
Скопје
22ᴼ /
22ᴼ



Во целост Ви го пренесуваме соопштението: Ние, поглаварите на: МПЦ – ОА, ИВЗ, КЦ, ЕМЦ и ЕЗ, поттикнати од најавата за донесување на Предлог-законите за матична евиденција и за родова еднаквост, изразуваме особена загриженост за иднината и безбедноста на верниците за кои имаме одговорност, а посебно за жените и децата. Сметаме дека се неприфатливи легалното признавање на „родовиот идентитет“ во овие закони, како и збунувачкото разликување меѓу: ...
Масовна посетеност на струшката литија. Голем број верници од земјава и странство излегоа да им одадат почит на моштите на Свети великомаченик Георгиј Победоносец и чудотворната икона на Пресвета Богородица Крнинска. Традиционално, молитвената поворка тргна од црквата „Свети Георгиј“ и продолжи низ централното градско подрачје, од другата страна на реката Дрим за прв пат на литијата учествуваше и владика од Веселенската Патријаршија. Бројните ...
Медиумскиот газда Петар, кој се уште ја носи мантијата на Владиката Петар, е една, или две, или една поделена личност? Дали неговите последни настапи на телевизиите низ Македонија се како Владика, или како медумски газда? Ако настапува како Владика, тогаш има серизоен проблем со разбирањето на темелите од верата чија мантија носи. Ако настапите му се како газда на телвизија, тогаш јавноста треба да биде добро подготвена, бидејќи ова што го ...
Медиумскиот газда Петар, кој се уште ја носи мантијата на Владиката Петар, е една, или две, или една поделена личност? Дали неговите последни настапи на телевизиите низ Македонија се како Владика, или како медумски газда? Ако настапува како Владика, тогаш има серизоен проблем со разбирањето на темелите од верата чија мантија носи. Ако настапите му се како газда на телвизија, тогаш јавноста треба да биде добро подготвена, бидејќи ова што го ...
Почитувани медиуми, верници и општествено одговорни граѓани, Со оглед на тоа што до нашето монашко братство стасуваат бројни пораки на растревожени верници и граѓани коишто се огорчени од вчерашниот телевизиски настап на Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар, се наоѓаме повикани да излеземе со јавно видување на од него искажаните клевети, навреди, невистини и небулози. Едноставно, и за себе и за јавноста треба да кажеме дека г. Петар ...
Руската православна црква попладнево објави вест за телефонски разговор помеѓу Патријархот Кирил и Архиепископот Стефан, кој се случил денеска. Во веста нема детали за што е разговарано, но во краткото соопштение пишува дека двајцата разговарале за теми од взаемен интерес за состојбите во православниот свет. -Поглаварите на двете Цркви си разменија честитки за празникот Света Пасха. За време на братскиот разговор, кој се одвиваше во топла ...
Никој од МПЦ-ОА не бара промена на Уставот, ниту СПЦ, ниту Вселенската патријаршија, нити која било црква. Во јавноста се создава еден страв дека ќе се промени Уставот и ние се плашиме од нешто, што воопшто никој не го побарал од нас, вели универзитетскиот професор, Зоран Матевски во Тема на денот на Тв. Сител. Матевски, потеницра дека јавноста е доведена во заблуда да се бори против нешто што никој не го бара, алудирајќи на декларацијата што им ...
При Крштението, нашиот завет со Бога и нашиот идентитет во Црквата ги објавуваме, ако сакате – потпишуваме, со Верују, значи со јавно исповедање во што веруваме и според тоа верување – како ќе живееме. Зборовите на Символот на верата не вклучуваат ништо што ги подразбира нашите социјални, национални, општествени и биолошки односи, од аспект на нашата припадност кон Црквата. Символот на верата е заклучен, оформен и завршен текст и, согласно ...
Советниците на ВМРО ДПМНЕ и на СДСМ во општина Струмица, како ретко кога едногласно гласаа за измени во текстот на Стратегијата за млади, што беше на дневен ред на Советот на општината и наместо терминот „родова еднаквост“ во текстот на стратегијата да стои терминот „еднакви можности помеѓу жените и мажите“. Предлогот дојде по иницијатива на советник од ВМРО ДПМНЕ, кој бараше дообјаснување на терминот „родова еднаквост“, на што Градоначалникот ...
Историската седница на Синодот на МПЦ-ОА, на која беше днесена одлука за обединување и враќање на ПОА во МПЦ траеше нецели два часа, што укажува на тоа дека веќе претходно биле познати деталите. Иако, Синодот одлучи да не споделува информации, сепак јавноста треба да знае дека 99% од она што го објави Религија.мк е потврдено како решение од владиците. Во тој еден процент се информациите од текстот на религија во кои имаше дилеми. Што значи за ...
