
Скопје
25ᴼ /
25ᴼ



Убиство и самоубиство се случи утрово во зграда во Демир Капија. Неофицијално, како што пренесува МИА, повозрасен маж пукал во соседот (34), кој живеел во станот над него, а потоа се самоубил. Наводно, причината била претходно расправија. Градоначалникот на Демир Капија, Лазар Петров, потврди за МИА дека се случил немилиот настан, но не знаеше да каже детали за случајот. Изрази жалење и очекува истрагата да покаже што точно се случило. ...
Почна сезоната на сочни трансфер шпекулации, а неодминлив дел од нив е француската супер-ѕвезда – Килијан Мбапе. Англиски „Телеграф“ ексклузивно најавува дека Реал Мардид имал намера одново да тргне по напаѓачот на ПСЖ, за да го комплетира својот нов „Галактикос“, имајќи предвид дека веќе во завршна фаза се преговорите за купување на Џуд Белингам. „Телеграф“ тврди дека Реал имал стратегија да го убеди Мбапе, овој пат да дојде на „Сантјаго ...
Руските власти ја обвинија Украина за обид за напад на Кремљ со две беспилотни летала во текот на ноќта, со цел да се убие претседателот Владимир Путин. Кремљ го осуди наводниот обид за напад како „терористички чин“ и рече дека руските воени и безбедносни сили ги „оневозможиле“ беспилотните летала пред да го извршат нападот. Тие не изнесоа повеќе детали. Во соопштението на веб-страницата на Кремљ се вели дека остатоци од беспилотно возило ...
Кристијано Роналдо се наоѓа во период од кариерата во кој треба да донесе конечна одлука за својата последна фудбалска станица, но во ситуација кога се уште нема ништо официјално за неговата преселба во Саудиска Арабија, во фокусот се најде Георгина. Георгина Родригез преку социјалните мрежи откри дека му купила луксузен Ролс Ројс модел на Кристијано чија вредност е околу 300 илјади евра, а на видеото е прикажана и реакцијата на фудбалерот. Од ...
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди до Специјализираното одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција при Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција – Скопје поднесе кривична пријава против полициските службеници А.В. и Н.С., вработени во Полициската станица за граничен надзор Ќафасан, поради постоење ...
Можеби во Македонија бесплатните мечеви се обид да се поднаполнат трибините на спортските настани, ама во Германија нема шанси некој да не плати билет, а цените како се развива „модерниот фудбал“ се сѐ поскапи, па навивачите бесно реагираат и германскиот второлигаш Фортуна Диселдорф направи потег кој е незапаметен во една од најголемите фудбалски земји. Раководството на Фортуна донело одлука дека од идната сезона нема да наплаќа ни цент за ...
Жестоки реакции во јавноста откако владата сепак одлучи да воведе данок на екстра профит. Ќе се одданочат со дополнителни 30% фирмите кои оствариле профит над 10 милиони евра којшто бил за 20% поголем од просекот остварен во последните 4 години. Кризниот данок треба да биде еднократен и да се плати на добивката остварена годинава. Бизнисот очекувано реагира негативно. Компаниите од Стопанската комора се револтирани бидејќи ќе се даночат сите ...
Илија Гечев, сопственикот на компанијата „ИГМ трејд“ од Кавадарци, е единствениот милијардер во Македонија, објави српскиот магазин „Недељник“, кој првпат ја состави листата на 100-те најбогати луѓе во регионот. „Недељник“ вели дека листата не покажува колку пари имаат бизнисмените на сметките, туку колку вредат нивните компании и колку пари потенцијално би можеле да добијат ако ги продадат денес. Гечев се наоѓа на 18. место на оваа листа, со ...
Поранешната шефица на Специјалното обвинителство (СЈО), Катица Јанева побарала помилување од шефот на државата Стево Пендаровски но тој таквото барање го одбил. Освен неа, а меѓу другите, барање за помилување поднеле и поранешниот претседател на Основниот кривичен суд Скопје, Владимир Панчевски и бизнисменот Сеад Кочан. Како и Јанева и тие двајца биле одбиени од претседателот Пендаровски. Адвокатот на Јанева вели дека иако барањето е поднесено ...
„Бонус плати за вработените во МВР со над 150 часови прекувремена работа во 2022 година“. Ова го најави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во февруари годинава. Но, наместо мерка вредна за пофалба, ова стана само едно од низата лажни ветувања со кои се манипулираат вработените во Македонија. -Откако го преземав раководењето со МВР, како приоритет се воспостави редовната исплата на бонус плати за над 150 изработени часови ...
