
Скопје
20ᴼ /
20ᴼ



Шпанскиот голман и член на ПСЖ, Серхио Рико конечно се разбудил после три недели во кома. На 28-ми мај, само еден ден по натпреварот во кој беше на составот на Пари Сен Жермен, Рико доживеа страшен пад од коњ и си го доведе сопствениот живот во опаност. Неколку недели докторите се бореа за неговиот живот и за среќа како што изгледа најлошото веќе е зад Рико. Од денеска голманот на ПСЖ е свесен и надвор од животна опсаност, оваа информација ја ...
Очигледно тешкиот пресврт-пораз од Украина во Скопје по водство од 2-0 (2-3) си зеде данок. Македонските фудбалери беа емотивно истрошени, а и физички не можеа да ѝ парираат на европската велесила. Коментирајќи на фотографија на Инстаграм стори на која се претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини, спортскиот директор Данчо Масев и селекторот Благоја Милевски, 39-годишниот Пандев напиша: „Најголемото зло што некогаш постоело во македонскиот фудбал. ...
Жена од охридското село Горно Среднорече, која вчера берејќи печурки се изгубила, е пронајдена во раните утрински часови. Регионалниот ЦУК Охрид, повикувајќи се на информации од СВР Охрид, денеска соопшти дека жената се изгубила околу 20:40 часот и дека по целовечерна потрага, таа е пронајдена во раните утрински часови во добра здравствена состојба. Исчезнувањето го пријавил сопругот, кој информирал дека биле задно да собираат печурки на ...
Овен Обрнувате внимание на луѓето околу вас повеќе од вообичаено и лесно ги воочувате нивните недостатоци. Бидете селективни со кого ќе го поминете денот за да избегнете конфликтни ситуации. Ако сакате да делите правда, обидете се да останете смирени и не се вознемирувајте. Имате потреба од поголемо внимание на љубовен план, па добро би било да разговарате за тоа и да не очекувате партнерот сам да се сети. Бик Препуштете се на пофините работи во ...
Во продолжение го пренесуваме соопштението на ВМРО-ДПМНЕ: Од ден на ден се по очигледно станува дека СДС намерно не го прифаќа предлогот на ВМРО-ДПМНЕ, за заштита на македонскиот идентитет, бидејќи ги штитат своите властодржци, а тоа се Али Ахмети и ДУИ. Освен заштита на ДУИ, исто така станува јасно дека заедно сакаат да изведат уште едно предавство кон македонскиот народ, но овој пат тоа нема да им успее. За ВМРО-ДПМНЕ нема дилема, нема подршка ...
Рускиот претседател Владимир Путин рече дека нападите врз Русија, вклучително и Кремљ и регионот Белгород, се „обид да се испровоцира Руската Федерација на сериозни одмазднички акции“, вклучително и употреба на нуклеарно оружје. Но, како што најави Путин за време на говорот на Меѓународниот економски форум во Санкт Петербург, Русија нема да користи нуклеарно оружје во Украина. „Ако уништивме пет комплекси „патриоти“ во близина на Киев, зошто би ...
Во продолжение го пренесуваме соопштението на СДСМ: Христијан Мицкоски и ДПМНЕ во сите изминати години, немаат направено ништо за македонскиот јазик и македонскиот идентитет. Напротив, ја користат секоја прилика да шират лажни вести и хистерија на штета на националните и државни интереси. Така беше и за европскиот предлог, така беше и при потпишувањето на Договорот со Фронтекс, така е и сега кога германскиот парламент усвои Резолуција за ...
Ирска сака да го зголеми бројот на жители во оддалечените заедници и острови и затоа го стартуваше проектот наречен „Нашите живи острови“ („Our Living Islands“). Во рамките на проектот, на заинтересираните луѓе им нуди до 80.000 евра ако се преселат на некој од оддалечените острови. Кампањата стапува на сила на 1 јули, а потенцијалните жители мора да купат и поседуваат имот на еден од островите. Куќата мора да била изградена пред 1993 година и ...
Поранешниот холандски репрезентативец, Квинси Промес доби затворска казна од 18 месеци откако судот го прогласи за виновен за напад на неговото семејство. Фудбалерот на Спартак Москва, Квинси Промес е осуден на 18.месечна затворска казна, бидејќи со нож му нанел повреди на еден свој братучед. Се работи за настан кој се случил во 2020 година и при кој Промес со нож му нанел убод во коленото на неговиот братучед. Промес ги избегна обвиненијата за ...
