
Скопје
17ᴼ /
17ᴼ



Фудбалерите на Реал Мадрид и дефинитивно ја изубија титулата во шпанската Ла лига откако синоќа загубија на домашен терен со Вилјареал од 2-3. По натпреварот, Валверде го чекал Баена на паркингот каде што бил автобусот на Виљареал и кога го дочекал му удрил бокс во лицето. Во Виљареал имаат видео од инцидентот кое го предале во полиција.Валверде имал голем мотив да го удри Баена. На претходниот меч меѓу Виљареал и Реал Мадрид, Баена го удрил ...
Разговорите меѓу каталонскиот гигант Барселона и Усман Дембеле за новиот договор се прекинати. Напаѓачот е врзан за тимот уште само една сезона, има откупна клаузула од 50 милиони евра. Барселона поради тешката финансиска ситуација, не е во можност да му понуди повисока плата на Дембеле. Ова е очекувано, но не било добро прифатено од претставниците на фудбалерот, и поради тоа процесот е во мирување.Токму од тука можно е Дембеле да се најде на ...
Мило Ѓукановиќ го призна поразот во вториот круг на претседателските избори во Црна Гора и му честиташе на својот противкандидат Јаков Милатовиќ. „Го прифаќам ваквиот суд на демократската јавност на Црна Гора. Ѝ посакувам сè најдобро на Црна Гора, сакам новиот претседател да биде достоен на довербата што ја доби“, изјави Ѓукановиќ во својот изборен штаб.Според последните податоци на Центарот за демократска транзиција, 37-годишниот Милатовиќ ...
Конзервативната партија на поранешниот премиер Бојко Борисов има многу мала предност пред либералната листа, предводена од поранешниот лидер на центристите Кирил Петков, пишува францускиот весник „Монд“, повикувајќи се на синоќешните прогнози врз основа на делумни резултати. Според Евелина Славкова, аналитичар од Тренд, цитирана од изданието, ова е најлошото можно сценарио: „Колку се поблиску резултатите, толку потешко ќе биде да се формира ...
Централната изборна комисија на Бугарија обработи 100 отсто од гласовите на неделните парламентарни избори и според резултатите во новиот состав на Бугарскиот парламент ќе влезат шест партии односно коалиции.Коалицијата на Борисов ГЕРБ – СДС освои најмногу гласови 26,51 отсто, коалцијата Продолжуваме со промените – Демократска Бугарија на Петков – 24,54 отсто, проруската „Преродба“ – 14,15, ДПС – 13,72, на петтото место се бугарските социјалисти ...
Вонпарламентарното Христијанско-демократско движење, основано од поранешниот премиер на Црна Гора, Здравко Кривокапиќ, во доцна синоќа објави дека на шефот на државата во заминување Мило Ѓукановиќ, ден по поразот на изборите, инспекторатот доставил наредба да бидат урнати негови дивоградби во Никшиќ бидејќи се во спротивност со општинскиот просторно – урбанистички план. Таа партија до медиумите ја достави одлуката за уривање на објекти од 170 и ...
Дополнителна законска регулатива во парламентот за да се спречи учеството на изборите на партијата на поранешниот пратеник од Златна Зора Илиас Касидиарис, кој издржува затворска казна за формирање криминална организација, најави министерот за внатрешни работи на Грција Макис Воридис. Партијата на Касидиарис „Национална партија –Грци“, како и што се најавуваше, за да го заобиколи новиот закон што може да го блокира учеството на партијата на ...
Бугарија повторно во политички ќор-сокак. Коалицијата Продолжуваме со промената и Демократска Бугарија нема да поддржат влада со мандат или учество на ГЕРБ. Бојко Борисов, пред два дена соопшти дека единствената задача пред новото Народно собрание е формирање редовна влада. „Ќе работиме и ќе разговараме со сите политички партии за важните политики за Бугарија и доколку со првиот мандат ГЕРБ не успее да формира влада, ќе ја прифатиме одговорноста ...
Денеска во Хаг, пред специјалниот косовски суд за злосторства на припадниците на ОВК, почнува судскиот процес против поранешниот командант Хашим Тачи. Покрај него, за злосторства против Албанците, Србите и Ромите на Косово и во Албанија во периодот 1998/99, се обвинети и членовите на главниот штаб на ОВК, Кадри Весели, Реџеп Селими и Јакуп Красниќи. Воведниот збор на првиот ден од процесот е предвиден за адвокатите на тужителите, а во текот на ...
Американското Министерство за правда и агенти на ФБИ собраа нови докази кои укажуваат дека поранешниот американски претседател Доналд Трамп можеби ја попречувал истрагата за доверливите документи пронајдени во неговиот имот во Флорида, објави денеска Вашингтон пост. Агентите на ФБИ заплениле неколку илјади владини документи во август минатата година, некои од нив високо доверливи, од имотот на Трамп во Мар-а-Лаго. Тоа е само една од двете ...
