Градоначалникот на општина Карпош, Стевче Јакимовски вечерва во емисијата „10 Минути“ на ТВ21 истакна дека со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски се на спротиставени страни, но тој го поддржува и го охрабрува да ги издржи притисоците за внесување на Бугарите во Уставот. – Тука сме апсолутно на исти страни, зошто најмалку се проблем Бугарите како нација, туку проблем се намерите, вели Јакимовски. Според него, намерите на великобугарската ...

И врториот клуб на Бугарите во Македонија кој предизвика огромни реакции во јавноста – „Цар Борис Трети“ од Охрид, е веќе незаконски. Министерот за правда Кренар Лога го потпиша решението за неусогласеност врз основа на добиеното негативно мислење од Комисијата за употреба на имиња на личности за употреба на името Цар Борис Трети во називот на Здружението за афирмација на културните вредности на македонските Бугари „Цар Борис Трети Охрид“. се ...

Партијата Алтернатива денеска реагираше на одложувањето на случајот „Титаник 2“ за изборните нерегуларности, со што практично застарува делото за кое меѓу другите се товарат и поранешниот шеф на ДБК, Сашо Мијалков и лидерот на ДПА, Мендух Тачи. Веста дека рочиштето за случајот „Титаник 2“ е одложено за овој предмет да застари, е најточниот доказ не само за екстремната корумпираност на судскиот систем, туку и апсолутна причина да се прифати ...

Комисијата за утврдување на дисциплинска одговорност при Јавното обвинителство на Република Северна Македонија утврди дека поранешната основна јавна обвинителка на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција Вилма Русковска е одговорна за сторена тешка дисциплинска повреда од член 91 алинеја 6 од Законот за Јавното обвинителство и одлучи да поднесе предлог за нејзино разрешување до Советот на јавните обвинители. ...

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, попладнево регистрираше земјотрес 71 километри источно од Скопје кој потекнува од епицентралното подрачје Свети Николе – Штип. Според досегашните податоци со кои располага Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во ...

ОВЕН Дури и ако не сте во романтична врска, денеска би можеле да се чувствувате особено страствени и да посакате романтичен состанок по секоја цена. Може да планирате интересно патување со некој кому сте му „фрлиле око“. Само бидете трпеливи и не вршете премногу притисок врз таа личност за да не ја исплашите. БИК Биковите по природа се прилично приземни и сакаат физичка страст и акција. Денеска таа страна од вас може дополнително да се истакне. ...

Времето наутро ќе биде студено, а преку денот сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен претежно западен ветер, поизразен во западните делови. Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 0, а максималната ќе достигне од 11 до 18 степени. Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со слаб променлив ветер. Минималната температура ќе се спушти до -2, а максималната ќе достигне 17 степени. И в петок ќе се ...

1135.- Роден е еврејскиот филозоф, лекар, математичар и астроном Мојсej бен Мајмон, познат како Мојсej Мајмонид, следбеник на Аристотел. Тој е најголем еврејски филозоф во средниот век. Во филозофското дело „Водич во љубовта“, се обидел да ја базира религијата на рационални основи, што предизвикало жестока осуда на ортодоксните приврзаници на јудаизмот. Напишал неколку астрономски и математички расправи. 1746.- Во Фуентетодос, Арагонија, е роден ...

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас игра одлично во дресот на Наполи оваа сезона, иако најчесто е дел од ротацијата во составот на Лучијано Спалети. „Наполитанците“ итаат кон титулата во Серија А, а челниците на клуботс сакаат да го задржат тимот и за следната сезона. Елмас има договор до јуни 2025 година, но вестите од Италија велат дека Наполи сака да му понуди нов договор со подобрени услови. Македонецот во моментот заработува 1,5 милиони ...

Аргентина продолжува со „егзибициските“ натпревари по освојувањето на Светското првенство. На Сантијаго дел Естеро, пред 42.000 гледачи, мрежата на слабиот Курасао беше исполнета до врв. Конечниот резултат гласеше 7:0. Актуелниот светски првак играше во силен состав. Веќе во првото полувреме „гаучосите“ постигнаа пет гола, блескаше Лионел Меси, ми беа доволно 17. минути за да постигне хет-трик. Во периодот од 20. до 27. минута постигна три гола ...

Македонскиот шампион Вардар го доби ракометното дерби против Пелистер со 31-24, но дуелот беше прекинат на средината на првото полувреме поради инцидентот кој го предизвикаа навивачите. Битолчани денеска испратија писмо до Ракометната федерација на Македонија (РФМ) во кое ги наведоа пропустите кои се случиле во СЦ „Јане Сандански“ и порачаа дека згрешиле што го доиграле мечот со Вардар. Од таборот на Пелистер сметаат дека натпреварот требало да ...

Легендата на македонската кошарка, Перо Антиќ (40), останува на чело на Федерацијата (МКФ), откако на Изборното собрание ја доби поддршката од делегатите за нов четиригодишен мандат. За разлика од пред четири години, кога тој водеше жестока битка со тогашниот претседател Петар Наумоски, како и Владимир Темелковски, овој пат Антиќ немаше противкандидат, а вториот мандат го доби едногласно со 40 гласа „ЗА“ и само еден „против“. Антиќ на воведното ...

