
Скопје
19ᴼ /
19ᴼ



Министерството за внатрешни работи, во периодот од 11:00 до 17:00 часот, спроведе акциска контрола на територијата на државава за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 820 возачи. Од нив, како што информираат од МВР, 54 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а 12 возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволенота брзина. Притоа, ...
Жена загина на лице место во тешката сообраќајна несреќа која се случи вчера околу 14 часот на патот Битола – Ресен кај превојот Ѓавато во атарот на с.Ѓавато. Како што информира МВР, во несреќата учествувале автомобил „сеат“ со ресенски регистарски ознаки управувано од И.А.(57) од Ресен и „мерцедес” со ресенски регистарски ознаки управуван од С. Ј.(52) од Ресен. Во незгодата на лице место починала И.А.. Смртта ја констатирал доктор од итна ...
Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ свесно пласираат лаги, водејќи хајка против изградбата на кориодорите 8 и 10Д, најголемата инвестиција во инфраструктурата вредна 1,3 милијарди евра, вели СДСМ „Една од најголемите и најчести лаги им е лагата дека државата ќе плаќала пенали ако во Собранието не се донесе пакетот закони поврзани со изградба на коридорите. Бесрамно лажеа дека ќе се кршат работничките права на ангажираните работници за изградбата на ...
Ковачевски и Груби ја заглавија Македонија да плати 53 милиони евра еднократно и над 2 милиони секој месец, вели ВМРО-ДПМНЕ „Поминаа 45 дена од потпишување на договорот помеѓу владата и „Бехтел и Енка“, работа на терен нема, но затоа има обврска владата да исплати 53 милиони евра еднократно и над 2 милиони евра секој месец, затоа што потпиша договор со услови кои не може да се исполнат. Штета по буџетот заради Ковачевски и Груби кумулативно за ...
Групата од Иран и Русија, која ги правела лажните дојави за бомби во Македонија, е лоцирана, се работи на вештачење на материјалите по што ќе следува и поднесување кривични пријави, извести денес министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски. Повеќе детали за групата, за начинот на кој била лоцирана и кому сè му испратила закани за бомби министерот Спасовски најави по завршувањето на истрагата. „Имаме лоцирано една група. Во моментот се ...
Судот на честа при Лекарската комора на денешната седница oдлучи привремено да му ја одземе лиценцата за работа на д-р Ваљтон Дервиши во период од седум години. „Судот на честа при Лекарската комора на Република Северна Македонија на денешната седница донесе одлука за привремено одземање на лиценцата за работа на д-р Ваљтон Дервиши, специјалист анестезиолог, вработен во ЈЗУ Клиничка болница Тетово. Лиценцата за работа на докторот привремено се ...
Мемет Синани, член на Управен одбор на НФФ истакна дека оваа година имаат проблем со откупот на пченицата и на земјоделците им стојат околу 10.000 тони неоткупена пченица. Тој посочи дека цената е падната, меѓутоа, како што вели, и ова количина не се откупува. – Бараме помош од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Тоа значи да се забрани увоз на пченица за да може да се откупи нашата пченица. Другиот дел е за субвенциите. ...
Антикорупционерите се уште немаат увид во целосните документи за изградба на автопатите, иако отворија предмет за надзорот ден по потпишувањето на договорот со Бехтел и Енка и пред две недели ги побараа од Владата сите материјали. Претседателката на комисијата Билјана Ивановска во интервју вели дека им се потребни сите детали за да можат темелно да проверат дали во нив има нешто спорно, а иако се работи за доверлив материјал, членовите на ДКСК ...
Вчера попладне околу 13 часот и 40 минути, на наплатна станица Гостивар, полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар ја лишиле од слобода 34-годишната со иницијали Е.Х. од Република Албанија, која се однесувала агресивно кон полициски службеници кои преземале службени дејствија, но и поради сомнение за нерегулиран престој на подрачјето. Таа е задржана во Полициската станица Гостивар за натамошна постапка. Насилство ...
Автомобил удрил во неколку столпчиња и контејнер на улицата „Партизанска“ во Скопје. Очевидци за агенцијата „Макфакс“ сведочат дека автомобилот што удри и искрши десетина метални столпчиња што го делат булеварот од патеката за велосипедисти претходно се тркал со друго возило, кое возело паралелно до него. Пред да удри во столпчињата, автомобилот удрил во контејнери. Од МВР ја потврдија сообраќајката. -Денеска во 13.25 часот било пријавено дека ...
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, ...
