Иако претходно врз основа на студии се тврдеше дека телесната тежина на детето во голема мера влијае врз нарушувањата на расположението и однесувањето на детето, најнова студија го побива тоа. Изгледа дека ова има и добра и лоша страна. Експертите заклучиле дека претходните студии не ги зеле целосно предвид семејната генетика и факторите на животната средина. Тие, сепак, истакнуваат дека дебелите деца се склони кон депресија, анксиозност и АДХД, ...

Се чини дека татковците секогаш ги имаат одговорите што ни се потребни. Тие се полни со мудрост и корисни информации, од тоа како да го поправиме автомобилот до тоа како смирено да се справиме со бесот на нашите малечки. А примерот на таткото и неговите совети влијаат врз животот на генерациите што доаѓаат. Затоа неколку мајки ги споделиле најдобрите совети што ги добиле од своите татковци, а во продолжение ви пренесуваме дел од нив. „Кога ќе ве ...

Може да речете дека сум луда. Можеби сум мрзлива. Можеби изведувам не знам што со тоа модерно воспитување. Но, прво прочитајте докрај. Моето дете има три години. И има право на избор. Таа може да избере што сака да облече. Може да избере што сака да јаде (од понудените опции). Може дури и да одлучи кога да ги извршува задачите што треба да ги направи. Моето дете се открива себеси. Таа учи за светот околу него. Таа открива каде се границите и до ...

Кога размислував за психологијата како дете, мојата прва асоцијација секогаш беше сликата на Сигмунд Фројд. Подоцна тоа се промени преку понатамошното образование. Имам чувство дека кај нас, а кога велам „во нашата земја“ мислам на мојата околина, култура и регионот каде што живеам и работам, сѐ со префиксот „психо“ е сè уште донекаде непознато, а штом некому му треба некој чија професија почнува со префиксот „психо“, веднаш се коментира „не ...

Еден од оние денови. Деца трчаат низ куќата, врескаат, садовите штотуку измиени, а во дневната соба веќе е хаос. Нервите стануваат потенки. Сите сме го поминале тоа, тоа е само нешто што доаѓа со мајчинството. Кој вели дека никогаш не ги изгубил нервите – хм, тешко дека ја кажува вистината. И што да се прави кога ќе дојде таков ден? Имате два избора: Да се препуштите и да се молите што побрзо да заврши денот ИЛИ Свртете го денот за пет секунди ...

Советите за воспитување деца често се менуваат. Бидејќи науката нуди некои нови одговори, родителите се обидуваат да ги доловат најдобрите и најкорисните информации што би им помогнале да ги донесат најдобрите одлуки. Иако пофалбата е добра за децата, се поставува прашањето за начинот на кој треба да се комуницира. Според „Research Addict“, пофалбите се генерално добри. Кога родителот ќе го пофали детето за она што го прави добро наместо да го ...

Круг на викање. Речиси и да нема родител кој не го разбира ова. И оној што не се запрашал ЗОШТО моите деца чекаат да викнам, па да послушаат? Па, не сакам да бидам мајка што вика! Кога сакаме децата да направат нешто, а тие не се покоруваат, повеќето родители чувствуваат дека немаат друг избор освен да го повишат својот глас. Можеби звучи како невозможна мисија целосно да се елиминира викањето (бидејќи сите понекогаш викаме), но има работи што ...

Наместо досегашното породилно отсуство, се предвидува поделба на отсуството на мајчинско, татковско и родителско отсуство. Ова се предвидува согласно новиот предлог-закон за работни односи, кој е во нацрт-верзија, за кој периодов ќе одржиме серија јавни расправи со цел вклучување на јавноста и отворање на можноста за коментари, објави министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска на својот фејсбук-профил. -Татковското отсуство е ...

