
Скопје
11ᴼ /
11ᴼ



Градоначалникот на Белград, Александар Шапиќ, најави дека ваучери во износ од 6.000 динари (нешто повеќе од 3 илјади денари) ќе добијат сите деца во Белград, заклучно со средношколците од четврта година, како и сите вработени во образовните и предучилишните установи. – Јавната набавка за ваучери е објавена, а тие треба да бидат готови за дистрибуција кон крајот на ноември или почетокот на декември. Инсистирав да не се уплаќаат пари на сметките ...
Во Основното училиште „Блаже Конески“ денеска започна реализацијата на проектот за доделување бесплатни таблети, во чии рамки повеќе од 800 четвртоодделенци од Општина Аеродром ќе добијат бесплатни таблети. Градоначалникот на Аеродром, Тимчо Муцунски, коj присуствуваше на доделување на таблетите, истакна дека станува збор за проект кој ќе го олесни и унапреди образовниот процес. Производител на таблетите е „Амазон“. Вкупна вредност на проектот ...
Придобивките за децата се многубројни, но ќе наведам само неколку: подобрување на концентрацијата, логичко размислување и планско размислување, развивање на интелигенцијата, ги учи децата да го почитуваат противникот. Имајќи предвид дека во шахот најмногу се учи од изгубени партии, се развива чувството дека од грешките треба да се учи, вели Александра Гакидова, секретарка во управниот одбор на Шаховската федерација Од септември шахот е на ...
Лоран Симонс од Белгија, по завршувањето на магистерските студии по квантна физика, ќе запише докторат… иако има само 12 години. Таткото на Лоран, Александар Симонс, изјави дека момчето се запишува на докторски студии по природни науки на германскиот Истражувачки институт „Макс Планк“. Се наведува дека програмата ќе вклучува хемија, медицина и физика, па момчето голем дел од времето ќе го минува во лабораторија. Лоран, кого го нарекуваат Малиот ...
Ајде, искрено. Да се осигуриме дека нашите деца се здрави и среќни е веројатно наш главен приоритет, но зарем не би направиле сѐ што можеме за да го имаме најпаметното и најталентирано дете во класот? Или барем она што не мора да работи напорно за да добие одлични оценки. И еве каде работите стануваат навистина нефер. Како веќе да не ни се многу работи на ум, како родители без сон кои се принудени да ги хранат децата со домашна, органска храна, ...
На сите ни се случило понекогаш да го одложиме извршувањето на планираните активности и обврски, да доцниме со плаќањето сметки, да не отидеме на тренинг, во последен момент да ја испратиме семинарската работа, „да заборавиме“ да се пријавиме за испит. Ваквото однесување можеме да го сметаме за проблем доколку станува почесто во една или во различни сфери од животот. Во тој случај зборуваме за одолжување. Терминот „одложување“ или ...
Оваа и следната недела ќе се испечатат и испорачаат најголем дел од новите учебници за прво, второ, четврто и петто одделение, соопшти Министерството за образование и наука. -Станува збор за над 20 учебници за кои нема жалбени постапки, по наставни предмети во прво, второ, четврто и петто одделение и тоа на сите јазици на кои се изведува наставата во основните училишта во државата, односно на македонски, албански, турски, српски и босански јази ...
ООУ „Лазо Трповски“ од Скопје и годинава, 12. пат едноподруго, учествуваше на Меѓународниот литературен натпревар за млади во Токио, Јапонија, на кој досега има освоено три награди (2015, 2016 и минатата 2021 година). Натпреварот е во организација на УНЕСКО и фондацијата ГОИ од Токио и се одржува во рамките на одбележувањето на „Деценијата на Обединетите нации за одржлив развој на образованието“ во главниот град на Јапонија. Овој глобален проект ...
Кога ќе го погледнете бебето во количка, ќе видите дека постојано нешто прави. И постојано прави нешто иако нема вештини да го направи. Тоа не си игра со движењата што ги научило вчера, туку прави други движења кои сè уште не може да ги направи. Многу е зафатено. Детето не знае за досада до седум или осум години. Постојано нешто истражува, работи. Ако му кажете на детето да оди да земе нешто, тоа нема да послуша. Но, ако му кажете ајде да ги ...
Неодамна слушнав една трогателна и вистинита приказна, која прво ме насмеа и ми предизвика среќа и задоволство. Тоа е една од приказните што остануваат во меморијата многу долго, мотивираат, те тераат да застанеш за момент и да сфатиш дека си човек, дека твојот љубезен гест, насмевка, поддршка, разговор или личен пример може да промени нечиј живот, кој го крева од бездната, да му даде семе надеж, вера и да му открие дека чудата се навистина ...
