
Скопје
12ᴼ /
12ᴼ



Станува збор за состојка за која се тврди дека се наоѓа и во сапуните, шампоните и лосионите. Сите посакуваат скапите парфеми да траат што е можно подолго, но цената за тоа буквално може да биде превисока, бидејќи научниците утврдиле дека хемикалиите наречени фталати, кои се додаваат за мирисот на парфемот да трае подолго, можат да бидат опасни за здравјето на децата и возрасните. Фталатите се наоѓаат во многу парфеми и, според професорот Андреа ...
Трамп ова го изјави откако американскиот претседател Џо Бајден вчера им ги ублажи казните на 37 од 40 федерални затвореници осудени на смрт, преиначувајќи ги во доживотен затвор без помилување. Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп денеска изјави дека ќе побара од Министерството за правда „енергично да ја спроведе“ смртната казна за „да ги заштити Американците од насилни силувачи, убијци и чудовишта“. Трамп ова го изјави откако ...
Денеска ќе биде променливо облачно и студено со повремен снег, претежно во планинските региони и особено во северозападните и северните делови од земјата. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, наместа со брзина над 60 km/h. Минималната температура ќе се движи од -5 до 2 степени, а дневната до 7 степени. Во Скопје, облачно и студено со слаб повремен дожд, а во повисоките делови од котлината со слаб снег. Ќе дува умерен ветер од ...
Една неодамнешна анкета во Германија покажа дека повеќето Германци веројатно нема да се борат да ја одбранат својата земја, а две петтини од испитаниците изјавиле дека нема да се борат „под никакви околности“. Најинтересна е поделбата според политичката припадност. Само 9% од приврзаниците на Зелената партија - која е најжестокиот поддржувач на војната во Украина - рекоа дека ќе земат оружје за да ја одбранат Германија, што е најнизок процент од ...
Украинскиот претседател би можел малку да ја смири својата критика за германскиот канцелар, порачува од неодамна првиот човек на НАТО, Марк Руте. Според Руте, критиката за Шолц што доаѓа од Зеленски „не е фер.“ „Често пати му имам кажано на Зеленски дека треба да престане да го критикува Олаф Шолц, бидејќи мислам дека не е фер,“ изјавил Руте за германската новинска агенција ДПА. И покрај тоа што Германија е еден од најголемите сојузници на ...
Министерот за локална самоуправа Златко Перински вели дека измените и дополнувањата на Законот за локална самоуправа главно се поддржани од Заедницата на единиците на локална самоуправа (ЗЕЛС) во која членуваат сите градончалници. Тоа, вели се покажа на првата консултативна средба одржана вчера во Битола на која градоначалниците ги поддржале предложените измени на Законот кои, покрај другото, предвидуваат можност за отповикување ...
Подготвителната седница за Законот за употреба на јазиците ќе се одржи на 20 март 2025 година, утврдени се спорните правни прашања во врска со иницијативите по овој закон, како и листата на учесници, која ќе биде отворена за јавноста, договорено е на денешниот работен состанок во Уставниот суд, потврди за МИА претседателот Дарко Костадиновски. Како што информираше Костадиновски на последната прес-конференција, за листата на учесници на ...
Тие се подготвени да ги ризикуваат сопствените животи во опасни ситуации, што е напишано во многу литературни дела или прикажани во филмови, пренесува Times Now News. Денешната приказна е за човек кој решил да го извлече од неволја својот четириножен пријател. Дива мечка нападна врзано куче, а потоа во приказната се вмеша и сопственикот. Ризикувајќи си го животот, човекот се втурнал кон ѕверот, го повлекол синџирот со кој било врзано кучето, а ...
Советникот за национална безбедност на Џо Бајден рече дека тој го информирал идниот претседател за „ризикот“ официјален Техеран да го добие оружјето. Ова доаѓа откако Трамп, наводно, размислува за воздушни напади врз иранските нуклеарни постројки кога ќе продолжи да биде врховен командант по положувањето заклетва на 20 јануари, објави британски Телеграф. Џејк Саливан, советникот за национална безбедност во Белата куќа, рече дека го предупредил ...
Џефри Геде (41) им рекол на замениците на шерифот на округот Џеферсон дека „направил грешка“ и сакал да им се предаде на нив, а не на полицијата во Манчестер, бидејќи повеќе ѝ верувал на канцеларијата на шерифот, пишува BrefNews. Откако бил предаден на полицијата во Манчестер, Геде признал дека го удирал својот татко со раце, но не можел да се сети дали користел нож за време на фаталниот напад. Полицијата го пронашла Едвард Геде (75) со тапи ...