Раѓањето близнаци било голема промена за манекенката Ешли Греам и нејзиниот сопруг Џастин Ервин. Тоа подразбирало потреба од повеќе простор, преселувајќи го семејството од стан во Њујорк на имот од речиси два и пол хектари во Њу Џерси. Овој потег бил „здив на свеж воздух“, според Греам, на која ѝ било удобно да живее во стан со нејзиниот првороден син Исак. – Но, тогаш, кога дознавме дека ќе имаме близнаци, реков: Во каков стан ќе живеам во ...

Го гледате вашето четиригодишно дете како си игра со своите браќа и сестри преправајќи се дека тој е родител, а тие се бебињата. Додека уживате во овој посебен момент, ви доаѓаат солзи радосници. Меѓутоа, моментот не трае долго. Следното нешто што го слушате е строгиот глас на вашето малечко како вика: Не, бебе! Не допирај ги сложувалките. Дојди овде во замокот! Мора да дојдеш во замокот сега!“ Вашето помало дете повеќе не ужива да се преправа ...

Децата уште од првите денови од животот се изложени на разни звуци, од кои најмногу им го привлекува вниманието музиката. Многубројни истражувања го покажуваат влијанието на музиката врз децата дури и во пренаталниот период, додека се во утробата на мајката. Затоа мајката треба да слуша смирувачка музика… Децата ја покажуваат потребата за музичко изразување (како и танцување) уште од најмала возраст. Музиката и движењето се незаменливи елементи ...

Кражбата, како и другите помали деликвенции како лажење, измама и слично, не се настани што се случуваат сами по себе. Тие се случуваат во посебни ситуации и со посебна намена. Кога ќе се соочите и со мало дете и со постар ученик со прашањето – зошто, кога ќе се обидете да откриете кој е мотивот на кражбата, тешко дека ќе добиете одговор. Ученикот може да се засрами и исплаши и да се чувствува виновен кога ќе се препознае кражбата, може да лаже ...

На петгодишна возраст ќерка ми првпат отиде на зимување со својата учителка. На шестгодишна возраст по втор пат. Сега, на речиси осум години, додека го пишувам ова, таа е на зимување со нејзината учителка. Од раѓање беше прилично приврзана за мене затоа што речиси и да не одеше во градинка, можеби само еден месец. Ја доев долго време навечер, па не можеше да спие без мене, а првпат остана со баба ѝ цела ноќ кога се роди нејзиниот помал брат. Таа ...

Татковството го менува животот, но тоа е и најдоброто искуство на светот бидејќи мажите можат да научат толку многу за себе кога ќе станат татковци. Иако е вистина дека никој не може да биде подготвен за родителските предизвици, сепак постојат практични начини кои мажите можат да ги применат во своите животи или рутини пред да пристигне првороденото дете. Идните татковци може да научат неколку трикови вежбајќи со вистински бебиња. Ако постои ...

Патронажните сестри се соочуваат со нови предизвици секој ден. Постојано се на терен, ги посетуваат домовите, а како што истакнува Бранка Пуѓа, медицинска сестра во Здравствениот дом во Рума, Србија, најголемиот дел од нивната работа е со мајките. Работењето во патронажа значи дека семејството ве пушта во нивниот дом, да присуствувате на нивните најинтимни и најсреќни моменти. Покрај стравот што го имаат новите родители, и медицинските сестри се ...

Канадскиот терапевт Викторија Прудај предупредува дека на децата им оди полошо на училиште и се емоционално нестабилни поради прекумерната употреба на технологијата и „лошото“ родителство. Таа го опишала она што го гледа како загрижувачки тренд во однесувањето на децата. „За време на мојата десетгодишна работа како детски терапевт, видов и продолжувам да гледам пад во социјалното, емоционалното и академското функционирање на децата. Како и ...

Живеев во четири земји на три континенти. Работев во Министерство за образование во една од нив. И тврдам – никаде не се префрла толкава вина кај децата како во Србија. Како тоа ние сме толку згрозени од насилничкото однесување на децата во училиштата, а кога возрасните се однесуваат насилно, тогаш сме во ред со тоа? Уште повеќе, многумина веруваат дека децата заслужуваат наставниците и родителите да бидат груби, дрски, да ги навредуваат, па ...

