За ова молчеше со месеци!! Во едно од последните интервјуа светската музичка ѕвезда Шакира откри кој пејач и помогнал за време на драматичното и тешко раскинување со емотивниот партнер славниот фудбалер Жерар Пике. Колумбиската ѕвезда за списанието Ролинг Стоун изјави дека тоа е фронтменот на Колдплеј, Крис Мартин. Таа сподели дека се зближиле додека таа минувала низ тешко раскинување. „Тој беше тука за мене кога раскинав и кога бев скршена. Ме ...

Два датума, а ист празник-Божиќ. Еден се слави во старата година, а друг во новата. Христијанските верници раѓањето на Исус Христос претежно го слават според два различни календари. Дел од православните цркви се водат според јулијанскиот календар, воведен од императорот Гај Јулие Цезар 46 години пред раѓањето на Исус. Бидејќи истиот има непрецизности, папата Григориј XIII со декрет во 1582 година ги прифатил промените предложени од доктор ...

Двајца новинари и еден полицаец беа убиени од банда за време на повторното отворање на една од главните болници во главниот град на Хаити, јавија властите. Гангстерите отворија оган врз присутните на вчерашната церемонија во областа на Порт-о-Пренс каде владее беззаконие и ефикасно владеат вооружени групи. Според првичните податоци, целта на бандата била да го спречи повторното отворање на општата болница. Гангстерите се дел од коалицијата на ...

Страшна трагедија се случи на Божиќ кога мајка (39) од Германија со непознат алат си ги убила двете малолетни деца на возраст од шест и седум години. Откако ги убила децата, жената се обидела да се самоубие. Крвавиот настан се случила околу 3 часот и 30 минути на Божиќ, а полицијата за трагедијата била известена од сведок. Тој наводно ја пронашол повредената жена во семејната куќа во областа Розенхајм во Баварија. Неколку патролни возила веднаш ...

Екипите на Општина Ѓорче Петров од раните утрински часови се активно ангажирани за расчистување на патиштата кон Кучково и Грачани. Со брза и навремена реакција, надлежните служби се грижат за безбедноста и непреченото движење на граѓаните, извести општината. Градоначалникот Александар Стојкоски истакна дека безбедноста и удобноста на жителите се врвен приоритет за општината и дека службите остануваат на терен сè додека целосно не се обезбеди ...

На одредени продукти во маркетите цените им се зголемени до 25 проценти. Премиерот Христијан Мицкоски вели дека тоа не е етичко однесување во пресрет на празниците. Според него, ќе има реакција од институциите, а доколку продолжат, реакцијата ќе биде уште поробусна во периодот што следи. -На ваков начин не треба да се прават големи профити. Граѓаните очекуваат разбирање од нив, а не наеднаш да се зголемуваат производите. Тоа е нечовечно ...

Вистинско време е да се подготвиме за вечерта која ќе означи крај на едно поглавје и ќе ја отвори вратата за нов почеток. Оваа ноќ не е само обичен пречек, туку вистинско време да се навратиме на сето она што сме го постигнале во текот на изминатата година, но и да размислиме што не очекува во 2025. Возбудата за Нова година е се поприсутна, а некои хороскопски знаци ги чека навистина магична ноќ полна со љубов, нови почетоци и незаборавни ...

Следната година ќе донесе многу новини кои ќе влијаат на патувањата и престојот во ЕУ, затоа бидете подготвени. Од проширувањето на Шенген зоната до лансирањето на два нови гранични системи, ова се клучните ажурирања, односно правила и прилагодувања, што следуваат во ЕУ во годината пред нас. Системот за влез/излез и европскиот систем за информации и овластувања за патување ќе бидат пуштени во употреба во 2025 годинаЕдна од најважните промени што ...

