
Скопје
25ᴼ /
25ᴼ



Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Македонија донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,92% во однос на одлуката од 5.5.2023 година. Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 1,392%, кај дизелот за 0,874%, кај екстра лесното масло за 0,827% и кај мазутот ...
Јавноста вчера виде дуел помеѓу потпретседателите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, односно помеѓу Фатмир Битиќи кој е и вицепремиер за економски прашања и Александар Николоски кој е и пратеник. – Доаѓаш од партија која кога минималната плата во 2016 година беше 10.000 денари, тврдевте дека тоа е добро. Јас доаѓам од партија која ја зголеми минималната плата на 18.000 денари и тврдам дека тоа не е доволно, му порача Битиќи на Николоски. Обидот на Николоски ...
На 08.05.2023 во 03.11 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Цветан Димов“ во Скопје настанал пожар во патничките возила „опел“ со скопски регистарски ознаки сопственост на А.С.(41) од Скопје, „фолксваген голф“ со гостиварски регистарски ознаки сопственост на О.С.(46) од Гостивар, „пежо“ со скопски регистарски ознаки сопственост на А.М.(27) од Скопје и „ауди“ со скопски регистарски ознаки сопственост на А.М.(26) од Скопје. Пожарот бил ...
Украински проектил од системот „S-300“ наводно паднал на територија на Белорусија, руски сојузник, објави државната новинска агенција „BelTa“. Министерството за одбрана во Минск истражува дали белоруската противвоздушна одбрана ја погодила ракетата или станувало збор за залутан проектил. Според информациите на локалните медиуми, белорускиот претседател Александар Лукашенко побарал брза истрага. #Belarus Officially confirmed: this morning, a ...
На 05.05.2023 околу 12 часот во просториите на основно училиште на подрачјето на Чаир, Скопје, полициски службеници во присуство на родители, педагог, психолог и директорката на училиштето извршиле службен разговор со малолетник-ученик во училиштето. Разговорот е извршен постапувајќи по претходна пријава од директорката на училиштето дека извадил пластичен пиштол (играчка) и го насочил кон други ученици, а потоа и го предал на неа. Известен е ...
Револтот на здравствените работници кулминира. Ако во најкус рок не го добијат ветеното покачување на платите синдикатите најавуваат генерален штрајк во здравството. “Белите мантили” се револтирани и демотивирани велат од синдикатот на Клинички. Прашуваат до кога ќе молат за повисоки плати и подобри услови за работа? Синдикатот предупреди дека во моментов во здравството се случува таканаречен бел или тивок штрајк во кој им се губи ентузијазмот ...
Денеска, 4 мај, се одбележуваат 120 години од смртта на македонскиот револуционер Гоце Делчев. По тој повод, државни делегации од земјава ќе положат цвеќе на неговиот гроб во црквата „Свети Спас“ во Скопје, а предвидена е и богослужба од страна на Македонската православна црква-Охридска архиепископија (МПЦ-ОА). Според најавите, на вечното почивалиште на револуционерот денеска цвеќе ќе положи претседателот Стево Пендаровски и собраниска ...
Вкупниот број на пензионери во август изнесува 325 637 лица. Најмала просечна пензија од 8.263 денари имаат пензионерите кои земаат земјоделска пензија, додека највисока просечна пензија имаат воените пензионери и таа изнесува 23.069 денари. До 14 илјади денари пензија земаат 50,06 проценти од пензионерите, додека од 14.000 па нагоре 49,94 отсто. Целата анализа може да ја прочитате на следниот линк: АНАЛИЗА ПЕНЗИИ: До 14.000 денари пензија ...
Премиерот Димитар Ковачевски во рамки на работната посета во Соединетите Американски Држави, денеска во Њујорк ќе има обраќање на отворената седница на Советот за безбедност на Обединетите нации. За време на престојот во Њујорк, како дел од програмата за одбележувањето на 30-годишнината од членството на Македонија во ОН, премиерот Ковачевски ќе има средби со високи претставници на УНИЦЕФ и УНДП. Предвидено е да се обрати на приемот во ОН ...
Денеска точно напладне пред Министерството за финансиии ќе побараат државата да го обезбеди лекот Трикафта за сите. Немаме се уште официјален допис од страна на надлежните во однос на оваа проблематика иако неофицијално се слушаат одредени информации дека ќе добијат уште 18 пациенти, но тоа сеуште не е потврдено и не е кажано, иако неофицијалкно поминало на седница на Влада и има одлука, изјави Фиќи Гаспар, претседател на Асоцијацијата на ...