Непозната ќерка ги напишала зборовите кои луѓето ги толкувале дека е „радосна поради нејзината смрт“, пренесува Focus.de. Некрологот бил објавен на 21 декември - и оттогаш е избришан, иако подоцна се појави на Фејсбук и другите социјални мрежи. Ќерката ѝ се обраќа на „мајката“ Жизела и наведува дека за нејзината смрт дознала преку „анонимна порака во инбокс“. „Сега е полесно кога те нема... Се надевам дека имаше некои средби на твоето последно ...
Мажите ги украле артефактите од морското дно на заливот Абу Кир, во близина на пристанишниот град Александрија, соопшти Министерството. Кога се соочиле со властите, мажите рекле дека планирале да ги продаваат предметите, објави Си-Ен-Ен. Тие дошле до сите антиквитети со нуркање до дното на морето. Околу 448 предмети биле земени од лицата, се вели во соопштението на министерството, вклучувајќи 305 монети, 53 статуи, 41 секира, 14 бронзени чаши, ...
Како одговор на оваа истрага, Комисијата за коцкање презеде акција против овие „криминални“ веб-страници. Нелегалните онлајн казина користат Roblox, една од најпопуларните видео игри во светот, за да ги намамат децата веќе на возраст од 12 години во онлајн коцкање, откри истрагата на Sky News. Иако овие нелиценцирани казина не се директно достапни на платформата Roblox, тие им дозволуваат на децата од сите возрасти да се најавуваат користејќи ...
Само едно е сигурно: тој е државјанин на Саудиска Арабија и моментално е во истражен затвор. Сепак, од самиот почеток по нападот, десничарската екстремистичка сцена во Германија почна да шири омраза кон мигрантите. „Никогаш не сум доживеал ваква непријателска и заканувачка атмосфера“, вели студент по автотехника од Магдебург. Ова го известува професионалната служба за спречување насилство „Салам“ во германската покраина Заксен-Анхалт, чиј главен ...
Рибарите уживале на бродот не знаејќи какво изненадување ги чека. На објавеното видео, може да се види човек како ја проверува својата опрема кога ајкула одеднаш „слета“ на палубата. Таа скокнала од водата и за малку ќе го нокаутирала вознемирениот рибар, додека во позадина се слушаат панични извици! Ајкула тешка 100 килограми скокала по палубата обидувајќи се да стигне до длабочините, но залудно. Кога се смирила, луѓето ѝ помогнале да се врати ...
Вилијам Зулок се изјаснил за виновен во август за тешка содомија, влошена сексуална злоупотреба на деца, инцест и сексуална експлоатација на деца, а неговиот сопруг Захари Зулок го добил истото обвинение во октомври, пишува Fox News, повикувајќи се на соопштение на обвинителството. Случајот бил отворен во јули 2022 година, кога Бирото за истрага во Џорџија (ГБИ) добило дојава од Националниот центар за исчезнати и експлоатирани деца за сомнителен ...
Данскиот министер за одбрана Троелс Лунд Поулсен рече дека пакетот ќе изнесува „двоцифрена милијарда сума“ во круни, или најмалку 1,5 милијарди долари (1,2 милијарди фунти), објави Скај Њуз. Тој изјави за весникот „Јиландс-Постен“ дека парите ќе бидат искористени за купување на два брода за инспекција, два дронови со долг дострел и два тима за кучиња за санки, како и повеќе персонал за данската Арктичка команда во главниот град Нук. Данска ќе го ...
„Хутите се закана не само за Израел, туку и за регионот и целиот свет. Првиот и најосновниот чекор што може да се направи е да се означат како терористичка организација“, рече израелскиот министер за надворешни работи Гидеон Саар, пренесе Ројтерс. Хутите лансираат беспилотни летала и проектили кон Израел во, како што велат, солидарноста со Палестинците во Појасот Газа. Пред неколку дена испукаа ракета која падна во областа Тел Авив-Јафа, а ...
Баварскиот гигант, Баерн (М), тајно преговара со ѕвездата на Атлетик (Б), Нико Вилијамс. Веста денеска ја пренесоа дел од германските медиуми, кои тврдат дека преговорите течат во напредна фаза, а Баерн ќе го донесе Вилијамс како замена за уште една ѕвезда во тимот. Сите претпоставки укажуваат на тоа дека Лерој Сане може да го напушти клубот на лето, со оглед на тоа што неговиот договор со Баерн истекува на крајот на јуни 2025 година, а нов ...
Но, на брачен пар од јужната индиска држава Карнатака им била потребна судска интервенција по тригодишна битка за името на нивниот син, објави Би-Би-Си. Всушност, тепачката на крајот станала толку гадна што за малку ќе довела до развод. Сè започнало во 2021 година, кога неименувана жена родила момче и отишла во домот на нејзините родители на неколку недели, што е вообичаена практика во Индија жените да одат во куќата на нивните родители по ...