Припојувањето на ПОА во МПЦ е дел од договорот со СПЦ, и верските аналитичари тоа го оценуваат како добра работа. Универзитетскиот професор Зоран Матевски проценува дека тие ќе добијат неколку епархии, но и потенцираше дека тој томос има само симболична вредност. -Ние на тој начин ќе го зацврстиме сето она што го имаме со Белград и со СПЦ, тоа евхаристиско единство итн, но тука приказната не застанува и не смее да застане, како што некој сака. ...
Почна процесот на интеграција на ПОА во МПЦ-ОА, донесени се неколку одлуки, кои е потребно да се усогласат со СПЦ, а потоа за нив ќе биде информирана и јавноста, изјави денеска митрополитот Дебарско-кичевски Тимотеј, по завршување на седницата на Светиот архиерејски синод, на која, како што беше најавено уште вчера, требаше да се расправа за обединувањето со ПОА, со што треба да се финализира договорот меѓу македонската и српската црква. – ...
Навистина не знам за што точно било разговарано и што точно било договорено на денешната седница на Синодот на Македонската православна црква (МПЦ-ОА) во однос на интеграцијата на Православната охридска архиепископија (ПОА), па нам не ни останува ништо друго освен да го почекаме мајскиот Собор на Српската православна црква (СПЦ) и таму да ја чуеме конечната одлука, изјавил за „Плусинфо“, поглаварот на ПОА, г.г. Јован. Тој признла дека бил ...
Митрополитот Петар во вечерашната Топ Тема најави дека името на Телевизијата, формирана од фирмаат „Преобразба“, чиј сопственик е тој а која доби дозвола за работа и од 1-ви мај треба да почне да емитува програма во етер ќе биде „Вистел“ или вистинска телевизија. „Нашата телевизија не е свештеничка телевизија, 50 % ќе има забавен карактер, 30% ќе има образовен и документарен карактер. Во образовниот дел имаме ли цркви, манастири кои се распаѓаат ...
Синодот на МПЦ-ОА, утре во полн состав, треба да донесе историска одлука за обединување на МПЦ-ОА и ПОА, со што треба да се финализира договорот меѓу МПЦ-ОА и СПЦ со кој беше обезбедена согласноста на Српската црква за автокефалност на МПЦ-ОА,дознава религија.мк. Според Уставот на МПЦ-ОА, во Синодот во полн состав членуваат сите епархиски архиереи и викарните архиереи избрани во МПЦ-ОА. Нашите информации велат дека е постигнат начелен договор со ...
На 82 години вчера почина протојереј – ставорофор проф. д-р Јован Таковски. Тој ги преведе сите богослужбени книги на МПЦ-ОА од црковно-словенски на македонски јазик, со што ги направи разбирливи за својот македонски народ и остави непроценливо богослужбено наследство. Отец Јован Таковски – теолог, свештеник, професор, преведувач, завршил богословија во Приштина, Богословски факултет во Белград (1967), Филолошки факултет во Скопје (1980), а ...
Архиепископот г.г Стефан го служел опелото на погребот на мајката на Српскиот Патријарх Порфириј, Радојка Периќ во Чуруг во Србија, објави СПЦ. Покрај Архиепископот, во опелото учествувале и владиците Петар и Климент. -Чинот на опелото над телото на новопреставената Божја служинка Радојка го отслужи Неговото Блаженство Архиепископ охридски и македонски г. Стефан, во сослужение на високопреосветениот митрополит преспанско-пелагониски г. Петар и ...
Пост Велигденско послание Барем ништо од тоа за што некои се „загрижени“! Никој од нас досега официјално не побарал промена на уставното име на нашата Црква, никој не ја побарал нашата црковна диjаспора, никој не побарал промена на нашиот црковен календар, никој не побарал ставропигиjални манастири во наша јурисдикција, никој не ја повредува на никаков начин нашата автокефалност; знаат сите дека, ако беше побарано, сигурно ќе се дознаеше. Иако, ...
Заедницата на Власите, реагира на постапките на политизација на МПЦ-ОА, собено што тоа доаѓа од структури внатре во Црквата. Во реакцијата, Власите, посочуваат на штетноста што може да произлезе од наводната Декларација за МПЦ-ОА, што неодамна ја поддржа Преспанско-пелагониската и Австралиско-Новозеландската епархија, предводени од Владиката Петар. Власите во Македонија, кои отсекогаш биле конструктивен елемент во општеството и на македонската ...
Врската помеѓу феминизмот и религијата е повеќеслојна. Феминистичкиот активизам пристапува кон прашањата за родовата рамноправност и улогата на жената во општеството, задира во комплексни теми кои неретко ја вклучуваат и религијата со своите ставови. Ефимија, која е монахиња во женскиот манастир познат како Рајчица, веќе 15 години ги разгледува и проучува овие прашања, од повеќе аспекти и тоа теолошки, социјален, социолошки и правен. Таа во ...
