
Скопје
28ᴼ /
28ᴼ



Времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб, во западните делови умерен ветер од западен правец. Попладне и кон крајот на денот ќе има локално наоблачување со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 7, а максималната ќе достигне од 18 до 23 степени. Во Скопје претпладне сончево, а попладне облачноста ќе се зголеми и во делови од котлината ќе има пороен ...
1611.- Роден е Евлија Челебија, турски патописец. Од 1630 година, речиси без прекин патувал по Османлиското царство и надвор од него учествувајќи во воени походи. Водејќи воени белешки, низ разговори со стари луѓе за обичаите и настаните, копајќи по старите архиви, напишал патопис во 10 тома и оставил скапоцени сведоштва за балканските народи и простори. Пропатувал и низ голем дел од Македонија, при што оставил скапоцени сведоштва за ...
– Меѓународен ден на театрите – Ден на здравственото воспитание на Македонија 1625.- Умрел британскиот крал од шкотско потекло Џејмс Први Стјуард. Тој бил прв монарх кој од 1603 година до смртта владеел и со Шкотска и со Англија. Исто така бил и првиот Стјуард кој бил на англискиот престол. 1703.- Рускиот цар Петар Велики, на утоката на реката Нева, во Балтикот, основал град, кој според него е наречен Санкт Петербург (до 1914 година), Петроград ...
Времето денеска ќе биде променливо облачно и студено со засилен до силен ветер од северен правец, кој локално ќе достигне и над 80 километри на час. Во утринските часови во југозападните делови ќе има слаби врнежи од дожд, а на планините и на повисоките места во текот на денот ќе провејува слаб снег. Максималната температура ќе биде во интервал од 5 до 12 степени. Во Скопје ќе биде променливо облачно и судено со сончеви периоди и со засилен ...
Денеска е Светски ден на бабите, празник воспоставен во 1987 година во Франција. 1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео ди Паголо де Фаторино, познат како Фра Бартоломео, еден од последните фиорентински ренесансни мајстори. Тој најмногу сликал религиозни теми. Привремено го напуштил сликарството и во 1500 година отишол во доминикански манастир, но четири години подоцна Рафаел го убедил да продолжи да слика. 1483.- Во Урбино е роден ...
Вечерва од 20:45 часот фудбалската репрезентација на Македонија ги започнува квалификациите за Европското првенство 2024, а противник ни е Малта.Македонија е фаворит на хартија пред натпреварот, но како и што порача селекторот Милевски на вчерашната прес-конференција, таа улога ќе мораме да ја потврдиме со добра игра на теренот.Низ историјата Македонија против Малта одиграла шест натпревари, а само два од нив биле квалификациски, останатите ...
Победа со 2:1 над Малта и посакувани три бода за македонската фудбалска репрезентација на стартот во квалификациите за Европското првенство 2024. Ова е епилогот по вечерашниот натпревар одигран на Национална арена „Тодор Проески“ во Скопје. Стрелец на првиот гол беше Елиф Елмас во 66. минута, Дарко Чурлинов во 72. минута зголеми на 2:0. За гостите погоди Јанкам Јаник во 86. минута.Во 60. минута беше покажан пенал за „црвено-жолтите“, но по ...
Поранешниот ракометар на Металург и Вардар, Лука Циндиќ ја напушта Барселона, откако клубот го известил дека сака да го раскине договорот, пренесува „Спорт“. Каталонски „Спорт“ пренесува дека одлуката во Барселона ја донеле поради се почестите повреди на хрватскиот репрезентативец. Исто така, „Спорт“ пишува дека раскинувањето на договорот со хрватскиот репрезентативец значително ќе ја олесни финансиската состојба во клубот. Покрај Циндиќ, ...
Германскиот фудбалски шампион Баерн Минхен реши да се раздели со Јулијан Нагелсман и да го ангажира Томас Тухел за нов тренер. Баерн Минхен во 2021 плати рекордна отштета од 25 милиони евра за да го ангажира Јулијан Нагелсман, но младиот стратег никогаш не успеа во целост да ги имплементира своите идеи, играчите често се бунтуваа и имаа замерки за методите. Раководството на клубот во неколку наврати му даде поддршка, но трпението заврши, голем ...