По цели 13 години поминати во клубот Аријан Адеми го напушти Динамо Загреб и одлучи кариерата да ја продолжи во Кина во тимот на Пекинг Гуан. Адеми е една од најголемите клупски легенди во историјата на Динамо и држи многу рекорди, па така во хрватскиот гигант одлучија да му оддадат уште едно признание.Имено, дресот со број „пет“ кој го носеше Адеми привремено ќе биде повлечен, се додека Адеми активно игра фудбал било каде во светот „петката“ во ...

Новак Ѓоковиќ и официјално ќе може да оди на територијата на САД, забраната за престој на невакцинирани странски државјани во оваа земја е укината и порано од планираното. Американскиот сенат гласаше во корист на поништување на одлуката за вонредна состојба во САД поради пандемијата на коронавирус, тоа значи дека Новак Ѓоковиќ и дефинитивно ќе може да настапи на УС Опен. За одлуката 68 гласаа за, 23 беа против. Таа многу брзо треба да стапи на ...

По тринаесет незаборавни години минати во Динамо Загреб, македонскиот репрезентативец Аријан Адеми, облече дрес на друг клуб. Големиот борец на средината на теренот денес и официјално е претставен за нов фудбалер на Пекинг Гуан. Адеми веќе пристигна во Кина и го одработи првиот тренинг со новите соиграчи. „Добредојде Адеми“, се огласија од Пекинг Гуан преку официјалните социјални мрежи на клубот. Новиот клуб на Адеми ги решил финансиските ...

Изгледа дека Марсело Биелса повторно ќе се врати на селекторската работа. Популарниот „лудак“ ја водеше родната Аргентина, претходно и Чиле, а сега според најавите би можел да стане селектор на Уругвај. Најавите од јужноамериканските медиуми седека Аргентинецот ќе ја преземе клупата на оваа репрезентација до јуни 2026 година, а ако се пласира на Мундијалот во Северна Америка ќе ја води репрезентацијата на завршницата од ова ...

Со највисоки почести и силни безбедносни мерки Берлин утре ќе го пречека кралот Чарлс Трети и неговата сопруга Камила, што ќе биде нивна прва посета во странство откако кралот го презема престолот. Кралската двојка требаше да ја посети Франција пред Германија, но посетата е откажана поради немирите поврзани со протестите против пензиските реформи во земјата. Монархот и кралицата сопруга треба да слетаат на аеродромот во Берлин во раните ...

Федерален судија одлучи дека поранешниот американски потпретседател Мајк Пенс мора да сведочи пред големата порота за разговорите што ги имал со поранешниот претседател Доналд Трамп пред нападот на Капитол на 6 јануари 2021 година, јавија локалните медиуми. Во одлуката, судијата исто така вели и дека Пенс може да одбие да одговори на прашања поврзани со 6 јануари, јави Си-Ен-Ен, повикувајќи се на анонимни извори, додавајќи дека Пенс сепак може ...

Поранешниот македонски претседател Ѓорге Иванов денеска присуствуваше на генералната аудиенција на Папата Франциск која се одржа на плоштадот Св. Петар во Ватикан. Повод за посетата на Ватикан и присуството на аудиенцијата е врачувањето на признанието ,,Морален лидер на денешнината’’ на Неговата Светост Папата Франциск од страна на Школата за млади лидери на Претседателот Иванов, соопштија од кабинетот на екс претседателот. Оттаму додаваат дека ...

Папата Франциск е примен во болницата „Гемели“ во Рим на претходно закажани прегледи, изјави неговиот портпарол Матео Бруни. Во неделата, 86-годишниот поглавар на Римокатоличката црква се појави во јавноста и, според извештајот на Ројтерс, изгледа дека се чувствува добро. Папата Франциск боледува од дивертикулитис, инфекција или воспаление на дебелото црево, а во 2021 година беше опериран и му беше отстранет дел од дебелото црево. Претходно оваа ...

Русија уапси новинар на „Волстрит Журнал“ под обвинение за шпионажа, објави „Гардијан“. Федералната служба за безбедност (ФСБ) соопшти дека во Екатеринбург е приведен Еван Гершкович додека, наводно, се обидувал да добие доверливи информации. Од ФСБ наведуваат дека тој „собирал доверливи информации за активности на една од компаниите на рускиот воено-индустриски комплекс“, но без детали кога е рфеализирано апсењето. Како што пренесува „Гардијан“, ...

Посебната комисија составена од петмина доктори специјалисти што треба да утврдат дали имало лекарска грешка во случајот со петгодишната Јана ја завршиле својата работа во битолската болница. Разговарале со докторите и персоналот што ја третирале Јана, земале документи и вчера попладнето си заминале за Скопје, потврдува директорот на Клиниката во Битола, Александар Обедниковски. Колку време ќе им треба на експертите да изготват извештај од ...