Тужителот, според наводите, морал да чисти по неколкудневните секс-забави. Филип Пајнс го тужи Диди за сексуална злоупотреба, сексуално вознемирување и секс-трговија. Мажот ги опишува „подготовките на хотелските соби за повеќедневните оргии на Пи Диди со жени“, коишто тој ги нарекувал „Ноќите на дивиот крал“. Таму, наводно, требало да има црвени светла, кофи за мраз, мед „за машкото либидо“, масло, лубриканти, крпи, алкохол, марихуана, други ...

Можно ли е Артан Груби незабележано да влезе и да престојува во Албанија? Според неделникот Фокус, кој се повикува на полициски извори, бизнисменот и почесен конзул на Косово во Македонија кој бил во возилото со Груби при неговиот излез од Македонија, во полиција дал исказ дека на 15-ти декември го одвезол поранешниот вицепремиер до Тирана, каде пиеле кафе и го оставил во хотел близу стадионот. Неделникот објави и ...

-И покрај сите изјави и притисоци од санкции, гасот е високо еколошки производ, тој е баран. А рускиот гас е најпрофитабилен - и логистички и по цена, рече Новак. Договорот за транзит на руски гас во Европа преку украинска територија истекува на 31 декември, а претседателот на таа земја, Володимир Зеленски, најави дека Киев нема намера да го обнови договорот со Русија, што доведе до несогласувања со неколку европски лидери, вклучувајќи го и ...

Вториот по големина патнички траект на Јадролинија, Марко Поло, доцнеше цели 6 часа на пристаништето во Сплит поради силните бранови. Имено, тој пловел по отворено море каде брановите достигнуваат висина од шест метри, а на патниците баш и не им било сеедно, пишува Morski.hr. "Марко Поло доцнеше околу шест часа поради екстремно лошо време. Го промени правецот на движење поради опасност од превртување на возилото на долната палуба. Сè помина без ...

Стотици хартиени фенери од плоштадот пред општина Атина отпатуваа кон небото со цел за на божиќната ноќ да испратат порака на надеж и оптимизам во рамките на „Ноќта на желбите“, што традиционално се одржува секоја година во пресрет на Божиќ, јави дописничката на МИА од Атина. Семејства со деца, друштва, туристи, граѓани од сите возрасти го исполнија плоштадот, но и небото со 1.500 хартиени биоразградливи фенери. Додека во Атина фенерите со желби ...

На сите верници што празникот го слават според грегоријанскиот календар им посакуваме прославата на големиот празник на рождеството Христово, Божиќ да донесе светлина, мир и љубов во вашите срца и домови, исполнувајќи ги со радост и надеж. Нека овој празник биде потсетник дека секој нов почеток носи нова сила, нова надеж и нова енергија, стои во честитката од ВМРО-ДПМНЕ по повод празникот католички Божиќ. -Посакуваме во мир и спокојство со ...

Патнички авион на азербејџанската компанија АЗАЛ се урна за време на летот од главниот град Баку до Грозни, главниот град на руската република Чеченија. Ова го објави азербејџанската агенција АПА на својата веб-страница. 25 Passengers, Including Boy, 11, Survive Azerbaijan Airlines Plane Crash Sputnik correspondent Christina Malyk joins NDTV's @Ankit_Tyagi01 with more details pic.twitter.com/fEHr1zKJIC — NDTV WORLD (@NDTVWORLD) December 25, ...

Американскиот претседател во заминување Џозеф Бајден потпиша 50 закони, со кои, меѓу другото, белоглавиот орел е прогласен за официјален симбол на земјата, а на членовите на Конгресот им се одзема правото на државни пензии во случај на осуда за кривично дело. Бајден вчера исто така потпиша нацрт-закон за борба против насилството и смртните случаи што се случуваат во универзитетските кампуси, како и во установите за рехабилитација и грижа за ...

Божиќните празници во Белгија се чествуваат на различни начини во зависност од регионот и областа, но сепак независно дали е тоа во холандофонската Фландрија или франкофонската Валонија, постојат традиционални прослави кои го комбинираат заедничкото наследство со уникатните локални карактеристики. 1. Божиќни панаѓури Божиќните панаѓури е најзначајната традиција низ Белгија, кои ги оживуваат градовите и населените места со празнични светилки и ...