Салман Ружди, кој е еден од најпознатите светски автори од објавувањето на неговиот роман „Деца на полноќ“ од 1981 година, е овогодинешниот добитник на Наградата за мир на германската организација на издавачи и книжари, пренесе ДПА. Седумдесет и шестгодишниот писател, кој минатата година беше тешко повреден во обид за атентат, наградата ќе ја прими оваа есен во црквата Свети Павле во Франкфурт, соопшти денеска Германското здружение на издавачи и ...
Меѓународниот хорски фестивал ТЕХО годинава ќе се одржи во сабота 24 и недела 25 јуни во Тетово. Со овогодишното издание се одбележуваат 50 години од првиот фестивал што се одржал во 1973 година. Преку прес-конференција фестивалските денови ги најавија проф. д-р Ивица Зориќ, диригент и претседател на ТЕХО како и министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска. Министерката рече дека Министерството дава поддршка за фестивалот затоа што ...
Кога „Oppo“ го претстави својот прв смартфон со екран што се витка, дел од технолошките медиуми го прогласија за можеби најдобриот модел на преклопување на пазарот. Компанијата оттогаш го претстави својот наследник, како и уште еден смартфон кој може да се витка, моделот N Flip. Исто така, во тој период конкуренцијата не застана. Нема официјални информации, но гласините се зголемуваат и според нив, за два месеци би можеле да видиме како изгледа ...
Нова тензија се појави во репрезентацијата на Белгија, овој пат повод беше капитенската лента која му беше дадена на Ромелу Лукаку. Според информациите на белгиското издание „Het Nieuwsblad“, тоа го вознемирило голманот на Реал Мадрид, Тибо Куртоа, кој беше другиот главен претендент за капитенската лента на Белгија. Во отсуство на редовниот капитен Кевин Де Бруин, кој е повреден, Лукаку ги предводеше „црвените ѓаволи“ со капитенската лента ...
Според првичните информации, непознато лице пукало во голема група во која имало 200 до 300 луѓе. Во областа има големо полициско присуство. На снимките кои се шират на социјалните мрежи, се гледа како луѓето панично бегаат по улицата. Забележливо е и присуството на полицијата. Првичните информации се дека има најмалку 17 повредени, а дел од медиумите јавуваат и за 29 ранети. A mass shooting has occurred in Willowbrook, Illinois at an illegal ...
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди до надлежното обвинителство поднесе кривична против полициските службеници С.Д. и Х.С., вработени во СВР Велес, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “примање поткуп” по член 357 од КЗ. -Имено, полициските службеници на 16.06.2023 за да не санкционираат сообраќаен прекршок побарале и примиле поткуп од едно лице во износ од 3.000 денари, ...
При денешната посета на општина Аеродром претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа што мисли дека е одржлив излез од политичката криза и застојот во евро интеграциите истакна дека единствениот избор се избори. „Да, ние немаме намера да влегуваме во разговори каде што контура на тие разговори ќе биде бугарскиот диктат сме го кажале нашето мислење, една година имаме конзистентен, непроменет ...
ЕСМ Дистрибуција на топлина објави дека се преземаат активности за санација на опожарениот топловод на мостот Беласица. Процесот на санација ќе биде изведен откако ќе бидат завршени сите дејствија и проверки на состојбата на мостот од страна на релевантните институции и компании. Компанијата изјави дека ЕСМ Дистрибуција на топлина ќе инвестира максимални напори за отстранување на опожарениот топловод на мостот во најкраток можен рок. Со оваа ...
Таму каде што бевме лани, се наоѓаме и сега, без видлив и сериозен напредок. Тоа не се однесува само на Македонија, туку и на другите земји од регионот. Единствен исклучок можеби е Албанија за која беше донесена одлука за почеток на преговорите. Ние ги отворивме, но не ги почнавме преговорите. Како што стојат работите, тешко е да се предвиди кога тоа ќе се случи, изјави поранешниот премиер Бранко Црвенковски на денешната дебата на тема „Северна ...
Ја правиме технологијата подостапна и поинклузивна Претходно достапна со три нивоа на прилагодувања, ажурираната функција Ambient Sound, која им дава на корисниците можност да слушаат и да бидат свесни за својата околина, сега додава уште две дополнителни нивоа, нудејќи пет степени на засилување¹ и обезбедувајќи ги придобивките за подобрено слушање за уште повеќе корисници. За да се процени ефикасноста на функцијата², беше спроведено клиничко ...
Во чест на виртуозот на виолина Климе Садило во среда на 21 јуни, „Чалгија саунд систем“ ќе одржи концерт пред платото од Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид. Концертот е дел од проектот „Заборавениот звук – во спомен на Климе Садило“, во организација на здружението „Арт вивенди“. Претседателот на здружението Ѓоко Алоски смета дека големиот Садило заслужува почит и се надева дека неговиот спомен ќе го оживуваат секоја година со ...
