
Скопје
9ᴼ /
9ᴼ



ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА РОКОТ ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ НА ОБРАСЦИТЕ ,,ДБ”, “ДБ-ВП”, “ДБ-НП/ВП”, “ДЛД-ДБ” И ОБРАЗЕЦ “Б” Се известуваат даночните обврзници и сметководителите дека се продолжува рокот за поднесување на обрасците до 10 март 2022 година за поднесоци во хартиена форма, односно до 25 март 2022 година за поднесоци во електронска форма. Согласно одлуката на Централен регистар на РСМ за продолжување на ...
Во организација на Центарот за правни истражувања и анализи денеска се одржа дебата на тема „Улогата на Уставниот суд во заштитата на правото на здрава животна средина”. На денешниот настан се потенцираше потребата од воведување на уставна тужба со која ќе се овозможи проширување на надлежностите на Уставниот суд и со тоа ќе може граѓаните да поднесуваат барања за заштита на правото на здрава животна средина, бидејќи сега е ...
Со истекот на мандатот на почетокот на декември годинава на судијата Вангелина Маркудова ќе настане блокада на Уставниот суд и со тоа дефинитивно угледот на Република Северна Македонија би бил максимално нарушен и пред меѓународната јавност, изјави претседателката на Уставниот суд Добрила Кацарска пред почетокот на дебатата на тема „Улогата на Уставниот суд во заштитата на правото на здрава животна средина“. Кацарска вели дека во ...
Целта за донесувањето на овој закон, посочуваат од Владата, е негово целосно усогласување со меѓународните стандарди, а особено со Европската конвенција за човекови права, како и отстранување на лоцираните слабости во досегашната примена на законот. „Правото на слобода на изразување е едно од темелните човекови права кое што е особено значајно за постоење на демократско општество. Токму затоа, ова право е посебно разработено и во сите ...
„Во процесот на редовното функционирање на Министерството за внатрешни работи, беа детектирани круцијални прашања за кои беше оценето дека е потребна нова регулатива, односно измена на постојни законски решенија, со цел надминување на системски недостатоци и проблеми, како и обезбедување на поголема ефикасност во вршењето на законски утврдениот делокруг на надлежности на ова министерство, вклучувајќи ја и полицијата, односно Бирото за ...
Министерството за финасии подготвува Закон за финансиската инспекција во јавниот секто. Целта на овој закон е да ги заштити јавните финансиски интереси во финансиското управување со средствата на државниот буџет, буџетите на единиците на локалната самоуправа и средствата од други јавни извори како и средства на ЕУ фондовите, со утврдување на законитоста на нивното користење во согласност со посебните прописи кои ја пропишуваат надлежноста за ...
Одделот за казниви дела на Врховниот суд на Република Северна Македонија согласно член 68 став 5 од Судскиот деловник и член 31 од Деловникот за работа на Врховниот суд на Република Северна Македонија („Службен весник на РСМ“ бр.14/2022 од 20 јануари 2022 година), на седницата постапувајќи по пресудите на Европскиот суд за човекови права (Бошкоски против Република Северна Македонија, А.бр.71034/13 од 04 јуни 2020 година, конечна на ...
Државниот инспекторат за труд (ДИТ) денеска ги почнал надзорите во оние прави субјекти кои согласно закон можат да работат во недела со цел да утврди дали ја испочитувале законската обврска за исплата на дневници повисоки за 50 проценти во јануарските плати. Контролите ќе се прават до крај на месецов и на крајот ќе биде направен извештај за тоа кој се го почитувал или го кршел законот. Извештајот ќе биде јавно објавен на веб-страницата на ДИТ. ...
Народната банка води соодветна олабавена монетарна политика, бидејќи инфлацијата е пред сѐ глобален феномен. Во согласност со глобалните трендови, повисоката инфлација веројатно ќе се задржи подолго во однос на претходните очекувања, намалувајќи се во текот на втората половина на 2022 година. Во наредниот период, Народната банка треба будно да ги следи движењата и потенцијалните ризици, нагласувајќи ја подготвеноста за реакција доколку е ...
Група пратеници од опозицијата предлагаат измени на Законот за пензиското и инвалидското осигурување. Со предложеното законско решение, се вели во законското образложение, ќе се подобри социјалната положба на корисниците на пензија во 2022 година со порастот на сите видови на пензија за 20%. Преку ова форма на усогласување ќе се зачува реалната вредност на пензиите и се заштитува стандардот на пензионерите. „Секој пензионер има право да ...