Галушченко додаде дека компанијата за управување со енергетската мрежа го ограничила снабдувањето со електрична енергија за да се минимизираат штетите. Руските напади врз енергетската мрежа на Украина се засилија во пролетта, предизвикувајќи штети на речиси половина од инфраструктурата и оставајќи ја земјата без електрична енергија за долг период. Во утринскиот напад во Харков, три лица се ранети од руски ракети, соопшти градоначалникот на ...

На Попова Шапка утрово се измерени – 5 степени Целзиусови, а 4 во Гевгелија. Најмногу снег со 54 сантиметри има во Маврови Анови, додека за изминатите 24 часа до 07 часот најмногу дожд 12 литри на метар квадратени во Крива Паланка. УХМР соопшти дека се измерени -4 степени во Маврови Анови и Крушево, -1 Претор и Виница, 0 Тетово, Штип, Куманово, Охрид, Битола, Прилеп, Берово и Крива Паланка, 1 степен Демир Капија, Скопје-Петровец и Струмица. До 7 ...

Лидерот во англиската Премиерлига, Ливерпул преговара со своите клучни играчи за продолжување на договорите и се оди во добра насока, тврди инсајдерот Фабрицио Романо. Според него, Ибрахима Конате се договорил за повеќето клучни услови и остануваат малите детали а официјално да потпише нов повеќегодишен договор. Секако, многу поголеми проблеми имаат клучните играчи кои имаат договори само до лето, а тоа се Вирџил ван Дајк, Трент ...

На мисата и претходеше отворањето на „Светите врати“, кои го симболизираат почетокот на католичката света година, позната и како јубилеј. Светата година се слави на секои 25 години и се смета за време на мир, простување и помилување. Оваа традиција датира од 1300 година, кога за прв пат ја вовел папата Бонифациј VIII. Папата Франциск ја отвори „Светата врата“, посебен чин кој претставува надеж и обнова за верниците ширум светот. Папата рече дека ...

По информациите дека Казахстан на квалификациските средби со Македонија за пласман на СП 2026 идната година ќе има нов селектор, се огласи Казахстанската федерација. Во соопштението до јавноста се вели дека информациите за заминувањето на казахстанскиот селектор Станислав Черчесов не соодветствуваат со реалноста. „Станислав Черчесов е селектор на репрезентацијата и има важечки договор со Казахстанската фудбалска федерација. Прес-службата на КФФ ...

Девет дена по почетокот на годината, Елизабет Борн му ја отстапи премиерската функција на Габриел Атал – најмладиот премиер во историјата на француската Петта република. Тој му ја отстапи функцијата во септември на Мишел Барние – најстариот премиер во историјата на француската Петта република. По само три месеци во премиерската фотелја, него на 13 декември го смени Франсоа Бајру и на тој начин владата на Барние стана најкратката во модерната ...

-Забраната се однесува на земји, организации и групи, т.е. знамиња, симболи, песни, униформи, дури и однесување што би сугерирало глорификација на нацизмот и фашизмот, пишуваат медиумите во Словенија. Следствено, во листата на забранети биле вклучени и четници и усташи, заедно со словенечките соработници на фашистичките сили. Казната за прекршителите на законот ќе изнесува од 500 до 1.000 евра, предвидуваат усвоените измени на Законот за ...

Католичките верници и дел од православните христијани, кои се водат според Грегоријанскиот календар денеска го одбележуваат Раѓањето Христово – Божик. Традиционално, во државава централната прослава по повод празникот се одржа во Католичката црква „Пресвето Срце Исусово“ во Скопје, каде синоќа имаше божикна полноќна света литургија. Бискупот скопски и епарх струмичко-скопски Киро Стојанов на проповедта на литургијата упати честитка до граѓаните ...