Што поскоро, што порано – се чини дека е мотото на современото родителство, кое повеќе од кога било досега доби форма на натпреварувачки спортови. Стравот дека нивното дете нема да ги достигне другите деца и на тој начин ќе ја изгуби шансата да се натпреварува рамноправно на сè посуровиот пазар на знаења, вештини и достигнувања, ги поттикнува родителите да го „турнат“ своето потомство во следните развојни фази. Само, дали тоа брзање носи нешто ...
Наставниците мора да пријават сајбер-малтретирање без разлика дали тоа се случува на училиште или не. Не може едноставно да се игнорира. Ова е мислењето на Тања Дејановиќ Шагадин, училиштен психолог и психотерапевт, која со години работи со деца сторители и жртви на насилство, и врсничко и сајбер-малтретирање, во Хрватска. Тања Зборува за насилството меѓу врсниците и онлајн насилството, како и за улогата на наставниците во препознавањето и ...
По повод 20 Ноември – Светскиот ден на детето, установен од УНИЦЕФ, четворица третоодделенци од ООУ „Лазо Трповски“ – Дамјан Симески, Јосип Радетиќ, Лара Јакимова и Петар Ѓорѓиев предводени од одделенската наставничка Дијана Петроска и предметниот наставник Стефан Симовски со свои ликовни творби учествуваа на 25. Меѓународен ликовен натпревар „Пријатели на мирот 2022“ во Њујорк, САД. Годинава со свои ликовни творби во овој глобален проект ...
Пишувањето есеј е градење и искажување аргументиран личен став по одредено општествено прашање. Особено ако ви се укаже можност да го направите тоа во светски глобални рамки и притоа жирито ве награди за вашето размислување, тоа јавно ќе одекне помеѓу младите во целиот свет, вели предметниот наставник по германски јазик Стефан Симовски, кој 12. година ги мотивира учениците да се вклучат во глобалниот реномиран натпревар Лара Станчева, Тамара ...
Спрема некои светски согледувања, Франција укажува дека децата не смеат да учат да читаат порано од шестата година. Читањето би требало да се учи од шестата година Се поставува прашањето – кое е потребното и идеално време за да се започне овој невролошки процес. Ова е од голема важност не само за детето во тој период, туку и за неговиот понатамошен тек на образование и воспитување. Важно е и за неговата севкупна здравствена состојба, на ...
-Татко ми работеше во фабрика, а мајка ми беше домаќинка. Наставничката не можеше да разбере зошто сум одличен ученик! Ете! Катарина секогаш била подобра, затоа што татко ѝ е судија, или Јелена, затоа што мајка ѝ е педијатар. Сфаќаш? Па, тоа е неправда, што би рекол Калимеро. -Ајде мамо, што зборуваш? Па, ти беше одличен ученик! Зошто учителката би те издвоила од другите?! -Затоа што јас сум дете на работници! Сине, светот не е толку идеален ...
Поради прекин на греењето од топланата Скопје – Север, вчера во училиштата во Чаир и во Бутел наставата беше прекината. Родителите решиле да не ги пуштаат децата во школо поради ладните радијатори, а како што ни изјави еден родител, проблемот започнал минатата недела и часовите биле скратени. – Наставата во Основното училиште „Петар Здравковски Пенко“ во населбата Скопје Север, веќе цела недела се одржува со скратени часови бидејќи во училиштето ...
На денешен ден е родена Ада Лавлејс, британска математичарка и писателка Десетти декември е денот кога светот го слави раѓањето на Ада Лавлејс, првиот светски компјутерски програмер. Биографија на Ада Лавлејс е инспиративна по многу нешта. Од фактот што е меѓу ретките жени кои во далечните 20-ти години на 19 век била сериозно заинтересирана и навлезена во науката и математиката, во време кога од жените се очекувало нешто сосема друго; па сѐ до ...
Биби и Боби се на гости кај Оливер. Тројцата се во собата на Оливер. Боби и Оливер ја играат компјутерската игра што ја направи Оливер. Да, иако има само десет години, Оливер направи компјутерска игра. Преку неа се учат многу интересни работи. Се учи математика, физика, биологија, хемија, информатика… Тие двајца не забележуваат што прави Биби. А Биби занесено црта нешто, запишува… Наеднаш извикува: „Значи вака другарчиња, и јас смислив игра, се ...
Истражување спроведено на Универзитетот „Стенфорд“ ја нагласува важноста на неструктурираната игра за менталното здравје на децата и тврди дека децата чии родители го одложуваат нивното вклучување во образовниот систем до 6-годишна возраст нема да пропуштат ништо! Студија на Универзитетот „Стенфорд“ покажува дека резултатите од саморегулацијата и менталното здравје значително се подобруваат кога децата влегуваат во предучилишна возраст на ...