Замрзнувањето на цените не е пазарна мерка, а ако Владата сака да интервенира за да го заштити населението, треба да ги активира стоковните резерви кои секогаш во ваква ситуација се покажуваат како подобар механизам, изјави денеска извршниот директор на Стопанската комора Антони Пешев. Според Пешев, економиите во светот имаат поинаков пристап и проблемот не го решаваат со замрзнување на цените. Подобро е, рече, да се субвенционира делот од ...
Еден од најбогатите луѓе на планетата, Илон Маск сопственик на една од најпопуларните компании за автомобили. Воедно предводи компанија за вселенска авијација која се подготвува да го освои Марс. Од неодамна сопственик на највлијателната социјална мрежа. Несомнено еден од најинтересните луѓе на светот, а мислењата за него често се поделени. Дали е тој гениј и визионер или премногу самоуверен незрел милијардер чие огромно богатство му овозможува ...
Уставните измени нема да се одложат. Со формирањето на експертската група и со нивната работа практично ќе започне процесот, кој потоа нормално ќе влезе во процедурите кои се пропишани со закон, изјави денеска премиерот Димитар Ковачевски, кој беше во посета на „Везе Шари“ заедно министерот за економија Крешник Бектеши. -Јас верувам дека нашата држава има капацитет, пред се, демократски, меѓутоа и европски капацитет и визија и оваа одлука за ...
Милиони Германци гласаа за различна политичка партија на вчерашните парламентарни избори отколку пред четири години, а владејачките конзервативци загубија најмногу гласачи. Според анкетата спроведена од Инфратест Институтот за истражување на јавното мислење, по барање на телевизијата АРД, 1,4 милиони Германци им свртеа грб на унионистите и се одлучија за социјалдемократите, повеќето од нив повозрасни лица и жени. Покрај тоа, околу 900.000 ...
Лица блиски до семејството на политичарот Љубе Бошковски на социјалните мрежи објавија дека исчезнал неговиот внук Самоил Костадиновски. Според објавите, Костадиновски бил киднапиран во близина на Чешката амбасада, па на социјалните мрежи се шири апел за помош од граѓаните. Од МВР претходно во дневниот билтен објавија дека е исчезнато 26-годишно лице. – На 04.03.2023 во 08.00 часот во СВР Скопје, М.К.(32) од Скопје пријавил дека од домот се ...
Почина Димче Мешковски македонски театарски, филмски и телевизиски глумец и хуморист. Во „Викенд на мртовци“ беше легендарниот Тасе, во „Солунски патрдии“ го играше Секула, а нѐ смееше и како дел од екипата на „Женски оркестар“, „Хиирику“ и многу други…. Остварил улоги во многу театарски претстави („Диво месо“, „Солунски патрдии“, „Хамлет од Долно Гаштани“), телевизиски серии („Македонски народни приказни“), радио-драми и хумористични серии ...
На церемонија со највисоки државни и воени почести претседателот Стево Пендаровски денеска го пречека сојузниот претседател на Република Австрија, Александер Ван дер Белен, кој во придружба на неговата сопруга, Дорис Шмидауер, престојува во официјална посета на Република Северна Македонија. Претседателот Пендаровски и претседателот Ван дер Белен одржаа тет-а-тет средба, по што следуваше пленарен состанок на двете делегации. Теми на разговор беа ...
По долгогодишна борба со леукемијата, денеска во Рим на 53-годишна воздраст почина поранешниот српски фудбалер и тренер Синиша Михајловиќ. Зад себе ја остави сопругата Аријана и петте деца. Михајловиќ роден е на 20 февруари 1969 година во Вуковар. Со фудбал почнал да се занимава во локалниот клуб Боров во кој и стана професионалец. Две години подоцна се пресели во Војводина, а во 1990 година пристгнува во Црвена Ѕвезда со која стана Европски и ...
Бројот на заразени со коронавирус во светот од почетокот на пандемијата надмина 230 милиони. Според податоците од веб – страницата на Ворлдметер (Worldometer), заклучно со 24 септември, бројот на случаи со вирусот Ковид-19 достигна 230.985.679. Соединетите Американски Држави имаат најголем број случаи на инфекција со коронавирус – 43.404.877. Следуваат Индија (33 милиони 563 илјади 421), Бразил (21 милион 283 илјади 567), Велика Британија (7 ...
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во утринската емисија „Студио 10“ на Телевизија 24 рече дека полицијата е во трага на изолирана група во која се сомнева дека ги испраќа лажните дојави за поставен бомби изминатиот период, пред се во училиштата. Министерот верува дека зад ваквите закани стојат IP адреси кои водат во Иран и Русија. – Направивме оперативен тим во која се вклучени сите институции за да имаме поинаков пристап во однос ...