Патнички авион на азербејџанската компанија АЗАЛ се урна за време на летот од главниот град Баку до Грозни, главниот град на руската република Чеченија. Ова го објави азербејџанската агенција АПА на својата веб-страница. Во соопштението стои дека авионот испратил SOS сигнал за помош додека бил над Каспиското Море. Авионот потоа се упатил кон Казахстан, каде што пилотот планирал принудно да слета, но авионот се урнал во близина на аеродромот ...

Валенсија и официјално го објави името на новиот тренер на тимот. Нашиот Столе Димитриевски од денеска за нов тренер го има 41-годишниот шпански стручњак Карлос Корберан, кој работеше во клубот од англискиот шампионат, Вест Бромвич од октомври 2022 година. Договорот со него е склучен до 2027 година. За Корберан да го напушти Вест Бромвич, раководството на „лилјаците“ активирало посебна опција во неговиот договор со британскиот клуб. 49-годишниот ...

. Според руските медиуми, експлозијата се случила на третиот кат од трговскиот центар додека вработените ги подготвувале продавниците за отворање. Експлозијата предизвика пожар, а во моментов околу 800 квадратни метри малопродажен простор е зафатен во пламен, вклучувајќи го и покривот на зградата. 💥 Russia: Shopping mall blew up in Vladikavkaz. Gas leak suspected. pic.twitter.com/UZ5xHep6kE — Igor Sushko (@igorsushko) December 25, 2024 ...

На следните патни правци сообраќајот е целосно запрен за сите категории возила: Гламоч-Млиниште, Босанско Грахово-Дрвар-Босански Петровец,Дрвар-Гламоч, Сански Мост-Клуч, Купрес-Ново Село, Котор Варош-Теслиќ (Борја), Бања Лука-Кнежево и Бихаќ-Босански Петровец-Клуч. За возила над 10 тони, како и за товарни возила со приколка и шлепери, сообраќајот е забранет преку преминот Караула на патот Олово-Кладањ. БИХАМК информира дека на автопатот „9 ...

Извршниот директор на Интер, Бепе Марота вели дека е разочаран од изјавите на сопственикот на Милан, Џери Кардинале, кој зборувајќи за клупската стратегија, истакна дека Интер не знае да работи, бидејќи минатата година го освоија Скудетото, а потоа банкротираа. „Не сакав да зборувам за ова, но сега мислам дека треба да одговорам. Неговите коментари ги преминаа сите граници. Тој не го почитува престижот и имиџот на клубот. Мислам дека Кардинале ...

weather icon

Скопје

12ᴼ / 12ᴼ
1.03
94%
1011
weather icon

Белград

15ᴼ / 14ᴼ
2.06
76%
1009
weather icon

Загреб

14ᴼ / 11ᴼ
2.06
77%
1010
weather icon

Софија

10ᴼ / 10ᴼ
0.0
87%
1011
weather icon

Сараево

14ᴼ / 14ᴼ
1.9
90%
1010
weather icon

Љубљана

10ᴼ / 9ᴼ
0.0
92%
1011
weather icon

Атина

19ᴼ / 15ᴼ
2.57
52%
1009
weather icon

Тирана

12ᴼ / 12ᴼ
1.54
88%
1011
weather icon

Подгорица

15ᴼ / 15ᴼ
1.03
82%
1011
weather icon

Букурешт

13ᴼ / 10ᴼ
1.03
71%
1011
weather icon

Будимпешта

17ᴼ / 15ᴼ
2.24
70%
1010
weather icon

Истанбул

10ᴼ / 9ᴼ
6.17
76%
1011
Currency

61.525

Currency

53.9688

Currency

71.8364

Currency

34.5242

Currency

39.1483

Currency

65.5163

Currency

7.46101

Currency

0.65242

Currency

0.37903

Currency

0.52878

Currency

1.42095

Currency

0.63592

Алуминиум

2.62

Кобалт

42.99

Никел

15550.00

Рутениум

20190.67

Калај

30.95

Сребро

1079.39

Злато

105721.82

Бакар

9.71

Паладиум

29642.99

Платина

30985.83

Родиум

172810.26

Цинк

2.61