
Скопје
18ᴼ /
18ᴼ



Театар Комедија денеска премиерно ќе ја изведе претствата „Илуминати“ работена според култниот филм на Алфред Хичкок „39 скали“. „Илуминати“ жанровски претставува уникатен спој на трилер, акција и комедија, со елементи на ноар и со филмски јазик. Приказната се одвива околу главниот херој Кирил Балкан, кој заедно со плејадата споредни ликови, води низ својата животна приказна со несекојдневни патешествија…, велат во сижето за претставата од ...
На сцената на Националната опера и балет (НОБ) вечер ќе се изведе балетската претстава во три слики „Пепелашка“ од Сергеј Прокофјев. Станува збор за современа бајка за сите возрасти. Приказната за „Пепелашка“ преточена во прекрасната музика на големиот руски композитор Сергеј Прокофјев, а во кореографија на гостинот од Србија, Александар Илиќ од Србија. Костимографијата е на Катерина Радошевиќ Галиќ од Хрватска, сценограф е Филип Коруновски, ...
На сцената на Националната опера и балет вечер ќе биде изведена операта „Палјачи“ од италијанскиот композитор Руџеро Леонкавало. – Ремек-делото на веризмот, опера за љубов, неверство, убиство… ќе биде изведена под диригентската палка на Бисера Чадловска, во режија на Дејан Прошев, соопшти НОБ. Сценографијата е на Илина Ангеловска, костимограф е Никола Булески, кореограф Олга Панго, концерт-мајстор Верица Ламбевска и хор-мајстор Ѓурѓица Дашиќ. ...
„Азно“ е насловен вечерашниот концерт на Филхармонијата (20 часот), со кој ќе одбележи 78 години од формирањето. На роденденскиот концерт како солисти ќе настапат германскиот виолинист со руско потекло Кирил Трусов и обоистката Гордана Јосифова-Неделковска. Диригент е маестро Борјан Цанев, а на програмата се дела од Бах, Брух и Чајковски. Поддржан и воден од славниот виолинист и диригент Јехуди Мењухин, Трусов важи за еден од водечките ...
Иако фестивалот тврди дека филмовите не биле цензурирани или забранети, потврдуваат дека за одредени филмови, меѓу кои и македонскиот „Преекспонирано“ биле ставени ограничувања за влез, односно тој бил достапен само за полнолетни лица. Сепак, „Ал Џезеира“ тврди дека всушност филмот бил достапен само за филмските професионалци акредитирани на фестивалот, како и за критичарите и претставниците на медиумите, додека за локалното население картите ...
Арон Тејлор Џонсон е новиот фаворит да го замени Даниел Крег како Џејмс Бонд во следниот филм од култната сага, дознава британски „Сан“.Како што пренесуваат и други шоу-биз медиуми, тој бил на тајна аудиција во студиото „Пајнвуд“ и ја воодушевил Барбара Броколи, продуцентката на серијалот за славниот таен агент. „Арон учествуваше на филмска аудиција за следниот Џејмс Бонд во септември. На Барбара и на продуцентите им се допадна, тој е еден од ...
За само 10 денови од прикажување, филмот „Кајмак“ по сценарио и во режија на Милчо Манчевски, го видоа 13.000 гледачи низ цела Македонија. „Кајмак“ наскоро почнува да се прикажува и во странство. Во преговори се повеќе земји, а засега се потврдени: Грција, Данска, Хрватска, Кипар, Србија, Тајван и САД. По гала премиерата во Македонската филхармонија на 16 ноември, каде филмот беше пречекан со неколкуминутни стоечки овации, „Кајмак“ почна ...
Во Филхармонија вечер ќе се одржи концерт насловен „Раат“ – авторски проект на композиторот Џијан Емин со оркестарот на Македонската филхармонија. Концертот е електро-акустичен и претставува премиера на новиот музички проект на Џијан Емин, кој воедно ќе застане и зад пултот со оркестарот на филхармоничарите. „Раат“ е мултимедијална приказна раскажана преку несекојдневен третман на звукот обликуван во препознатливиот авторски стил на композиторот ...
Македонскиот режисер Милчо Манчевски ќе биде двојно честуван на „Софија филм фест“ (СФФ): ќе биде претставена целосна ретроспектива на творештвото на Манчевски – неговите седум долгометражни филмови и два од краткометражните, а тој ќе биде и претседател на меѓународното жири на 27. издание на „Софија филм фест“ (СФФ) (16-26 март 2023 година). Во рамките на фестивалот ќе биде прикажан и најновиот филм на Манчевски, црната комедија „Кајмак“, ...