Македонија во второто коло во Ц-групата е слободна. Терминот ќе биде искористен за контролен натпревар со Фарските острови. Дуелот ќе се одигра в понедлник во Скопје. За натпреварот со Фарските острови, селекторот Благоја Милевски нема да може да смета на Ѓоко Зајков, Аријан Адеми и Столе Димитриевски. Исто така во тимот ќе го нема и Дориан Бабунски кој поради повреда не беше во комбинација за дуелот со Малта. Зајков, синоќа беше хоспитализиран, ...
По победата над Малта со 2:1, во првиот меч од квалификациите за ЕВРО 2024, во понеделник нашата А-репрезенатција ќе одигра пријателски меч со селекцијата на Ф. Острови. Натпреварот ќе се одигра на Арената “Тодор Проески“ во Скопје со почеток од 18:00. Доцна попладнево на теренот на спортскиот центар “Петар Милошевски“ на ФФМ во Скопје, беше одработен и првиот тренинг во комплетен состав, ако се знае дека вчера тренираа само оние кои не играат ...
Томас Тухел денеска и официјално беше претставен како нов тренер на Баерн Минхен, а се појавија и нови детали од преговорите. Баерн Минхен за само еден ден ги заврши сите детали, а сега се појави и причината за нивната брза „акција“. Според последните информации, Томас Тухел имал закажан лет за Лондон на преговори со Тотенхем, но го откажал поради конкретни понуди од Баерн! А Хасан Салихамиџиќ откри колку всушност брзо течеле преговорите. „Во ...
Средба со министерот за финансии Фатмир Бисими побараа денеска вработените од Министерството за култура, Управата за заштита на културното наследство и Агенцијата за филм, за време на едночасовниот протест што се одржа пред Министерството за финансии. Тие на протестот уште еднаш упатија апел за покачување на платите. Претседателот на синдикалната организација при Министерството за култура, Бранко Костовски изјави дека ќе бидат присутни секој ден ...
Во текот на вчерашниот ден (26.03.2023) Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 1009 возачи. Од нив 46 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а шест возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. ...
Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Македонија донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,23 % во однос на одлуката од 22.3.2023 година. Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 4,090%, кај дизелот намалување за 1,040%, кај екстра лесното масло намалување за ...
Ново барање за екстрадиција на експремиерот Никола Груевски ќе биде упатено од министерот за правда, Кренар Лога. Тој посочи дека со писмото до Унгарија, каде што Груевски е азилант, ќе ги убедува тамошните власти дека осудениот ќе биде сместен во соодветни услови како во притворот така и во затворот, каде што треба да издржува затворски казни во согласност со пресудите за предметите од СЈО. „За девет предмети треба да одговара пред домашните ...
Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека утре и задутре, вторник и среда, (28/29.03.2023), поради официјална посета на нашата држава на претседателот на Република Австрија, д-р Александер Ван Дер Белен, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Скопје – Единицата за безбедност на патниот сообраќај, ќе преземат мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на град Скопје. ...
Единицата за сериозен криминал и кривични дела против културно наследство при Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал денеска (27.03.2023) до Основно јавно обвинителство Битола поднесе кривична пријава против Г.А.(43) од Ресен за сторени кривични дела „присвојување на добра под привремена заштита или културно наследство или природни реткости“ (чл.265), „оштетување или уништување на добра под привремена заштита или културно ...
Ковачевски нема мнозинство за уставни измени, се повеќе пратеници му откажуваат лојалност, велат во партиското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ. Девет пратеници од СДС не подржуваат уставни измени. Тројца пратеници од 1 и 2 ИЕ не се согласуваат со ваквите уставни измени, а 6 пратеници од внатрешноста сметаат дека гласањето на уставните промени е најлошата работа која може да ја направат СДС. Ниту пратеници од СДС не му се плашат на Ковачевски, и во СДС ...
31-годишен французин е во притвор откако бил уапсен за кражби во три стана во скопската општина Центар. Одреден му е притвор од осум дена. – Полициски службеници од ПС Центар при СВР Скопје вчера (26.03.2023) го лишија од слобода А.Ж.М. (31) од Франција поради основи на сомнение за сторено кривично дело тешка кражба во три стана на подрачје на општина Центар. Лицето со кривична пријава е предадено на јавен обвинител, а судија од Основен суд ...