Новак Ѓоковиќ и официјално нема да биде дел од турнејата во Соединетите Американски Држави, бидејќи не доби медицински исклучок, а невакцинираните странци не смеат да влезат во земјата до мај. Потврда дека нема да заигра во САД дојде преку социјалните мрежи на турнирот Индијан Велс, бидејќи објавија дека Николос Басилашвили ќе го замени Србинот во ждрепката. Иако постојат минимални шанси да се појави во Мајами, не постојат индиции дека властите ...
Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Македонија донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,60% во однос на одлуката од 8.5.2023 година. Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 0,761%, кај дизелот за 2,455%, кај екстра лесното масло за 2,227% и кај мазутот ...
Денес на дело и со документ Министерството за труд и социјална политика застана во одбрана на незаконското работење на разрешената директорка на ЈУДГ Детска радост. Попладнево до општина Гази Баба е доставено Укажување со кое Министерството врши упад во системот се со цел одземање на ингеренциите на општина Гази Баба врз детската градинка Детска радост. И покрај тоа што од страна на општина Гази Баба на инспекторите кои дојдоа во просториите на ...
Во текот на вчерашниот ден (11.05.2023) во периодот од 09.00 до 14.00 часот Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Македонија за санкционирање на прекршоци што ги прават пешаците. При контролата, санкционирани се 157 пешаци од кои, 140 за небезбедно преминување на улица надвор од пешачки премин… За време на контролата санкционирани се и 122 други видови на прекршоци. Засилените сообраќајни ...
Поранешната министерка за култура, Елизабета Канческа-Милевска денеска доби ослободителна пресуда за предметот „Тендери“, за кој судскиот процес траеше пет години. Таа во предметот беше обвинета за „злоупотреба на службената должност и овластување“, а ослободителни пресуди добија и Јулијана Угриновска и Лидија Лазарова –Цветковска кои беа обвинети во предметот. Според Судот, обвинителството не докажало дека обвинетите го сториле делото. Во овој ...
ресудата за случајот „Тендери“ ќе биде објавена денеска во Основниот Кривичен суд Скопје, откако на 26 април се одржаа завршните зборови на одбраната во кои бранителите и обвинетите побараа ослободителна пресуда. Поранешната министерка за култура, Елизабета Канческа Милевска е првообвинета во предметот „Тендери“ во врска со тендерот за извршување градежни работи во Музејот на македонската борба за државност и самостојност, како дел од проектот ...
На синоќешниот концерт насловен „ФИЛИЗ“, но и на концертите кои ќе следуваат, вработените во Македонската филхармонија ќе носат жолти ленти, во знак на протест поради нетранспарентната и штетна одлука која ја донесе Министерството за култура, новоформираниот Национален џез-оркестар институционално да се смести во зградата на Филхармонија. Пред почетокот на концертот, пред публиката се обрати Ана Кондратенко, концерт мајстор во оркестарот, а ...
Стручните соработници сега ќе го креваат рејтингот и на Советот на јавни обвинители. СДСМ и ДУИ продолжуваат со својата агенда за целосна партизација на судството во Македонија. Не поминува ден, а да нема скандал поврзан со судството и судскиот систем во државата. Денес во Собранието на Република Македонија, на Комисијата за прашања на изборите и именувањата на дневен ред се точките каде се разгледуваат кандидатите за членови на Советот на јавни ...
Најдобриот македонски таеквондист Дејан Георгиевски оствари денес забележа нов успех и од Меѓународнио турнир „Бугарија опен“ се врати со бронза.Георгиевски поради повреда не можеше да се бори во полуфиналето против Чеик Салах Сисе од Брегот на Слоновата Коска. „Бронза и нови поени за олимписка норма со две доминантни победи над Михопулос Сотирос од Грција и Харбар Андреј од Украина. Дејан за жал не може да се бори во полуфинале поради незгодна ...
Синоќа се запали мостот „Белесица“ кај Железничката станица во Скопје. Од Центарот за управување со кризи (ЦУК) велат дека на бројот 112 околу полноќ e добиен повик за пожар на долната страна на мостот за моторни возила над реката Вардар, на истоимената улица Беласица кај затворениот трговски центар „Ист Гејт“, што е во близина на бензинска пумпа на „Макпетрол“. „Веднаш по добиената информација од Секторот за операции и координација (СОК) и ...