Министерот за здравство Фатмир Меџити денеска соопшти дека до четврток треба да биде готов извештајот од стручната комисија што тој ја формираше за случајот со починатото новороденче во болницата во Битола. До четврток законски поминува рокот. Како што сум известен, едната докторката што била инволвирана била на пат, ја чекале неа да се изјасни за настанот. Мислам дека најдоцна до утре или задутре ќе имаме извештај од стручната комисија во врска ...
Комисијата за стручен надзор за случајот со лекувањето на 6-годишната пациентка Ј.Х. во Клиничка болница Битола, констатираше дека според анамнезата, клиничкиот преглед и работната дијагноза, се преземени соодветни чекори во однос на анализи, третман и опсервација на пациентката. Од анамнезата има податок за прележан ковид пред шест месеци. По направените лабораториски анализи наодите укажувале на мускулно-воспалителна реакција со покачени ...
„Мундо Депортиво“ тврди дека 50-годишниот Французин има намера да се врати на тренерската работа. Покрај можното враќање во Реал Мадрид, Зидан би можел да го предводи и ПСЖ. Во овој случај парискиот клуб ќе го напушти Нејмар. Зидан претходно беше во комбинација за селекторската позиција во француската репрезентација, но раководството на тамошната федерација реши да го продолжи договорот со Дидие Дешам. Инаку, ПСЖ сезонава повторно „киксна“ во ...
Ракометарите на Еурофарм Пелистер одлично ја одработи последната домашна задача во СЕХА лигата оваа сезона. Во првата средба од четвртфиналната фаза од регионалното натпреварување, пелистерци со пеколен финиш го „збришаа“ Татран Прешов (37-29) и се изборија за голема залиха пред гостувањето во Прешов за шест дена. Aлександар Јовиќ на располагање го имаше речиси целиот „арсенал“, поради ситни повреди на трибини останаа македонските ...
Португалскиот стратег Жозе Мурињо има договор со Рома до јуни 2024 година, но често се пишува за неговата иднина, тој сега се посочува како еден од кандидатите за кормилото на Челси. По победата над Сампдорија, Португалецот беше запрашан дали ќе ја одработи последната година од договор, а одговорот само донесе нови прашалници.„За мојата иднина не разговарам со пријателите или новинарите – вели Мурињо. Пред неколку месеци, нашиот генерален ...
Саудиски Ал Хилал испратил официјална понуда за договор до напаѓачот на Пари Сен-Жермен, Лионел Меси, објави новинарот Фабрицио Романо. Според Романо, платата на 35-годишниот Аргентинец во саудискиот клуб ќе биде 400 милиони евра годишно. Меси е во ПСЖ од летото 2021 година. Неговиот договор со парижаните е до јуни 2023 година. Порталот „Трансфермаркт“ ја проценува вредноста на фудбалерот на 45 милиони евра. Во тековната сезона Меси одигра 33 ...
Бившиот селектор на Шпанија, Луис Енрике утрово пристигна во Лондон со својот агент Иван де ла Пења, за да преговара со Челзи, пренесува новинарот Фабрицио Романо. Челзи е во потрага по нов тренер после отказот на Потер, а англиските медиуми пренесуваат дека како привремен менаџер до крајот на сезоната може да биде назначен Лампард.Меѓутоа, „сините“ бараат етаблирано тренерско име за на лето да седне на кормилото и веќе почнале преговори со Луис ...
Аргентинските медиуми пишуваат дека еден од најдобрите фудбалери во светот, Лионел Меси ја одбил понудата на Ал Хилал од Саудиска Арабија со годишна плата од 400 милиони евра. Ал Хилал вчера испрати понуда до ѕвездата на ПСЖ, која има договор со францускиот првак до крајот на сезоната, а Меси без многу размислувања одби да се пресели во Саудиска Арабија, иако му беше понуден договор од соништата. Меси, наводно, ќе ја одбие понудата и од ПСЖ ...
На конгресот на УЕФА во Лисабон, Словенецот Александар Чеферин немаше противкандидати и ја доби поддршката за нов четиригодишен мандат. 55-годишен Чеферин кој е роден во Љубљана, за првпат беше избран за прв човек на УЕФА во 2016-та а од тогаш до сега е заслужен за неколку промени во европскиот клупски и репрезентативен фудбал. Шефот на УЕФА во својот мандат најголема битка водеше против идејата за Суперлига во која би играле најголемите ...
Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти смета дека неговиот тим заслужено ќе игра во финалето на Купот на Шпанија. Реал синоќа на гостински терен ја победи Барселона со 4:0 во реваншот од полуфиналето од националниот куп. – Имавме одличен натпревар и тоа беше заслужен резултат. Одигравме многу добро во второто полувреме, во многу тежок натпревар. Кога имавме можност создававме опасност при премините од одбрана во напад. Направивме сѐ како што ...