Синодот на МПЦ-ОА реагира на политичките злупотреби на Црквата кои деновиве се актуелни во јавноста. Во соопштението особено се потенцира улогата на Охридската Архиепископија, за која владиците потенцираат дека таа е дел од историскиот контиунуитет на македонците. Во проолжение целото соопштение на МПЦ-ОА. Во врска со гласините и предлозите што можат да се слушнат периодов, а во контекст на (зло)употребата на светителите во дневнополитичка ...
Државната агенција за иселеништво, преку својата интернет страница, јавно ја поддржува Декларацијата за наводна заштита на името на МПЦ-ОА, што изминативе денови ја организира една политичка партија и Владиката Петар преку епархијата што ја администрира во Австралија. Оваа декларација е поставена на интернет страницата на Агенцијата, која е државна институција, а нејзинот директор го назначува владата. Зошто и поради кои причини државен орган ...
Поглаварот на МПЦ ОА, г.г Стефан, на католицката црква, Киро Стојанов, градоначалничката на Скопје, министри, пратеници, и дипломати вечерва беа гости на традционалната ифтарска вечер што ја организира Исламската верска заедница. На вечерата меѓу гостите беш првиот вицепремиер Артан Груби, но предводникот на огнената група на ДУИ Изет Медџити. Поглаварот Шакир фетаху, испрати порака за мир и соживот. Беа присутни повеке од 400 гости. Поврзани ...
Штом некој политичар или невладин активист ќе се повика на секуларноста на државата и ќе каже дека црквата треба да се држи настрана од некои битни општествени прашања, тогаш на сите ни е јасно дека во заднина подмолно се турка некој закон што вообичаено е спротивен на основниот морал и етика. Секуларноста по дефиниција е одвоеност на црквата и верските заедници од државата и се разбира никој од нас не го доведува тоа во прашање, но сепак, од ...
Бев уплашен, но сè уште сум жив“, им кажа 86-годишниот Франциск на новинарите кои го чекаа пред болницата, откако претходно беше хоспитализиран поради пневмонија. Тој се пошегува дека сè уште е жив откако денеска излезе од болница во Рим, каде што престојуваше во изминатите три дена. Папата беше примен во поликлиниката „Џемели“ во средата поради проблеми со дишењето и потоа му беше дијагностициран бронхитис. Поврзани написи: Нема поврзани ...
Првиот човек на иранското Министерство за правда, Голамхосеин Мохсени Аџеи, денеска се закани дека надлежните органи „без милост ќе ги гонат Иранките кои се појавуваат во јавноста без хиџаб“. Аџеи додаде дека отстранувањето на хиџабот „се коси со иранските вредности“ и се закани дека ќе бидат казнети сите оние кои ќе го направат тој, како што го нарече, „ненормален чин“, јавија денеска иранските медиуми. Британските медиуми пренесуваат дека ...
Српската православна црква објави дека владата во Украина врши притисок, насилство и прогон на Украинската православна црква, која е под јурисдикција на Руската православна црква. СПЦ наведува дека Украина го прогонува православието. „Српската православна црква со длабока загриженост, тага и братска љубов гледа на страдањата на светците во Украина, на притисоците, насилството и прогонот што сегашната украинска власт ги врши врз канонската црква, ...
Трочлениот Синод на МПЦ-ОА, Архиепископот Стефан и Владиците Петар и Тимотеј донеле одлука МПЦ-ОА да не сослужува со архиереите, монасите и свештенството на Автокефалната Православна Црква на Украина. Одлуката била донесена на последната седница на Синодот во Редовен стостав во кој члениваат само тројцата владици и испратена до свештениците -Светиот архијерејски синод на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија (МПЦ ОА), на ...
Не, не – иако насловот изгледа атрактивно, не се однесува ни најмалку на актуелниот Архиепископ на МПЦ – ОА, не претендирам да го нарушам неговиот раат. Се работи за еден лик – кој во манирот на тинејџер кој сака да се докажува со својата агресивност и невоспитаност, се видел и во улогата на Архиепископ, под што подразбира само едно – а тоа е дека тој е спасителот на институцијата којашто како македонска некој наводно сака да ја продаде. Имено, ...
Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска вели дека за предлог законот за родова еднаквост дијалогот продолжува се до оној момент кога, како што вели, ќе се добие конечно, усогласено и квалитетно решение, поткрепено со заштитни механизми, без правни празнини. Тренчевска во гостување на ТВ Сител вечерва појасни дека законот е работна верзија и во фаза на консултација со сите заинтерсирани. Досега се одржале осум јавни дебати со ...