Хашим Тачи се изјасни за невин на судењето за воени злосторства на Косово, заедно со тројцата други членови на Главниот штаб на Ослободителната војска на Косово (ОВК), Кадри Весели, Јакуп Красниќи и Реџеп Селими, на судскиот процес што денес почна во Хаг по речиси тригодишна истрага и повеќе од 20 години од војната. Тачи, кој беше водач на герилските борци, се соочува со 10 обвиненија за апсење, убивање и мачење на оние кои се сметале за ...
Доналд Трамп (Трамп) пристигна во Њујорк (Њу Јорк), каде што ќе се сретне со своите адвокати пред денешното историско судење под обвинение дека ја прикрил исплатата на пари на порно актерката Сторми Даниелс (Сторми Даниелс). Приватниот авион на поранешниот претседател слета на аеродромот Ла Гвардија во 15 часот и 27 минути по локално време, откако леташе повеќе од три часа од Флорида. Адвокатот на Трамп, Тод Бланш (Тод Бланш) и неговите други ...
Едно лице загина, а околу 30 се повредени кога патнички воз излета од шините во Холандија. Првичните информации беа за неколку тешко повредени. На поголем дел од повредените им била укажана помош на лице место. Неколку лица кои се во сериозна состојба се хоспитализирани. Патничк воз удрил во градежна опрема на шините меѓу Хаг и Лајден во провинцијата Јужна Холандија. Првиот вагон излетал од шините, вториот се превртел на едната страна, а третиот ...
Финска денеска ќе стане членка на НАТО, соопшти Кабинетот на претседателот на Финска, Саули Ниинистo. – Овој потег ќе ја направи Финска побезбедна земја, а Шведска ќе биде побезбедна како резултат на влезот на нејзиниот сосед во НАТО. Во седиштето на НАТО првпат ќе го подигнеме финското знаме. Вторник ќе биде добар ден за безбедноста на Финска и на НАТО, изјави генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг. Турскиот Парламент на 30 март го ...
Приемот на Финска во НАТО е „напад врз нашата безбедност и националните интереси на Русија“, изјави денеска (4.04) во Москва портпаролот на Кремљ, Дмитри Песков. Тоа ќе повлече „контрамерки“, додаде тој без да наведе детали. Финска попладнево во Брисел треба да биде свечено примена во НАТО како 31-ва членка на алијансата. „Ова е навистина историски ден“, изјави генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг. Церемонијата ќе се одржи на маргините ...
Обезбедуваме помош и поддршка за Северна Македонија која се соочува со различни видови хибридни и кибер-закани. Поддршката што НАТО и сојузниците се подготвени да ѝ ја понудат на Северна Македонија вклучува техничка поддршка и посилна соработка за борба против дезинформациите, порача генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг. Добивај вести на вибер Прашан за тоа „каква поддршка добива Северна Македонија од НАТО за справување со хибридните ...
Америка оди во пеколот, кажа Доналд Трамп откако вчера стана првиот американски претседател кој бил уапсен и се соочил со кривични дела, вкупно 34. Тој се изјасни како невин по сите обвиненија и по напуштањето на судот во Њујорк изјави дека не постои никаков случај против него. „Ништо незаконско не сум направил! Ова е навреда за нашата земја и светот веќе ни се смее. Единственото злосторство што сум го извршил е што бестрашно сум ја бранел ...
Поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони (86) е на интензивна нега во болница во Милано, изјави денеска неименуван политички извор за „Ројтерс“. Тајкунот, кој четирипати беше премиер на Италија во последните години, во неколку наврати беше во лоша здравствена состојба и минатата недела беше пуштен од болница. Берлускони имаше голема операција на срцето во 2016 година, а исто така имаше и рак на простата. Тој беше хоспитализиран ...
На Волстрит, индексот S&P 500 и Nasdaq паднаа вчера, бидејќи инвеститорите стравуваат од рецесија, откако низа податоци укажуваат на забавување на растот на американската економија. Dow Jones зајакна 0,24 отсто, на 33.482 поени, додека S&P 500 се лизна за 0,25 отсто, на 4.090 поени, а индексот Nasdaq 1,07 отсто, на 11.996 поени. Сите податоци објавени оваа недела покажуваат дека растот на американската економија забавува. По извештаите ...
Претседателот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган изјави дека во предизборните анкети тој води пред другите претседателски кандидати, како и оти коалицијата околу неговата Партија на правдата и развојот (АКП) исто така има поголем рејтинг од другите партии. Според него објавените предизборни анкети не кореспондираат со резултатите кои Ердоган и АКП ги добиле за рејтингот пред изборите. – Ние отсекогаш сме победувале на изборите. Внимателно ја ...
