
Скопје
22ᴼ /
22ᴼ



Митрополитот Киевски Епифаниј упати порака до браќата од Киевската Лавра, во која зборува за неодамнешните настани околу манастирот. Меѓу другото, митрополитот Епифаниј ги повика браќата од Киевско-печерската Лавра да престанат да му служат на јаремот на Москва и да се приклучат кон Православната црква на Украина. Во продолжение пораката на Митрополитот Епифаниј: Сечесни отци! Почитувани браќа и сестри, драги сограѓани! Во врска со настаните ...
-Постот е време во кое треба да практикуваме воздржание од секое зло, злото кое дејствува во нас, од сопствените страсти, гревовите кои дејствуваат во нас. Време кога треба да ја јакнеме својата самодисциплина и најважно, тоа е време благорпијатно, богоподарено во кое ние треба да се трудиме да се конектираме и општиме со Бога, нашиот спасител Господ Исус Христос, бидејќи токму тоа е и целта на нашето суштествување, соединувањето и станувањето ...
Од вечерва почнуваат раамзнските пости, кои ќе траат се до големиот празник на Муслиманите Рамзан Бајрам. Вечерва веше првиот ифтар по зајдисонце, а утре рано наутро прд изгрејсонце ќе биде првиот ифтар. Поглаварот на ИВЗ, година Реисул-Улема Х. Хфз. Шаќир еф. Фетаи, во пораката ги повика верниците на добри дела и почитување. Почитувани верници, браќа и сестри и наши сограѓани, Имам особено задоволство што по повод доаѓањето на мубарек месец ...
Суштината на законот за родова еднаквост е да ги зајакне механизмите кои постојат во општините, во министерствата и воопшто во сите органи на државната управа, вели министерката за труд и социјала Јована Тренчевска. Според неа законот треба да овозможи и жените и мажите да имаат исти стартни позиции, не само де јуре имплементација на тој концепт, туку и де факто и во реалноста да се види еднаквоста на жените и мажите. Тренчевска потенцираше дека ...
Платформата за родова еднаквост и порача на црквата да стои подалеку од женските права. Тие остро се спротивставуваат на делувањето на МПЦ против донесувањето на законот за родова еднаквост и воведувањето на сеопфатно сексуално образование во училиштата. Ваквата реакција доаѓа после трибината на фондацијата Елеуса насловена ,,Зошто не за сексуалното образование во училиштата, на која говореше и викарниот епископ Стобиски Јаков. Според ...
“Предлог законот за ,,родовата еднаквост” е најголемото зло и опасност за жената во нејзиниот стремеж кон рамноправноста, но и легализација на насилството врз сето она што означува и претставува жената од страна на транс жените т.е биолошки мажи и транс родовата идеологија и сето тоа под превезот на некаква ,,борба” против насилството врз жените. Ова како порака го испрати екископот Стобиски Јаков, на трибината „Зошто НЕ за ‘сексуалното ...
Автокефалната православна црква на Украина ја прифати одлуката на Вселенската Патријаршија за каконско единство на МПЦ-ОА. Митрополитот на Украина, Епифаниј испрати писмо до поглаварот на МПЦ-ОА, г.г. Стефан во кое пишува дека очекува што поскоро издавање на Томосот за автокефалност на Охридската Архиепископија. -Со благодарност на Троичниот Бог, со радост и вдахновение, ја примивме веста дека благодарение на канонската одлука на Вселенската ...
Претседателот Стево Пендаровски во Фанар, седиштето на Вселенската Патријаршија, имал средба со Неговата Сесветост г.г. Вартоломеј Први, архиепископ константинополски на Нов Рим и вселенски патријарх. На средбата, како што информираат од кабинетот на шефот на државата, претседателот Пендаровски искажал благодарност до вселенскиот патријарх за посебната улога што ја има во надминувањето на црковниот спор и искажал очекување набрзо МПЦ-ОА да го ...
Владиката Петар за прват се огласи во јавноста во врска со отворањето на неговата регионална телевизија, но детали повторно не откри. Тој за Канал 5, сликовито објасни дека ќе почека прво да се отвори телевизијата, па ќе излезе со информации за медиумот предвиден да емитува забавно-општ карактер. „Додека не ја отвориме, нема зошто да даваме информации. На нероден Петко не можеме да кроиме капа. Штом ја отвориме, тогаш ќе имаме и ние точни ...
На иницијатива на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, денеска се формираше Група на пријателство помеѓу МПЦ-ОА и ИВЗ, како формална рамка која ќе понуди квалитетен простор во кој двете верски заедници може да продуцираат многу поголемо разбирање и меѓусебно запознавање и поттикнување заедничка грижа за јавното добро. „Сакаме да овозможиме простор идните свештени лица да имаат контакти меѓу себе, со што во многу сегменти ...