„Добив 5, мамо, но 5 без грешка!“, триумфално влезе ќерка ми дома по училиште. Таа го извади тестот по природа и општество и гордо ми го покажа. „Браво, срце мамино!“ – го поддржав нејзиниот успех, но веднаш поставив прашање: „А извини, зошто е толку важно да е без грешки? Петка е петка!“ „Ама мамо, тоа е вистинска, чиста петка“ – извика таа. Не сакав повеќе да ѝ одговарам, ниту да се расправам за да не помисли дека имам нешто против нејзината ...
За тоа колку е (пот)ценета професијата наставник во едно општество говори материјалната положба во која се наоѓаат просветните работници. Во многу земји од Европа не се задоволни од својата позиција и сметаат дека треба да бидат подобро платени. На пример, во Унгарија илјадници наставници протестираа за подобри услови за работа, а 50 од нив потоа беа отпуштени поради „граѓанска непослушност“. Недостигот на наставен кадар е исто така хроничен ...
На денешен ден, 27 декември, е роден Луј Пастер – таткото на микробиологијата Најголемата лекција што може да ја научиме од овој голем изумител е дека не треба да се биде особено интелигентен за да се биде успешен. Доволно е да се биде упорен и истраен во она што сакаме да го постигнеме. Исто како што ги учиме и нашите ученици во IQ UP. Преку повторување на експериментите, учиме дека е сосема во ред да се проба одново кога експериментот нема да ...
Владата соопшти дека денеска, на 118. редовна седница, го разгледала и го усвоила предлогот на Министерството за образование и наука, второто полугодие од учебната 2022/23 година наместо на 18 јануари, да почне на 23 јануари (понеделник) со физичко присуство за сите ученици. Во образложението од Министерството за образование и наука е наведено дека зимскиот распуст се продолжува поради заштеда на греење и заштита на здравјето на учениците. ...
Како до предновогодишна магија? Најдобро е со музика! Крајот на годината традиционално се поврзува со заокружување на една целина на која се надоврзуваат желбите и плановите за уште поубави настани во наредната година. А, за децата чие централно повеќегодишно хоби е свирењето на музички инструмент, овие желби и планови најчесто се поврзани со нивната омилена музика. Дали е тоа приредба, настап, концерт, рецитал, музички приказ, фестивал или ...
Метју Мисленски, кој е роден со церебрална парализа, уште на седумгодишна возраст знаел дека сака да оди на Универзитетот „Харвард“. Неодамна неговиот долгогодишен сон станал реалност, а неговата реакција на веста ги расплака корисниците на социјалните мрежи. Во виралното видео со речиси милион прегледи, 17-годишниот Метју и неговата сестра близначка Магдалена седат пред лаптоп и го проверуваат статусот на неговата апликација. Кога одговорот ...
Консумацијата на екстра девственото маслиново масло во текот на бременоста и во периодот на доењето го подобрува квалитетот на мајчиното млеко, покажало истражувањето објавено во списанието „Food Chemistry“. Маслиновото масло е богато со омега-3 и омега-6 масни киселини кои го стимулираат растот на детето. Тие дури ја минуваат плацентната бариера, подобрувајќи го развојот на детето во утробата. – Ова е прва студија која известува за пренос на ...
Многу возрасни не знаат како да кажат не и да застанат во своја одбрана. Постојаното прифаќање туѓи идеи и предлози ве прави хронично исцрпени и на крајот несреќни. Некои ја прифаќаат оваа неспособност како непроменлив дел од нивната личност. Помирени со судбината, ќе речат: „Што ќе правам? Навистина не ми се допаѓа, но ќе одам на тој роденден. Знаеш дека не можам да кажам не“. Бидејќи многу карактеристики на нашата личност се формираат во ...
Министерството за образование и наука информира дека во текот на вчерашниот ден започна испораката на новите учебници за прво, второ, четврто и петто одделение во основното образование и ќе се заокружи во следните две недели. Станува збор за 52 учебници изработени согласно нови наставни програми и напишани на сите јазици на кои се изведува наставата во основните училишта во државата – македонски, албански, турски, српски и босански јазик. Тие ќе ...
Прашањата до психолозите и психотерапевтите може да ги испраќате на е-пошта: prasajpsiholog@deca.mk. Ве молиме прашањата пишувајте ги на кирилица. Нашето мото е: Кој прашува, дејствува! Кој си молчи, претпоставува! ПРАШАЊЕ: Мајка сум на 15-месечни близначки. Во последните 3 месеци едната од нив постојано бара да е со мене, односно да ја држам в раце. На пример, ако си играме заедно во дневниот простор, а јас имам потреба да отидам до кујната, ...