Сонцата и следната сезона ќе имаат супер-тим, но Кевин Дурант и Девин Букер наместо со Крис Пол, титулата ќе ја напаѓаат со Бредли Бил, откако Феникс и Вашингтон се согласија на мега размена. Ол стар бекот на Вашингтон визардс, Бредли Бил, идната сезона ќе настапува за Феникс санс, објави новинарот Адријан Војнаровски. На прв поглед може да се заклучи дека Санс дадоа многу за трикратниот Ол Стар играч. Но, треба да се земе предвид дека Бил има ...
Заменик претседателот на Владата, задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, се обрати на годишната конференција на Стопанската комора на северозападна Македонија (СКСЗМ) на која се дискутираше на темата „Предизвиците на компаниите во Република Северна Македонија, при обезбедување на работна сила во ерата на глобализација и дигитализација”. Во неговото обраќање, вицепремиерот Битиќи рече дека ...
Латино дивата Џенифер Лопез и актерот Бен Афлек ги изненадија сите кога по долги години пауза ја обновија љубовната врска, а веќе неколку месеци уживаат во бракот. Фотографиите од бајковитата свадба го обиколија светот, а младенците извесно време го бараа својот совршен дом во кој ќе го започнат новиот живот. И го најдоа, а глобално популарната пејачка сега ги отвори вратите од луксузната вила по повод новиот деловен проект кој го подготвува. ...
Три лица се уапсени и против нив е поднесена кривична пијава откако тие успеале да украдат податоци од три лица од Радовиш и со нивните податоци, без нивно знаење, да подигаат пари од нивните сметки или да плаќаат. По пат на измама, со подигање кредити во име на оштетените и префрлање на средствата на други сметки, тројцата обвинети успеале да приграбат над 7,5 илјади евра. Како што соопштува Основното јавно обвинителство, одделението за ...
Денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски гостувајќи во Утринската програма на МТВ, меѓу другото, беше прашан и за актуелниот проект на Министерството – Отворен Кабинет. „Во многу градови има луѓе кои имаат потреба да разговараат со министерот за внатрешни работи. Мислам дека е одлична пракса. Ние досега одржавме два дена Отворен Кабинет, едниот во Штип, вториот во Струга. Се заблагодарувам на сите граѓани кои се пријавија и беа ...
Реал Мадрид се збогуваше со четири фудбалери од првиот тим на крајот од сезоната и ги испрати Асенсио, Маријано, Азар и Бензема, но Флорентино Перез брзо реагираше и во краток временски интервал веќе презентираше три засилувања. Кралскиот клуб не планира да носи нови играчи летово, откако во текот на наредните денови ќе се официјализира доведувањето на напаѓачот Хоселу од Еспањол и тоа на позајмица. Во разговор со еден страствен фан на Реал чиј ...
чера во вечерните часови царинските службеници на граничниот премин Деве Баир спречија обид за шверц на околу 71 килограм марихуана, соопштија од Царинската управа. Имено, на 18.06.2023 година на граничниот премин Деве Баир на излез од државата се пријавило патничко моторно возило со германски регистарски таблички, управувано од германски државјанин со кој патувало уште едно лице. При детална контрола на возилото извршена од страна на ...
Најновиот филм на Милчо Манчевски, „Кајмак“ вечерва ќе ја доживее данската премиера. Филмот ќе биде свечено прикажан во Копенхаген. Минатата седмица Албанскиот филмски центар објави дека следниот проект на Манчевски, „Збогум, Копакабано!“ – работен наслов „Биста“ – ја освои поддршката на албанскиот државен фонд. Албанија е само еден од повеќето странски партнери во идниот филм на Манчевски, во „Кајмак“ копродуценти беа Холандија, Данска, ...
НАСА комбинираше фотографии направени наутро и попладне, додека боите на фотографијата беа додадени подоцна. Роверот Curiosity, кој и припаѓа на американската вселенска агенција NASA, испрати уште една прекрасна фотографија од Марс. Новата фотографија претставува споени две панорами од иста област на Црвената планета наутро и попладне, а тоа е Marker Band Valley. Фотографиите с енаправени на 8ми април годинава со помош на црно-бели камери, ...
Наместо зачувување и заштитата на националниот идентитет и јазик, СДС единствено што мислат се тендерите, криминалот и личното богатење, велат во партиското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ. СДС предводени од ДУИ не сакаат договор и за тоа со недели лажат и не се изјаснуваат кои од двата предлога за заштита на националниот идентитет и јазик се прифатливи за нив. Ковачевски и СДС ја пропуштија историската шанса за Македонија и граѓаните и решија да ...