачи, ...
Просечните бруто трошоци за вработените во ЕУ за еден работен час во 2022 изнесувале 30,5 евра. Најниски трошоци за работната сила има во Бугарија и Романија, а највисоки во Луксембург. Работник во Бугарија за еден час работа добива 8,2 евра (бруто), во Романија 9,5 евра. Најскапи работни часови има во Луксембург 50,7 евра, Данска 46,8 евра и Белгија 43,5 евра, соопшти Евростат. Трошоците за работна сила по час во индустријата во ЕУ лани ...