Италијанската финансиска полиција изврши претрес во просториите на Рома, Лацио и Салернитана, како дел од истрагата за сомневања за нереално високи суми на трансфери на играчи.Истрагата против Рома се однесува на периодот меѓу 2017 и 2021 година и се однесува на трансфери на неколку играчи. Од друга страна, Лацио и Салернитана се под истрага поради меѓусебни трансфери на фудбалери, и затоа што имаа ист сопственик. Газда на овие два клуба до ...
Легендата на Челзи, Френк Лампард се враќа на „Стенфорд Бриџ“ откако прифатил да биде привремено решение за тренер на „сините“ до крајот на сезоната. Иако претходно се најавуваше дека Луис Енрике и Нагелсман се први фаворити, сепак како што стојат работите Лампард ќе добие нова шанса.Проблемот со Нагелсман и Енрике бил што ниту еден од двајцата стратези не сакале да го преземат Челзи сега, туку по завршувањето на сезоната.Лампард доаѓа како ...
Мечот беше добиен уште кога Војводина допатува, не со целосно јуниорски, но со драстично подмладен состав. Неискусните ракометари од Нови Сад не можеа да се носат со Вардар, колку и Владо Недановски да штедеше и да комбинираше со составот. Првиот гол го постигнаа дури во седмата минута, кога веќе беше 5-0 за црвено-црните. Уште во првото полувреме предноста стана двоцифрена, во 21. минута, со 17-7, а на пауза македонскиот првак замина со 22-11. ...
Франк Лампард се врати во Челси, откако премиерлигашот го отпушти Грем Потер, па сега легендата на клубот ќе треба да го извлече тимот од кризата. Лампард ќе остане познат и по тоа што промовираше голем број младинци на Челси во првиот тим, меѓу кои беа Мејсон Маунт и Рис Џејмс. Маунт не добива шанса во екипата во последно време, а на последните два натпревари не одигра ниту една минута, иако им беше достапен и на Потер и на Бруно Салтор. ...
Понекогаш е доволно да загубиш дерби меч за да започнат сите преиспитувања. Сите се согласуваат дека Роберт Левандовски е одличен центарфор, заедно со Карим Бензема, веројатно најдобриот класичен напаѓач на денешницата, само што тој како и секој спортист запаѓа во криза. И по поразот од Реал и останувањето без пласман во финалето на Кралскиот Куп во Барселона го гледаат настапот на Полјакот и го критикуваат дека најмногу се губи во тие големи ...
Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа оствари нов успех откако се закити со трофеј во дубл на турнирот што се одржуваше во Сплит, Хрватска. Ѓорческа настапи во тандем со Вероника Ерјавец од Словенија и не виде многу мака во денешното финале, во кое за противнички ги имаа Словенката Радишиќ и Хрватката Вурт. Финалниот меч траеше само 63 минути, колку што им беше доволно на Ѓорческа и Ерјавец да стигнат до максимални 2-0 во сетови. Ова е ...
Македонската женска ракометна репрезентација денеска во Скопје, во СЦ „Борис Трајковски“ (од 19 ч.), ќе го игра пред првиот бараж-натпревар со Украина, за пласман на Светското првенство (СП), што во декември треба да се одржи во Норвешка, Данска и во Шведска. Влезот на натпреварот е бесплатен. – Украина е противник по мера и можеме да се носиме со нив. Можеби мала предност е што првиот натпревар ќе го играме на домашен терен, но очекуваме ...
Мастерс тенискиот турнир во Монте Карло започнува денес и ќе трае се до 16-ти Април. Титулата ќе ја брани Стефанос Циципас, кој победи на последните две изданија од турнирот, но голем фаворит е и Новак Ѓоковиќ кој победи во кнежеството во 2013-тата и 2015-тата година. Србинот ќе биде слободен во 1. коло, додека во второто ќе игра против победникот од дуелот Накашима – МекДоналд. Можни противници во осмина-финалето се Мусети и Кицмановиќ, но ...
Женската ракометна репрезентација не успеа да направи голем чекор во првиот бараж меч за пласман на Светското првенство. Избраничките на Љубомир Савевски на реваншот во Кишварда ќе патуваат со негатива од гола, откако на домашен терен беа поразени од Украина со 22-24. Сара Ристовска со осум гола беше наш прв стрелец, Јанеска и Саздовска запишаа по три гола, Мицевска имаше шест одбрани, две од седум метри. Украина по 12. минути игра имаше ...