Трагедијата се случила вчера, откако авионот полетал од градот Канела на југот на Бразил кон Џундијаи. Авионот наишол на тешкотии неколку минути по полетувањето. Авионот со регистарски број PR-NDN се урнал во Грамада, на околу девет километри од Канела. Според извештаите, удрил во оџак од зграда, а потоа удрил во продавница за мобилни телефони во станбена зона, јавува Аеро Тајм. Покрај загинатите во авионот, на земја се повредени околу 17 лица, ...
Инспекторите пронашле белешка во изнајменото БМВ со кое осомничениот Талеб А. влетал во посетителите на саемот. Тоа значи дека убиецот веројатно претпоставил дека самиот ќе умре при својот брутален чин. Според Шпигел, тој во тестаментот напишал дека целото негово богатство по неговата смрт треба да биде дадено на германскиот Црвен крст. Се додава дека документот наводно не содржел никакви политички изјави. Во мај, Талеб на Икс напишал дека ...
Сепак, спасувачката операција тргна наопаку поради лошите временски услови кога 11 спасувачи беа блокирани на голема надморска височина на планината Гран Сасо. Таму се од вчера. Потрагата е прекината поради лошите временски услови, а спасувачите сега не можат да се спуштат во долината поради дефект на жичарницата. Тие ризикуваат да останат толку високо додека не се подобрат условите, што се очекува дури по Божиќ. Во меѓувреме расте стравот од ...
Менаџерот на Лестер, Руд ван Нистелрој го опиша Ливерпул како доминантна сила во англискиот фудбал оваа сезона. В четврток во рамките на 18. коло на Премиер лигата токму „лисиците“ ќе се сретнат со лидерот на табелата и тоа на гости на „Енфилд“. „Јасно е кој е доминантна сила на овој натпревар. Разбирам како Арне Слот сака неговиот тим да игра. Тие се доминантна сила и во Лигата на шампионите. Имаат прекрасна серија. Лестер мора да игра многу ...
Вредноста на норвешкиот суверен државен фонд, најголемиот во светот, се искачи на рекордни 20 трилиони круни (1,8 трилиони долари). Вредноста на фондот се удвои за само пет години, бидејќи приходите од нафта и гас се зголемија и берзите пораснаа. Фондот е основан во 1996 година како средство за штедење за периоди на криза. Норвешкиот фонд поседува околу 1,5 отсто од сите котирани акции на глобално ниво и стана речиси четири пати поголем од ...
Со 28 гласа „за“ и два „против“ Советот на Град Скопје на денешната седница го донесе буџетот на Град Скопје за 2025 година. За Предлог-буџетот беа поднесени 42 амандмани од повеќе политички партии, а по координацијата на советничките групи со претседателот на Советот Трајко Славески и градоначалничката Данела Арсовска дел од амандманите беа самостојно повлечени од предлагачите, а дел одбиени поради технички неправилности. Предложениот Буџет на ...
Во следново видео, таткото знае дека доаѓа ново бебе, но не очекувал ваква вест. Ова е нивно трето дете и таткото знаел дека доаѓа нов член во семејството, но кога сопругата му ја дала сликата од ултразвукот - тој бил зачуден и едноставно не можел да поверува што гледа. Парот очекувал тројки. - А, Б и Ц, драга, што значи ова? Дали ми кажуваш дека очекуваме тројки? Па, како ќе преживееме финансиски? - ја прашал сопругот сопругата, а потоа следела ...
Клинтон бил хоспитализирана во понеделникот во Универзитетската болница Медстар Џорџтаун во Вашингтон, и беше подложена на дополнително тестирање откако развил висока температура. „Претседателот Клинтон беше отпуштен претходно денеска откако закрепна од грип. Тој и неговото семејство се длабоко благодарни за исклучителната грижа што ја пружи тимот од Универзитетската болница Медстар Џорџтаун и се трогнати од љубезните пораки и добрите желби што ...
„По втор пат го славиме Божиќ на ист датум како едно големо семејство, една земја. По втор пат во модерната историја, Божиќ ги обединува сите Украинци. Денеска стоиме рамо до рамо и нема да бидеме изгубени. Без разлика дали живееме или во нашите мисли, ќе се поздравиме, ќе им се јавиме на родителите, ќе ги бакнуваме децата, ќе ги гушкаме нашите најблиски и ќе се сеќаваме на оние што ни се драги. Лице в лице, оддалеку или во нивните срца, ...
Недолго потоа, Фабио Очоа (67) повторно бил слободен човек, објави агенцијата АП. Очоа пристигна во Богота со лет за депортација вчера попладне, облечен во скромна сива тренерка и носејќи лични работи во пластична кеса. Откако излегол од авионот, го пречекале имиграционите службеници облечени во панцири. Немало полиција на лице место за да го приведе. Очоаа беше пречекан во Богота како фудбалска или пејачка ѕвезда. Голем број луѓе сакаа да се ...