До несреќата дошло откако патничкото возило излетало од патот, при што со повреди се стекнале возачот на автомобилот и неговите двајца сопатници Три лица се повредени во сообраќајна несреќа која попладнево се случила на автопатот Струмица – Радовиш. Според информации од Секторот за внатрешни работи (СВР) Струмица, денеска околку 15 часот од автопатот Струмица – Радовиш излетало патничко возило со струмички регистарски таблички, при што со ...
Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (27.03.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 153 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 43 санкции, 14 мерки за возење без возачка дозвола, 11 санкции за непрописно престројување на возила. Изречени се четири мерки за користење мобилен телефон при возење, шест санкции за минување на затворен сигнал ...
Вработените од Министерството за култура, Управата за културно наследство и Агенцијата за филм денеска пред Влада ќе одржат протест, со кој повторно кој ќе го изразат незадоволството од своите месечни примања. На протестот, кој почна во петокот, а се одржа и вчера пред Министерството за финансии, беше испратен апел за средба со министерот за финансии, Фатмир Бесими. Тие бараат потпишување на колективен договор и зголемување на платите по ...
Апелациониот суд во Скопје закажа јавна седница за случајот „Титаник 2“, во којшто е обвинет поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, осум дена пред да му застари делото. Второстепениот суд објави соопштение за јавната седница која ја закажа за на 30-ти март. Кривичното дело на Мијалков застарува на 7-ми април. -Апелациониот суд Скопје во интерес на јавноста и медиумите информира дека јавната седница пред судот, по кривичниот предмет ...
Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, следејќи ги информациите по медиумите поврзани со изградбата на автопатите на коридорите 8 и 10д, со цел да ги провери наводите што се изнесуваат во јавноста, отвори предмет по допрен глас. -Предметот е распореден кај надлежен јавен обвинител, кој презема дејствија и ќе изврши проверки, по што ќе донесе јавнообвинителска одлука за понатамошниот тек на постапката, велат ...
На 27.03.2023 во Скопје од полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје се лишени од слобода Н.М.(18) и М.М.(19), двајцата од Скопје. -Полициски службеници од Одделението за криминалистички работи Кисела Вода, постапувајќи по пријава според која во 11.58 часот од спортска обложувалница на подрачјето на Кисела Вода биле одземени пари, презеле мерки и активности при што било констатирано дека за двете лица постои ...
Владата денеска на седница треба да донесе одлука за замрзнување на цените на хигиенските производи, а во тек на неделава да одлучува и за цените на дел од овошјето и зеленчукот. Од Владата оценуваат дека нејзините одлуки за цените генерално се почитуваат и најавуваат дека ќе има и други интервенции ако анализите покажат дека е неопходно. -Нема да чекаме несоодветно работење на одредени комисии во Собранието. Со одлука на Владата ќе ги намалиме ...
Во Националната опера и балет вечер од 20 часот ќе биде изведена операта „Кавалерија рустикана“ од Пјетро Маскањи во режија на Џандоменико Вакари од Италија. Ќе настапат солистите Благица Поп Томова, Зоран Сотиров, Борис Трајанов, Николина Јаневска и Марика Поповиќ, хорот и оркестарот на НОБ. Диригент е Иван Еминовиќ, сценограф Зоран Николовски, костимограф Елена Дончева, концерт-мајстор Јане Бакевски, хор-мајстор – Ѓургица Дашиќ и Јасмина ...
Никола Ристановски е добитник на наградата гран при за најдобра машка улога на 18. Меѓународен фестивал на актерот, Никшиќ 2022, Црна Гора, за улогата д-р Стокман во претставата „Народен непријател“ во режија на Нина Николиќ. Оваа награда му ја додели жирито во состав: Тања Бошковиќ, претседател, и Славиша Чуровиќ и Тања Перишиќ, членови. Таа е трета награда по ред за истата улога по оние на МТФ „Војдан Чернодрински“, Прилеп, и на фестивалот ...
Премиерата на „Кајмак“ во режија на Милчо Манчевски ќе се случи вечерва (16 ноември) во Македонската филхармонија. Веќе од следниот ден, четврток, „Кајмак“ почнува истовремено да се прикажува во речиси 30 градови низ целата земја. „Кајмак“ ќе игра во цела Македонија. Направивме напор филмот да го донесеме во секое кино, каде има техничка можност за прикажување“, вели продуцентот Јане Ќортошев. Киноприкажувањето низ Македонија започнува во ...