Филмот со најмногу приходи на американскиот „Боксофис“ за годинава е „Топ ган 2: Маверик”. Продолжението на класиката на режисерот Тони Скот од 1986 година, заработи 718,5 милиони долари во САД вкупно 1,489 милијарди долари во светски рамки. Том Круз, според познавачите, е еден од последните „секс-симболи“ од „старата школа на Холивуд“ и „боксофис-мајстор“. Тоа, велат стручњаците, е главна причина за огромниот успех на вториот дел, заедно со ...
„Аватар 2: Патот на водата“ достигна милијарда долари заработка само 12 – 13 дена откако се појави во кината ширум светот. Според последниот податок, остварувањето има вкупно 1,03 милијарди долари на својата сметка. Продолжението на најуспешниот филм на сите времиња од 2009 година, „Аватар“, се прикажува од 16 декември, а по вториот викенд во кината ја достигна границата од милијарда долари. За неполни две седмици прикажување, тој стана третиот ...
Во Народниот театар – Битола денеска ќе бидат изведени две претстави. Во дневната програма, со почеток во 10:13 часот, ќе биде изведена претставата „Божиќна песна“, а во вечерниот термин, од 20 часот, „За нас почнува живот“. „Божиќната песна“, која раскажува за скржавецот Скруџ и неговиот вработен Боб Крачит, е една од најгледаните новогодишни и божиќни приказни. Претставата е креирана според истоимениот роман на Чарлс Дикенс, во копродукција со ...
На 12 и 13 јануари 2023 (четврток и петок) со почеток во 20.00 часот ќе се одржи Традиционалниот Гала оперски концерт по повод празникот „Василица“ 2023. Традицијата востановена пред повеќе од 25 години продолжува, оваа година нашата верна публика ќе има можност да ужива во изведбите на некои од највпечатливите арии, дуети и хорски делници од светски познатите оперски дела од композиторите: Пучини, Верди, Џордано, де Либ, Штраус – помладиот. ...
Италијанската актерка Џина Лолобриџида почина на 95-годишна возраст, објави во италијанската новинската агенција АНСА. Лолобриџида се прослави во педесеттите години на минатиот век како медитерански секс симбол, а по повлекувањето од светот на филмот стана фотограф и скулптор. Родена на 4 јули 1927 година во скромно семејство во малото село Субијако, во планинскиот регион Абруцо во централна Италија, Лолобриџида играше со најголемите светски ...
Научно-фантастичната акција „Се во исто време“ е апсолутен победник на 95. Оскари со седум златни статуетки, меѓу кои и за најдобар филм. Воениот спектакл „Ништо ново на запад“ освои четири Оскари, а церемонијата ја одбележа и големото враќање на Брендан Фрејзер, кој беше прогласен за најдобар актер.Филмот „Се во исто време“ триумфираше во три од четирите актерски категории. Мишел Јао е првата актерка од Азија што освоила Оскар за главна ...
Повторување на конкурсот за финансирање на проекти за 2022 година од Агенцијата за филм побара претседателката на транспаренси Интернешнал Македонија, Слаѓана Тасева, откако по пријава од граѓанин, Транспаренси спровела мониторинг на постапката. Тасева обвини дека самата поставеност на дел од членовите во одлучувачките органи е судир на интерес со кандидатите кои поднесуваат филмски проекти и ги повика надлежните институции да преземат соодветни ...
Грчката полиција денеска уапси тинејџер (17), еден од осомничените за нападот на поранешниот министер за финансии на Грција Јанис Варуфакис, додека се уште трае потрагата по уште двајца осомничени. Грчкиот економист, основач и лидер на левичарската партија Европски реалистичен фронт за непослушност (MeRA25) Јанис Варуфакис вчера бил нападнат и претепан од група луѓе во познатата атинска населба Егзархија, пред ресторанот каде што седел со ...
Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека денеска и утре ќе разговара со специјалниот пратеник за дијалог меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак и дека во среда или четврток, пред неговото патување во Охрид, ќе изнесе повеќе информации за тоа како гледа на ситуацијата во однос на Косово и што треба да се направи. „Не сакам многу да зборувам пред средбата, денеска и утре ќе бидам со него и ќе се обидам да работам, не на тоа за што ...
Двата најголеми грчки синдикати на вработените во државниот (АДЕДИ) и на вработените во приватниот сектор (ГСЕЕ), како и синдикатот на Комунистичката партија (ПАМЕ), утрово започнаа 24-часовен генерален штрајк, што ќе ја парализира Грција. Причината, како и на протестите во изминатите две седмици, така и на минатонеделниот штрајк, така и денеска е железничката несреќа со 57 жртви што се случи на 28 февруари кај Темпи, а синдикатите порачуваат ...
Министерството за финансии во Бугарија ќе бара од Владата да ги намали трошоците за не помалку од 10 отсто поради финансиската нестабилност во која се најде. В.Д. министерката Росица Велкова-Желева во новиот извештај за состојбите наведува дека на земјата и се заканува банкрот и дека постои ризик за стабилност на фиксниот курс на бугарскиот лев во однос на еврото. Од таму предлагаат да се одложи влезот на Бугарија во еврозоната, на неодредено ...