Ќе биде распишан нов повик за вклучување на приватните автобуски превозници во јавниот превоз во главниот град, потврдија за МИА од Град Скопје. Дел од приватните превозници на 1 март по средбата со градоначалничката Данела Арсовска објавија дека е постигнат договор и оти ќе се пријават на повикот. Конечно имаме договор со Градот Скопје, ги договоривме сите детали, од исплатата на долгот на ЈСП од 1,5 милиони евра, до пуштањето на јавните ...
Денеска повторно во маркетите рафтовите за леб и за брашно се празни. Леб нема ни за лек велат граѓаните, кои што навалија кон купување брашно и квасец и месење на домашен леб. Од она што го кажуваат и продавачите на бела техника, изминативе два дена сериозно се зголемила и продажбата на апарати за месење и печење домашен леб. Тоа што нема бел и полубел леб на полиците во маркетите значи дека сите ја почитуваме одлуката донесена во понеделникот ...
Англискиот премиерлигаш Њукасл треба добро да го искористи овој месец, овој трансфер период од кој може да му зависи целата оваа сезона, односно да не дозволи да испадне од елитата во времето кога финансиски стана еден од најмоќните клубови на светот. Клубот од северот на Англија мора паметно да пазари, а првата желба е англискиот репрезентативец Киран Трипие. Њукасл сака да ја засили дефанзивата и Трипие со своето искуство, квалитет ...
Нема човек во светот што не би сакал да ги види Роналдо и Меси како играат за ист тим. Двајцата најдобри фудбалери успеа да ги смести во ист тим, една од најголемите модни куќи “Луј Витон”. Најдобрите двајца фудбалери на денешницата Кристијано Роналдо и Лионел Меси во пресрет на Светското првенство во Катар, се дел од новата кампања на модната куќа за изработка на ковчези и куфери. Во натписот што го поставија од модната куќа велат дека ...
Жената пронајдена мртва во својот дом на улицата ,,Димитар Цветинов’’ во Струмица не починала од природна смрт туку врз неа имало употребено сила. Според првичните информации на Основното јавно обвинителство од Струмица таа починала од задушување конкретно била задавена. Случајот ќе го водат како убиство за што веќе е отворена постапка а до МВР веќе биле издадени наредби за собирање на дополнителни докази. – Кај починатата чие тело беше откриено ...
За време на божиќните празници јавните паркиралишта Народен фронт, АМСМ, Дом на печат, ЗОИЛ, Тутунски комбинат и 8-ми Септември, ќе бидат слободни за паркирање на 6 и 7 јануари 2023 година, односно нема да се врши наплата на истите, соопштија денеска од ЈП „Градски паркинг“ – Скопје. Јавните површини наменети за паркирање (зонските паркиралишта), исто така ќе бидат слободни за паркирање без вршење на наплата на 7 јануари 2023 година. ЈП „Градски ...
Според податоците на платформата IQAir, жителите на Скопје и денес дишат опасен воздух. Главниот град на државата утрово во периодот околу 9:40 часот се најде на десеттата позиција на најзагадени градови во светот, со индекс на квалитет на воздухот од 165. Во моментов на пишување на текстот, Скопје е на 11 место со индекс 165. Воздухот во Скопје моментално е карактеризиран како нездрав бидејќи во него најприсутни се опасните честички ПМ2,5. ...
Два дена молк од страна на институциите и инспекторатите. Пред два дена во Куманово, на полудива автобуска постојка од пред агенцијата “Јоцо турс”, рано наутро во 7:50 требало да сообраќа превозно возило на “Де Лукс” од Куманово, кој имено во тој период вози незаконски, затоа што никаде ја нема таа превозна линија на превозните распореди на министерството за транспорт. “Де Лукс” важат за блиски до актуелната власт. Кога се собирале патниците при ...
Дури три тепачки се случиле на предновогодишна прослава организирана од вработени во СВР Охрид. Како што брифираат високи полициски извори, дел од полицискиот кадар бил на предновогодишна прослава во еден познат угостиелски објект лоциран во приградска населба на Охрид, блиску до аеродромот. Неофицијално дознаваме инцидентите со физички пресметки помеѓу „видно расположените“ полициски кадри не се пријавени во полиција, но се снимени од ...
„Никој не ја украл. Фирмата што ја стави и украси елката, сама и си ја собра новогодишната елка,“ изјави за ММС, градоначалникот на Општина Радовиш, Ацо Ристов, по објавените информации во медиумите дека елката исчезнала, дека некој ја украл, но и дека фирмата си ја собрала бидејќи не била платена фактурата од страна на Општината. „Нема да дозволиме некој да нè уценува и рекетира,“ вели Ристов објаснувајќи дека фирмата, која што не сакаше да ја ...