Почина Боб Ли (43), еден од создавачите на „Андроид“ и апликацијата за мобилно плаќање, „Кеш ап“, откако бил избоден со нож во Сан Франциско, јави „Еј-би-си ворлд њуз“. Веста за неговата смрт ја потврди и Џош Голдбард, извршен директор на компанијата „Мобајлкоин“ каде што работеше Ли. Во полицискиот извештај, полицијата не го идентификува Ли по име. Според соопштението, мажот-жртва добил итна медицинска помош и бил пренесен во блиската болница, ...
Пентагон соопшти дека го проценува пријавеното нарушување на безбедноста. „Свесни сме за извештаите за објавите на социјалните мрежи, се разгледува тоа прашање“, рече заменик-секретарот за печат Сабрина Синг. Документите се објавени на Твитер и Телеграм, а наводно содржат графикони и детали за испораките на оружје, силите на баталјоните и други чувствителни информации, наведува весникот. Информациите во документите се стари најмалку пет недели, ...
Светската економија се соочува со години на бавен економски раст: среднорочните перспективи на глобалната економија се најниски во последните триесет години, изјави Кристалина Георгиева, извршен директор на Меѓународниот монетарен фонд, пред пролетниот состанок со Светска банка следната недела, пренесоа агенциите. Според Георгиева, економската фрагментација и геополитичките тензии се клучните причини за стагнација на глобалната економија. ...
„Преговорите ќе бидат можни само кога ќе се земат предвид руските интереси“, посочи тој. „Се работи за принципите на кои ќе се заснова новиот светски поредок. Според агенцијата, тој додал дека Русија го отфрла „униполарниот светски поредок предводен од еден хегемон“. Од почетокот на војната, Русија тврди дека ја води борбата против американската доминација на меѓународната сцена и дека офанзивата против Украина е дел од таа борба. Кремљ неделава ...
На глобалните пазари, вредноста на доларот во однос на кошницата валути повторно падна минатата недела, четврти пат по ред, бидејќи инвеститорите веруваат дека американската централна банка (ФЕД) наскоро ќе стави крај на циклусот зголемувања на каматните стапки. Индексот на доларот, кој го покажува движењето на американската вредност во однос на другите шест најважни светски валути, минатата недела се лизна за 0,5 отсто, на 102,09 поени. ...
Заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев, смета дека Украина ќе исчезне, бидејќи никому не му треба.Медведев на социјалната мрежа ВКонтакте напиша дека на Европа не и треба Украина, ниту на САД, ниту на Африка и Латинска Америка, Азија, ниту пак Русија.Според Медведев, на Европа не и е потребна Украина, бидејќи поддршката за Украина по налог на САД веќе им донесе на Европејците вистински финансиски и политички ...
Огромен пожар изби во германскиот град Хамбург, а облак полн со хемикалии се шири низ градот. Се запали камионска постојка, утрово околу 4:30 часот, во Хамбург. Огнот забрзано се шири, а полицијата ги предупреди жителите дека во правец на градот се движи силен чад. На местото на пожарот наводно истекува водород сулфид. Како што пишуваат германските медиуми изгорена е целата станица, а пожарникарите на местото на пожарот можат да пристапат само ...
Овен Деловната ситуација ќе придонесе за стабилизирање на вашата финансиска состојба. Слободниот Овен може да се најде во дилема, бидејќи може да им се допаднат двајца истовремено. Честото кашлање бара скенирање на белите дробови. Бик Од Биковите се очекува успех во креативните занимања, но и во работата со недвижности. Ако сте имале недоразбирања со партнерот, планетарното соѕвездие ќе ви донесе позитивна енергија за надминување на ...
Овен 21.3-20.4. Љубов Ќе се обидете да внесете повеќе работи во вашата врска. Тоа делумно ќе го подобри вашиот однос , но треба уште да поработите на него. Кариера Ќе ги разгледате новите финансиски опции за вложувања. Одлуката за тоа сеуште нема да биде кристално јасна. Здравје и совет Внимавајте на главата. Бик 21.4- 20.5. Љубов Ќе успеете да се договорите за повеќето работи , благодарејќи на разбраниот пристап од двете страни. Кариера Ви се ...
ОВЕН Преполни сте со енергија, толки што не знаете што со неа. Кога веќе нема каде да ја потрошите, почнувата да ја пренесувате тензијата на околината. На удар е саканата личност, а знаете дека немата причина за тоа. Со своето однесување можета непотребно да ја урнете стабилноста на врската. БИК Вашето спокојство зависи од волјата на другите луѓе. Тоа не е добор, бидејќи тоа ве фрустрира. Ослободтете се од овој образец и преземете ја ...