Има многу стилови на родителство, па секоја мајка и татко го избираат методот што најмногу им одговара. Колку и да се различни, сите имаат заеднички зборови и фрази кои детето никогаш не треба да ги слушне бидејќи можат да остават трајни последици. Терапевтот за трауми Шенон Морони вели: „Не можам да ви кажам колку од моите клиенти се сеќаваат на точните зборови што ги слушнале од нивните родители како деца, а кои ги омаловажувале“. Кај неа ...

Дали некогаш сте полуделе пред вашето дете затоа што ја игнорирало вашата 48. заповед по ред да оди в кревет или да го врати вашиот мобилен телефон, да ги облече чевлите и да ја јаде вечерата што сте ја приготвиле со љубов? Воспитувачот на родители Меги Дент ви пренесува неколку одлични совети како да ги надминете гневот и бесот во родителството. Синдромот на бес и совршениот родител „За почеток, гневот е многу валидна човечка емоција“, вели ...

Прашањата до психолозите и психотерапевтите може да ги испраќате на е-пошта: prasajpsiholog@deca.mk. Ве молиме прашањата пишувајте ги на кирилица. Нашето мото е: Кој прашува, дејствува! Кој си молчи, претпоставува! ПРАШАЊЕ: Јас сум една загрижена мајка на 5-годишно машко дете. Беше умно, паметно, соработливо дете, но повеќе не е такво. Пред еден месец добив и второ дете и не дозволуваме поголемиот да се почувствува изолиран или да не му се ...

Детето да биде вклучено во разговорите со возрасните, секогаш да му се одговара на неговите прашања, постојано да му се зборува при секојдневните активности… за да се стимулира јазично-говорниот развој на детето. Во продолжение се дадени многу совети со кои може да му помогнете на детето: – Постојано да му се зборува на детето за време на секојдневните активности и воедно истите да се именуваат (хранење, капење, облекување, прошетка, играње). – ...

Како можете да му помогнете на дете со АДХД да создаде нови навики? Навиките обично ни помагаат да го намалиме стресот или да исполниме емоционална потреба. Тие може да ни служат на почетокот кога ќе ги стекнеме, а потоа да престанат да ни бидат корисни. Дел од родителството е да им помогнеме на нашите деца да развијат добри навики и да ги отфрлат лошите (или оние што престанале да бидат корисни). Старите навики тешко умираат бидејќи ни се ...

Истражувањата покажале дека малечките сакаат креативни работи од кои можат да направат нешто, а не готови скапи предмети. Додека на своите деца упорно им купувате нови скапи играчки, мислејќи дека ќе ги израдуваат и ќе ги окупираат нивните мисли, треба да знаете дека тие всушност најмногу се радуваат на едноставни подароци. Истражувањето на компанијата „Кларкс“ покажало дека малечките сакаат креативни работи од кои можат да направат нешто, а не ...

Никогаш не сум имала голема поддршка во животот. Моето детство беше небалансирано и нестабилно. Иако имам постар полубрат, јас бев воспитана одвоено од него, па тоа ме прави единствено дете на самохрана мајка, додека мајка ми не се омажи повторно. Научив брзо како да се воспитувам самата. Бев кралица на играта за преправање. Во трето одделение ги зедов ситните топчиња што ги добив од автоматот во пералницата и создадов мое „училиште за ...

Иако денес сè поголем број родители ја осудуваат физичката дисциплина на детето, има и такви кои сè уште веруваат дека е дозволено малку да го удрите детето по задникот. Педијатрите предупредуваат дека децата не го менуваат однесувањето со овој вид казни, туку го доживуваат сосема поинаку. Физичкото казнување на детето може привремено да го запре неговото „лошо“ однесување, но според истражувањето на Американското здружение за педијатри, тоа е ...