Директорот на Комисијата за односи со верски заедници и религиозни групи Даријан Сотировски не го коментира „отворањето телевизија од страна на владиката Петар“, но очекува тој да ја запознае јавноста со деталите за влезот во медиумскиот бизнис. – Немам став во однос на користењето на права коишто се со закон гарантирани во државата. Тоа е достапна можност. Во овој момент немаме детали каков концепт е запазен. Доколку правото се искористи онака ...
Митрополитот Кирил од Вселенската патријаршија, заедно со Митрополитот Тимотеј и Епископот Партениј служеа литургија во Бигорскиот манастир. Митрополитот Кирил, кој важи за еден од најблиските соработници на Вселенскиот Патријарх Вартоломеј, по литургијата искажа почит и поддршка за долгогодишната борба за афирмација на МПЦ-ОА. Митрополитот Тимотеј, пак изрази надеж дека вселенскиот патријарх Вартоломеј за скоро време ќе го посети Охрид и ќе го ...
Секогаш кога една нација ќе се соочи со пораз на светската сцена – елитата е длабоко свесна за тоа. Таа што со сите свои погрешни политики довела до таквиот исход. Народната маса, особено во нашиот балкански словенски контекст – не е, и елитата ги користи сите средства за да, заштитувајќи се, нејзината вина не излезе пред судот на народот, туку пропагандистички се обидува да го претстави црното како бело, поразот како победа или, ако не може до ...
Неколкуте последни одлуки на дел од автокефалните помесни православни цркви околу автоекфалноста на МПЦ-ОА, а кои предизвикуваат интерес во јавноста, бидејќи со нив се врши преименување на црквата и на титулата на Архиепископот, се директна последица од Томосот за автокефалност што го издаде СПЦ. Така што и романската и грузиската и бугарската, чешка и словачка, носат одлуки кои, на еден или на друг начин, не отстапуваат од текстот на тој Томос. ...
Смислено, тенденциозно, или пак едноставно од непознавање, no во македонската црковна, пред се општа јавност, овде, но и во дијаспората, се отвори едно прашање кое треба да внесе недоразбирања, поделби и некаков отпор кон Вселенската патријаршија, а се однесува на македонските цркви низ светот. Тезата која се наметна уште за време на првичните интензивни контакти на МПЦ-ОА со Вселенската Патријаршија, од некаде 2018 година, е дека ако ...
Денашната Бугарска Православна Црква е една од црковните структури која поминала 75 години во раскол пред да биде примена во семејството на православните цркви. Во раскол е се до 22 февруари 1945 година, кога пишува покајничко писмо до Вселенската патријаршија за настаните од крајот на 19 век. Рангот на Патријаршија и е признат во 1953 година, како Патријаршија на Бугарија, иако продолжува до денеска самата да се дефинира како „Бугарска ...
Владиката Петар ќе отвора телевизија, откако добил дозвола за тоа од Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за нова телевизија на релгионално нив во Скопје, објави Фактор.мк Барањето за дозвола го поднела компанијата „Преобразба“, а нејзин основач, сопственик и управител е Петар Каревски. Фактор пишува дека дозволата издадена од АВМУ е за телевизија со општ формат, како што се претежно сите телевизии во Македонија. Треба да се ...
Дебарско-кичевската епархија објави информација за посетата на црковната делегација на МПЦ-ОА на Вселенската патријаршија, но нема детали што е разговарано на средбите. Од соопштението на ДКЕ станува јасно дека делегацијата во Фанар била два дена и имала интернзивни контакти со Патријаршијата и со Вселенскиот Патријарх Вартоломеј. Владиката Тимотеј, кој ја предводел делегацијата и владиката Наум биле во Фанар по покана од Патријархот Вартоломеј, ...
Митрополитите Тимотеј и Наум се во посета на Вселенската Патријаршија. Иако, МПЦ-ОА, официјално се уште не споделува детали, сепак од фотографиите за настаните за кои извести Вселенската Патријаршија, може да се забележат двајцата митрополити на МПЦ-ОА. Владиците Наум и Тимотеј биле дел од делагациите за приемот на новиот Кипарски Архиепископ. Во текстот за настанот, објавен од Вселенската Патријаршија, се чита дека Патријархот Вартоломеј за ...
Синодот на Православна Црква на Албанија одлучи да ја прифати одлуката на Вселенската Патријаршија за враќање на МПЦ-ОА, како Охридска Архиепископија во канонско единство на православните цркви. Албанските архиереи како име на црквата го признаваат Охридска Архиепископија и една од ретките цркви кои ќе го користат ова име, а не името Православна црква во Северна Македонија. -Светиот Синод на Автокефалната Православна Црква на Албанија, на ...