Група граѓани утрово се собра пред Основниот кривичен суд во знак на поддршка и апел за правда на Жан Митрев. Собирот за поддршка на Жан Митрев доаѓа непосредно пред почетокот на судскиот процес. Граѓаните кои се дел од собирот се претставуваат како поранешни пациенти. На претходното рочиште, кое се одржа на 5 април, пред судот исто така имаше собир, но на него беа дел од оштетените, семејства на починати пациенти. Тогаш судскиот процес беше ...
Втор неуспешен обид да се дадат завршни зборови за случајот поврзан со пожарот во модуларната болница во Тетово. Ако пред 15 дена рочиштето се одложи поради отсуство на тогашниот директор на модуларната болница во Тетово, Флорим Бесими, сега се одложи бидејќи на рочиште не се појави адвокатот на економскиот директор Артан Етеми. Следното рочиште е закажано за крајот на мај, кога по третпат, ќе има обид Обвинителството да даде завршни зборови. ...
Минималните трошоци на едно четиричлено семејство во април изнесувале 49.384 денари. Најмногу пари или 19.224 денари биле потребни за храна и пијалоци, како и за режиски трошоци (13.423 денари). Од Сојузот на синдикати на Македонија, кои ја изработуваат синдикалната потрошувачка кошничка, велат дека еден функционер со неговата плата покрива три синдикални минимални кошнички, а еден работник со две и пол минимални плати не може да ја покрие ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски го покани кинескиот претседател Си Џинпинг да дојде во Украина, објави новинската агенција Асошиејтед прес (АП). „Спремни сме да го видиме овде“, рече Зеленски во интервју за АП. Си не разговарал со Зеленски од почетокот на руската инвазија врз Украина во февруари минатата година, но Кина минатиот месец објави план од 12 точки за „политичко решавање на украинската криза“. Си разговараше за војната во ...
По повод 9 мај, Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа, Владата на Република Македонија ќе одржи свечено одбележување на овие два значајни празника. На 9 мај, 2023 година (вторник) во 09:50 часот, делегации на покана на Владата на Република Македонија, ќе положат свежо цвеќе пред споменикот на „Ослободители на Скопје“ пред Владата. По завршувањето на положувањето на свежо цвеќе, започнува настан на кој ќе има обраќања од претставниците ...
Денеска се навршуваат осум години од оружената престрелка меѓу полицијата и вооружена терористичка банда забарикадирана во кумановскaта населба „Тоде Мендол“, попозната како „Диво Насеље“. Во акцијата, која се водеше два дена загинаа осум припадници на безбедносните сили, а во уличните борби низ тесниот и густо населен урбан дел на приградската населба во Куманово беаповредени уште 37 други полицајци. Полициска акција за разбивање на вооружена ...
Жените понекогаш се срамежливи кога е сексот во прашање, па тешко им е да ги изразат своите желби. Припадничките на поубавиот пол со драго срце би сакале да ги прочитате нивните мисли, но бидејќи тоа е невозможно, еве десет мали тајни кои ќе Ве направат голем мајстор. Француски бакнеж Долг, сочен француски бакнеж е многу интимен, но и многу возбудува. Бакнете ја својата драга силно и не заборавајте на француските бакнежи за време на сексот. ...
Легендарниот бразилски фудбалер, Пеле ја загуби битката со болеста и почина на 82-годишна возраст. Пеле последните недели беше во болница и неговата здравствена состојба беше многу лоша, а денес почина во Сао Паоло. Легендарниот Бразилец долго време водеше битка со ракот, минатата година се оперираше, но ситуацијата му се влоши во последните месеци. Пеле важи за еден од најдобрите фудбалери на сите времиња и има статус на „фудбалски Бог“ во ...
Лука Модриќ играше на сите седум натпревари за Хрватска на Светското првенство 2022. Триесет и седумгодишниот играч за врска се најде во почетниот состав на „коцкестите“ во денешниот меч со Мароко за третото место на Мундијалот во Катар. Овој виртуоз со игрите што ги покажа изминатава деценија и половина, заслужено ја понесе титулата најдобриот балкански фудбалер на сите времиња. Освои се што можеше клупско да се освои со Реал Мадрид, како и се ...
Во среда на пленарна седница, пратениците ќе ја гласаат потребата од носењето на петте законски измени кои владата ги испрати до нив со европско знаменце, а кои се однесуваат на изградбата на делници од Коридорите 8 и 10Д. Опозицијата пак, обвинува дека местото каде што треба да биде објаснето со кои делови од европската регулатива се усогласуваат законите останало празно. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, ги повика и амбасадите и ...