„Нужната одбрана“ во Кривичниот законик е дефинирана во членот 9. Во овој член се пропишува: (1) Не е кривично дело она дело што е сторено во нужна одбрана. (2) Нужна е онаа одбрана што е неопходно потребна сторителот да одбие од себе или од друг, истовремен противправен напад. (3) Сторителот кој ги пречекорил границите на нужната одбрана може да се казни поблаго, а ако пречекорувањето го сторил поради силна раздразнетост или уплав ...
Основниот суд Велес ја ослободи Пале Иловска од обвинението за убиство на миг. Водејќи се од изнесените докази на главната расправа, судот констатираше дека делото е направено во нужна одбрана. Во вчерашното сведочење, Иловска изјави дека до неа стигнале информации дека колега на починатиот полицаец сакал да ја одмазди неговата смрт. Хелсиншкиот комитет апелира до јавното обвинителство веднаш да покрене постапка по допрен глас и да превенира ...
Кај најголемата доброволна класа – осигурувањето имот исплатените штети пораснале за 13% и достигнале 11,5 милиони евра. Кај приватното здравствено осигурување износот за исплатени штети лани е удвоен во однос на 2020 година. Импозантни растови на исплатени штети има кај малку застапените класи: карго осигурувањето, осигурени кредити и осигурени финансиски загуби. Сите 11 друштва за неживотно осигурување платиле над 4 милијарди денари за ...
Државниот завод за ревизија со цел навремено и транспарентно информирање на субјектите кои имаат законска обврска до Државниот завод за ревизија да ја достават Годишната/Завршната сметка согласно Законот за сметководството за буџетите и буџетските корисници („Службен весник на Република Македонија “ бр. 61/02, 98/02, 81/05, 24/11, 145/15 и 170/17 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 122/21), укажува ...
Група пратеници предложи дополнување на Законот за јавното обвинителство. Со ова дополнување на Предлог законот за Јавното обвинителство се прецизира рокот во кој треба да се поднесе годишниот извештај за работата на сите јавни обвинителства. Во постоечкиот закон, се вели во законското образложение, не е прецизиран рок за доставување на годишниот извештај заради разгледување до Собранието на Република Северна Македонија, па од таа причина ...
Управата за јавни приходи објавува Листа на должници бр.02/2022 за долгови доспеани до 31.10.2021 и неплатени до 31.01.2022 година по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини, за кои вкупниот износ на долгот е повисок од 120.000 денари за физичките лица и самостојни вршители на дејност и повисок од 300.000 денари за правните лица. Листата е објавена на следниот ...
Министерот за правда Тупанчески оствари средба со шефот на делегацијата на ЕУ во земјава, Дејвид Гир, на која разговараа за состојбата со тековните и планираните реформски чекори во судството, заштитата на основните човекови права, вклучително и слободата на медиумите, како и борбата против корупцијата и организираниот криминал. Министерот ги презентираше и следните чекори и приоритети на Министерството за правда во однос на владеењето на ...
Владата во Собранието ги предложи измените на Законот за минимална плата. Со Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за минимална плата во Република Северна Македонија, се вели во образложението, ќе се предвиди нов начин на усогласување на минималната плата, како и финансиска помош за работодавачите за исплаќање на минимална плата, за периодот март – декември 2022 година. „Со членот 1 се менуваат алинеите 1 и 2 од ...
Со зголемување на минималната плата и немањето слух на Владата скалесто да се покачат останатите плати, ќе се оствари она што Синдикатот на УПОЗ го прогнозираше, а тоа е крах на системот на плати во администрацијата и правосудството. За Синдикатот на УПОЗ е несфатливо незнаењето на Владата за начинот на пресметка и исплата на плати на сопствените работници. Со новата вредност на минималната плата Владата за првпат во историјата на Македонија ќе ...
На 22.02. 2022 година (вторник) Академик ќе одржи онлајн обука на тема „ТЕХНИЧКИ И ОРГАНИЗАЦИСКИ МЕРКИ (ТОМ) ЗА ОБЕЗБЕДУВАЊЕ НА СООДВЕТНО НИВО НА БЕЗБЕДНОСТ НА ОБРАБОТКАТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ“. Обуката ќе се одржи од 10:00 до 13:00 часот. Како продолжение на серијата обуки за заштита на личните податоци, Академик организира специјализирана обука за заштита на личните податоци фокусирана на имплементација на Законот за заштита на ...