Со поддршка за родителите, за правдата да излезе на виделина, и со пораки за итни промени во здравството, доцна синоќа голем број граѓани во Битола и во Скопје излегоа на мирен протест револтирани по смртта на малата Јана од битолско Кравари, која почина на клиничката болница во Битола по примена инфузија. Родителите се убедени дека во нивниот случај станува збор за лекарска грешка. Порачаа дека нивната Јана не можат да ја вратат, но би сакале ...

Јавната седница во скопскиот Апелациски суд на која требаше да се разгледуваат жалбите за предметот „Титаник 2“ е одложена за 13 април поради отсуство на четворица од вкупно шестмина обвинети. На седницата присустваа само екс-шефот на УБК Сашо Мијалков и поранешниот член на Државната изборна комисија Бедредин Ибраими кој рече дека не добил покана но дошол по допрен глас. Делото на Мијалков за изборните нерегуларности, според информации од ...

Првото рочиште од судењето на Драган Павловиќ- Латас и јутјуберот Стефан Лазаров кое требаше да се започне денеска се одложи, бидејќи адвокатката на првообвинетиот имала друго судење. Продолжението е закажано за месец и десетина дена. Латас и Лазаров се обвинети за кривичното дело „ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“. Латас при гостувањето во подкастот на Лазаров зборуваше за своето прво сексуално ...

Поранешниот грчки министер за финансии бил нападнат пред ресторан во Атина. Јанис Варуфакис е грчки економист, основач и лидер на левичарската партија Европски реалистичен фронт за непослушност (MeRA25) и поранешен министер за финансии на Грција. Бил нападнат и претепан од група луѓе во познатата атинска населба Егзархија, пред ресторан каде што седел со пријателите. Според првичните информации, група луѓе му пришле на Варуфакис кој бил во ...

Светската здравствена организација изрази задоволство од фактот дека Кина релаксираше некои од своите рестрикции воведени во текот на пандемијата коронавирус, оценувајќи дека „многу е значајно владите да ги слушаат своите луѓе, кога тие страдаат“. Според директорот на вонредни ситуации во СЗО, Мајкл Рајан, увезувањето на одредени вакцини, како оние на Фајзер и Модерна, претставуваат солидна опција за Кина за засилување на имунитетот во своето ...

Државниот секретар на Министерството за здравство на Србија, Мирсад Ѓерлек денеска изјави дека верува оти и во Србија се појавил нов вид на коронавирусот, но дека се очекува потврда. „Лично мислам дека се појави нов вид (на коронавирусот), но очекуваме детекција или регистрација. Мислам дека тоа е прашање на денови, со оглед на тоа што ги имаме првите случаи во Романија. Сите овие ситуации, празници, миграциите на нашите луѓе од Европа, кои ...

Во Романија е регистриран прв случај на пациент со тројна вирусна инфекција – САРС-КоВ-2, грип и респираторен вирус. Станува збор за 58-годишен маж, хоспитализиран во болницата за инфективни болести во Јаши. Заболениот има пропратни заболувања како хипертензија, дијабетес тип 2, патолошка дебелина, што значи значително намалување на неговиот имунитет, информираат од медицинската установа. Во меѓувреме, министерот за здравство Александру Рафила ...

Светски ден на борба против туберкулозата 1603.- Во Лондон умрела англиската кралица Елизабета, а на престолот дошол шкотскиот крал Џемс Шести, со што Англија и Шкотска создале персонална унија. За време на нејзиното владеење (1558 до 1603), Англија доживеала голем напредок во целокупниот развој. Родена била во 1533 година. 1783.- Шпанија ја признала независноста на САД. 1882.- Германскиот бактериолог Роберт Кох објавил дека го изолирал бацилот ...

weather icon

Скопје

28ᴼ / 28ᴼ
1.03
30%
1012
weather icon

Белград

27ᴼ / 25ᴼ
1.54
43%
1012
weather icon

Загреб

22ᴼ / 22ᴼ
3.09
43%
1015
weather icon

Софија

19ᴼ / 19ᴼ
9.26
49%
1014
weather icon

Сараево

26ᴼ / 26ᴼ
1.42
42%
1013
weather icon

Љубљана

23ᴼ / 21ᴼ
4.12
50%
1016
weather icon

Атина

23ᴼ / 20ᴼ
3.6
55%
1011
weather icon

Тирана

21ᴼ / 21ᴼ
4.12
53%
1011
weather icon

Подгорица

25ᴼ / 25ᴼ
1.03
41%
1011
weather icon

Букурешт

26ᴼ / 25ᴼ
4.12
42%
1013
weather icon

Будимпешта

25ᴼ / 25ᴼ
3.6
51%
1014
weather icon

Истанбул

21ᴼ / 18ᴼ
6.17
86%
1014
Currency

61.525

Currency

53.5268

Currency

71.7367

Currency

34.5534

Currency

39.0763

Currency

66.0828

Currency

7.40933

Currency

0.65821

Currency

0.37987

Currency

0.52443

Currency

1.42259

Currency

0.63352

Алуминиум

2.62

Кобалт

42.99

Никел

15411.50

Рутениум

20190.67

Калај

30.62

Сребро

1051.34

Злато

111305.26

Бакар

9.55

Паладиум

29803.74

Платина

30837.68

Родиум

173614.03

Цинк

2.52