
Скопје
12ᴼ /
12ᴼ



Најубавите моменти ги паметиме по чувствата што ни ги предизвикале. По љубовта, надежта, радоста, моментите кога сме стекнале пријателства и релации кои сме ги граделе, а ќе траат засекогаш. Токму затоа, Fashion Group во овие празнични денови испраќа порака во новата 2025 година,љубовта да биде двојно поголема! Да се радуваме на она што допира во суштината и да бидеме во друштво со саканите. Физички или со мислите. Да ги спакуваме подароците ...
Високото дрво, чемпрес, паднало врз жената и нејзината пријателка Алесија Анибале, која ѝ правела друштво на клупата во паркот. Дрвото било откорнато поради силниот ветер што го погоди италијанскиот град Коли Аниен, објави РАИ Њуз. За жал, Франческа не успеала да преживее, а Алесија моментално е во тешка здравствена состојба. Мештаните на Коли Аниен се многу лути поради трагедијата што се случи и велат дека државата е единствена одговорна за ...
Менаџерот на екипата на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола изјави дека Евертон не е најдобриот противник за Сити во моментов. Натпреварот од 18. коло на Премиер лигата ќе се одигра во четврток во Манчестер. „Евертон не е идеален противник. Се зависи од нас, од тоа колку брзо ќе се вратиме во најдобрата форма. Ќе биде потребно време. Мора да постигнеме резултати што е можно побрзо. Се среќаваме со Евертон, тие сега се во подем, нивните резултати и ...
Планината Тамбора го промени светот кога еруптираше индонезискиот вулкан во 1815 година. Тоа беше најмоќната ерупција во историјата. Следеше „година без лето“ - глобалните температури паднаа, посевите пропаднаа, луѓето гладуваа, пандемијата на колера се прошири и десетици илјади починаа, јавува Си-Ен-Ен. Оттогаш еруптираа многу вулкани, но Тамбора останува последната голема ерупција. Повеќе од 200 години подоцна, научниците предупредуваат дека ...
Ситуацијата со Артан Груби и пораката од Стејт департментот, јас неколку пати кажав во јавноста дека е силна порака, дека никој нема да биде поштеден од законот и дека секој треба да одговара за она што се огрешил. Но, ме зачудува фактот што СДСМ беше 7 години во коалиција токму со ДУИ и вицепремиер беше Артан Груби и цело време додека ние критикувавме и баравме одговори за одредени криминали и тендери во четири очи, огромни суми украдени и така ...
Транспарентна влада е силна влада! Еден значаен чекор напред: На денешната седница, Владата му препорача на ЈП Службен весник да ја разгледа можноста и да обезбеди бесплатен пристап на медиумите и новинарите до службеното гласило во електронска форма! Нашата цел е виталните информации да бидат достапни за секого. Активно соработуваме со медиумите, новинарските здруженија и синдикати, ги слушаме нивните барања и сакаме да поттикнеме отворен ...
Премиерот Христијан Мицкоски денеска информираше дека разговарале со министерката за образование Весна Јаневска и најави можност за реалоцирање средства со цел да се обезбеди бесплатен автобуски превоз за студенти за Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП)- Скопје. Мицкоски оваа најава ја соопшти од Црешево во Општина Гази Баба, каде присуствуваше на поставување на камен темелник за изградба на спортска сала. – Овие средства во разговор со ...
Од почетокот на следната година 25 даночни обврзници преминуваат во надлежност на Дирекцијата за големи даночни обврзници (ДГДО) при Управата за јавни приходи (УЈП), соопштија оттаму. Тоа значи дека ќе бидат под посебен и персонализиран третман, со поголема поддршка и управување со нивните даночни права и обврски а истовремено, информира УЈП. Дирекцијата за големи даночни обврзници управува со 130 до 430 даночни обврзници кои обезбедуваат ...
Владата во Прага минатата година објави дека повеќе нема руски гас во Чешка, но оттогаш ситуацијата значително се промени, така што Русија заедно со Норвешка е убедливо најголемиот увозник на оваа стока во Чешка. Увозот на норвешки гас во Чешка во периодот од јануари до октомври 2024 година е намален на годишно ниво за речиси 40 отсто, а ова намалување се компензира со значително зголемување на испораките од Русија, додава Кованда, јавуваат ...
Судот ја потврди и казната од 120.000 евра изречена со претходната пресуда, објави Си-Ен-Ен. Нему му беше одреден притвор во средината на август, а деталите за случајот во судот не беа соопштени поради доверливост. #Moscow court arrests #US citizen for #espionage linked to ex-#PrimeMinister aide's #bribery case 🇷🇺⛓️🇺🇸 A U.S. citizen, #EugeneSpector, has been #arrested by the Moscow #court on #charges of espionage, in #connection with a #case ...
Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), Масар Омерагиќ и спортскиот директор на националните селекции, Горан Пандев одржаа денеска состанок во „Куќата на фудбалот“ со селекторот на македонската машка фудбалска репрезентација, Благоја Милевски. На средбата, како што соопшти ФФМ, соговорниците „отворено и конструктивно разговараа за сите актуелни настани и важни теми поврзани со најдобрата македонска репрезентација, но и за ...
По полноќ полицијата приведе кавадарчанец кој преку социјални мрежи му се заканувал на градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев и неговата фамилија. Градоначалникот Митко Јанчев денеска потврди дека тој и неговата фамилија биле мета на закани. „Синоќа полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода С.М.(29) од Кавадарци, постапувајќи по претходна пријава дека подолг временски период се заканувал на М.Ј.(43) од Кавадарци на социјални ...
Им кажале да снимаат видеа на кои го фалат Град Скопје и организацијата, го сториле тоа, ама останале без пари. Музичките уметници кои лани за Нова Година ги забавуваа скопјани на Плоштад Македонија, останаа без хонорарите кои Град Скопје им ги ветил. Иако според договорот, истите требало да им се исплатат во рок од три месеци, пејачите за Сител тврдат дека веќе цела година ги чекаат финансиите. Од Комората за музичка индустрија поднеле и тужба. ...
Во Основниот суд Куманово денеска продолжи рочиштето во кое обвинет за „злоупотреба на служена положба и овластување“ е кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски, по пријава поднесена од кумановски градежни фирми за случајот за недобивање дозволи за градење згради во Куманово. На денешното рочиште на предлог на адвокатот на Димитриевски беше презентиран вештиот наод од област на урбанизмот. Вештото лице кажа дека градоначалникот и општината ...
Министерот за одбрана Владо Мисајловски денеска најави дека следната година Армијата ќе добие нови професионални војници, како и дополнителен административен кадар потребен за Министерството за одбрана. Според министерот, стабилното буџетирање, модернизацијата и вложувањето во човечки ресурси остануваат клучни приоритети за Министерството и на Армијата. – Од следната година започнуваме со прием на 300 нови професионални војници. Ќе ги објавиме ...
Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција достави мислење до Основниот кривичен суд Скопје за примената на Законот за амнестија во случајот „Организатори на 27 април“. Во мислењето се истакнува дека барањето на одбраната на обвинетите за примена на законот не може да се спори, особено ако се земат предвид обвинетите и осудените што веќе се амнестирани. Како што соопштуваат од Обвинителството, мислењето е донесено врз ...
Ќе растат платите на сите вработени во 2025 година, а нема да растат платите на функционерите, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарски прашања за измените на Законот за платите на избраните и именуваните лица, што се во тек во Собранието. – Тоа го правиме, со измени на законското решение ќе нема покачување на функционерските плати. Оваа измена на законот наскоро ќе биде пред пратениците. Ќе работиме сите вработени да ...
Порталот Тетова сот побара владата да ги објавува огласите во електронски медиуми наместо во весниците со образложение дека „доколку им се даде простор на онлајн медиумите да имаат корист од државата, тогаш ќе има поголем квалитет и независност, но и зголемување на работниците во онлајн медиумите“. Порталот во текст со наслов „Портпаролката Венера Азизи: Владата гради транспарентност која ќе создаде доверба“ го поткрепува ...
Бизнисменот и почесен конзул на Косово, Арсим Папранику, во полиција дал исказ дека на 15 декември го одвезол поранешниот вицепремиер Артан Груби до Тирана, каде пиеле кафе и го оставил во хотел близу стадионот, пишува „Фокус“ повикувајќи се на полициски извори и извори од владата. Порталот пишува дека дел од членовите на владата и одредени институции располагаат со неофицијални информации дека Груби престојува покрај Јадранско Море, близу Драч. ...
Поранешниот голман на Јувентус и на италијанската репрезентација, Џанлуиџи Буфон го поддржа тренерот на Јуве, Тиаго Мота, кој беше на удар на критики поради лошите настапи на тимот. “Имам голема почит кон Тиаго Мота и многу сум уверен во тоа што го работи. Мота е скрупулозен тренер, подготвен, навикнат на одредени нивоа. Доволно е да го споредиме со Алегри. Еден освои многу, Тиаго почнува сега: оние кои ги споредуваат се водени од желбата да го ...