Синодот на Бугарската православна црква се подели околу глсањето за одлуката која се однесува на дејствувањето на Руската православна црква во канонската јуриздикција на Александриската патријаршија. Мнозинството архиереи на БПЦ донеле одлука да се воздржуваат од сослужување со митрополитот Леонид Горбачов (Московски патријаршија), кого Александриската патријаршија го врати во редот на монасите. БПЦ добила писмо од Александрискиот патријарх ...
Православната црква на Чешка и на Словачка одлучи да воспостави канонско општење со МПЦ-ОА, но од одлуката објава останува нејасно дали таа ја признава и автокефаслноста на МПЦ-ОА. Но сосема е јасно дека за оваа Црква, МПЦ-ОА е „Православна црква во Северна Македонија“ и никаде не се споменува Охридската Архиепископија. Синодот на Православната црква на Чешка и на Словачка во одлуката пишува: „ Светиот Синод ги разгледа и писмата на Вселенскиот ...
Светиот архијерејски синод на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, на својата редовна седница во работен состав, (Владиците Петар, Тимотеј и Архиепископот Стефан), донел одлука да ги поздрави одлуките на оние помесни православни цркви кои во меѓувреме ја признаа како автокефална Црква МПЦ-ОА, или ја примија во евхаристиско и канонско општење. -Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија е чувар на нејзиниот ...
Светиот архијерејски синод на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, на својата редовна седница во работен состав, (Владиците Петар, Тимотеј и Архиепископот Стефан), донел одлука да ги поздрави одлуките на оние помесни православни цркви кои во меѓувреме ја признаа како автокефална Црква МПЦ-ОА, или ја примија во евхаристиско и канонско општење. -Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија е чувар на нејзиниот ...
Рускиот патријарх Кирил, близок поддржувач на претседателот Владимир Путин, работел за советското разузнавање додека живеел во Швајцарија во 70-тите години од минатиот век, објавија швајцарските дневни весници „Матен диманш“ (Maten Dimanche) и „Зонтагцајтунг“ (Sontagszeitung) повикувајќи се на декласифицирани архивски податоци. Според весниците, досието на швајцарската федерална полиција за актуелниот духовен лидер на Руската православна црква ...
Одлуката на Романската православна црква за признавањето на автокефалноста на МПЦ-ОА е една од најразочарувачките одлуки во целиот овој процес. Истовремено таа одлука веројатно треба да биде сериозно отрезнување за МПЦ-ОА, дека патот по кој се движи во остварувањето на својот историски и вековен сон за автокефална црква е погрешен, а веќе станува и недостоен. Романската црква е една од оние цркви, кои имаат голем авторитет и влијание во ...
Романската Православна Црква, откако минатата недела донесе одлука да го признае Томост на СПЦ за автокефалност на МПЦ-ОА, но да и одреди друго име, сега објавува појаснување за одлуката. Оваа православна црква, која досега се сметаше како црква која држи своја линија во меѓуправославните односи, надовр од ривалитетот на Москва и Фанар, беше големо изненадување за оваа одлука за МПЦ-ОА и вероијатно поради реакции сега се дообјаснува за својата ...
Московскиот Патријарх Кирил произнесе пофално слово за претседателот Владимир Путин како пример за православен владетел, какви што не биле дури и многу од руските цареви. Тоа се случи за време на свечениот прием, посветен на 14 годишнината од интронизацијата на Патријархот. „Тој е православен, но не за да спечали некаква си популарност, не за да гласаат за него, туку вистински православен човек, кој ги прима светите Христови Тајни, кој го живее ...
Романската православна црква, одлучи да го признае Томосот на СПЦ за автокефалност, на МПЦ-ОА, по слично како и БУгарската црква воспостави друго име со кое ќе и се обраќа на МПЦ-ОА, како и титула под која ќе ги спомнува Архиепископот Стефан. Одлуката е донесеа на последниот Собор на романските архиуереи и во нејзе пишува дека одобруваат признавање на автокефалноста доделена на Црквата на Република Северна Македонија под името „Архиепископија на ...
Традицијата за возобновување на божикни песни, по идеја на Бигорскиот манастир и со благослов на Владиката Партениј, продолжи и оваа година. – Божикната серенада како шести по ред традиционален божикен подарок од Бигорскиот манастир и бадниковите поворки е завршен и го предаваме на сите со најголема љубов. Радувајте се, веселете се, делете љубов, бидете милостиви. Христос се роди, објавија од Бигорскиот манастир. Овој видео запис ја оживува ...