Согласно двете министерски одлуки, едната со предусловите за патување во земјата, а другата со мерките за заштита на јавното здравје во самата земја, што денеска стапија во сила, а со оглед на тоа дека рестрикциите во Грција важат и за туристите, постојат различни правила за влез во земјата и различни во внатрешноста, а се однесуваат на европските сертификати за вакцинација и прележан Ковид-19, кои имаат различно времетраење, јави дописничката ...
Дефиницијата за навреда не смее да содржи ,,негативно мислење” Во предлог законот за клевета и навреда, во моменталната верзија, во дефиницијата за навреда се вели дека ќе се одговара и за изразување на „негативно мислење“. Оваа дефиниција е нова и се разликува од постоечкиот закон, а на начинот на кој е дефинирана остава простор за погрешно толкување од страна на граѓанскиот суд на штета на слободата на изразување. ЗНМ бара ...
„Фондот за осигурување на депозити во Република Северна Македонија во целокупната постапка на стечај на Еуростандард банка, ја одигра најважната улога, а тоа е исплата на обесштетувањето на депонентите – физички лица на Еуростандард банка. Од 15.09.2020 година кога започна исплатата на обештетувањето на депонентите на Еуростандард банка и до денес има исплатено 90,5% од вкупно пресметаното обесштетување. Покрај оваа исплата која ...
„Деновиве оштетените штедачи од Еуростандард банка се во очекување на одлуката на Основниот граѓански суд Скопје по приговорот на Фондот за осигурување на депозити против планот за авансна распределба на средствата од стечајната маса. Потсетуваме дека со планот за авансна распрдеделба предвидено е оштетените депоненти, физички и правни лица, да бидат обештетени пред Фондот за осигурување на депозити. Во таква ситуација, со оглед на ...
На 10.02.2022 година (четврток) Академик ќе одржи онлајн обука на тема „Најчести пропусти при спроведување на постапките за јавни набавки“. Обуката ќе се одржи од 10:00 до 13:00 часот. Оваа обука е наменета за договорните органи и за економските оператори, а нејзината цел е да се укаже на најчестите пропусти кои ги прават договорните органи и економските оператори во постапките за јавни набавки што вообичаено се користат (набавка од ...
Уставниот суд го отфрли барањето за заштита на слободите и правата од член 110 алинеја 3 на Уставот на Република Северна Македонија поднесено од професората Тања Каракамишева. Според Судот, конечната преспанска спогодба со Грција и дејствијата преземени од двете држави до моментот на склучување на спогодба не претставуваат индивидуален акт, и дека Спогодбата е општ акт со материја од правна и политичка природа со која се решаваат државни ...
Претседателот на Адвокатската комора на РСМ, Љубомир Михајловски на 1.03.2022 оствари средба со министерот за правда, д-р Никола Тупанчески. На средбата се разговараше за зацврстување на соработката помеѓу Комората и Министерството, а со цел унапредување на владеењето на правото како врвна цел на секое општество. Претседателот на Комората ja истакна важноста која ја имаат адвокатите во правниот систем на државата и во јакнењето на заштитата на ...
Извршната власт не би требало да има допирна точка со судската власт кога станува збор за донесување одлуки во судството и обвинителството, смета новиот министер за правда Никола Тупанчески. „Нема да биде лесно, но можам да ветам дека Министерството за правда ќе создаде услови за добро и непречено работење на сите сфери од правосудството, не само судството и обвинителството, туку и нотарите, медијаторите, извршителите и Управата за водење ...
Согласно прописите, даночните обврзници кои вршат промет на добра и промет на услуги, за кои плаќањето не се извршува по банкарски пат, должни се да воведат и користат одобрен фискален систем на опрема за регистрирање на готовински плаќања и задолжително да издаваат сметки за извршениот промет, односно услугата. Управата за јавни приходи редовно врши контрола над спроведувањето и примената на одредбите од овој закон и прописите донесени врз ...
Адвокатот Глигорие Ќатоски поднесе предлог за оценување на уставноста и законитоста на одредби од Законот за плата и други надоместоци на избрани и именувани лица во Република Македонија или т.н. Закон за апанажа. При разгледувањето на член 19 од пречистениот текст на Законот за плата и други надоместоци на избрани и именувани лица во Република Македонија, вели Ќатоски, го имавме во предвид член 51 од Уставот на Република Македонија во кој се ...