Грчката национална служба за разузнавање (ЕИП) открила случај на шпионажа, односно, како што соопштија, извесна Мариа Т., фотограф и сопственичка на мала продавница за ракотворби во Атина, во изминатите години тврдела дека е Гркинка, а всушност станува збор за странска државјанка Ирина А.С., која под „длабока покриеност“ и со лажен идентитет оперирала во Грција. За случајот, ЕИП излезе со детално соопштение за начинот на дејствување на жената, ...
Министерството за надворешни работи на Бугарија со зголемена загриженост ги следи случувањата во Северна Македонија поврзани со обидите за ограничување на правото на здружување на Бугарите во земјата, соопшти денеска бугарското МНР. „На 16 март Комисијата за употреба на лични имиња во Северна Македонија даде негативно мислење за употребата на името на Иван Михаилов од страна на здружението Центар за култура „Иван Михаилов“ – Битола. Врз основа ...
Состанокот кој го свика високиот претставник на ЕУ, Џозеф Борел, ќе се одржи со поддршка на специјалниот претставник на ЕУ, Мирослав Лајчак. Како што соопштија од прес-службата на Европската унија, прво ќе се одржат одделни билатерални средби со Вучиќ и Курти, една по друга, а потоа заедничка трилатерална средба. Претседателот на Србија во четвртокот вечерта изјави дека денешниот ден во Охрид нема да биде кобен. Тој зборуваше и за европскиот ...
Заедничкиот состанок на кој учествуваат српскиот претседател Александар Вучиќ, косовскиот премиер Албин Курти и претставници на Европската унија (ЕУ) почна во Охрид. Претходно, шефот за надворешна политика на ЕУ и пратеникот на Унијата за дијалогот Белград – Приштина Мирослав Лајчак имаат одвоени средби со Вучиќ и Курти. Лидерите на Србија и на Косово, Александар Вучиќ и Албин Курти во Вилата Билјана во Охрид разговараат за нормализација на ...
Косово и Србија вчера во Охрид го утврдија Анексот за спроведување на договорот за нормализирање на односите што двете страни го постигнаа на 27 февруари во Брисел, откако по 12 часа заврши состанокот меѓу претседателот Александар Вучиќ и премиерот Албин Курти во рамките на Дијалогот Приштина-Белград по покровителство на ЕУ. Во продолжение ви ги пренесуваме одредбите од Анексот, објавен на официјалната страница на Европската служба за ...
Вучиќ синоќа по повеќе од 13 часа разговори изјави дека во Охрид е постигнат некаков договор, дека се договорени неколку точки кои ќе станат дел од преговарачката рамка и дека не потпишал ништо на разговорите со претставниците на ЕУ и САД и косовскиот премиер Албин Курти. Тој рече дека Европскиот совет на пат што ќе биде долг ќе оцени колку кој направил од планот за имплементација. Ќе се оценува независно за секоја од страните што направиле. – ...
Центарот за македонски јазик во Грција денеска информира дека Основниот суд во Лерин, во две посебни одлуки, официјално одби повеќе барања/тужби за поништување на првичната одлука за одобрување на барањето за неговата регистрација. Од Центарот потсетуваат дека лани на 27 јули барањето за регистрација на Центарот за македонски јазик како невладина организација/здружение беше одобрено од грчкиот суд, со што истиот стана првата организација, која ...
Српските власти и официјално соопштија денеска за несреќата која се случи на Златкоп кај Врање. Во автомобилот имало неколку лица, но само едно починало на лице место, неофицијално потврдиија извори од истрагата. Исто така, неофицијално се зборува дека го пропуштиле патот за Македонија и се упатиле кон Златокоп, но потоа се сетиле дека во ресторанот во центарот на градот, каде што претходно престојувале, го заборавиле мобилниот телефон и се ...
Министерот за надворешни работи Ивица Дачиќ изјави дека „Србија на средбата во Охрид успеала да ги заштити своите национални интереси со мудрата политика на претседателот Александар Вучиќ“ и додаде дека „Србија мора да води дијалог и да ги нормализира односите со Приштина, држејќи се до нејзините црвени линии“, јави дописникот на МИА од Белград. Дачиќ за ТВ Пинк изјави дека во саботата на средбата во Охрид се било направено во согласност со ...
Тој, по состанокот со италијанскиот министер за надворешни работи, им се обрати на новинарите, кажувајќи дека војната во Украина за Србија е повеќекратно тешка позиција во овој момент. „Задоволни сме што го зачувавме мирот“, кажа Вучиќ. Тој потсети дека во италијанскиот печат, по почетокот на војната во Украина на 24 февруари минатата година, можеа да се прочитаат десетици текстови во кои пишуваше дека е само прашање на време кога Србија ќе ја ...