Грција ја укина монархијата на референдум во 1974 година, а две децении подоцна на кралското семејство му е одземено државјанството за време на спорот за поранешниот кралски имот кој бил под државна контрола, пренесе АП. Во одлуката објавена во службениот весник на владата стои дека е вратено државјанството на 10 членови на поранешното кралско семејство. Меѓу нив има пет деца на покојниот крал Константин II и поранешната кралица Ана-Марија, како ...
Извесно е дека после празниците во Собранието ќе биде покрената постапка за интерпелација на членовите на Судскиот совет кои се избрани од пратениците. Премиерот Христијан Мицкоски денеска рече дека размислуваат за такви активности за следниот месец. – Ние размислуваме за неколку потези, некои мерки кои ќе ги преземеме после празниците, затоа што и покрај најавите дека се надминати оние појави на анксиозност, дијареа, грчеви и покачена ...
Трамп го изјави ова откако американскиот претседател Џозеф Бајден вчера им ги ублажи казните на 37 од 40-те федерални осуденици на смрт, претворајќи ги во доживотен затвор без помилување, објави Њусвик. 🚨🇺🇸 NEW: Donald Trump reacts to Joe Biden commuting the sentences 37 of the 40 federal death row inmates, instead changing them to life in prison without parole pic.twitter.com/6clEyDfaaf — Politics Global (@PolitlcsGlobal) December 24, 2024 ...
Двојката го имала првиот состанок по средбата на снимањето на Daredevil, а Џенифер тврди дека го видела таков каков што навистина е. - Не се омажив за голема филмска ѕвезда, се омажив за него. И кога би се вратила, би ја повторил таа одлука. Трчав, тогаш, до него по плажата, и повторно би. Не можете да ги имате овие три бебиња, и толку многу од она што го добивме, и да бидете неблагодарни. Тој е љубовта на мојот живот. Тој е најбрилијантната ...
Екипата на Манчестер Јунајтед во моментов е 13. на табелата во Премиер лигата. Проблемите на новиот менаџер Аморим се големи, тимот и натаму не може да сврзе два до три натпревари со позитивен резултат и тоа се нешта кои мора веднаш да се поправат. Шанса за такво нешто Јунајтед има веќе во четврток, кога се игра новото коло од Премиер лигата, а тимот гостува кај Вулверхемптон. Во католичкиот свет, во моментов се слави Божиќ најважниот празник, ...
„Ги бараме правата на христијаните“, извикуваа демонстрантите додека маршираа низ градот на Бадник, пренесува Sky news. Соборувањето на Башар ал Асад од страна на бунтовниците предводени од Хајат Тахрир ал-Шам (ХТС) - група некогаш поврзана со Ал Каеда - предизвика загриженост за верските малцинства во Сирија, но лидерот на групата инсистираше на тоа дека ќе се почитуваат сите вери. Christmas tree set on fire in Syrian city by masked ...
Екипата на Манчестер Сити е во сериозна играчка и резултатска криза. Ѓаволот ја однесе шегата што би се рекло, а Сити веќе десетина мечеви како нема победа, и не освојва бодови. Заостанува зад ривалите како во Премиер лигата, така и во Лигата на Шампионите, а менаџерот Пеп Гвардиола е свесен дека позитива во резултатска смисла мора да се случи многу скоро. Сити загуби девет од последните 12 натпревари во сите натпреварувања, а во четврток се ...
Предвидено е денешниот штрајк на Бадник да биде најголем кои досега што го имало во компанијата, а синдикатот очекува дека ќе учествуваат повеќе од 5.000 вработени. Овие штрајкови се само прво покажување сила - ние само што почнуваме, рече еден барист во соопштението од синдикатот кој ги претставува вработените во 525 кафулиња ширум САД. Како што се наведува, вчера во штрајкот учествувале вработени во повеќе од 60 кафулиња на компанијата во 12 ...
Ајфеловата кула е главната туристичка атракција на Париз, главниот град на Франција, и секоја година ја посетуваат милиони туристи. Засега нема пријави за повредени, пренесе Мирор. Туристичката атракција е затворена додека не се изгасне пожарот, пренесоа француските медиуми. Според непотврдени информации, пожарот избувнал во отворот на лифтот меѓу првиот и вториот кат. Противпожарните екипи излегоа на терен и пристапот е ограничен. Eiffel Tower ...
„Секое распоредување и набавка на средства кои се однесуваат на безбедноста и одбраната на Филипините се во рамките на нејзиниот суверен прерогатив и не се предмет на никакво странско вето. Распоредувањето на ракетните системи „Тајфун“ за заеднички вежби беше легитимно и легално“, рече Теодоро. Началникот на филипинската армија Рој Галидо рече дека земјата има план да набави ракетен систем со среден дострел и додаде дека преговорите се во тек. ...