Нормално е новата литература за деца да ги одразува духот и вредностите на новото време – да има повеќе девојчиња како главни јунаци во приказните, да се зборува за различностите, за отуѓеноста на современиот човек, за современите пандемии, за еколошките катастрофи, за бегалските кризи… Литературата за деца треба да разбуди емоции, да ги натера на размислување и да ги поттикне да бидат подобри и похумани луѓе, смета Елизабета Баковска, писателка ...

Последните две ПИСА-студии (поради ковид-мерките, разбирливо, беа направени пред ковид-пандемијата) покажаа дека момчињата се соочуваат со поголеми проблеми во учењето. Девојчињата имаат тешкотии со математика и предметите од областа на природните науки, но севкупно тие покажуваат подобри резултати на ПИСА-тестовите во речиси сите земји, па вклучително и во Македонија. Оттука се поставува прашањето: На што се должи тоа? И, се разбира, како ...

Хорот и оркестарот на ООУ „Кузман Јосифовски – Питу“ од Скопје настапија на Интернационалниот фестивал во Ричоне (Riciione), Римини, Италија, под името „Сите бои на уметноста“ и го освоија првото место. На фестивалот настапија 18 натпреварувачи од Литванија, Шри Ланка, Иран, Хрватска, Израел, Ерменија и Бугарија, во различни категории. Македонскиот хор и оркестар под менторство на професорката по музичко во ООУ „Кузман Јосифовски – Питу“, Вера ...

Понекогаш е тешко да се разберат децата кои се во фаза на постојани промени, какви што интензивно ги доживуваат тинејџерите. Сепак, мораме да запомниме дека и ние сме биле на нивни години и сме морале да се справиме со големите предизвици со кои сега тие се соочуваат. Агресија и малтретирање Како што покажуваат податоците на Светската здравствена организација, генерално, шансите едно дете да малтретира друго се зголемуваат на возраст од 11 до 15 ...

Сведоци сме како брзото време и многубројните обврски на родителите го земаат својот данок. Сѐ повеќе имаме деца со кои треба многу да се работи пред да се пуштат во градинка и во училиште. Но нека не ве обесхрабрува тоа, нека не ви става тежина и безброј мисли, сѐ што некогаш е потребно е само мал поттик одвреме-навреме и работа со нив. Во прилог може да ги видите сите расположливи активности, секако чувствувајте се слободни да цртате надвор од ...

weather icon

Скопје

29ᴼ / 29ᴼ
5.66
32%
1019
weather icon

Белград

27ᴼ / 25ᴼ
3.6
40%
1022
weather icon

Загреб

28ᴼ / 26ᴼ
1.03
36%
1023
weather icon

Софија

24ᴼ / 24ᴼ
5.14
33%
1020
weather icon

Сараево

28ᴼ / 28ᴼ
4.21
39%
1019
weather icon

Љубљана

26ᴼ / 25ᴼ
1.79
54%
1023
weather icon

Атина

33ᴼ / 31ᴼ
6.17
34%
1015
weather icon

Тирана

31ᴼ / 31ᴼ
2.57
37%
1016
weather icon

Подгорица

31ᴼ / 31ᴼ
3.6
37%
1018
weather icon

Букурешт

26ᴼ / 25ᴼ
4.12
41%
1020
weather icon

Будимпешта

26ᴼ / 23ᴼ
2.57
36%
1023
weather icon

Истанбул

26ᴼ / 26ᴼ
7.72
39%
1017
Currency

61.525

Currency

53.2956

Currency

72.268

Currency

34.7121

Currency

39.0513

Currency

65.5666

Currency

7.38675

Currency

0.66427

Currency

0.37034

Currency

0.52507

Currency

1.34814

Currency

0.62007

Алуминиум

2.52

Кобалт

42.99

Никел

15025.00

Рутениум

21637.45

Калај

33.12

Сребро

1163.93

Злато

108920.23

Бакар

9.65

Паладиум

33886.89

Платина

40233.42

Родиум

177632.87

Цинк

2.63